Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.339
    Допаѓања:
    6.932
    Пол:
    Женски
    @Spidy , нормално ли е ептен зголемено ниво на плунка при излегување на 5ки? Ќерка 2 години и 2 месеци, на долните петки веќе има по некое врвче излезено. Минативе денови е цело време со прстите во уста, баш на кај 5ките се фаќа и чеша постојано. Плус многу плунка излачува.
    Непцето кај горните 5ки е подуено и тврдо, долу како што пишав веќе делчиња се излезени.

    За 4ките не се сеќавам, со 3ките сигурно немаше вакви маки.
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    14.476
    Пол:
    Женски
    Да, ништо страшно. Секогаш кога зборувам за никнување млечни заби на возрасните им велам ако имаат искуство со никнување умници (на тоа обично се сеќаваат) да сфатат како им е на маливе. Не е тоа јака болка, ама константен тап притисок, со денови. Секоја реакција е нормална, пробуваат да си олеснат. Парче храна да ти заглави ќе се утепаш од чепкање зошто смета, а не цел заб да искочи.
    Чим веќе почнал да се гледа, за брзо ќе се смири се, не се секирај.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    554
    Пол:
    Женски
    Zdravo,kako da razgramicam temperaturava dali e od zabcina ili nastinka?
     
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    8.267
    Дали е ок да се користи електрична четка за 3 годишни?

    Имам чувство дека поок ќе ги чисти со оглед на тоа што со четка како да мијам заби на диносаурус, не на дете.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.244
    Допаѓања:
    27.875
    Вадење заби не даваат температура
     
  6. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Од што може да се појават дамки по забите на сега трајни заби што растат кај дете,на млечните немаше вака сега кога го вади трајните коската е шарена со изразито бели дамки по нив.
     
  7. snegulka445

    snegulka445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Моето има 7 год. И почнаа да и излегуваат 6ки се пожали дека има болки .Вие како поминавте?
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.039
    Допаѓања:
    29.350
    Пол:
    Женски
    Кога најрано излегуваат 6ки?
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.835
    Допаѓања:
    18.672
    Пол:
    Женски
    Моево на 5 и пол ја имаше првата, сега веќе има 2 излезени, и 2 ќе пробијат каде и да е.
    Во јули полни 6.
     
  10. Emitrpc_123

    Emitrpc_123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ќерка ми има 15 месеци и ги има 1,2 горе и доле, значи осум заби. Последниве три дена има големи болки во устата, само сигнализира дека ја боли и приплачува, јазикот цело време го вади надвор. Плус се ова е препратено со ниска температура од време навреме, посебно навечер, макс имаше 37.8, обично е 37.5 или нема воопшто. Прво мислев дека излагаат нови заби, зошто ваква ниска темп е наводно нормална (да не помине 38 - тогаш е сигурно нешто друго), ама денес јазикот и е побел и и излезе малечко бубуличе под устата и сега почнав да се сомневам дека е некоја инфекција.

    Некој со слично искуство? Утре ќе ја носам на доктор, ама во меѓувреме совети се добредојдени. Прв пат вака се мачи со устата, претходните заби ги извади многу лесно.
     
  11. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.575
    Пол:
    Женски
    Афта да не е?
    Намачкајте ја убаво со гелче за заби што се.. Нека и помогне за вечерва, утре однеси ја, нека ја видат.
     
  12. Emitrpc_123

    Emitrpc_123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Орална инфекција.. немало врска со заби. Ја ставија на антибиотик, потечени и се непцата.

    Trust your mom gut! Сите околу ми велеја дека растат заби, ама знаев дека нешто друго не е во ред.
     
  13. r1905

    r1905 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ве молам за одговор. Син ми има 3 години до сега има пломбирано или залиено не се разбирам, една 5ка сега има расипана пак 5ка, првиот пат поминавме одлично одма го средивме ама сега не сака го болело многу, му ставија само лекче како некоја привремена пломба и рекоа ако падне ќе стават пак. Прашањето ми е дали и од кога се става анестезија кај деца? Бтв и спомнав за спрејче рече пак ќе болело и не стави.....
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    14.476
    Пол:
    Женски
    Спрејчето е за мачкање очи, ефектот му е површински и не помага за поправање заби или боцкање со игла.
    Анестезија може да се стави на било која возраст, ама треба детето да соработува, особено ако се работи за долен заб (потешко се става таа анестезија).
    Јас би ти препорачала да почнеш да го носиш секоја недела додека не се опушти да дозволи да го боцнат и да се пломбира. Ако забот е толку расипан на 3 години, со гаранција ќе се уништи долго пред да му е време за менување ако не се поправи поскоро. Јас лично имам ставано анестезија на 3 годишни деца, ама мора да соработуваат, тоа со сила не бива.
     
    На tambelina и r1905 им се допаѓа ова.
  15. r1905

    r1905 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на брзиот одговор. Инаку соработува го носам и на контроли, само сега се исплаши дека ептен го здоболе... Не е премногу расипан има мало дупче ама млечните заби брзо се расипуваат па решена сум да го спасиме . Инаку се работи за горна петка
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Син ми има речиси 6год и моментално две отворени 5ки. Неколку пати до сега пробавме да ги затворат, но при (најверојатно) пад на имунитет му загнојуваа/отекуваа и повторно се отвораа. Ова го поминавме минимум 3-4 пати- отварање/ затварање.
    За вадење е рано, како што ни кажа др тие се менуваат дури по 10. година, а ако останат вака сигурно ќе се испокршат целосно.
    Дали може некој да сподели од стручен аспект дали да продолжиме да одиме на отварање/ затварање или да ги оставиме да се скршат. Кое зло е помало?
    Исто така, во однос на чување место претпоставувам нема да го сочуваат ни ако се извадат сега, ниту ако се скршат во меѓувреме скроз, така?
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    14.476
    Пол:
    Женски
    Да се задржат додека не никнат 6ки. Идеално после тоа е да се извадат и да носи држачи на простор до никнување на трајни 5ки. Но тоа си носи други проблеми во иднина иако теоретски е најдобра опција.
    Втора опција е мобилна протеза ако секако има некоја друга аномалија со забите, па паралелно да се чува простор за 5ки со протезата.
    Да се остават забите отворени е најлесната варијанта, ама и најнесигурна. Може со години ништо да не се случи, може да се развие инфекција, може да се скршат... зависи од детето и општата состојба која опција би ја препорачала. Јас сум секогаш за проактивност на тема орално здравје, ама можно е најлесно да помине и ако ништо не се прави, освен да ги чистите од храна забите после секое јадење. Ако зборуваме за помало зло, да се почне со тоа да не се чепка ништо. Ако и на отворен заб се појави пак оток/гној, тогаш консултација со ортодонт за опции и да се извади забот.
     
    На tambelina и Трепетлика им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 4 г и 9 м. и паднаа сите единици и долната лева двојка. Двојкава видливо ја истуркало новото единиче и сеа место за двојка таму не ни има... прашање ми е како тоа ќе се регулира. Не се скроз излезени единициве.. по тоа мислам рано е за протеза после па да не биде касно ?
    Заболекар не сака да чуе исто не знам како да го надминеме тој страв (мајкава уште се плаши од заболекар :headbang: )
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    14.476
    Пол:
    Женски
    Консултација со ортодонт. Ако се констатира дека нема место за забите се прави сериска екстракција или се носи протеза, не е рано. А може и детето нагло да порасне и да се направи место за забите, само ќе бидат малку ротирани. Ама мора да ја види специјалист.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски
    Прашањево може е глупаво ама... Бебе има 13 месеци и 8 запчиња. Почнавме да миеме заби со онаа четка на прст што се става и паста лакалут бејби. Само сабајле миеме бидејќи навечер заспива со млеко. Не се буни, интересно му е, ми ја гризе четката ама колку толку успеваме. Е сега ќе измиеме ние се тоа ама како да исплакниме уста од пастата или нема потреба тоа?