Извини не сум од Скопје ама понеделник ќе одам па да знам кај да ја барам, во аптека во Capitol Mall така?
Здраво, ќерка (3 години) ми падна пред некој ден и си ја повреди горната усна и горните предни заби. Веднаш по повредата проверив забите не и се клатеа но крвареа и имаше болка при јадење. Наредниот ден веќе не ја болеше при јадење и јадеше најнормално. Приметив дека едното запче и е потемнето малку, сива нијанса. Утре ќе одиме на заболекар. Ете имале ли вакви искуства, навистина внимавам на хигената на забите и многу би ми било криво ако толку рано изгуби запче…
За деца над 9 години каква четка е најдобро за забите? @Annath ќе може ли совет? На син ми забите најчесто ги мие со мека четка, и тоа редовно миење најмалку два пати на ден, наслагите на забите многу тешко му се отстрануваат. Мислам тој и татко му не приметуваат, зошто не е приметливо, ама јас секогаш по миење му вршам контрола да видам како се измиени и се познава. Дури и јас кога му ги четкам, од прво миење не испаѓа, не знам зошто. Ај мегу запчиња со конец поминуваме, ама на самиот заб од напред останува, не секогаш ама почесто. Се мислам дали треба потврда четка. Може ли да ми препорачаш паста и четка, што е најдобро, не ми е битна цената. Имам страв да не му се расипат новите заби, засега се познава дека има здрава коска и бели се.
Не е грешка што користи мека четка, ама очигледно не четка правилно ниту доволно долго. Однеси го на стоматолог да му ги исчистат наслагите и нека му објасни убаво како треба да се четка правилно, оти техниката е најважна за отстранување на наслагите.
Здраво мајки ве молам за совет, ќерката е 2год, сега трчајќи падна и ѝ се скрши горе предно запче кец, скоро е скршен на пола и е остар, утрр ќе посетиме заболекар, дали тоа се поправа или така ќе и го остават, дали ќе и прави проблеми со јадењето?
Најголем проблем е ако е отворен нервот на забот. Во тој случај мора нешто да се интервенира, зависи од детето колку се соработува што ќе можат да направат. Ако забот е скршен само кај глеѓта, не подлабоко, може и само острото да се измазни и да се остави така. Ако соработува секако дека може да се поправи, ама на 2 години тоа не очекувам дека ќе биде возможно. Во секој случај морате да одите барем да ја видат, зошто ако е подлабоко и е зафатен нервот, може да развие инфекција.
Ве молам за помош…Малиот ми е 2 години…Пред месец и пол падна и го повреди кецот, крвареше и направи интрузија навнатре, а по недела две се врати во истиот ред.Чудното е што другиот кец му стана мааалку сив, а првично беше без промени.Меѓутоа, пред два дена почна да се жали дека го боли запче.Гледам има благ оток над двојката, непцето е темноцрвено.Отидовме на заболекар и ни рече дека е можно да е оштетен коренот на двојката и да некротизирал па треба да се направи канал за да се дренира.Му препиша антибиотик.Ни рече да се смири па да идеме на контрола.Меѓутоа стварно многу се грижам да не има направено нешто поголема компликација а и не знам како ќе седнеме за каналче…Совет дали покрај антибиотик да даваме нешто друго?
Нема потреба од ништо друго. Најефикасно е да се отвори забот, ама секако и антибиотик ќе треба чим веќе има оток. Штом се намали болката, ќе го носиш секој ден, полека полека да се опушти. Некротизиран заб не боли да се поправа, само дека е мало дете и нормално нема да соработува да му се буши забот. Ќе биде мачно ама подобро поправање отколку да ти стане сред ноќ да плаче од болки, па на дежурен со сила да му го поправат. Позитивно е дека е преден заб па меѓу првите ќе се смени, ама сепак години се во прашање до тогаш, мора да се направи за да трае додека му дојде време да падне сам.
Моето дете е година и пет месеци, до сега имаше само шест заби, горе кецови и двојки доле само кецови. Јас во исчекување доле да искочат двојките, гледам горе веќе излегле двете четворки. Детето сега си има горе шест заби доле само два. Се загрижив, си направив филм дека воопшто нема да му пораснат двојките долу. Можно ли е такво нешто? Не може уште се гриза вака без заби, месо уште блендирам не може да го џвака.
Може да нема двојки, постои тоа како аномалија, ама многу поверојатно е само дека малку се изреметил редот на никнување. Ќерка ми беше иста, прво доби 4ки па двојки. Во секој случај, нема што да се прави, само да се чека.
Ми треба мислење. Син ми отече во образот ептен. 5ка млечна е поправана. Му дадов амоксилав. Се жали на болка во непцето. Нема видливо ништо освен оток бидејќи си има пломба. Дежурен стоматолог да барам или да чекам понеделник?
Антибиотикот ќе помогне, ама му треба време да делува. Во мегувреме може да се влоши инфекцијата. Ризик е да се чека, секако забот треба да се лечи, ама кај деца многу често стоматолозите секако даваат прво антибиотик, зошто во моментов ќе го боли да се работи на забот и нема да соработува. Мој совет е да го сликаш со отокот и да го проверуваш често. Ако се зголемува отокот или се јави црвенило и топлина на кожата веднаш на дежурен. Ако е исто утре, може да чека до понеделник. А антибиотикот да си го испие до крај, 5 дена, без разлика кога ќе се интервенира на забот.
@Annath @Spidy не знам дали точно тагнувам. Вестибуларна плоча за одвикнување од цицање прст да или не? Мислење искуство?