Под 6 не? 4 во декември ќе прави. Ми рекоа може ама кога рекоа да пазам да не е со затнат нос се исплашив
Не дека не може под 6, ама над 6 мора веќе да се презема нешто. На 4 зависи и од други фактори. Ако веќе има значителни деформации на вилиците, а не можеш да го спречиш да цица прст, немате друга опција. Не можам ништо дефинитивно да ти кажам, сепак зависи од секој индивидуален случај што е најдобро. Ако си на мисла, побарај второ и трето мислење. Едит: ви препорачаа мобилен апарат или фиксна вестибуларна плоча?
Никој не ја прегледувал, ова ни го спомнаа стоматолози во муабет како опција од откажување, не ми изгледа сјајно ама очајна сум се да пробам. Не ми личи дека има деформитет мене на загриз или заби и говорот и е ок
Ќе го носиш детето на ортодонт. Ова не е работа за општ стоматолог. Опција е, ама последна опција. Ќе пробаш со многу зборување, горчлив лак или гелче за одвикнување. Јас ќерката ја одвикнав со кромид кога ја намачкав на 3 години. Апарати за одвикнување од цицање прст не се даваат туку така. Можеби џабе ве испаничиле, а можеби и има некакви проблеми ама не можеш да ги видиш. Потребна е консултација со специјалист ортодонт.
Протетичар е сосема друга гранка на стоматологија, врска нема со деца. Како општи стоматолози премалку сме обучени за ортодонција, па ако било што друго специјализираат или работат, никогаш не ги учат тие специфични работи за деца. Јас работев во ортодонтска ординација па малку повеќе имам искуство, ама пак последен збор ќе има ортодонт.
Можеш да ми препорачаш ортодонт? На син ми долните кецови му излегуваат, ама позади, како во втор ред, а не во линија со млечните. И делуваат збуткано. Плус долу едната 6ка му излезе а другата веќе се гледа каде е испукана. Со ова темпо на растење нови заби, мислам дека нема каде да одат, и сакам на време да превенирам ако треба.
Физиолошко е таквото растење. Долните единици секогаш никнат малку поназад, па доаѓаат напред. Уште е рано за се, допрва него ќе му се развиваат вилиците. И да има мала збиеност големи се шансите сама од себе да се корегира како ќе растат и вилиците. Кај мојава двојките долни кога почнаа да никнуваат страшно изротирани беа. Еве после неколку месеци си се наместија во низот.
Мајки ве молам за искуства ако имате детенце кај кое е извадено забче четворка на 6ипол години?Забчето беше расипано,го отвори стоматологот пред есна година и кога го затвори забчето болеше,и го отвори и цела година стоеше така,меѓутоа многу храна се збираше,почна да ја боли непцето па се направи како раничка на местото од што има храна цело време.Денес ја однеаов пак на стоматолог и во размислување што да се прави,забчето одлучивме да се извади.Ама сега сум некако пишман и ми е жал.Трајното забче никнува дури кај 11год,ми е страв да не се пополни местото со другите заби да не испадни проблем.Ве молам за совет ?
Дефф ќе го сменам прво стоматологов,ова беше како на пазар.Како сакате вие ,отпосле јас размислив за последиците.А не беше морално да се извади,ама ајде од потенцијални инфекции се плашев
Некогаш е неопходно, ако има повторувачки коскени инфекции. Инаку општо правило е да се чуваат млечните заби што подолго во уста. Но некогаш едноставно не е безбедно и мора да се вадат.
Ние бевме сличен случај исто со 4ка на иста возраст... неколкупати инфицирано, на крај отворено стоеше и престана да прави проблем. После еден месец отприлика само и падна. Местото зарасна супер. Еве на 7и нешто почна да ѕирка дека расте новото 4че. Што значи ќе се зачува просторот ваљда. А другите 4ки немаат абер.
Многу ти благодарам за споделеното искуство,некако се насекирав.Консултирав друг стоматолог ми вели ако имало потреба од ортодонт ќе ви кажел стоматологот,најверојатно ќе излези трајното забче порано
Isto i kaj nas, ja izvadivme cetvorkata zirka drugoto zabce a ima 8 god. Trojkite mislam rastat na 11god
Фала ти,регулар го водат 4ка така 10до11год,меѓутоа сето е индивидуално.Ама еве ако се извади присилно порано најверојатно излегуваат уште порано трајните.Во случајов сметам дека е и подобро да излези отколку да стои празно.
Не ти треба. Треба да се четкаат убаво и темелно, а децава начелно како да снемуваат волја за четкање со електричните. Мое мислење, не знам на докториве што е.
Потврдувам. Моето имаше желба за електрична,му купивме за нова година и првите денови подолго четкаше,после ради реда. Потоа разговарав и со професорка од стоматолошка клиника ми рече никако електрична, детето треба да ја научи моториката за правилно четкање на заби и доволно долго за да се измијат убаво. И други стоматолози сум прашувала, сите беа против електрична четка
На моето му имам земено сет од песочни часовници со различно времетрање и по тоа знае колку време да ги четка забите. Исто и со електрична и со обична си ги четка додека не истече песочниот часовник, моментално му го имам дадено тој од 2 минути, планирам кога ќе потпорасне уште малку, тој од 3 минути да му го сменам. Пробајте така, јас лично сум задоволна од електрична четка. 4 ипол години е моето дете.