Син ми има електрична на филипс. Има и обична. Со која и да четка, не е доволно темелен. Затоа го оставам самиот да четка додека сака а потоа јас превземам акција. Има два долни кецови кои се трајни, и сите 6ки му излегоа, и не можам да оставам на него, не сум сигурна дали стига до 6ките како што треба. Инаку има 6 години.
@TeddyGrey @Sofi.ja Благодарам за мислењата и искуството, ме предомисливте. Искрено немам јас прашано стоматолог за четка, за паста обично се консултирам. Прашав најмногу зашто ги гледам некое време и гледам дека нема многу избор а тој посака таква четка. Мислев можеби и поубаво ќе ги чисти така ама ништо, сепак нема да купиме
Јас сум стоматолог и за двете деца имам електрични четки. Јас и маж ми користиме обични. Четка, каква и да имаш, не мие сама. Секако треба правилна техника и доволно време да се четка за да биде исчистено како што треба. Електричните четки само го олеснуваат процесот, ама тоа не значи дека се подобри. Какви и да одлучиш да користите, битно е да се со меки влакна, да се четкаат забите темелно од сите страни, и тоа да трае 3-5 минути.
Благодарам. Најмногу ги гледав бидејќи како што кажав тој посака таква, иначе и вака прво тој ги четка сам потоа јас пак му ги четкам ако не ги исчисти убаво.
@Annath @Spidy Ке ве прашувам за тут мус. Дали има само еден бренд или се повеќе? Ако да, кој е најдобар? Дали е замена за паста или се користи и мусот и паста?
Само еден бренд е, заштитено е името. И мусот и паста се користат, со тоа што прво се мијат заби со паста, после се става тут мус и не се плакне до утрото.
Ти благодарам. Имаш препорака за паста? При крај е оваа 1-6, користи елмекс. Се мислам дали истиот бренд 6-12 или некоја друга да земам.
Јас за моево од Елмекс земам, таа од 6-12 години, и големиот до некаде 10 години ја користеше таа паста, после со нашата паста почна. Задоволна сум, ама реално пастата е најмалку битна, најважна е техниката на четкање.
Предлог за четка за 2 години дете? 20м е ама да не тупам. Имам тврда четка ама изгледа го боли и не ми дава, зедов од тему 360 нешто ама и со неа остануват наслаги на забите.. Паста не користиме, почна да плуе вода ама кога го четкам ја голта водата. Ако има некоја паста без флорид препорака?
Без флуор кај нас на Чико и Нук само. Елмекс, Лакалут и сите останати имаат флуор. А четка на Курапрокс. И за нас користиме и за неа. 20 месеци е мало дете. Може само да пробува да четка, ама мораш на крај ти да фатиш убаво од сите страни.