Мене првото девојче касно ми ги вадеше, а рано почна да ги менува... Мислам па и тоа нема правило.. @angel4444 со редовни контроли, па и протези све се решава.. без гајле. Синко веќе носи протези (10г е), он на 5м извади заби.. до 12м беше со пуна уста Ситни млечни имаше, а сега едни широки што му растат.. па ради тоа е протезата (а и ради цуце и цицање палче до 3ипол год). Мојава уште ја нема другата 2ка доле. Како ли тоа понатаму ќе изгледа ако нема и трајна
Избива 2ката која не зезаше дека ќе ја нема Џабе паника правев. Не спие 2 дена, лудува на 40мин. Сега да ја проверам, тумба огромна и забот под непцето...
Да прашам и јас, за ќерка ми, 5 и пол години е, долниот кец се клати многу готов е да падне, арно ама гледам избило новото забче малку се гледа позади него, да го вадиме или да чекаме само да падне? Премногу се клати, на Конче се држи, денес утре мислам дека ќе падне. Е сега прашањето ми е, да не излезе криво новото забче што веќе се гледа, а сеуште не паднало старото? Оти нели нема место каде да расте и расте позади за сега. Штом падне старото ќе се намести или ќе биде криво?
Одма извадете го млечниот и трајниот ќе си дојде на свое место додека да дојде во ниво со останатите заби.
Мајки да ве прашам дали сте имале вакво искуство и од што може да е малава има 8м и има 4 заби т.е. кецовите горе и долу ги има извадено е сега на едниот кец горе има како жолта дамка од што можи да е ? Фала
Ова е структурно. Кога се создавал забот уште додека си била бремена настанало, и нема како да се смени. Не смета ништо, не би требало да го има во трајните заби.
Прв пат беше на систематскиот на 2 години. Во детски диспанзер има во градов. Ко за прв пат само пребројување на заби, ја држев јас, не соработуваше нешто многу. Следно ја однесов кај мојот стоматолог, врска нема од работа со деца, дури и се налути оти не знаела уста да држи отворена. Пак беше повуци, потегни прегледот. Е во градов има една ординација баш со шаренила, слики, столче за деца, следно ми е таму во план да одиме, може ќе соработува повеќе.
Смеам да дадам и пола доза блокмакс за забоболка? По цели денови е со рацете во уста ги пика позади, нејќе да јаде, 4ките му се искочени ама не цели скроз и не можам да видам дали 5ки му се набабрени. Со раката и образите си ги држи од што го боли, дадов далерон пред 4 саати ама уште вика во сон и се буди.
Мојата немаше две години кога ја однесов прв пат кај мојата матична, ја однесов пошто чудно и растеше едно запче, инаку немаше да ја носам. Нормално мала беше и несоработлива, докторката не ми се допадна како се справи иако има две мали деца. Сега скоро ја однесов пак на контрола, 2-3 месеци пред 4 да наполни, во smile&design, и таму не беше баш соработлива пошто се заигра со цел персонал не затоа што имаше страв. Инаку беа спремни да и покажуваат ординација, инструменти и сл, ама она си седна без проблем, па немаше “запознавање”. За прв пат не знам, ако има некоја промена или ти е чудно веднаш, ако не кај 2-3 кога ќе соработува повеќе. Контрола редовна ни рекоа за година.
Молам за мислење @Annath ,@Spidy ,кога излегуваат најрано шестки? Малава ми се жалеше дека ја боли некој заб,мислев дека има расипано запче ,но кога видов гледам доле кај шестките како набабрено и ѕиркат бели точки. За еден месец полни 5 години,до сега и нема паднато млечен заб, некако ми се виде дека е прерано за нив,а и воопшто не се сеќавам на големава кога и никнаа,нејзе многу касно почнаа да и паѓаат млечните и растат трајни заби,накај второ трето одделение.
Прво никнуваат 6ки па после почнуваат да паѓаат млечните по правило, иако веќе многу често гледаме и обратно тоа да се случува. 6ки никнуваат околу 5-6 год, малку е рано кај вас, ама не е невообичаено. Значи се е сосема нормално, нема за што да се грижиш.
Моето дете има година ипол пред некој ден приметив дека на предните кецови и двојки има како наслаги бледо сивкасти, кои се само на горната третина од забот. До сега ги четкаме забите не многу редовно без паста. Не соработува воопшто и многу темперсментно дете е не може 5 секунди да застане ни за да го сликам. Не дава ме турка, не отвара уста и сл. а пуштаме песнички за миење заби ама некако не ни оди миењето. Сака сам и ја гризе четката. Сакам да прашам каква паста да земам за оваа возраст и како да ги исчистиме овие наслаги? Нешто малку што успеав со четката да ги поминам не ги извади.
Ако подолго време не се темелно чистени забите, наслагите буквално стврднуваат. Ќе го однесете на стоматолог и со машинката ќе ги исполираат забите. Потврда е четката и поабразивна пастата, ако се само наслаги ќе се исчистат лесно. И тоа е убава прилика да има прва посета на стоматолог, не боли да се чистат забите, па ако во иднина има потреба од интервенција нема да му биде сосема непознато. Ако се работи веќе за некакво оштетување, ќе ви дадат понатаму насоки како да постапите. Паста не ви треба, не е неопходна, побитно е правилно да се четкаат забите. Џабе е се друго ако физички не се чисти како што треба.