1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    За шестки дефинитивно е прерано, најрано на 4 години би никнале. Инаку може да има афти како резултат на нечисто, односно бутање на играчки и слично во уста, па целата слузница и е воспалена. Метиленско сино или бетадине за орална употреба би завршиле работа, ама бидејќи си во Германија, не знам што е таму достапно во аптеките. Било кој гел за непца што помага при вадење заби може да помогне во оваа ситуација, бидејќи има локален анестетик. Евентуално да видите да не е кандида, оти таа дава печење во уста, и на јазикот и на непцата, а се решава со антимикотик, кај нас достапен како течност Нистатин или орален гел Дактарин. По генерика е клотримазол (clotrimazol) или миконазол (myconazol). Под генерички имиња побарај таму, сигурно има нешто.

    Многу зборење од дома, и богами, стрпливо, ептен стрпливо. Ако треба и по неколку пати одење на забар додека не почне целосно да соработува. Без форсирање при отворањето на забот. Кај мене за еден заб доаѓаат ако треба и по трипати во една недела да го отвориме. Тешко е, ич не е лесно, ни предвидливо како ќе реагира детето, ама ако има добар пристап, мислам дека кога тогаш ќе почне да соработува. Само трпение и упорност од двете страни. Некоја прикаска да му кажете што ја сака, како некое дете го болеле запчињата, некако преку игра да успеете да го натерате да отвори уста.
     
    На Bozica1980, Spidy, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Пак јас во темава. @Annath извини пак те барам за совет. На забите има некои флеки кои не се четкаат. Значи секоја вечер миеме заби со пастата билка. И тоа јас четкам темелно тој лежи со отворена уста и не мрда, па после му давам на огледало сам од мерак. Бомбони и лижавчиња не јаде, од сокови најмногу пола чаша дневно цеден сок, вода пие многу, најлошо е чоколадо, но и тоа не е нешто многу количински. Смоки, бисквити и слични лепливи исто многу малку, скоро ич. После миење на забите навечер ништо не му давам веке за јадење. Од што може да се, и дали е време со тоа средството што ми го препорача да почнеме. Две и пол години е.
    Друго имам проблем не сака да ја плука пастата, изгледа му се допага вкусот или ке плукне минимално. Многу малку ставам на четката сепак ми е страв што дел голта. А не сакам без паста за темелно чистење на забите.
    Препорачајте ми стоматолог што работи со деца.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Може да почнете со tooth mousse. Место паста користи го , секако не се измива и може слободно да се голта. Флеките може да бидат почетен кариес, а може и да се места со слаба минерализација, ако ги имало од никнењето на забите. Ако се појавиле скоро, следете ги. Инаку може дете да однесеш кај било кој општ стоматолог, но не секој има трпение за работа со деца. А конкретно детски стоматолози има на клиника и на Европски универзитет.
     
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа tooth moussе и каде го има кај нас? Моево ми дава малку да му ги четкам забите и не знае сеуште да плука па ептен ми е шујбе што дел голта од пастата. Имаме скоро две години.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Го има во аптеката во Капитол, 1100 денари е. Може и матичниот стоматолог да ви го набави од дистрибутерот. На база на млечен калциум е.
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.976
    Пол:
    Женски
    Dobro gelce za zabi? Do sega nemavme nikakov problem ama od koga pocnaa cetvorkite lele majko
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Дентинокс или Фрезидерм. Ладно давај да јаде, нека глода корки. Ќе помине.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ми рече не Дентикос зашто има во него анестетик. Во САД мислам дека е дури и забрането да се користи за деца заради можност од реакција.

    Ние мачкавме со gengigel.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Јас го користам за моево повремено. Помага. Да, затоа што има анестетик, лидокаин, истиот кој секојдневно го користиме во праксата. Секако дека шансите за реакција постојат, бидејќи лидокаинот е тој што најчесто дава реакции од сите анестетици. А САД го забранија, поради смртните случаи кај деца поради анестетик. Оти таму не сакаат да се замараат да молат дете да отвори уста, па ги успиваат. Не ретко се јавува реакција во вакви ситуации.
     
    На joy1 и victoria им се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Го купув mousse денес. Кажи ми да не разберам погрешно. Навечер од ова да ставам на четката место паста, да му ги исчеткам забите и после да не плакнам. Или прво четкам со паста, мијам, па после поминувам со ова. Те препрашувам зошто аптекарката ме збуни. Ми рече после миење на забите, да ставам од средствово малку на прст и да му помина по забите ( ми нема логика со прст затоа што со прст не можеш да поминеш како со четката по сите нерамнини и кривини на забите, посебно ке се пропуштат местата каде што завршува забот и почнува непцето, а баш таму има највеке флеки)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Може и така и така. Мој совет е првин убаво да се исчеткаат забите, па после да се нанесе на најкритичните места, што секако е полесно со прст. После тоа да не се плакне ни пие вода барем два часа.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Прво четкање со паста или без?
    Те отеков, извини.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Сеедно, битно да е темелно исчеткано. Пастата има улога обично за освежување на здивот, тоа кај децата (оти детските пасти не се како за возрасните), а ако има гранули, тогаш може да се каже дека влијае на четкањето. Најбитна е техниката на четкање, ако е темелна и правилна, и вода ќе заврши работа. Механичкото триење е она што ги чисти наслагите.
    И немој да се извинуваш, прашај слободно што и да треба.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Здраво. После коростење на пасти вез флуор, земав прв пат со.
    На дневна светлина гледам дека има наслаги - како забен камен ама така накај жолти. Или може и е пигментација. На забар преглед се е во ред, нема кариес.
    Си направив филм дека е од паста што нема флуор. Земав сега со флуор на сигнал, затоа што знае да плука. Само на пример ќе плукне, па после се случува да голтне. Мислам дека тоа не е проблем? Или?
    Инаку и за здивот пастава се погоди подобра.

    Може па и до пастата е, а нема врска дали е со флуор или не. Претходно коростевме на алверде, или на веледа - само тие беа без флуор.

    Дали се чисти забен камен на млечни заби?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Обично се полираат, ептен ако има потреба да се поминат со ултразвук, ама не мора до толку, бидејќи кај деца ретко се појавува забен камен до таа мера.
    А за пастата, ок, ако ја плука, нема гајле. Сите голтаме после плукање :D ништо страшно.
    Кариесот нема врска со тоа каква паста се користи. Најбитното е механичкото чистење, а тоа може со или без паста. Ако не е кариес, може е само пигментација, а може и места на послаба минерализација. Следете ги промените, оти може да преминат во кариес.
     
    На azelea, Kaetana, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорот. За кариес не е тоа сум сигурна. Ама баш ми личи ко на забен камен или пак ко да и е испукан забот.
    Абе си измислувам работи, знам. А за миење нон стоп се караме затоа што се сака сама да прави. :)
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Да Ви се пофалам,ние бевме на стоматолог.
    Сите заби испаднати и здрави.
    После 6 месеци- пак кај тетката со огледалцето да ги гледа.
    Многу интересно било,столчето оди нагоре
     
    На azelea, Kaetana, zuto и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Маји од каде ја купувате tooth mousse кај нас ?
     
  19. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Oд стoмaтoлoгијa нa Еврoпски универзитет. 1200 ден. Имaше сo вкус нa вaнилa и ментa.
     
    На victoria и ZojaP им се допаѓа ова.
  20. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Мајки попладнево кај керка ми забележав дека на петката горе таа има црна точка како расипан да и е..Благо не јаде многу ретко во неделата може еднаш два пати преку сила да побара нешто...Сокчиња си пие цедени не сака никако па некако ми успева со компот домашен....Смоки не јаде ама затоа на чипсот душата му ја вади..А тука е проблемот и со миењето заби со сила е се навечер се трудам да ги миеме наутро нема шанси а некогаш ни навечеер не дава..Совет дали треба да се прави забот..? Страв ми е многу