Син ми е 6 ипол години денеска се пожали дека забот му се клати долна единица, навака натака го извадив.Ама траен заб почнал да расте и некако позади е како во втора линија ептен навнатре .Што се случува, цел живот патам од заби и сакам веднаш да интервенирам.
Ако има место доволно во празниот простор да го собере новиот заб, ќе си дојде понапред како што ќе расте. Ако забот е поголем, тогаш едноставно мала е вилицата и се очекува да има збиеност на заботе и ќе треба да носи протеза.
Ист е син ми, истото го прашував и не ми одговорија тука.. Него веќе му никна цел, нема место да го собере трајниот заб напред, си остана малку позади, иако кога почна беше ептен позади, малку се придвижи. Ќе треба протези најверојатно, ама од кога, баш ќе прашам, мораме и онака да закажеме на забар.
Дали има некој искуство со растење на млечни заби накосо? @Annath можеби ти повеќе знаеш? Прашував стоматолог ни кажа да не сме се секирале, млечни биле ќе си се наместат, но сакам да слушнам повеќе мислења. Во исто време и излегоа и двата кеца, многу подоцна ги вади забите. Првиот горе и излезе на една недела пред 18 месеци, после 3 недели другиот горе и пред 2 недели и двата долу.
Исти му беа на мојов. Сега се подисправија сами. Он прв заб извади на 16 месеци ..сега е 2 год му се подисправија долниве. Не се скроз прави, ама не се ни вака..
Не е проблематично ни невообичаено. Со тек на време како ќе расте вилицата, би требало да се наместат и забите. Секако овие се млечни, но има шанса и трајните да пораснат во ваква позиција, иако не мора да значи дека баш исто ќе биде.
Јас имам нарачано од Тему за четката на ќерката, нејзината е со Елса ама истиот модел е со ова со Спајдермен, од лани октомври се користат и супер се покажале. Инаку и четка имам нарачано од тему за 600 ден за синот, ги фаќа истите глави, и таа е супер.
Другарка ми ме викна на сутлијаш за прво запче, се носи ли нешто? Јас не го знам обичајот и не сум правела, ама сакам да ја испочитувам
Не знам како е обичајот, ама кога ме викале сум носела подарок. Четка за заби и паста и/или облека нешто.
До кога е нормално да извади 5ки? Во септември прави 32 месеци, сите заби ги вадеше многу доцна и многу тешко бавно. 5киве веќе 2 месеци се осеќаат под непце шилци и отечени ама никако да излезат. Не знам дали да го носам на стоматолог за снимка или имаме уште време?
По книга е до 2ипол. Ќерка ми исто касно вадеше заби, и никнаа на 3 години. Малиот сега има 30 месеца, горните петки излегуваат сега, не се цели никнати, долните нигде ги нема, цела година е помината од последните заби што му никнуваа (тројките). Ништо страшно не е да касни малце, а и да го снимаш нема поента зошто нема ништо да смени што и да покаже снимката.