Ако рано почнале да никнуваат заби, пред 6мес, сосема нормално е. Единствената негативност на рано никнување заби е што на помало дете потешко се одржува хигиена, инаку никаков проблем не е порано ако им никнат сите заби.
На 7 месеци први заби извади. После до 14 ги извади сите останати до 4ка. Па тројките до кај 16. И сега гледам 5ка една. Иначе дава да миеме заби, и сабајле и навечер без проблем сме. Дури и сама сака да се четка. Е сега имаме скршено преден кец, зашто сме многу умни.
Јас на моите деца за млечни заби од секогаш користев тут мус. Не е паста, ама превентивно, и ја препорачувам на сите. Не пени многу, а има избор на вкусови, таман ми било за мало дете. Ако сакаш баш паста, за дете што не плука да биде без флуор. За дете што плука, сеедно. Ќерката од 7 години понекогаш мие и со нашата обична паста. На крајот од денот побитно е правилно механички да се исчисти отколку која паста ќе ја користиш. Со мека четка и правилна техника, 3-5мин четкање, може и само со вода да четкаш. Пастата е само слој плус за превенција на кариес.
Четкаме секој ден ама еден период беше со сила четкањето и долу имаме едно запче, петката што почнува да се расипува. Па да спречам и некој друг да се расипе. Дали 4 год дете би соработувало на стоматолог?
Моиве на 3 соработуваа, ама ги спремав претходно што ќе им прават. На две запчиња пломба имаат. Сега сами бараат да одат
Мојава имаше еден неуспешен обид кај мојот доктор и бевме кај друг што ни го препорачаа усвари другарче на мојава што иде па така се убедивме и и го направија и беше расипан. Има уште за правење па закажавме друг термин се надевам ќе се среди и тој. Иначе исто е 4 г.
На сопствена ќерка и пломбирав заб на 2ипол бидејќи соработуваше апсолутно. Најмала возраст на пациент кој не ме познава и соработува да му поправам е на скоро 3. На синот му приметив една точка сега скоро, го држев за да го пломбираат на 2 год и 8мес. Така да сосема е возможно, соработувало или не. Ако на време се поправа, може и воопшто да не боли. Ќе почнете да одите па ќе видите, и да не се поправа одма првиот пат, ќе се опушти со неколку посети. Моите деца имаат споени заби, што не треба да биде така на млечни заби, и затоа бев свесна дека кариеси се неизбежни. Затоа соработувале или не, форсирам максимално хигиена и поправање на заби што порано.
Мене од мали ми соработувале. И тоа го имаат сфатено како нормално, како ние на кафе што одиме. Јас ги имам и носено да седат со мене на чистење забен камен во чекална. Едниот оди и поправа цел живот, има доста кареси што се средени, отоци имал, фистули, сме биле и на дежурни, клиника, приватни...другиот само контроли, нема никаков проблем. Сега на 7 препека за протеза, па мобилна ќе носи. Го чека денот фиксна кога ќе става Гледа на јутуб како поправаат заби.