1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и казнувањето како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од SuperGirl24, 5 јуни 2012.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш ве казниле вашите родители додека сте биле мали за нешто што сте го направиле а не требало?Дали вие ги казнувате вашите деца?Што мислите за казната како воспитна мерка?
    Јас лично никогаш не сум била казнета за ништо бидејки моите, проблемите ги решавале секогаш со муабет и не верувале во казната како позитивна воспитна мерка.Побитно им било да ме седнат и со муабет да ми укажат на грешката што сум ја сторила отколку да ме казнат со нешто.Но,сум видела семејства каде казната е основна мерка на воспитување.Ете една моја другарка секогаш кога ке добиеше помала оцена во школо нејзините ја казнуваа со неизлегуваење или со одземање на џепарацот.Исто братучетка ми кога ке згрешеше нешто тетин ми често знааеше да ја избрка во друга соба и да и рече да седи таму толку и толку време.За мене овој начин на воспитување одсекогаш бил погрешен.Што мислите вие ?
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Според мене казната како воспитна мерка кај децата не е гаранција за натамошно добро однесување. Мене никогаш не ме казниле, а знам другарки кои ги имаат казнувано по многу пати па пак не му иди паметот :fubar: Се разбира дека некогаш треба да е родителот и построг, бидејќи детето нема да се научи на ред. Но, казната не е најдобро решение, разговорот и разбирањето се многу важни за воспитувањето на детето.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.733
    Благите казни се доста распространети во многу земји, и тоа развиени. Детето се праќа во соба да размисли што згрешило, па се прави муабет.

    Мислам дека ако не се претерува, туку ако се користи само кога навистина е потребно, носат добри резултати, но ако се користи премногу често се губи ефект. Јас двете деца сум ги казнила по еднаш до сега, и функционираше. Не беше некоја страшна казна, ама ги лишив од некои секојдневни задоволства, и доволно беше што се чувствуваа исклучени. И се разбира, разговарав за тоа што е проблемот и како е правилно да се постапи и пред, и за време на, и по казната :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    И јас сум била казнета.Па нема дете што не било казнето,ама да не се претерува.Мене само 2 мислам дека ме казниле и толку.А имам другарка која што ако не научи не и даваат да јаде.Затоа учи за да јаде.Мајка и (нема татко) ја казнува мн.Сега веке има 17 год и е втора год средно,ама пак ја казнува за се и сешто и ја тера само да работи... :x :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не сум била казнувана, но затоа пак се имало преземано ќотек како воспитна мерка(иако тогаш им замерував)сега не им замерувам иако никогаш не би го удрила детето.
    Некои казни како на пример праќање во соба и слични ги оправдувам зошто детето размислува и има можност да ја поправи грешката следен пат.
     
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    целта на воспитувањето не е детето да биде послушно, туку да изгради и усвои сопствен систем на вредности и да се придржува кон тоа.
     
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Очигледно секој има различно мислење.
    На пример јас како помала,никогаш не бев казнувана, за разлика од моите другарки кои во голем број случаи поради некоја грешка,намерна или ненамерна, ги плаќале последиците преку казна да не излегуваат, да не одат кај другарки и сл. Јас на прсти од една рака можам да избројам кога сум била казнета,но тоа во никој случај не значи дека сум била размазувана и се ми било исполнувано.Токму спротивното. Кај мене повеќе функционираше ќотекот како педагошка мерка, и тоа во случаи кога навистина нешто ќе претерам,и тоа од страна на мајка ми-а татко ми само еднаш има дигнато рака над мене. Додека пак ќотекот од мајка ми подразбира по задник или бркање низ дома со влечка.
    А најстрогата казна која денес всушност само и ја памтим беше во петто одделение чинам, кога мајка ми ми го зеде телефонот поради четворката по математика за која намерно книга не фатив а велев дека се знаем и истиот ден се скарав многуу лошо со школска, за да мајка ми дознае од мајката на девојчето. Татко ми тогаш викаше дај и го телефонот згрешила,ама таа не попушти :D
    А други родители кои сметале дека ако им речат да децата дека една недела нема да одат кај најдобрата другарка или кај постарите нема да излезат за викенд, не значи дека детето ќе се преобрази и нема да повтори. Баш тоа дете утре ќе направи повеќе невољи за разлика од мене која би добила шлаканица за истата грешка.
    Но секој родител е различен пак ќе речам, и секој има метод на воспитување-а сето тоа со најдобра цел да го изведе детето на прав пат. Сигурно преку казната нема да се срди на детето што тогаш пати. Такви родители не постојат,секој му мисли најдобро на своето.
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога бев мала мене ме казнуваа со џепарлакот т.е немаше викање освен во ред од платата наша нема џепарлак накрај ме налутија и се пожалив кај баба ми таа реагираше,а мајками рече се е по заслуга отогаш бев повнимателна бидејќи стануваше збор за мојот џепарлак
     
  9. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Ме казнуваа , да но со онаа цел ден да не си излегла од соба(освен за јадењето) и тогаш ја целиот ден си го поминувам во ве-це
     
  10. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    јас никогаш не сум била казнета :)
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Сум била казнета само еднаш, да не излегувам од дома ама не ја исполнив казната :lol: , уште утредента си излегов.
    Мразам такви родители, нивното дете ако не учи и ќе му дадат казна да не излегува од дома и детето ќе седне ќе учи?На тој што не му се учи ќе си најде уште многу др. занимации ама нема да учи.
    Ако на пр. почне да пуши и пак нема излегување од дома, кога ќе престане казната пак ќе пуши.
    Наместо казна, треба да се разговара со детето и да му се укаже( без закани, најнормално како пријатели да си разговарате ).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Не сум била досега никогаш казнета :lol:
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Минативе денови се изначитав теми тука од стилот Ќотегот како воспитна мерка, Психичкото малтретирање како дел од воспитните мерки воспитување некогаш и сега.... Сега јас би да прочитам мислење од современиве мајки и на оваа тема. Гледам ја има само не знам,мислам треба да е поактивна.
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Мене ме казнуваа со непуштње да излезам сабота/недела, а времетраењето зависеше од тоа колку сум задоцнала од дозволеното време:)
    Најголема казна беше тоа во тинејџерско време.
    Па се јавував по другарки за да ми раскажат како поминале, дали го виделе ,,оној,,....

    Сега мое дете не сум казнила, ниту големиве кога беа мали, ниту сега малово.
     
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    мене ме казнувале и сум прифаќала но некако немам идеа како да казнам мало дете.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Незнам да казнувам јас.
    Попуштам.
    Затоа и на глава ми се качува.
     
    На mal.ecka и marchi-cool им се допаѓа ова.