1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и разводот

Дискусија во 'Дете' започната од girl.23, 26 септември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Барав ваква тема, ама не најдов, ако веќе има, нека си избриши.

    Откако ќе се роди бебето, (а родителите се разведиле во меѓувреме) после колку време, таткото ќе има право на посета (нели за викендите детето оди кај таткото, најчесто) на бебето? Бидејќи додека бебето цица и е мало, нема услови да седи цел викенд кај таткото? :?:
     
  2. lara-brun

    lara-brun Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    mislam deka iako se razvedeni roditelite tatkoto moze koga ke posaka da go gleda bebeto,dokolku ima ubav dogovor pomegu nego i majkata.So ubav dogovor se mose da se resi.Tocno treba za vikendite,no toj dokolku saka i dokolku majkata dozvoli moze da go gleda sekoj den dali na pola saat,sat,bez razlika:)

    [mod-kirilica:e2qjanls][/mod-kirilica:e2qjanls]
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    До 1 год на детето има право секој ден по 2 часа да го гледа а потоа се решава старателство
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Нема врска, се е ствар на договор. :)

    Јас како мала, кога татко ми беше за две три нијанси понормален од денес, одев кај него двапати неделно. Ќе ме земеше и ќе ме оставеше на неговите да ме чуваат мене, а тој ќе трчаше по социјални установи да се кара и да се буни оти, според него, мајка ми не ме одгледувала како што треба. Да потенцирам дека човекот си има психички проблемчичи, па наместо да ужива во времето поминато со ќерка му, ми зборуваше како тоа сите не чинат, тој чини и дека еден ден ќе сфатам кој бил добар а кој не. Сфатив јас кој е добриот, кој лошиот, но нели, друга тема е тоа веќе. :D

    Ако сакав, можев и секој ден да одам кај другите баба и дедо. Си играа, ме шетаа, секогаш ми правеа за јадење тоа што сакав. Ми беше убаво и со тетка ми, ееее, одевме до парк, па наваму натаму. Значи не е само таткото да го гледа детето, има детето и други роднини кои сакаат да го гледаат. :D
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Има врска, моите се разведени кога сум имала 7 месеци. После првиот роденден старателството паднало да бидам кај татко ми. И до некој си период се сеќавам како мајка ми ме земаше дали после градинка или училиште а си живеев кај татко ми.
    Така е Законот! (можеби сега има некои измени)
     
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    моето дете има 2 год, татко му е во странство а јас моментално не сум вработена, но моите ме подржуваат и немаат којзнае колкави примања но доволно за да не го лишиме детето од ништо...

    има ли шанси да му го доделат детето, со оглед на тоа дека не сум вработена, бидејќи како што ми кажаа демек во повеќето случаи малите деца се доделуваат на мјаката доколку нема некаков здравствен/ психолошки проблем......ама за посигурно да си прашам????

    какви се правилата и врз база на кои критериуми се гледа кому ќе го доделат детето...мада мислам дека по некоја логика детето не треба да го доделат на лице кое не е во земјата бидејќи како ќе се надгледува дали детето расте во соодветни услови
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Sherryl, победува оној кој има повеќе врски и снаодливост.
    Детето е премногу мало за да би одлучило, па затоа на суд ќе биде твојот збор против неговиот.
    Тоа со невработеноста ќе му биде голем плус, посебно пак дека е во странство.
    Ќе биде ко демек тој со странска плата може се` да му пружи, детето не е веќе доилче, па да мора да е нон-стоп со тебе итн слични глупости.
    Ама од друга страна пак, ти ќе го држиш во раце со тоа што тој е во странство и не може туку-така да го зема детето со него, бидејќи има процеси за државјанство, а и малото има мајка која, доколку детето се додели на таткото, има право да го гледа.
    Како дете на разведени родители, ги знам процесите колку-толку.
    И мојов, ко тој на Дузи, правел секакви драми и циркузи за да ме добие, измислувал глупости на суд и сваштарии, ама среќа судиката била понаклонета кон мајка ми, и секако, сведоците играле огромна улога, па сум сега тука кај што сум.
    А и јас самата сум развила некаква бариера, па кога идел да ме видува, на мои 2 ипол годинки, сум смислувала разни оправданија за побегнам од него. :D
    Од тогаш, еве 18 години како веќе немаме никаков контакт.

    Само добро осмислени одговори со факти и ќе успееш. Од било која причина да сте се развеле со сопругот, а да е негова вината, ти автоматски добиваш плус.
    Ако е негово неверство - неморалност. Јасно ќе им е дека по швалерката ќе трча, не по детето.
    Конзумација на алкохол и/или семејно насилство, макар и вербално - нема шанси да добие.
    Па дури и да е премногу зафатен со работа, ете ти плус.
    Како и што спомна, доколку мајката нема психички проблеми и/или некои од горенаведениве карактеристики, може да изгуби само ако таткото фатил прејаки врски.
    Судиите во најголем број случаи се наклонети кон мајката. Самите признале на мојава. :lol:
    Среќно.
     
  8. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ја има мојава приказна на другите теми...каша попара..... значи имам поднесено пријава за семејно насилство ( не кривична, туку само пријава)..... тој тука никогаш не го гледал детето не пак таму... во социјално кога не викаа тој кажа дека јас сум била поодговорна за детето и подобро сум го воспитувала затоа тој „ми ја препуштил мене целата должност“ ( во постапката на помирување) но тоа со добри врски паѓа во вода
    второ таму кој ќе го гледа детето додека тој се пијанчи и излегува..... детето би му било товар и тој нема да го чува...ама може колку од инает.....
    инаку јас додека бев кај нив го чував детето на швалерката на татко му додека мајка му вареше кафе.....
    ама ми е страв со врски да не ја измајмунат работата колку од инает.....
    и ме интересира дали е пресудно мислењето од цетарот за социјални работи или судит може да не придржува на тоа мислење....
    и дали доколку ми го доделат старателството мене тоа ќе биде трајно...или понатаму ќе може да бара детето да го земе кај него??????
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Крај. Доколку ги изложиш сите факти што ги кажа тука, плус дека и самиот, и тоа пред социјални работници, потврдил дека малото му е товар и ти повеќе се грижиш за него, сметај дека е твое.
    Всушност, после ова, не знам ни зошто воопшто се бори за старателство типот, ако детето го гледа ко товар. Туку такви се, да се изживуваат, да те гледа дека се мачиш сама. Познато.

    А штом еднаш се пресуди, има другиот право на жалба, но тешко дека одлуката ќе се промени.
    Единствено ако во меѓувреме родителов кај кого е детето, направи неморални работи или нешто што покажува негрижа, па другиов собере докази за тоа и го тужи, инаку џабе само ќе си ги фрли парите.

    Центарот за социјални работи, барем на времето кога моиве се суделе, баш и немал пресудна улога затоа што пред тие од центарот може родителов да се прави мед и млеко, а штом ќе ја затвори вратата, да биде сосема друга приказна. Затоа не е најверодостојно, но сепак не значи дека не треба да се покажеш во најдобро можно светло.

    Будна е и мајка ми, па ја потпрашувам, и советот од неа ти е да собереш јаки сведоци што навистина ќе знаат да ја опишат сета ситуација на таа негова негрижа, и најубаво земи запишувај си ги негде сите можни негативности кои ќе ти текнат, а ги имаш претрпено со него.
    И тоа со татко му, и пијанството, и неморалноста, и негрижата, и фактот што самиот рекол дека не може да се грижи за таков товар, ама се` можно.
    Посебно тоа нагласи, дека и на тие во социјално така рекол. Ако можат и нека потврдат.
    Немај ниту срам, ниту страв, за свое дете се бориш. А ако тој сакал да е со него, немало да бега во странство да го лади газот баш кога му е најпотребен на дете во раст, па после ќе се правиме грижливи светци и ќе тужиме кога веќе мајката сама го потпораснала детево и го извела на пат.
    И тоа да нагласиш!
    Потоа спои се` убаво и изложи на суд со одбрани зборови.

    Знам дека смешно делувам како се внесувам во случаиве, ама знам како е, па мака ме фаќа. :)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Откако детето ќе направи 12год се доделува трајно старателство а до тогаш привремено со неколку часа за гледање од страна на друг родител. Таков е сега Законот.
     
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    а тогаш го прашуваат детето кај кого сака или...?
    ај ако може некој кој го поминал ова да ми каже како одат работите...
    фала однапред
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Не го прашуваат туку по автоматизам припаѓа на мајката ако нешто меѓу време не се сменило. Го прашуваат чисто онака и скоро секогаш е одговорот ,, и мама и тато,, али што и да каже не земаат многу во обзир затоа што е малолетно. (ова од искуство на една пријателка)
     
  13. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    страв ме фаќа.....бидејќи детето ми е се’......а не товар како некому што се прави дека го сака..... само да не направат збрки колку нервози да ми приредат....
     
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.734
    Допаѓања:
    6.235
    какви закони,какви глупости.детето останува со оној родител кој има повеќе пари и врски.се друго паѓа во вода
     
  15. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    баш и од тоа се плашам во оваа наша држава, што дупките во законот се поголеми од самиот закон.....
    се оди против се што треба за потребите и личната сатисфакција на некои поединци, а не се гледа реалната ситуација....
    еве на пример од почетокот кога одевме преку социјално за да го гледа детето тие не ми ни дозволија да кажам нешто туку одредија секој ден да го гледа по 5-6 часа, што детето не ги ни доседуваше...ама еве им доделија...
    фаќаа врски да се покажат како загрижени за детето демек повеќе време кај нив...а татко му ќе го земеше ќе им го оставеше на неговите и правец шетање.....
     
  16. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    моите родители се разведени од мојата 1 година.....но татко ми го гледав многу ретко....1 во годината оти живее во друга држава :(
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    во мојата блиска околина имам ваков пример и сакав само да ви објаснам дека не секогаш и покрај одговорностите и условите кои ги имаат родителите, децата ги доделуваат кај мајката. во овој случај ги доделија кај таткото а и самите деца така се изјаснија..и двајцата беа вработени во тоа време нормално имаа свои куќи и сл ама мајката беше катастофа ...таа беше се само не мајка и децата едногласно се одлучија кај таткото.сега мајката чат пат плаќа алиментација а ги нема видено децата ниту пак појавила желба а и пак не се ни интересира за нив :o страшно...
     
  18. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    моите родители се разведоа пред 7 години со татко ми скоро секој ден се слушам и се гледам а со мајка ми слабо 1 во годината па така да Mrs.Bass не се чуди и плус си имам дечиња ни за нив да произлезе желба да ги види има некој мајки диви без чуства кон децата себични си го тераат својот живот така да и јас се трудам околу тоа да не бидам како мајка ми нешто најстрашно :(
     
  19. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Моите не се разведени, камо среќа да беа, немаше да ми се случува сето ова. Татко ми е ок, закон, а мајка ми не сака ни да ме види, сака постојано да добива јавни признанија дека ми платила факултет ( а 100 пати ми ги повлече тие проклети пари), незнае да збори ништо друго освен пари и да ме навредува и понижува. Не можам да ја истрпам, се омажив и на свадба не ми дојде, зашто дошол татко ми, поточно зашто јас не сум се изјаснила кој од нив двајца да дојде.
    Само да не бидам таква мајка... Децата ветувам ќе си ги сакам безусловно и нема да барам од нив ништо за возврат, како што беше од мене постојано барано, ниту пак ќе им правам нешто слично, еве ветувам ( само Бог да ми даде дечиња)
     
  20. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    знам дека постојат такви мајки ама мене не ми е јасно како можат да бидат толку индиферентни ..го носиш во стомак тоа дете 9 месеци , дел е од тебе, од твоето битие..и да не сакаш да го видиш и да знаеш што прави , како е? каков му е животот? .... :x