Болна тема... Многу болна. Коментариве погоре исто ко јас да сум ги пишала... Подобро да беа разведени.. 100 пати подобро ќе живеевме сите (мајка ми, татко ми сестра ми и јас). Детство ко моето ни на душман не му посакувам. Толку трауми,толку проблеми. И мајка ми трпеше поради нас, ама џабе беше. 21 година а јас на ниту еден убав момент не се сеќавам. 18 години само расправии, малтретирање и психички и физички.... Одкако се разделија јас и сестрами заминавме со мајка ми. Мислам дека мајка ми посреќна никогаш не била. Таа година ипол само насмеана беше... Одкако почина со сестрами се вративме кај татко ми. Меѓусебно никој за никого не кажа лошо. Се гледав и со татко ми тој период. Ко ништо да не било.. иако тој беше кривиот. Сакам да кажам ко другите феминки дека детето може среќно да живее и со разведени родители. Семејни ручеци и заедно за празници мене не ми зачат ама ништо. Подобро да беа разведени. Едниот родител ќе недостасувал на масата, али бар знам дека спокојно ми било. Што ако биле заедно за празници и ручеци кога не се чуствувала убава атмосфера? Детето ќе сфати со тек на време. Ни јас ни моите деца ова нема да го трпат. Бракот можда нема да функционира поради мене... не знам... Али несреќно и со страв да живеат нема! со солзи и лутина го напишав коментаров....
После 13 години дисфункционален брак решив да си го земам детето и да си заминам од тој пекол со мисла за подобар живот. Целата постапка на Разводот траеше околу 13 месеци, тоа беше нај тешкиот период во мојот живот, али тоа се очекуваше заради тоа што знаев дека си имам работа со тежок психопат. Ќерка ми тогаш имаше само 8 години и нормално веќе разбираше што се случува, искрено многу тешко го преживеа сето тоа, секој ден плачеше и ме молеше да се вратиме "дома" за неа беше дома за мене затвор, срцето ми се кинеше од болка се обвинував себеси за нејзината болка, мислев дека никогаш нема да ми прости за тоа што го растурив "семејството". Еве 2 години по касно се е по друго и самата сфати дека мама нема да се врати "дома". Се гледа со татко и секој ден тој ја носи и зема од училиште и секоја сабота и преку еден петок спија кај него( така се договоривме на суд). Сакам да кажам дека на почетокот е многу тешко, само јаки живци и со тек на време се ќе си дојде на свое место. Единствено што жалам е како по рано не се решив да заминам.
За разлика од вас кои сте живееле лошо во лош брак, јас живеев лошо и со разведен брак. Јас немав детство и со разведени родители. Не е поентата само да се разведат родителите. Поентата е што потоа? Не знам, можеби јас бев таква "среќлија", што кај мене двајцата родители не се родители на место. И многу ми е жал поради тоа. Си викам, барем едниот да беше како што треба... Првата грешка на мајка ми беше што преку нас изведуваше реваншизам со татко ми. Тој упорно се бореше за нас што тоа често не водеше по судови и разни психијатриски институции. Тоа што имавме 6+ години само кажува со што сме се занимавале во "најбезгрижниот" дел од животот. Нашето детство беше заменето со проблемите на возрасните...како пред бракот, така и потоа. Скоро 10 години живеев исклучиво со еден родител и роднините од едната страна. Тоа ми беше најпразниот дел од животот. Да копнееш по другата половина, а да не смееш ни да помислиш на неа. Дури и со брат ми не смеев контакт да остварам пред очите и ушите на мајка ми цели две години. Тајно ги изведувавме средбите. После таа "празнина" следуваше најтурбулентниот период во мојот живот. Живот полн со проблеми и разочарувања. Само затоа што сакав да сум и со другиот родител. Кога конечно стапив во контакт и со другиот родител после многу години, автоматски го изгубив првиот. Пак години само со еден родител. Период во кој ниту еден од родителите не водеше сметка каде е неговото (се уште) малолетно дете. Недостигот на комуникација меѓу моите родители и омразата меѓу нив доведе до тој степен да не знаат ни каде сум, ни со кого сум, ни кога ќе се вратам (ако се вратам воопшто). Можело се да ми се случи, не дај Боже. Кога немаш соодветен дом каде барем некој ќе те згрижи, спас бараш во улицата. Мене се друго ми беше дом, освен домовите на моите родители. Двајцата со веќе свои фамилии си ги тераа нивните интереси и животи воопшто, без притоа да сфатат дека имаат и деца кои лутаат наваму-натаму. Тоа мислам им е најголемата грешка... Да се појаснам: јас не судам што моите родители си створиле свои фамилии после нивниот развод. Напротив, тоа е позитивно и би требало да ги оттргне од омразата еден спрема друг, да заборават на лошиот живот пред тоа и грешките да ги остават зад себе, да продолжат да живеат среќно и да пренесуваат само позитивна енергија на околината. Не морало ни со комуникација, секако веќе бевме големи. Но, тие за сметка на новите партнери и фамилии ги запоставуваа децата повторно. Тоа е тоа што според мене не е оправдано. И сега од оваа перспектива се прашувам што било подобро? Дали кога служев како средство за манипулција и реваншизам или пак кога бев пуштена сама на себе без некој да води сметка каде сум и што сум? Одговорот е: Ни двете. Родител што и да одлучи да прави со својот живот никогаш не треба да престане да биде родител за своето дете! И јас пак со неколку совети до сите (разведени) родители: Никогаш да не ги ставате своите интереси пред интересите и потребите на детето. Детето не дошло на свет по своја волја. Немој да бидете себични и да мислите дека детето е ваша сопственост. Детето е своја индивидуа, која со ваша помош треба да се изгради во личност, една и единствена, различна од другите, независна, и пред се ЗДРАВА. П.С: Ова е најдолгиот пост во мојава форумска "кариера".
Ке се согласам со @joy1 И јас сум растена во дисфункционално семејство И ден денес сум им лута што не се разведоа...заради нивните проблеми заборавија на нас децата и нашето детство...што и го немавме Сега сум мајка на две дечиња и сеуште имам празнина и недостиг на родителите и родителска грижа
И јас ќе зборувам од другата страна. Моите никогаш немале и немаат среќен брак. Имало и убави моменти меѓутоа лошите биле многубројни. И ден денес жалам што не се разведоа(сеуште имаат ужасна комуникација и проблеми ама сега не сум таму за да гледам, иако знам што се случува зошто е така одкако памтам за себе). Секогаш сум за тоа децата да живеат спокоен и мирен живот за да имаат здраво и убаво детство и убави сеќавања. Подобро е со еден одител во мир отколку со двајца родители каде што има расправии и трауми. Бубале, сакам да знаеш дека си донела правилна одлука, прво за твое а и за доброто на децата. Сега се мали, меѓутоа како ќе растат ќе сфатат дека тоа е најдоброто што им се случило зошто ќе растат во мир и хармонија. Безброј пати, години наназад сум си викала, сум се молела да се разведат за мирно да заспијам и мирно да дочекам утро. Мирно да седнам да јадам и мирно да излезам од дома и кога ќе сум се враќала накај дома сум се молела да нема фрки. Тоа верувај влијаело на мене и до ден денешен ми останало, има последици, зошто имам многу лоши спомени и колку и да сакам да ги избришам од главава, за жал неможам. Да беа разведени ќе беше многу подобро, ќе бев многу појака. Затоа, кога веќе дошло до тоа, радувај се, твоите деца ќе израснат во силни луѓе, без трауми и никакви последици од детството. Најважно за детскиот развој е мир дома. Мирот со ништо не се купува, а ти баш тоа си им го обезбедила, најбитното.
Растев во среќно семејство, немаше кавги, немаше лоши зборови. Често се чувствував запоставено од моите, тие многу беа посветени на работата, па почесто бевме кај баба и дедо со сестра ми. Се додека еден ден, буквално како од небо татко ми реши да се разведе. Имал друга. Мојата мајка без збор му потпиша спогодбен развод и дури и се заедничко му даде. Јас, сестра ми и мајка ми некое време живеевме кај баба ми и дедо ми, а подоцна мајка ми купи куќа. Со татко ми не се гледавме, потоа само сестра ми имаше контакт. Тој со таа жена никогаш не стапи во брак. Само го користеше за пари. Татко ми почина. Мајка ми не беше на погреб. Беше таа жена. Неа и ги дадовме нашата куќа, стан, возилата од татко ми. Се. Се откажавме од наследство. Од тогаш пораснав со горчина, омраза, бес,... Не верувам лесно на луѓе. Немам широк круг на пријатели. Но, би им порачала на оние жени кои влегуваат во врска со женети прво да пресметаат врз колку жртви ќе градат среќа, колку личности, колку домови ќе уништат... Жално...
Се мислев дали да пишам на темава, сеуште ми се пресни случувањата, па може ќе избрзам во некој исказ, ако е така би сакала отворено да ми се каже Како дојде до разводот мислам дека повеќето знаете како се одвиваа работите, бидејќи ми бевте поддршка и објективна свест и совест кога најмногу ми требаше, па искрено сум ви благодарна за тоа Околу разводот можам да кажам дека се разделивме поприлично мирно, после 13-14 години брак, без драми и без урлања низ куќа, се' се одвиваше брзо, мирно и со договор. Тој викенд заминавме на викендица и сите сра*а се случуваа таму. Кога си дојдовме дома децата (12 и 5 години тогаш) ги пративме на море со моите, за тој период тој се отсели од куќата. Кога се вратија им објаснивме дека сега семејството ќе има два дома, се' ќе остане исто само мама и тато нема да живеат повеќе заедно. Големиот разбира, плачеше, ама ниту еднаш не праша зошто или како. И сеуште нема прашано. А малото мислам дека повеќе плачеше од жал за брат му и мислам дека сеуште не е свесен што значеше тоа. Потоа уште десетина дена се шетаа на поседок кај бабите, додека средивме некои работи. Кога се вратија дома малото не сакаше повеќе да спие сам во детската, а спие таму од 6 месеци, па често во текот на ноќта ќе дојдеше кај мене во спална и ќе ме прашува: А кај е сега тато? А тој сега со кој спие? Сам ли е? И слични работи. Тогаш одлучивме да одиме на советување кај стручни лица. Големиот оди сеуште, бидејќи е во почетна фаза на пубертет, а јас и малото одевме 6 месеци. Родителството сеуште се одвива исто како и претходно - одлуки носиме заедно, се договараме за земање и носење на курсеви, школи и сл, може да одат кај татко им во станот кога сакаат, колку сакаат, кај екс свекорот и свекрвата исто така одат како и претходно, со роднините од неговата страна сме во контакт, еднаш седмично се собираме сите четворица на ручек. Во однос на децата сега за сега мислам дека добро се одвиваат работите, но со оглед на тоа дека сеуште пубертет не ги здрмал, мислам дека е рано да се каже. Во оваа една година и неколку месеци не сме си дозволиле да се скараме пред нив, а знаеме по некој поглед со порака да си испратиме. А тоа што се случува зад детските очи е сосема друга приказна за во друга тема од форумов Повеќе од сигурна сум дека разводот ќе им остане црна точка во детството. Сметам дека децата треба да растат во среќно семејство, со двајца родители, не може едниот да им ја обезбеди љубовта, топлината, мирот, благосостојбата како за двајца. Еве јас на пример не можам да им бидам татко нив. Можам мојот дел од родителството да го исполнам, не можам и другиот, колку и да се трудам. Затоа, без разлика колку сме се повредиле еден со друг, децата треба да останат заштитени од таа болка. Искрено и од срце ми е жал за сите, ве исчитав со внимание и можам од срце да ви порачам дека, без разлика на лузните од детството кои ги носите, вие сте пораснале во прекрасни личности и продолжете да се развивате во таа насока. Не дозволувајте минатото да ви ја одреди иднината во негативен контекст, секогаш извлечете го најдоброто од најлошите ситуации
Тоа што јас сум го доживеала во детството ми е голема поука и среќна сум што со мм успеавме на децата да им обезбедиме мир, хармонија, спокој и топлина во домот, нешто за што јас копнеев долги години. И среќна сум што бар сега последниве 6,5 години го имам тоа. Се надевам дека така и ќе остане за доброто на сите а посебно за децата. Сакам барем тие да имаат убави спомени и среќно детство. Меѓутоа, кога би била во лош брак, би избрала развод, не само за доброто на децата туку и за нас возрасните.
И јас сум порасната во таков брак, карање, тепање, викање, ко вчера да беше се секавам. Татко ми пиеше многу и кога и да беше пијан не малтретираше, се караше и со мене и со мајка ми и со баба ми, до ден денес мислам дека баба ми си умре поради него. Јас со брат ми сум разлика скоро 11 години, он беше поштеден до некаде бидејки беше доста мал и не разбираше но јас не бев ни најмалку поштедена...викаше по мене, маваше со што ке стигне, што му дојдеше при рака маваше. Се секавам кога мајка ми не можеше да си дојде од работа од него , јас чекав да заспие па и се јавував на телефон да и кажам дека спие и она да може да дојде, се секавам и кога двете лутавме по улици и чекавме да заспие за да дојдеме дома. Тие трауми цел живот ке ги носам во себе. Секое доагање од работа тој беше пијан, јас му поставував да јаде и се молев да заспие. Се срамев од него, не сакав да го гледа никој пијан, иако сите го знаеја каков е. Мајка ми никогаш немаше храброст да го остави, а имаше свое место на живеење, добра работа, немаше да зависи од никој, но не го остави, од срам, од страв...двете ја плативме цената со нарушено здравје од тие стресови и нервози. Јас никогаш го немам гушнато татко ми, никогаш ни тој ме нема гушнато, јас не сум осетила татковска љубов. Денес после толку години он веке 5 години не пие и е сосема друг човек, но касно е веке, јас не живеам во таа кука, имам сега свое семејство и тоа што он се промени нема да ми го избрише тажното детство. Многу ми е жал за мајка ми за сето тоа што го доживуваше, затоа што тој бил совршен татко и совршен сопруг но само година-две потоа се се сменило, и таа тортура траеше и ја трпевме 20 години.
Добро е што пиша на темава. Вакви примери треба да се прочитаат. Според тоа што го напиша јас мислам дека сосем правилно постапуваш. Самото тоа што си свесна дека ти не можеш да ја играш улогата и на таткото и да ја пополниш таа потреба на децата те тера да постапуваш правилно. Какви и да се, родителите подеднакво им значат на децата. Јас потполно се согласувам со тебе и со се што напиша погоре. Моите родители ниту мене ми биле вистински родители, ниту пак на моите деца им се вистински баба и дедо. Но и покрај тоа, многу пати сум кажала и на форумов, јас не сум им лута, ни гневна, ниту пак ги мразам. Само ми е криво што моите деца растат без баба, дедо и останати роднини. Мене нивниот однос многу пати ме буткаше на дното, ама и ми ги отвори очите како јас не треба да постапувам со моите деца, а и воопшто во животов. Уште нешто сакам да кажам, ама ми е страв да не бидам погрешно сфатена: Драго ми е што сите досега се согласуваме дека подобро е развод отколку дисфункционален брак. Ама во оваа реченица недостасува еден многу важен збор. Тоа е ФУНКЦИОНАЛЕН развод. Сакам да кажам дека ако и разводот не е функционален (во корист на децата, секако) џабе е самиот развод. А тоа тешко може да се предвиди.
Од кога почнав да разбирам дека родителите може да се разделат, само го чекав денот и посакував да се разделат. Многу повеќе лоши спомени имам отколку убави спомени, а и убавите спомени од детството не се со моите родители пак... Бев веќе поголема кога засекогаш се разделија, 17год, сестра ми 14год и веќе со трауми од нив двајца.. а до тогаш знаеше мајка ми да си отиде, да се врати. И според мене поубаво да се разделени родителите, отколку несреќно да се живее и тоа да се одразува на децата...
Моите се разведоа кога имав 20 години. И не ми беше сеедно тогаш, 7 години поминаа пишував по форумот. Незнам дали ќе ми беше подобро да се разведеа додека бев помала, може немаше да пукнат скандали од толкави размери ко што пукнаа, па затоа и ја доживеав трауматично таа транзиција. Многу одвратен период во животот ми беше, кога ќе се сетам само, веќе бев доволно возрасна и имав свои проблеми, не бев вработена ни па можев работа да најдам, период кога веќе треба да почнеш да мислиш за иднината, и на сето тоа они ти ги накалемуваат нивните скандали на глава, леле хаотично беше, се обидувам да не се сеќавам на тој период и кога ќе ми дојдат мисли ги истиснувам, го шалтам мозоков на друга страна и ги задушувам. Јас бев свесна што се случуваше, среќа во несреќа што пубертетот ме помина кога решија моите да се глупираат, да не ме поминеше незнам како ќе завршев, може ќе бев досега алкос или наркос, или во некој сличен брак како што моите имаа. Заклучок,разводот е стрес за детето без разлика колку години има. Ама па разводот на моите ми ги отвори очите за многу други работи во животов, на многу работи после тоа не гледам емотивно него трезвено и размислувам на долгорочен план. Јас во тој период се затворив во себе, ни контактирав со некој, и луѓе што предходно се дружев и ги познавав престанав да ги поздравувам на улица од проста причина што ми беше срам, знаев дека сите знаат и несакав да ме гледаат со сожалување, ни сеирот да ми го гледаат, ни па сакав да помислам што мислат за мене во моментот. Само дома седев, со тогашниот ми дечко што ме трпеше, и со сестра ми, ми се чини дека тој период станавме една за друга многу поврзани околку што сме биле било кога во животот. Додуша и пари немав да одам било каде, ни на кафе а камо ли на некоја подалечна дестинација. Само на форумов шкрабав тогаш си ги лечев фрустрациите и се истурав на сите. Малтене форумов ми беше единствен вентил и за комуникација, и за тепање време и за оттргнување мисли и енергијата негативна да ја пренасочан на некој друг. Почна да ми биде сеедно за моите откако се исселив од Македонија си реков во себе јебите се имам право да живеам и јас и со своите проблеми мавнете ми се од главава.
Неколку дена читам, да бидам искрена и плачев на дел од постовите. Минувам низ истото. Јас иако решив да се разведам и се разведов, тешко ми паѓа одлуката бидејќи како минува времето сфаќам дека многу работи можевме да ги поправеме ако имаше волја за тоа. Во цел тој хаос, јас и син ми го најдовме мирот. Живееме мирно, без кавги. Со татко му функционираме добро. Имаме заеднички ручеци, одеме на кафе, му го славевме роденденот заедно. Ми се кине душата кога сака да шета со мама и тато. Кога во градинка и зборувал на учителката дека мама и тато ќе го земат, кога ќе ми каже "Мама и јас имам татко"., "Мама и мој татко да дојде"... А се гледаат. Ама празнината ја чувствува иако има 4 години. Каде и да одеме кога гледа мајка, татко и дете постојано повторува дека и тој има татко. Јас не можам да го заменам татко му, среќа што и тој е постојано покрај него колку може, ама семејство повеќе не сме. Ве читам и вас кои сте растеле во нефункционално семејство. Сомнежот останува. Воопшто не се каам што си заминав од таа куќа, ама нему неможам да му простам што тој не замина кај нас и што не се потруди да се промени. Сега страда само детето. Оти разводот за нему е најтежок. И секогаш ќе биде.
Пред некое време прочитав на еден Хрватски форум еден коментар, парафразирам, „мажете се за кој сакате, ама пазете на кого раѓате деца, пазете кога бирате татковци за вашите деца.„ Исто важи и обратно. И има вистина.
Ве исчитав сите до една и можам да ви кажам јака ви душа. Моите се разведени, инаку јас сум причината Како би реагирале во следнава ситуација-Замислете дека сте бремена, се мажите и штотуку се пораѓате маж ви да не ве ни земе од болница, заради што предходната вечер бил излезен со друштво, затоа што е млад и треба да живее, доаѓате дома и станот е во хаос, ви се дере заради нередот, кај сте да средите, а вие штотуку од болница излезени, го замолувате 5мин да го причува бебето и тој вика-Јас сум маж, не ме личи дете да држам, и ве остава сами а тој излегува, и на прво место му се другарите, работата и шетањето, освен тоа замислете го истиот тој човек како на пријателите кажува дека жена му е психопат што не знае да гледа деца, кажува дека сте неспособна да му родите син, се лути ради полот, постојано секој ден има дерење и викање како не можете се да постигнете, епа мајка ми ова го трпела, и на крај ја оставил ради друга, и сега не ме ни познава, додека да се разведат мајка ми не знаела дали по мене да иде, дали него да го тинтра, доаѓал од работа и кршел ако нема јадење @Offspring се осеќам виновно.Како би реагирала на мое место?
Не знам зошто ти се осеќаш виновно? Да не си била ти, ќе нашол друга причина така да се понаша. Лесно не е татко ти да се одрече од тебе, тоа сигурно знам затоа што и татко ми е растен без татко, мојот т.н. дедо се преженил со друга и татко ми само баба ми го исчувала работејќи по лозјата да го исшколува. И знам дека има огромна празнина поради тоа, ама трпение-спасение. Татко ми му има порачано, да не испушти душа додека не побара да го види.Маца на вратанца ќе дојде, на смрт се бива кога си со една нога на тој свет, со една на овој. Инаку и јас го немам запознаено, а знам дека е жив сеуште, и знаеме ја и сестра ми каде живее со точна адреса, дури ги најдов и децата од неговите деца на ФБ, т.е. моите први (полу)братучеди.
Она розовото ми боди очи!! Како бе мила Ти Си Причината???!!! Не, не си ти причината воопшто!!! Туку тој "татко ти"!! Пред се, недозреан бил за да создава фамилија! Родотел не е само мајката, нормално е и тој еднакво со неа да се грижи за детето и домакинството! И за да " му роди син" од неговата 'мајсторија' зависи Жалам што си живеела со такво убедување дека ти си крива. ЗНАЈ ДЕКА НЕ СИ! И јасно дека во животот ти фалел татко, нормален родител, машко во домот....но знај дека дефинитивно Тој Конкретно Дотичниот ТИ НАПРАВИЛ УСЛУГА што си заминал!! до тебе
Леле @Offspring Ти благодарам премногу што одвои време.Тој е откажан нотарски преку мене, сега си има нов живот и не се ни замара за нас.Не знам дали ако бев син вака ќе се однесуваше, но што пак полот би имал улога, и машките и женските бебиња плачат и сакаат пелени, храна и внимание во исто време, така да најверојатно сум само изговор, но и викал на мајка ми дека јас да не сум била, ќе нашол уште одамна подобра, не знам што воопшто се оженил кога знаел дека не не сака.Не дошол ни да не земе од болница, бил со пријателите.И постојано му сметало де плачењето, де мајка ми бавна била, де ова сакал де она.Можеби вака подобро. Леле ти благодарам премногу, инаку според татко ми сум виновна затоа што да не сум се родела поодамна ќе нашол подобра жена. Инаку кога ќе ме види бега, еднаш се сретнавме пред Џамбо и фати да бега далеку...
@capricorn1501 мила, како може дете кое тој го создал и се родило поради нели што тој го создал , да биде виновно? Душа ме боли што постои некој кој према сопствено чедо вака се понашал и вакви комплекси ти вградил од само твое раѓање Мора, мора да го надминеш тоа и ако веќе се бара кривица нечија овде едино и само исклучиво едино истата постои кај тој таканаречен "татко" твој. Мора да се ослободиш од овој товар кој го носиш на душа целиот свој живот!! Мора!!!
Ти благодарам премногу! Полесно ми е сега, порано многу се нервирав, плачев и се затварав во себе.Инаку имам познаничка, но случај со дедо и.Се откажа од неа заради што се омажи од љубов,а не за син на еден негов сосед, и пред да почине барал да ја види заедно со сопругот и да им се извини.Знам дека во судни маки го завршил животот Не ми е јасно зашто толку се гадни лугето?