Најпрво се извинувам доколку темата е дупла, искрено бев премногу мрзлива за да проверам. Но засегната од едно прашање за чии одговор сум многу љубопитна решив да ја отворам оваа тема. Дали Вие родителите потпишувате согласност за објавување на фотографии од вашите деца на социјалните мрежи направени во склоп на училиштето? Затоа што во последно време сум сведок на многу фотографии направени од учителките со дел од децата и објавени на нивните профили. Дали сметате дека на тој начин се користат децата за себепромоција на учителките (колку добри учителки се или не се) како и на образовните институции? Дали сметате дека на тој начин се кршат нивните права а воедно и вашите како родители?
Син ми е мал, 4 години. Оди во државна градинка и посетува приватен курс за англиски. Кога го потпишувавме договорот за школа за англиски имаше и таква точка: дали се согласуваме да фотографите бидат објавени јавно, на нивна веб страна. Во договорот за градинка такво нешто немаше, а и тие знаат одвреме навреме да споделуваат фотки со децата на нивна фб страна. По некое правило, би требало сите јавни установи да бараат согласност од родителот за споделување фотографии, ама лично мислам дека ние немаме тој менталитет сеуште, посебно државни институции. Највероватно родителите би требало да реагираат и да бараат да се воведе тој "нов закон" во пракса за да дојде до некои измени. Лично мене, како родител, не ми смета ако видам фотографии споделени од градинка, утре школо, иако немам дадено согласност написмено, бидејќи не се чувствувам изманипулирано. Моето дете оди таму редовно, знам што прават, со кого се. Ама би ми сметало ако успатно ќе се најде некоја друга организација, лице или установа, која моето дете ниту посетува, ниту има некаков контакт со нив, која за своите лични цели или проекти би го сликала и објавила фотографии без моето одобрение како родител. Е тогаш би се почуствувала изманипулирано и детето искористено за нивна промоција.
ако јас се прашувам децата треба да се спцијализираат во реалниот свет а не на виртуелни мрежи на компјутер. Ние сме 6ипол годинки,а гледам многу деца веќе од 6 па нагоре а има и помали си имаат фејсбук незнам што ти не... А за да биде работата уште потрагичн имам видено неколку профили на новороденчиња добро си викам на бебе родителот треба извод да му извади а не и профил на фејсбук уште од раѓање. Запрепастена сум. Има и деца поголемки дали 3-4 години па исто профил на фексбук. Све тоа ќе го сватам ама после нека не се жалат родителите доколку недај Боже децата им станат жртви на педофили или било какви зла кои за жал демнат во денешницава а ја загрозуваат безбедноста на децата.
Имаме согласност дадено во градинка, но само да ги сликаат со грб или заматени слики во лицата. На дневна основа добиваме слики во група која е само за дечињата од таа група, значи 12 родители на 6 деца можат да ги видат и ако протече се знае од каде е. За поединечни настани исто така даваме поединечна согласност, на пример за емисии, телевизија и слично... Сепак, некако глупо е да не дадеш согласност, на пример беа у пожарна, и 20 деца се сликаат, ти не даваш согласност и му викаат на детето, тргни се ти. Илити вика учителката, твоето дете има најдобра дикција, сакаме да го носиме во емисија, и ти викаш, не сакам. А може тоа да е нова љубов и радост на детето.
Нас не ни праќаат слики, освен за роденден со напомена дека не смееме да ги објавуваме никаде, не гледаме слики што прават во градинка а искрено би сакала, ме интересира што прави, како си игра, со кого си игра, како спие, како јаде, сметам дека премногу е некако тоа тајно, самата занимална само од прозор сум ја видела... Би сакала да има отворен ден за родителите. Добро избегнав малку од темава. Не би се согласила да има слики од моето дете на интернет никако. Јас лично ставам и тоа она што јас сметам дека треба, не било што и било каде.
Јас потпишав да ги сликаат и да ги објавуваат сликите. Овде тоа го прават само на страната на училиштето. Нема ништо објавено на фб. Ги сликаат кога имаат активности. Или прошетки. Во Мк од училиштето ставаа слики на фб. Немало злоупотреби. А учителките ни праќаа слики на Вибер.