1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и фејсбук

Дискусија во 'Дете' започната од ph.orhideja, 28 март 2012.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава бидејќи сум сум лично засегната по ова прашање.Сакам да подискутираме дали Вие на вашите деца им дозволувате да користат Фејсбук.

    Познавам родители кои имаат направено профили на своите деца од 7,8,9 години.Јас колку што сум запозната,корисници може да бидат деца над 12 год.Со наведување на погрешни податоци за возраста на децата,од страна на родителите, децата стануваат корисници.Ова некако се коси со моите размислувања.Кои се вашите размислувања?

    Повеќето деца од училиште кај моите деца користат Фејсбук.Јас не дозволувам иако ми бараат.Не велам дека нема да попуштам,сепак ваквиот начин на комуникација е составен дел од нашево модерно живеење,и кога ќе биде време ќе користат.Но сега ми некако многу рано.Ќе стискам додека можам.

    Не ја гледам поентата да се разговара со другарчето преку компјутер, кое патем живее две куќи од нас.
    Нека излезат надвор,нека се дружат.Сепак пријателството кое се стекнува на улица ми е поприродно од виртуелното.

    Може моите размислувања на оваа тема се заостанати за некого,па затоа би сакала да ги прочитам и вашите размислувања на оваа тема...

    Ако не и местото на темава овде,клуч.
     
    На Serafima и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Јас знам една што на детето му направи фејзбук профил уште првата недела откога се роди.
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    свашта бе...му направила профил и што рогови и пораснале цццц за мене ова се живи глупости..здравје боже се надевам еден ден и јас да си имам детенце ама не би дозволила од мало на фасе да седи ..ке гледам да поминувам со него повеке време правејки некои паметни,поучни работи а не фасе .
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Според мене во право си.
    И јас сум против. Освен за разговор го користат и за играње на игри кои ги има на фејсбук и нормално за манијачење на профили (во стил, каква цицка има оваа тетка :) ).
    Мене не ми е јасно зошто некои родители отвараат профили на своите штотуку родени деца и постираат само слики од нив. Не ја сваќам поентата освен ,,јас растам,, , или ептен им е досадно и немаат што да прават. Иако од неодамна проструи муабет дека се злоупотребуваат сликите од ФБ и не се заштитени и покрај тоа што нели можеш да им ставиш заштита кој само може да ги гледа. (Па ок, раснеме и ние, подобро да се видиме на кафе и направиме муабет).
    Од друга страна е ок за вежбање на латиница па потоа учителките мака мачат за да ги исправат грешките (нели прво кирилица се учи па потоа латиница) кои мешаат кирилица и латиница. Ама тоа дремење на ФБ не само што ја уништува нивната физичка активност, уништуваат очи и добиваат лоши навики (јадење пред компј. на пример).
    Бар за сега немам таков проблем мал е, а додека да порасне кој знае што ќе биде во мода :^)
     
    На Serafima, jana31, mama27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Иако не сум мажена и немам деца јас не би дозволила моето дете да користи фејсбук. Се согласувам со тоа погоре што го напишала славица999
     
  6. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Јас не сум многу голема но има деца од 5 год. што имаат фејсбук а незнаат ни да работат на него. Според мене фејсбукот е за деца повеќе од 12 год. :)
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Настрана мајките што отвараат профили на нивните бебуши, немам коментар за глупоста, ама за што всушност на дете од ајде да речеме 12-14 години му треба фејсбук профил? Кога сите другари/ки што ги знае му се или на училиште секој ден, или во комшии. Да изгубиле контакт преку годините да речеш па да се бараат по фејсбук еден ден ајде, ама сега зошто им е? За „боцкање„? :^)
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Ќерка ми има седум и пол години, и фала богу уште не станало збор ни за мобилен, ни за фејсбук. Јас и игри на компјутер им ограничив на еднаш неделно по еден час (за викенди), а за фејсбук не сакам да слушнам. Прашање на време е кога децата од нејзина генерација ќе почнат да зборуваат за тоа и да отвараат профили, ама ќе се обидам да одолговлечам најмногу што можам.
    Од ќерка ми не очекувам да запне, прифаќа кога ќе и кажам дека нешто не треба да прави, само треба убаво да и објаснам. Е сега синот кога ќе потпорасне, ќе видиме...

    Тоа со профилите на децата ептен ми е глупо. И не гледам поента во прераното учење латиница - кога ќе им дојде време, ќе научат во училиште.

    Тоа што ме загрижува е дека ФБ многу се форсира - на пример во неколку песни од последното Златно Славечје се спомнуваше, дури и имаше песна за фејсбук. Е па треба да размислат малку тие што ги пишуваат или одобруваат песните за златно славејче.
     
    На Serafima, jana31, mama27 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Братучед ми има фејсбук на само 6 години. Стрина ми му отворила со датум од нејзиното раѓање ама нејзиното ќе го оправдам.. Затоашто е направен за да може да комуницира со нејзиниот брат и внуци од Америка, нели сега има и камера на четот. А башка братучед ми не го знае ниту пасвордот ниту мејлот.
    Го пушта само два пати неделно колку да си поигра и тоа најмногу по половина час, освен кога научил и го пофалиле на школо- тогаш го остава нешто повеќе. :)
    Ете пример каде што до некаде е оправдана причината. А и тој не напнува да седи, не е заинтересиран за фејсбукот како место за живеење и трошење цел ден, туку и самиот ми кажал дека неколку игри си има и му се премногу интересни.
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас сум уште мала ама многу ми се допадна темата. Јас имам сестра 4то одделение е и ми вика дадо ајде направи ми фб, му викам што ќе ти е и таа ми вика па сите имаат и јас сакам. Не му направив и нема да му направам. Јас фб си направив во втора година средно, тоа со фб и што користат телефони ми изгледа како прерано форсирање на детето да порасне и да биде во тренд и чекот со модерното. Има време за се. Јас кога бев 9 години уште со брат ми си играв со мечињата, а не па на фб да дремам :tmi: :tmi:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Според мене, фејсбук ако е потребно, чисто за комуникација може да има дете од 15 години па нагоре.
    Сестра ми има 9 години, и има фејсбук и мене косата ми се крева кога ќе видам што пишува, што пишуваат нејзините врсници, колку оглупавуваат и колку се неписмени.
    Тоа чудо едно е колку ги уништува.
    Постојано и викам на сестра ми да го деактивирам, а мајка ми вика ако остај ја, нека има, што мене многу ме нервира.

    Јас кога ќе имам деца,ни под точка разно нема да им дадам фејсбук да направат на толку мали години.
    Учењето е најбитно, треба да се описмени како што треба за да може асално да пишува и да знае што пишува на фејсбук.

    Оние квизови за турски серии, па слики на 13 годишни девојчиња разголени, со патетични статуси :x , се ‘‘штетни“ за мозокот на денешниве деца.
    Родителите се виновни, тие дозволуваат се.Сестра ми нема некои слики вакви, ама пишува по тоа квизовите глупави цело време, а гледам и дека има многу правописни грешки ама...Гледам колку можам да ја тргнам од компјутер, не и давам да седи многу.

    А кога гледам дека возрасни ставаат слики од нивните новороденчиња... :x Се молам детето да израсне во нормална личност. :|
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Поместени се границите во сите свери на живеење.
    Нема логика да споредуваме што правевме ние на 10 години и денешниве деца.
    Децава денес живеат во хендикепирано општество.
    Детство без жмурки, брканица, џамија, нека бие ....
    Сега е модерно да се има ФБ.
    И како да и забранам да има кога сите деца имаат. Веднаш е како бележана ( според некои и глупа).
    Ќеиф ми е што ама ич не е занесена и го користи за да исконтактира со некоја другарка и тоа најчесто за тоа што имаат за домашна или нешто така. И не повеќе од 30-45 мин. дневно. Понекогаш и со денови не седнува на компјутер.
    Но, има неколку девојчиња од оделението кои да незнам дека имаат 10 год. според нивните лигавања и коментари би мислела дека имаат барем 14.
    Е тука се наметнува друг проблем. Гледаат ли родителите што прават тие деца? Или најважно им е што се мирни и глас не им се слуша булејќи во компјутерот?
    Дефинитивно сум за тоа да се забрани ФБ не само за деца, туку воопшто затоа што има и повозрасни кои ФБ го користат за глупости ( во глупост и објавување на слики од децата).
    Во една статија прочитав - денешната младина еден ден ќе сака да си го промени своето име. Пишувајќи го името на гугл ќе дознаете толку многу за некоја личност, што таа личност би сакала да го промени името. Дури и јас кога примавме девојка на работа проверував што има на ФБ. Доволно беше да има 2365 пријатели и да не вреди ни да се прочита нејзиното СВ. Кој нормален има милион пријатели? Сега знам дека поради ова ќе ми се нафрлат, но ок веројатно е и сменета дефиницијата за тоа кој и што е пријател. По се изгледа денес пријател е само бројка која ти ја зголемува популарноста, па макар и во пријатели да ја имаш хурем султан или полат алендар, нека ги има , нека се бројат.
    И уште за мобилните. Мобилниот е потреба и мора да го носи со себе (барем ќерка ми). Живееме далеку од училиштето и контактот ми е повеќе од важен. Да е се нормално како некогаш и да знаеш дека на работа си од 7 до 3, е тогаш би била друга приказна.
     
    На Katerinceee, Serafima, belieber и 3 други им се допаѓа ова.
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас сум за што помалку компјутери, социјални мрежи, видео игри, ТВ. За деца само социјализирање. Ние сме пораснати на улица, па еве знаеме да ракуваме и со компјутери и сл. Има време за се да се научи, само детството не се враќа.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. neno20

    neno20 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Колку што знам на Фејсбук има граница од која возраст па нагоре можеш да отвориш профил (мислам дека беше мин. 16 години).
    Е, сега тоа што не се почитува и лесно се лажираат податоците, е друга работа.

    Фејсбуков за мене е најголемиот грев, најголемата казна, оружје (не знам како да го наречам), најголемото ЗЛО на денешнината.

    А, родителите мора да ги контролираат децата доколку веќе имаат профили, кои им се пријатели, какви слики вадат и сл. Да се поучат малку, бидејќи можат да бидат и злоупотребени од некого.

    Жалосно е кога на нероден Петко, фб му отвориле. |( И кога самите родители вадат слики од своите разголени деца. :fubar: Со вакви родители, не знам што да очекуваме од децата. :x
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Јас тука родителите ги посочувам за кривци. Зарем на дете од 3-4 години му треба фб??? Што ако нема фб демек не постои или со тоа што ќе му направиме профил ќе докажуваме дека е модерно и напредно...
    Неверојатно... |(
    За оние млади основци од 12 год па нагоре може да си имаат профил но родителите малку да ги контролираат и да не им се дозволува се да постираат таму. Крај на крај па може да има фб за комуникација но слики да не става и да си ги има блиските другарчиња.
    Кога ќе помислам само 13-14 годишни девојчиња какви слики ставаат ми доаѓа а кажам дека фб е сра*е...
     
  17. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Неее нема шанси на керка/син ми (кога ке имам деца) да им дозволам фб на толку мала возраст.Од 12 год па натаму.Кога ќе им дадам да имаат фб нема шанси да им дозволам да ставаат слики кои што не се соодветни за нивната возраст.
    Е сега може да ми се изнасмеете,ама јас имам фб од 15 год.,а тогаш бев 8-мо одд,а сега имам 18 и сум 3 година средно,значи јас фб имам 3 години.Може ќе мислите дека сум заостаната,ама јас фб не го користам често.И не ставам слики каде што сум разголена,ставам обични слики и не правам некои посебни фаци како што прават денес девојчиња на 12,13,14 год.
    А и многу ме нервира кога мали девојчиња и момчиња (од 12,13 и 14 год) пишуваат патетични статуси и пишуваат разни глупости на чат! Па зарем се дораснати бе да пишуваат љубовни статуси како да се разочарани од љубовта :fubar: !!
    А и најмногу што ме нервира е што родителите им прават фб на децата кои што немаат ни 1 годинка!! :fubar:
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Самите родители се криви за децата,од што премногу сакаат да бидат слободни и да не се замараат со своите деца,ги оставаат да дремаат со саати пред монитор незнаејќи што прават. И ние сме биле деца и сме играле надвор и потполно сме уживале во детството а денешниве деца се катастрофа се само од тој интернет. Колку е добар за некои работи толку е и шкодлив во секој смисла на зборот!
    Познавам личност која што е рзаведена и живее само со мајкаи и со синот кој има 11 години,од преголема зафатеност која секако не ја опревдувам , и трчање по кариера многучести службени патувања,журки за време на викендите во Солун си го запостави детето тотално го препушти што сака тоа да парави само да не и смета на дотичната и секако на баба му за да може таа да си гледа турки серии :puke: Ми се гади од ваквите родители. Мислам дека ништо не е побитно од воспитувањето и грижата на детето а за Фејсбук и слични социјални мрежи по кои има навистина многу разврат и одвратни глупости има време.А не е и неопходно да имас профил на некоја си таква мрежа. Јас сум возрасна па немам и не сум осетила потреба да имам Фејсбук,за мене е тоа само губење на драгоцено време кое итекако може попаметно да се искористи!
     
    На pikolino и Katerinceee им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    денес онака гледам на фејсбук на почетна ми излага личности кои можеби ги познавате и кога гледам .... (facepalm) една познаничка му направила профил на синот кој има 6-7 години пошто кај знае дете да си направи профил на фб. Уосталом што ќе му е бе фејсбук на мало дете?? Јас колку што можам повеќе ќе одложувам детето да ми се активира на социјални мрежи