Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца - ги сакате или ве нервираат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ColoursOfTheRainbow, 4 април 2014.

  1. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    не сакам деца во глобала.... не е дека не можам да ги поднесам, туку едноставно ете не ги сакам.... особено овие денешните како што се размазени.... понастрана од мене :)
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па си ги сакам само тие што ми се роднинска врска и на поблиски пријатели, ги дружам, ги играм, мили ми се. А малку ми е нездраво кога на улица некој му се радува на некое рандом бебе у количка, му се сипува, испушта неандарталски крици и мајката почнува да гледа со слатко-кисел осмех... Еве една другарка е опседната со бебиња и дечиња, само симнува слики од интернет, насекаде и стојат на позадина, а не дај боже да види некое бебе низ град одма му иде да го гледа да го закача итн... На пример ја така праам на кучиња што е исто доста нездраво...
    Вака рандом деца низ град не ги регистрирам многу многу, не ми привлекуваат до толку внимание, онака сеедно ми е. Ме нервираат деца што пиштат во автобус или у кафич, а у ресторан ако ги чујам да плачат нервозата ми кулминира. Не ради децата, туку ради родителите, незнаат кај се носи дете каде не. Однеси го во парк во природа, нека диши воздух, не у сити мол го пикнала по бутици, тоа плаче, се вцрвенило, му се седи, му се кака, му се игра она го влече и уво не и чуе...
     
    На Edie.S, crazylady, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Зошто да не се деца за во сити мол? Може да му здосади да, и да почне да плаче, но тоа може и во природа да се случи, и додека е на лулашки, и додека се игра со деца. Друго е ако мајката не прави ништо да го смири, а не верувам дека така ќе го остави, ако не друго тогаш од срам.
    Секој има право да си каже на темава што го нервира кај децата, но премногу непотребно се осудуваат родителите зошто ги носат децата кај што не им е место, а според многумина местото на децата им е само дома, во градинка и на лулашки во природа.
    Вечерните излегувања се друго, но денски мислам дека местата што ги спомна се сосема во ред за деца.
    Проблемот мислам дека е во тоа што младите од секое излегување од дома прават сензација. Почнувајќи од облека и шминка па до однесување и до тоа каде ќе седнат кафе да пијат и каква треба да е атмосферата околу. Премногу грижа за небитни работи, дали некое дете плачело и зошто плачело, како да е блам на векот ако дете ти се расплаче во јавност. Опуштете се.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Види јас тоа го пишав за општо добро и благосостојба на децата, а тоа дали мене ми сметаат или на некој друг мање битно, и онака нас никој не не прашува дали е ок да седне до твојата маса со бебе. Дали ти мислиш дека на едно дете му е интересно во кафич да дреме додека мајка му го тегне кафето и цигарата? Дали мислиш дека на детето му е интересно да се шета низ бутици? Дали ти знаеш колку деца се губат низ Сити Мол додека мајките им се зафатени во разгледување?
    Сосема друг муабет е дали мене искачањето ми е сензација и сакам да е се во ред таму каде што ќе одлучам да си го потрошам времето. Мене ми значи да можам во мирна опуштена атмосфера да си уживам во кафе и муабет и не сум должна да слушам детско плачење, а верувам дека сите би се согласиле со тоа па дури и ти, сигурно не искачаш од дома со желба додека јадеш наместо музика да слушаш пиштење така? Се расплакало се расплакало, нормално е, дете е, ама ако детето нема осет терба да имаат родителите, децата не се во никој случај криви.
     
    На crazylady, SuperGirl24 и LaraSolare им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Како можеш да кажеш дека ти се грижиш за општото добро на децата а мајката уво не ја боли? Ти се грижиш само за својот мир додека пиеш кафе, искрено не ти е гајле за детето. И само претпоставки твои се дека детето се измачува во трговски. По мое мислење децата сакаат разновидност, сакаат понекогаш и на маса да седнат со возрасните да пијат сок или јадат сладолед, сакаат и во продавници да влезат исто како што сакааат во парк да се играат, сакаат пица во ресторан да јадат. Се случува како што реков да им здосади или нешто друго да им е па да почнат да плачат, но твојот заклучок дека заради тоа се измачува детето а на мајката не и е грижа мислам дека не ти е правилен, јас немам видено мајка да остави детето да плаче а таа да се преправа како ништо да не е.
    Јас искрено кога излегувам денски на кафе не очекувам зен атмосфера, мир, тишина и Sade да ја слушам во позадина додека свеќа ми гори на маса. Тоа го чувам за вечерни излегувања во соодветни кафулиња.
    Ако ми е нормално да слушам некој напален батка како расправа политика или фудбал на маса до мене, група девојки малку повеќе расположени, можеби и музика која не ми се допаѓа, нормално ми е и деца да гледам и слушам околу мене, зошто они би ми биле трн во око? Одам кафе да испијам и да разговарам. Би ми сметало ако детето дојде, ми го истури кафето или толку многу плаче и вика подолг период да не можам воопшто да го слушам соговорникот. Во секој друг случај има право да биде таму исто колку и јас.
     
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Јас сакам деца и НИКОГАШ не ме нервираат. Јас ги сакам децата и тие ме сакаат мене. Во тоа време поминато со нив и јас како да сум дете. Децата ме сакаат мене зошто си играм со нив, им купувам што сакаат и ништо не им е забрането.
    Точно е дека децата со текот на времето растат и не остануваат оние слатки и мили деца кои не знаат ништо и ништо не разбираат. Дете како дете расте и се менува. Сите деца не се исти и секое е приказна само за себе. Голема улога за тоа какво е детето и како се однесува има домашното воспитување и култура.
    Јас ги сакам сите дечиња и се надевам еден ден со истата мера ќе ги сакаат и моите деца. :) :) :)
    Нема ништо поубаво од искрени детски очиња и нивната весела насмевка. Немам сретнато дете кое до таа мера е дојдено да направи нешто што би ме изнерирало. Мене да ме изнервира може нешто ептен големо. Стрплива сум јас :) :) ;) ;)
    Да се разбереме има и деца кои се излезени од секоја контрола и се им е дозволено. Друго сум видела и деца кои од мали употребуваат пцовки и вулгарни зборови кои самите не знаат што значат, но ги слушнале од повозрасните. Кој е крив во тој случај детето или родителите негови? На таквото дете што ќе му замериш кога тоа не ни знае што кажало. Родителите треба да се претпазливи со своите деца за да тие еден ден израснат во нормални и здрави личности. Децата се одраз на родителите, како ќе се воспитаат такви и ќе бидат.
     
    На Someonespecial, Silver.E и tessie им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сето ова што го пишуваш ми звучи ко да сакаш да си ги оправдаш своите постапки затоа што си го носиш детето секаде, твое право е жено, што сакаш прави му на детето и каде сакаш носи го, факт е дека секогаш секаде ќе се најде некој на кој му пречи нешто. И ќе тврдам дека уво не ја боли додека си ја пуши цигарата, а детето од што веќе незнае што да прави шета од маса на маса и замара луѓе. Уво не ја боли кога ќе се загледа по излози, а детето се заиграло и забегало во друга продавница плачејќи дека се изгубило, очевидец сум била затоа немој да ми кажуваш дека не постојат такви мајки. Имаш право мене ми е гајле за мене не ми е гајле за туѓо дете што плаче, нека му ја мисли мајка му за тоа, тебе изгледа не ти е греота коа ќе видиш дете кое е приморано да седи во кафич, има и такви што се мирни и сакаат да седат, али ја од тие што ги гледам секој ден 99% ми се приморани или се во количка и плачат и патат за внимание или мајката се дере по нив да седат мирни на столчето, а тоа душа со жална фаца пие сокче.
    Јас моето дете никогаш нема да го малтретирам носејќи го по бутици со изговор да го прошетам малиот, а уствари неа ја интересира шопинг. Или еве на воздух малце, а седнала во кафич. Едноставно не се вади на детето. На децата им е интересно во парк, на лулашки, во игротеки, со други деца. На крај краева има милион кафичи со игротека па таму носете си ги децата ако толку многу сакате да пиете кафе кога сте излезени со децата. Има толку многу работи каде и што да се прави со децата и каде и како да си играат верувај дека кафичот не е место за тоа. Пак ќе кажам, не сум некој поборник против тоа, мене не ми е проблем да истрпам саат време да плаче некое дете во кафич, јас незнам како на родителите не им е проблем да го замраат до толку детето. Незнам што толку трагично ми го сфати мислењето, на некој му смета кога лае куче мене ми смета ова. И сеа да не се дополнувам клише муабети дека има исклучоци и бла бла бла што се подразбира, само те молам не ги сфаќај толку лично моите коментари ако си засегната во нив тоа не е моја работа. 8)
     
    На Edie.S, Glasna, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    се согласувам со mims-89 и bridget i јас сум мајка, млада мајка имам 26 години, но моето дете до сега не сум го однела во кафич или кафана, многу ретко некогаш во ресторан но си ручаме и си одиме, си ја носам во парк, во игротека во слаткарница, и слично, по бутици да ја носам кога треба да си купиме за двете, а кога треба лично за мене практикувам да ја оставам дома затоа што додека јас пробувам неа и е досадно беснее и несакам да ги вознемирува продавачките и цело време да и викаат нечепкај, да точно ке речете ама тоа е дете ке пипне, но никој не е должен да го трпи тоа, па ни самото дете досадата за да чепка, јас од страм може нема да и свикам но ке си створам нервоза и нема ништо да си купам, затоа сакам да одам без неа, а за излагањето и јас несакам моето дете да го носам по кафани и ресторан па и кафичи поготово навечев мислам воопшто не е како што треба, па и преку ден не ми се допага.Ако имам кај да ја оставам ке искочам сама ако не здравје ке одам со неа на места кој што се за деца.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Точно дека си го носам своето дете со мене, и за мене е тоа толку нормална работа и никогаш не сум имала проблем од видот да плаче, корне, а јас да шмркам нервозно кафе. Не барам јас оправдување на моите постапки, затоа што во градот каде што јас живеам има неколку од најголемите трговски центри во Европа, и кога шеташ низ нив, посебно за викенди, гледаш повеќе деца отколку возрасни. Во продавници, во маркети, седнати на кафе или ручек. Атмосферата е жива, подвижна, никој нема да подзастани и да гледа или оговара дете што погласно зборува или се расплакало, оти ги има многу. Децата одат во градинка 8 часа во текот на неделата што значи не им фали дружба со деца и играчки па само во игротеки да ги носиме. Моето дете е радосно кога шетаме низ трговски и седнуваме некаде на кафе,сок, пица. Апсолутно тоа за него ниту за мене не е измачување, а кога ќе видам дека е уморно и радразливо знам дека е време за дома. Немаат сите тука баби и дедовци на 5 мин од дома па да ги остават децата за да може кафето со саати на раат да го пијат и да шетаат по продавници. И да имам би го оставала ретко затоа што како што кажав, сакам заедно да шетаме и купуваме оти знам дека се радува. Продавачките не одат по мали деца да им викаат ˝не чепкај˝. Вистина не сте ми јасни.
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нормално е мајката да го носи детето и по кафичи, ако сака да се види со некој, да си направи муабет,а нема каде да го остави детето.
    Сепак и таа е жена, не ќе се затвори дома !
    А, и нејзе сигурно не и е лесно по цел ден само со детето, па сака и таа да се подружи со пријателките на пример.

    Но, коректно е кога имаш дете со тебе во кафич, гледај го што прави, а не детето се плетка меѓу келнерите, пишти, трча ко збеснато, оди по масите...
    Ако гледаш дека прави неред, прибери си го на масата, седи пократко и сл.

    Зошто понекогаш се случува да не знаеш дали си во кафич или во детска градинка.

    А, луѓето кои дошле тука, дошле да се опуштат малку, да си помуабетат, а не да слушаат врисоци од деца на чии мајки им е гајле.
    А, греота се и келнерите, колку пати не можат да поминат на раат со табаката.
     
    На sweet-star, crazylady, natemila и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тоа е така во странство, а кај нас е друга песна.Таму е сосем поинаку и затоа тука делува чудно што се носат деца на кафе, ручек и сл.Кај нас, се смета, да отидеш до продавница, продавачката ќе те следи небаре ќе крадеш, а не та пак за дете да рече нешто.Не можеме да очекуваме да е исто тука, како и во странство, треба многу за да се промени тоа.Многу е различно, поинакво е размислувањето на странците во врска со ова и сосем нормално е ова за нив.Бидејки таму си има ред, се знае што и како е, што треба да се прави со децата и воопшто не е измачување за детето ако родителот го носи низ трговски, на кафе и сл.Тогаш децата веќе во кома паѓаат што се вика, папсани цел ден и нормално дека нема да им е измачување, туку дополнителна релаксација за подобар сон :D
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека одењето со деца по трговски и на кафе во странство не е измачување, а овде е измачување за децата?

    Воопшто не мислам така. Дете си е дете, дали овде или во странство или на Антартикот тоа е. Ако му се плаче ќе плаче, ако му е убаво ќе си седи мирно. Децата не прават такви разлики.

    *********************************************************************************

    И јас се согласувам дека дете се знае за каде е. Не знам на кое дете му е толку интересно кога седи со тројца возрасни на кафе во некој кафич каде има гласна музика и каде никој не може да му посвети целосно внимание. И после трчаат по маси, плачат, стануваат кенкави, им се спие, тријат очиња, не му е интересно, го вознемируваат толку луѓе околу него, не му претставува релаксација сето тоа. Истото дома да го направите ќе плаче. Пуштете гласна музика, нека дојдат две, три пријателки, размуабетете се, запалете цигарите и ќе видите колку ќе му биде убаво на детето.

    И не се согласувам со тоа дека мајката МОРА да отиде со пријателките на кафе зашто не треба само дома да седи. Излези, ок, ама не мора тоа да биде во кафичи. Сега имаш дете и си одговорна за истото, ако сакаш да прошеташ, а детето мора да биде со тебе ќе си отидеш на места каде на детето ќе му биде интересно и убаво. Зашто треба на него да мислиш пред се'. Има мал милион такви места да не набројувам. Крај краева до најблискиот парк може да се однесе. А не, излеговме малку да го прошетаме малиот, а тие на кафе седнале и го трујат детето со цигари. Страшно е за гледање.
    Јас до сега не сум видела среќно дете во кафич. Најискрено ви кажувам. Сите деца имаат скиселени фаци и дремат само. Досадно им е. Или па ако е малку помало почнува да оди од маса на маса, зашто не знае веќе што да прави со себе. Додека пак отидете во парк и видете колку се среќни децата таму.

    И никој не може да ме убеди дека на дете од три, четири, пет (небитно) години му е најмногу на цел свет интересно кога мајка му го влечка по бутици цел божји ден и си купува облека. Па мене ми се здосадува кога некоја другарка ќе ме викне и не можам да издржам повеќе од еден саат, а не дете на кое му се трча и игра и има енергија цел тон. Тоа е мрцварење за детето и измачување.

    Штознам, јас така размислувам, утре здравје боже кога јас ќе имам свое, пред се' каде и да одам, ќе гледам дали на детето ќе му биде интересно таму, а не сиротото да му се плаче кога ќе го изнесам друг пат од дома. Ако е ок за деца, во ред, ќе го земам, ако не е во ред за деца ич не одам ни јас. Ништо нема да ми бидне ако прескокнам една партија оговарање.
     
    На Silver.E, mims-89 и Glasna им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Во целост се согласувам со Силвер.Баш завчера за ваква работа ми се пожали другарка ми,која работи преку викенди во маалски кафич за да заработи некој дополнителен денар.Имено бидејки е маалски кафич и самата кажа обично доагаат тие што живеат во околината за се издуваат,да излезат на воздух ,да утепаат време.И самата кажа дека многумина ги оставаат децата да трчкаат мегу масите особено оние поголемките што не ги држи место на стол. Вика не знаеш колку пати ми се имаат плеткано мегу нозе додека сум носела пијачки во ајнцер едвај да можам да стигнам од една маса до друга а родителите мртви ладни си седат и си муабетат. Вика да ми паднат пијачките недај Боже можам и нив да ги повредам а и мене газдата за казна по џебот ке ме удри.

    Исто така многу често имам видено и во попорометни кафичи од типот на Тренд кај што нема игла човек кај да фрли како си трчкаат децата а пустите конобари маневрираат измегу за да можат да ги одминат или да отидат до некоја маса нарачка да однесат.


    Како и да е немам ништо против дечиња.Не ми сметаат и во кафич и во ресторан се додека се понашаат во границите на нормалата и не урлаат ко да им вадат душа.Како што и родителите сакаат да излезат да се издуваат така и останатите имаат право на истото,да седнат на раат и да си напраат муабет или да си ручаат без притоаа некој да им грака и да им вриска над глава.
     
    На Silver.E, Daydream, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Bridget значи според тебе ако детето поминало 8 саати во градинка треба по кафици да го носиме, на детето детските игри и друзби со други деца и деца во природа им се нездосадливи. И да ако имам каде да ја оставам ке одам и 5 саати ке пијам кафе ама на раат без да викам да седне до мене и да не им досага на другите по масите и на келнерите, затоа што колку и да не му е досадно тоа е дете неможе како возрасен да го седнеш во кафич без да мрдне од место. Немам намера со никого од тука да водам контра или да се расправам но неможеш да ми докажеш дека на тоа дете по кафичите и бутиците не му е досадно. И да јас нереков дека е забрането да се носат но тоа да не е често и претерано за децата :)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Гордана значи тие тука во Македонија прости сме си што ни сметаат тие работи, а Германциве и Францизиве се тоооолку многу напредни со сфаќањата знаеме нели.... На Германец му е нормално да шета со дете низ трговски, а мене тоа ми е нешто невидено зашто сме сите ние тука прости и заостанати...Абе до кога ќе се тешите дека мед и млеко тече низ Европа? Нека сум проста ама би имала исто мислење во било кој дел од светов да живеам.
    Германциве конкретно ќе ги земам за пример, имаше една ситуација кога бев на одмор во Венеција. Беа како група шетаа низ Венеција имаше една мајка со дете во кенгур, а другото го тегнеше за рака низ Венеција во најголемите гужви каде што неможеш ни да се разминеш по улиците. И двете плачеа хистерично и врескаа ко да ги коле некој. Сеа ќе ми кажеш дека таа мајка отишла на одмор ради децата? Дека децата многу ги интересираат знаменитостите и архитектурата на Венеција? Дека многу им е забавно да ги тегне некој низ улиците и гужвите? Венеција е место кај што можеш со деца да отидеш? Види им го ајде сеа паметот и на западњаците па кажи ми пак колку се напредни и како им е се тоа нормално. Па нормално и е, ја боли уво, си шета, го слуша водичот што и раскажува, детено што плаче нема врска, ќе се умори ќе престане. И забега темава, тотално сме офтопик.
     
    На Silver.E, Daydream и Glasna им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас кога растев носев очила и на секој роденден кога одев со моите родители, секое дете на моја годишна возраст ме прашуваше што ми е и дали сум болна ( нели дека носам очила). Искрено таквите прашања ми одеа на нерви и им викав зошто така сакам и ќе седнев со возрасните на маса. Кога имав осум години од нигде никаде сестра ќе имам. Па цело внимание го добива, за тебе нема нови алишта зошто мора бебето кашички и пелени да има. Денес никое од децата не е добро воспитано според мене. Секој ден сум сведок како некое вика по постара личност пцуе и слично. Некои го оправдуваат тоа со зборовите, дете било не знам што. :^) :^) :^) :^) Какво дете бе култура ако не стекне како мало нема никогаш да стекне. Имам 20 години и на мои години се верат ,се мажат, остануваат бремени, јас не можам да се замислам бремена и да имам дете, ниту сакам. Сите деца ме нервираат не знам јас не можам да се справам со ниту едно дете и тие со мене. Нема заемна љубов меѓу мене и ниедно дете до прво одделение.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, каде го прочита тој збор „ прости“? Може да ми потенцираш каде го прочита во моето мислење или го измисли?
    Второ, не може дете да нервира некого.Како може човек да го нервира некој кој не му згрешил ништо во животот? Мене не ми е јасно тоа, дете да нервира некого.
    Инаку, не се тешам дека тече мед и млеко низ Европа.
     
    На hermosa, Someonespecial, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.162
    Разликата во одење кафње во Македонија(и балканот) и западните држави е огромна.Нормално дека ќе му здосади на детето во ќафичот кога таму ќе го помине пола ден(ова за македонските кафеџиќи :D ) додека на западот повеќе од 15 минути да пие кафе некој јас не сум видела.
     
    На Gordana10 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Зборот „прости„ не го прочитав никаде меѓутоа на тоа укажува целиот твој коментар, цело време ја правиш споредбата како во странство било многу поинаку да не те цитирам сега за да не се повторувам, а во тоа јас подразбирам дека во споредба со странство ние сме заостанати и прости, целиот твој коментар упатува на тоа, колку и да сакаш неможеш да се извадиш дека не е така напишано кога доста јасно е што сакаш да кажеш. Ако не сакаш така да се сфати твојот коментар тогаш појасни ми што всушност сакаше да кажеш? :^)
    Друго неможеш ти да кажуваш кого што може, а што неможе да го нервира. Неможеш мене или на било кој да му кажеш „неможе да те нервира дете„ - може, се случува. Ене и пејачкана на телевизија не ми згрешила ништо ама ме нервира и што сега?
    Го извртевтевте тотално концептот на темата, од тоа дали сакате деца или ве нервираат до тоа каде сте ги носеле децата, кај сакате носете ги, јас си кажав во кои случаеви ме нервираат децата, а тоа не значи дека сите деца секаде ме нервираат или дека мразам деца, затоа полека малце ...
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^^
    Зарем ти вистина гледаш толку многу деца кои прават сцени каде и да се појават, или доволно ти е како во случајот во Венеција, една мајка и две расплакани деца да видиш и да заклучиш дека Германците се лоши родители кои ги измачуваат децата влечкајќи ги со себе на одмор, и дека Венеција не е за деца?
    Значи не важат стотици или илјадници расположени деца што би ги видела, ти за да си оправдаш мислење ќе се фатиш за неколку расплакани и сама ќе процениш зошто плачат, оти е толку очигледно нели, не им е местото таму. Добро.
    И од каде испадна во темава тоа за прости, напредни и течење мед и млеко? За тоа дека има големи разлики секако дека има, и иако е темата за деца, ти потенцираше дека те нервираат родители кои не знаат каде им е местото на децата. Јас велам дека ти не знаеш.