Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца - ги сакате или ве нервираат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ColoursOfTheRainbow, 4 април 2014.

  1. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Temava:wasntme:
    Da, gi sakam i koga me nerviraat
    Gi sakam i koga mi se kacuvaat na glava,gi sakam i koga ke se skaraat,i koga se umni,i koga se budat u sred nokj,gi napraviv za da gi sakam besprekorno bilo koga do kraj na zivotot- moi se
    Za drugite deca- od nikogas ne sum bila decarka,imam omileni,koi mi se dragi,simpaticni,no ne mozam da kazam deka gi sakam
     
    На Victorian и MilaP им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.521
    Пол:
    Женски
    Секако дека ги сакам децата, а и нема потреба зошто да не ги сакам. Тие се деца немаат никаква вина за ништо.
    Нема ништо по мило од децата :inlove: тие се многу слатки и како да не ги сакам :inlove:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Омраза е тешко чувство, „мразам“ не е тежок збор, за се и сешто се користи, особено напишан на форум. Cфативте пресериозно, како вашето дете лично и персонално да е омразено. И да e трол кој сака да изнуди реакции, си поставила лесна цел.
     
    На Nausicaa, Victorian, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Има деца кои ми се мили, има деца кои ми се одбивни. Вероватно не е до децата туку до родителите, зависи кој родител како го воспитал и дали го разлигавил детето.
    Имам блиски пријатели, кои имаат девојче од 4 години, толку е разгалено, што ми е одбивно, и понашањето му е одвратно, пцуе со секакви зборови, неразбрано е, пишти и вреска и не разбира од немој. Тоа е вероватно затоа што родителите така си го научиле. Мал пример, ние нешто разговараме, оно вреска безвезе, мајка му му вика немој, тоа не разбира, туку продолжува по свое, уште и се обраќа со „пичко„ на мајка си, пред еден куп луѓе. Јас би го наѓофтала таквото дете сочно пред сите луѓе пред кои опцуло или се изразило така, за друг пат да не му текне ни кога е само да помислува на такви зборови, а не пак да ги употребува. Јас на татко ми несмеев со „бе„ да му се обратам, а пред гости и луѓе немав право на глас, зборот НЕМОЈ и НЕМОЖЕ - значеше закон.
    Маж ми вика, немој така да зборуваш, ќе имаме и ние деца, од каде знаеш какви ќе бидат. Му велам само ќе бидат такви какви што ќе ги научам да бидат.
     
    На cresa-jagoda, Victorian и anaja1 им се допаѓа ова.
  5. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам дечињата и едвај чекам мои да си имам. Нормално дека нервираат некогаш, но исто е и со возрасните колку да ги сакаш можат да те изнервираат. Иако нели децата не разбираат и полесно им се простува :lol:.
     
    На rose60, anaja1 и Victorian им се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Уште немам свои, ама ептен многу ми се мили дечињата од моето опкружување.
    Кога и да дојдат кај мене дома хаос прават, ама така е затоа што јас им дозволувам. . . Ама едноставно не можам да им кажам не. Кога ќе те погледнат тажно со тоа очињата и секој одбранбен механизам паѓа. . .
    А и кога направат нешто срце не ми дава да ги искарам (за тоа сестра ми е задолжена :D ).
    Јас ни на кучињата мои не им се дерам и карам не пак на деца.

    Ако судиме по ова јас сум многу мека со деца и ептен ги разгалувам, ама за тоа се тетките :D , може со моите здравје ќе бидам построга.
     
    На Quuen, theowndemon, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    срцки се мн сакам дечиња и кога се лоши и кога ме нервираат ке им се скарам ама пак после грев ме е...јас имам две мали внуки едната е 5 год другара е 15 месеци и се по цел ден и по цела нок со мене ни до њц не можам да идам сама....:D:D:D:l::l::l::l:
     
  8. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Opsto, sakam decinja. A moeto me nervira samo koga e hiperaktivno i ne znae sto da pravi so sebe i stanuva agresivno. Inaku sakam deca, onaka so bucmasti obravcinja i veseli raskokani, nekogas i sin mi pravi belja i edvaj se vozdrzuvam da ne se nasmeam oti svaka posle deka e kriv. mali dusicki se malite deca, se topam vo nivno prisustvo
     
  9. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    кога го чував внук ми пред 5-6 години, имаше моменти кога многу ме нервираше. ама толку ми беше криво после тоа кога ќе помислев какви чувства ме мавале...сега неизмерно го сакам, нема суштество што го сакам повеќе на свет. покрај маж ми, секако :)
    сега уопште не ме нервира, не постои нешто што може да го направи или каже па да ме изнервира. едвај чекам и моево бебуле да се појави на свет, сигурна сум дека ќе го сакам подеднакво, веројатно и повеќе.
    инаку, да, има деца кои многу иритираат. разгалени до даска, инаетливи... просто невозможно е да не те изнервираат.
    ама кога ти е крв...подруго размислуваш :)
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Дете си е дете било свое или туѓо. Треба само да се спуштиш на нивно ниво, да гледаш со нивни очи и да сфатиш дека сепак тоа е само дете. Чиста, невина душичка.
    Доколку детето е разгалено или невоспитано, тогаш вината барај ја во родителите.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Ги сакам многу,многу сакам мали деца многу се мили,смешни,интересни
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Дали сакаш деца според мене не е добро прашање. Исто е како да прашаш ,,Дали сакаш луѓе?".

    Генерално да? Ама генерално и не сакам луѓе. Едноставно не можеш да имаш мислење за нешто пред да го запознаеш. Исто како што не ги сакам, ниту ги мразам сите луѓе по дифолт, така и децата.

    Да кажеш дека ги обожаваш сите деца е апсурдно. Сигурна сум дека не ги обожавате осумгодишните bullies. Воопшто не се сите децата невини душички, има такви кои можат да бидат исто толку подмолни како возрасните. Тоа е очекувано, бидејќи децата во суштина се луѓе и имаат идентитет, колку и да е тој наметнат или резултат на перење мозок од родителите.
     
    На lovestoneddd, kikkki, sorbet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
    глупава тема, како моеже децата да ве нервираат, односно да не ги сакате, значи ако децат ве нервираат тоа си е од самите вас не од децата, и тие деца некој ги е воспитал и им е дал пример како треба
     
  14. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Зборот „сакам“ за мене е малку поширок поим.
    За да сакам нешто/некого мора да бидам приврзана на подлабоко ниво за истото/истата личност. Така да, мене можеби ќе ми остави впечаток некое добро воспитано, харизматично детенце и со сигурност ќе ми се допадне, но не можам да кажам дека го сакам. Меѓутоа исто така постојат шлакнати деца уште од мали години кои прават разни глупости и истите ми се екстремно одбивни и ми газат на живци.

    Сум слушала луѓе кои викаат дека децата се само деца и немаат никаква вина. Би рекла можеби, но не е неопходно дека во сите случаи тоа е вистина. Зашто децата се учат или би требало да се учат уште од рана возраст за некои работи во животот, без разлика што се деца. Каква навика ќе стекнеш од мали нозе, така продолжуваш да чекориш низ истиот. Најчесто.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На kikkki и Vitaly им се допаѓа ова.
  15. -Buba-

    -Buba- Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Како може да не сакаш такви мили и невини суштества? Ги обожавам, посебно затоа што се секогаш искрени :D:D:inlove:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladybbc

    Ladybbc Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ги сакам посебно насмевките без запчиња омилени.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Обожавам деца, само ме нервираат оние што се корнат од земја буквално, пошто нешто не им чини или не знаат ни самите зошто плачат.
     
  18. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ги обожавам можам да бидам со 10 деца во денот,и нема да ми пречи ни едно,нека плачат тоа е нормално во детството.Едноставно децата ни го разубавуваат животот и со нивните интересни зборчиња и мисли не насменуваат искрено :)
     
    На Dr.Zzz и Sesil им се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Ги сакам. :l:
     
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Е мила такво е скоро секое второ дете после две години кое има тамтруми :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.