На темава го делам мислењето со Хипстер. Џонатан Липницки ми е на прво место. Послатко детенце ми се чини немам видено. Душичка. И Дакота уште од малечка-вистински професионалец.
Кога ја отворив темава, прва која ми падна на памет е Abigail Breslin. Секоја улога ја има одглумено најдобро што може. Една од поомилените ми е кога станува збор за деца-глумци.
Глумењето е уметност. Тие деца во никој случај не ги малтретираат, децата се таму на сетот бидејќи изразиле желба да бидат таму, имале талент, поминале кастинзи и тренинзи. Напорно е да, но се уште ниту еден актер не се пожалил од својата професија. А, тоа е така бидејќи уживаат во нивната професија. Можам со сигурност да ви кажам дека тие деца не ги избираат туку така. Дали знаете колку е тешко да се добие една улога? Не, ајде да не одам на толку големо. Знаете ли колку е тешко да ве примат на една аудиција? Зборувам за земји каде што е развиена филмската индустрија. Значи имате кастинг директори и режисери на филмот. Најчесто настаните се одвиваат така што се дава оглас за аудиција. И тоа не јавен оглас, туку се известуваат агенции за таленти. Во високоразвиените земји секој актер си има свој агент. Кога тој агент ќе разбере дека има аудиција преку неговата агенција прво гледа дали карактерстиките кои ги бара режисерот ги поседува некој од неговите актери. А најчесто се точно определени. Висина, тежина, способности... Откако агентот ќе ги прати портфолијата на кастинг директорите тие одлучуваат дали актерот ќе го примат на аудиција. Најчесто се одбивани ако немаат барем неколку добри улоги во нивната кариера. Или со други зборови, ако не слушнал за тебе, не сака да те види. Ако веќе стигнеш на аудицијата, таму те чекаат уште најмалку 100 други актери (а, некогаш и многу повеќе) кои се борат за истата улога и сите се исто толку возбудени и талентирани како тебе, а воедно и самоуверени, решени тие да ја добијат. Кога ќе влезеш на аудиција можат да те натераат да правиш најразлични нешта. Може да ти дадат две реченици, без да знаеш воопшто за каков лик се работи и да те натераат да ги кажеш на најразлични начини (луто, разочарано, весело) или ќе сакаат да импровизираш. Може да ти дадат да го прочиташ сценариото притоа глумејќи, се разбира, во дијалог со друг актер, може да треба да плачеш, да се смееш како лудак или што и да посака кастинг директорот/режисерот. Ако одиш во другата фаза, ќе ти се јават пак и веќе изборот ќе биде стеснат на 5-10 актери. Можеби твојот талент нема да биде пресуден за добивање на улогата колку надворешни карактеристики или обратно. Доколку се работи за деца актери, откако ќе им се додели улогата (бидејќи немаат никакво школо или курсеви) поминуваат низ курс со тренер по глумење, учат техники и слично. Тоа девојчето што ја глуми Ру од Игрите на гладните поминало низ таков курс со тренер од Нов Зеланд. Значи, еден актер за секоја добиена улога како да има победено на една сезона од некое ријалити шоу. Толку е голема и сурова конкуренцијата. И како што видовме - не е се до талентот, туку до професионалната обука која ја добиваат и желбата да постигнат нешто. На страна децата уште од мали се фокусираат на она што сакаат да го прават во животот и сериозно се посветуваат на тоа, за разлика од нас кои одлучуваме која ќе биде нашата идна професија на денот кога треба да се запишеме на факултет. Е, тоа е доживотно малтретирање, да работиш нешто што не сакаш, а ова не е, бидејќи децата го прават од љубов, со страст. А, тоа со малите бебиња, се појавуваат само кога треба лицето да им се види, инаку кукли користат.. дури и плачењето не е реално.
Уште две феноменални дечиња, кои неспорно дека имаат огромен талент и кои со дуѓа ги гледам и ептен ги сакам, Лук Данфи и Мани Делгадо од Модерн Фемили, ака Nolan Gould и Rico Rodriguez. http://www.youtube.com/watch?v=55BbRET4NiY http://www.youtube.com/watch?v=0pOK5Cm8 ... re=related Лук посебено ме воодушеви, ѕверче уште од мали нозе. Ова се талентирани идни актери, кои мислам дека ќе вреди да се гледаат и кога ќе пораснат. Сега за сега се срцки и се толку природни и одлични во сријата. И ова жапчево е закон http://www.youtube.com/watch?v=jtxplxH- ... re=related Сите во серијава се срцки, ама децава им се закон.
Детскиот мозок е способен побрзо да научи и полесно да апсорбира информации, нема големо чувство на срам, на его, децата се послободни кон експериментирање и глумење ликови, затоа често знаат да бидат и подобри во глумата од возрасните. Башка се срцки слатки Haley Joel Osment Од шесто сетило, од вештачка интелигенција, од pay it forward... Ако малиов не успеал да ве расплаче... Кирстен Данст во Интервју со вампирот, Девон Сава во Каспер, Натали Портман во Леон, Дакота Фенинг па и Ела Фенинг во Супер 8 и во Бенџамин Батон... Многу ги има бре, душички
Chloë Grace Moretz Има само 16 години, а веќе има глумено во одлични филмови, и не само тоа, девојчево глуми главни улоги, тешки улоги фантастични улоги, на кои многу постари актери не можат да се пофалат. Има глумено во многу хорори, што според мене хорор е сепак доста захтевен филм кој бара талент. Но мене ме воодушеви во 500 days of summer(Rachel), памтам уште и од Dirty Sexy Money( Kiki George), Hugo (Isabelle),во Hick глумеше со Блејк Лајви, која буквално може да учи од Клои што е глума, па во 2012 Dark Shadows (Carolyn Stoddard) покрај глумци какоJohnny Depp, Michelle Pfeiffer, Helena Bonham Carter, Во новиот римејт на хоророт Carrie - Carrie White и во многу други филмови и серии. Првата улога ја имала на 7 години во филмот Heart of the Beholder (Molly) Спојлер Cценава штата што и избришана одлична е. http://www.youtube.com/watch?v=IcGuGyggats И не само што е талентирана, и права лепотица е. Кој вели дека тие две работи не можеле да идат заедно.
Nisa Melis Telli ..Дениз од Бурни времиња..Девојчево ми е преслатко и прекрасно глуми,многу е интересно..неможеш а да не се насмееш
Моите деца-актери фаворити:Nisa Melis Telli,Anna Clamsky(МАЛА),Macaulay Culkin(МАЛ),Mina Nur Kaymas... Значи сите до еден ми се слатки
Близнаците Dylan and Cole Sprouse во The Suite Life of Zack and Cody (тука глумат кога се помалечки ) и The Suite Life on Deck(тука веќе се тинејџери) сепак ме имаат умрено од смеа посебно побуцкастото Дилан многу ги сакамм