1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца, дали ги сакате своите остарени родители?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baba Rada, 25 мај 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сигурно имате чуено за многу митови како остарените родители се оставале во шумите да ги изедат дивите зверови или пак ги фрлале во провалии..идр. морбидни тажни приказни....:(

    Секое семејство има различни меѓусебни односи, разни вистини во кои понекогаш и самите нејќеме да поверуваме или пак да признаеме:?:
    Јас бев добра послушна ќерка, но како растев, така повеќе ми се допаѓаше само кујната на мама, парите на тато, да дојдам дома да одморам, да фрлам алишта за перење, да се најадам и само набрзина еден бакнеж за мама и киравела надвор......како старееа они, така ми стануваа понапорни, неможевме во ниту една тема да се најдеме:(

    Сама себе се прашувам, кога престанав да ги сакам моите родители, зошто толку брзав да се осамосталам, да си отидам од нив:(..колку сме себични спрема родителите, колку само на нивната пожртвуваност за нас додека не растеле, ние одгoвараме со " леле мамо аман, немој пак"....

    А исто и мене ќе ме чека;(
     
    На Јаневски, kikkki, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Ги обожавам.
     
    На Lolo5 и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Да, ги обожуваме до одреден период на нашата возраст а потоа гледаме што помалку да бидеме заедно со нив:?:
    Многу тажни стари фаци шетаат разочарано по улици,а помладиве нејќат моабет да им направат знаејќи однапред дека тие веднаш ќе кукаат за своето здравје, за куп лекови кои ги користат, за пензиите...и така ги одбегнуваме...:(

    Но само да знаете, колку прекрасни приказни они знаат да раскажат од минатото, од животот, за нивната љубов....ама пак ние бегаме...зошто:(
     
    На buba4e89 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Бабо ова темиве твои..
     
    На gorde1, 1209, GirlLove и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Па, тоа е улога на родителот. Да те израсне до некоја возраст и да те оспособи за понатамошен живот, а не да те врзе за себе и да те чува за кум. Што знам индивидуално е. Моите родители се образовани, нашетани, градски луѓе. Буквално за се можам да лафам муабет.
     
    На 1209, Lolo5, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Да душо, темиве мои се понекогаш тажни, понекогаш смешни...но, сепак треба да погледнеме внатре во своите души и да признеме, да дадеме одовор на поставеното прашање, ако го знаеме нели.....
     
    На Mari*, Lolo5, Unique__ и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Децата растат опкружени од погрешни вредности и затоа ги обезвреднуваат родителите. Но, самите родители се виновни за третманот кој го добиваат, многумина не знаат да изградат авторитет пред детето и да го научат на почит, наместо тоа го разгалиле непотребно. И да не заборавиме дека исто така постојат лоши родители.
     
    На kikkki, SunnyGirl2, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Се надевам не си понесена од некоја домашна случка за да отвориш ваква тема. Сепак мислам дека секое дете си го сака својот родител на начин на кој заслужил родителот.
     
    На realGirl, SV1911, Mr.X и 6 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    А пак јас мислам дека децата своите родители ги сакаат од што мораат, не е тоа права љубов, повеќе е од морални и материјалистички побуди...а по раат би биле кога некој друг би се грижел за нив, да ги дадат во дом за стари лица и.....
     
    На Dadusicka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.933
    Пол:
    Женски
    Како што сме растеле така можеби постепено сме се оддалечувале од родителите но тоа е така зато што сме се осамостојувале а не затоа што сме престанале да ги сакаме и да ни значат. Јас лично сум им многу благодарна за она што го имаат сторено за мене, знам дека нивната љубов е безусловна и дека тие се единствените луѓе во кои можам да имам целосна доверба за било што. Не знам што би правела без нив, секогаш премногу ми значеле.
    Баш преска многу се растажив, видов една слика некаде на интернет на која имаше порака дека мајката ќе не научи на сето она кое ни е потребно во животот но дека нема да не научи како да живееме без неа еден ден. ;(;(;(
     
    На Carissa, mira.mira, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Јас па обратно, кога бев помала ич не сакав да седам со моите родители, не сакав да ми доаѓаат на родендени, буквално ги бркав цело време. Ако ми верувате, ден денес знам да си се расплачам кога ќе помислам на тие моменти. Сега многу повеќе поминуваме време заедно и сакам да се со мене во секој момент од животот. :l:
     
    На SummerGirl, AnaKarenina, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Можеби има и такви. Не знам.. Ако си заслужиле. .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако заслужиле велиш!???
    Незнам...знам само дека многу одамна, во Македонија(незнам поточно во кои делови, во Србија и на др. места)кога родителите ќе остареле и неможеле веќа да се грижат за себе, биле терет на фамилијата, на куќниот буџет, бил убивани од своите синови..имало лапот(старословенски збор кој означува погубување)..
    Ај тоа било минато кое исчезнало(се надевам)..но зошто се уште делува понижувачки за некој што живее со своите родители, се срами да го признае тоа....ете, тука е тоа прашање исто, се срамиме од своите родители, не ги сакаме како што они нас не сакаа додека не одгледувале и растеле.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Едноставно е. Ако се срами некој да живее со своите родители онда нека направи свој дом надвор од нивната куќа.
     
    На anaja1, Milobebence, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Родителот е тука за да ти даде крилја и да те насочи на правиот пат во животот, а не да те „зароби“ до него. Малку себично ми е тоа размислување, сите сме нечии деца и сите имаме право да живееме така како што ние мислиме дека треба.

    Не верувам дека треба доживотно да бидеме приврзани за нашите родители за да им докажеме дека ги сакаме. Баш напротив, тоа мене ми изгледа малку нездраво. А искрено, имаат право и тие малку да здивнат откако ќе израснат возрасна и зрела личност и да си го тераат нивното.

    Ова зборуваме за некој просек на нормално родителство, колку што може нешто да се смета за нормално и просечно кога станува збор за родители и деца. Не зборуваме за екстремни случаи кајшто синот ќе си го отепа таткото или случај кај што таткото е робијаш или не знам.

    Социо-економските прилики на Балканот се такви какви што се, па одовде тие размислувања и навики кај луѓето дека старите се терет, служат само за да се земе пензијата и слично.

    Кога веќе и двете страни се возрасни, не треба многу за да се задржат добрите односи. Мислам дека рецептот е меѓусебна почит, поддршка и најважното - одделно живеење. :D

    Да не ме сфатите погрешно, ова одделново живеење ми е повеќе за семејства каде што повеќе генерации (па и по 3-4) живеат заедно под еден кров. Тука некако се губи почитта и секој си зазема своја страна... Секоја чест на исклучоци. :)
     
    На bebaa, Bender Rodriguez, 1209 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Секаков народ има.
    Постојат родители кои не си ги сакаат децата,секојдневни сведоци сме.
    Постои и обратна ситуација.
    Јас се владеам по онаа-кој како си сеел така ќе си жнее.
    Ако како родител не си се покажал,не очекувај многу на старост.
    Но,тоа е онаа материјалната страна.

    Лично за себе да си кажам, да не се обидувам да генерализирам..
    Ги сакам.
    И 101 година кога ќе имаат пак ќе ги сакам,безусловно.Без разлика дали ми оставиле имот или не.
    Доволно ми е што ги имам.
     
    На Bender Rodriguez, 1209, anaja1 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Во ниеден константно нормален и добар однос со меѓусебна почит меѓу дете и родител, не постои такво нешто да детето отсака родител како што старее.
    Генерациски јаз, физичко оддалечување, поминување помалку време заедно – не значи дека љубовта престанала.
     
    На bebaa, Novecento, Bender Rodriguez и 12 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Верувај дека и таа љубов, како и секоја друга(освен на родителот кон детето)се намалува, бледее, натежнува и се претвара во обврска.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.392
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава, душа ме заболе за баба ми и дедо ми.

    Баба ми никогаш во животот не работела, цел живот домаќинка. Дедо ми работел по 3 смени во денот за да можат да ги нахранат, да ги школуваат и да спремаат свадби за своите 3 ќерки, а во исто време правеле куќа.
    Дедо ми работник, цел живот тешка физичка работа. Сите 3 ќерки ги школувале во други градови, во поубави школи.

    Едната од нив, средната (тетка ми), цел живот незадоволна од ништо. Цел живот им префрла зошто носеле стара облека на родителски, зошто ја срамеле пред цело училиште. Од ко се омажи во друг град, не ги вика на слава, стари се, не знаеле како „културно“ да јадат. Стари се, не знаеле „културно“ да зборуваат. Не знаеле „модерно“ да се облечат. Ја срамат дотичната госпоѓа родителите, истите тие кои попара од вода, леб и шеќер јаделе за да неа колку-толку не и фали ништо.

    И на крај, дојде ден, истата таа ќерка да дојде дома и да им каже дека е време да си одат во старски дом, куќата да се продаде (куќата за која денар по денар собирал за да ја направи и блок по блок цела сам ја изградил) и имотот да се подели. Ќерката која во 30 години не најде ниту еден слободен ден да ги посети своите родители. Да се среди работата со повреме (дур се живи) оти после касно да не е, да не случајно остане без пари. А после и ако умреле, сонцето немало да престане да свети и без нив... Стари се, го изживеале своето...

    Што значи, никогаш не ги сакала... Срце ми се кине кога дедо ми ми раскажува за животот, за неа и му течат солзи од очите. 80 годишен старец плаче како дете...
     
    На Slavicak, 1209, kikkki и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Секако дека ги сакам. Родители ми се без разлика на возраста.
     
    На kikkki, Плавуша123, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.