Па и не е лоша толку темава, со оглед на тоа што забележувам сè повеќе и повеќе млади кои откако ќе се осамостојат не ги интересираат нивните дома, па има уште и такви кои сè уште живеат на грбот на своите родители, што за мене лично е срамота. Јас тоа никогаш не би си го дозволил и според мене не е доволно само да кажеш дека ги сакаш - треба и да го покажеш тоа со дела.
Нормално е да сакаме да се осамостоиме додека сме млади, тоа не значи дека престануваме да ги сакаме родителите, туку дека сакаме да живееме сопствен живот. Многу е лошо кога човек не може да ја пресечи невидливата папочна врвца и цел живот е зависен од мама и тато. „Немој да се мачиш, мама тоа ќе го стори“, „Тато тоа ќе ти го купи, не се троши“ и сл. вакви ситуации. Има многу такви, навистина. Познавам. Мене лично, родителите најмногу ми обезбедиле материјална поддршка, емотивна скоро ич. Со мајка ми сум донекаде блиска, со татко ми не сум, туку само онака ни се одвиваат муабетите. Имало многу моменти кога ме повредиле. Неретко се чувствувам како family disappointment. И никогаш повеќе не сум сакала да живеам настрана од нив како што сакам сега. Но тоа не значи дека ги мразам и дека не сум благодарна за она што го сториле за мене, или дека ќе се срамам од нив. Најмногу научив од нивните грешки да не ги правам кога еден ден јас ќе имам деца. Ете, не се сите односи виножита и пеперутки. Можеле да се потрудат повеќе за емоционалната страна. А за тоа што некои се срамат од родителите, сакаат да ги носат во дом особено ако тие со сите маки им обезбедиле се, немам зборови. Треба да застанат и да се запрашаат дали ќе биле тука каде што се ако родителите воопшто не се грижеле за нив.
Јас па мислам дека како што поминуваат годините, така сè повеќе ги сакам мајка ми и татко ми. Затоа што кога бев дете, не бев свесна за тоа што значи да си родител. Не размислував за тоа колку жртви дале моите за мене и сестра ми, колку пати нè ставале нас пред нивните желби и потреби, колку работи направиле за ние две да бидеме среќни и задоволни. Како дете, мислев дека сите родители се како нив - дека сите мајки и татковци им го пружаат најдоброто на нивните деца и дека сите деца можат да се ослонат на нив и да побараат нивна помош кога и да им е потребно. Подоцна сфатив дека не е така и сум многу среќна што сум благословена со прекрасни родители. Сега кога сум возрасна, доволно зрела за да имам и свое дете, ја сфаќам тежината на родителството и што значи да одгледаш и израснеш добро воспитано и среќно дете. И токму поради тоа, тврдам дека никогаш љубовта кон моите родители нема да почне да „бледее“, баш напротив. Ги сакам и почитувам уште повеќе.
Да,старите луѓе се напорни но тоа е поради староста здравјето и состојбата во која се налоѓаат. Ама проблемот е во нас помладите што предвреме губиме живци. Дедо на маж ми е 90 и кусур години Господ да го поживее. Кога ќе поседам со него пробувам да го разберам стар човек има потреба од друштво разговор но навистина по некое време ми станува напорен,сепак до степен да може да се трпи. Таква е староста. Ама ние младите не чиниме
Ги сакам, зошто не би ги сакала. Она што имам и сум, благодарение на нив е. Како може човек да запостави стари родители, еве не знам. А има многу чии деца, откако си го нашле својот пат и отишле од домот, никогаш не се вратиле да ги видат своите родители, да ги прашаат како се. Како стареат луѓето, поизгубени се, но треба толеранција и трпение спрема нив. Жално е стар човек да се чувствува осамено.
Неблагодарна, распрдена, живчана младина сме. Со тек на време се губела љубовта кон родителите, почнувале да ги нервираат, да им сметаат дрн дрн... како па да не! Па таквите запрашајте се дали воопшто знаете што значи љубов. Дали си го сакате партнерот и децата свои или и тие по некое време ќе почнат да ве нервираат и да ви одат на живци?! Штом заклучите дека родителите, кои патем ви се најблиското нешто на светов и ве донеле на истиот, се тука само да ви помогнат финансиски и да ве обезбедат материјално, тогаш знаете со сигурност дека никогаш во животот ништо нема да може да ве задоволи, секогаш ќе останете такви бездушни и многу веројатно дека во иднина ќе ве чека истата судбина од вашите деца. Тажно е човек да старее сам, знаете...
На родителите им е обврска да израстат деца, а не обратно. Генетски и еволуциски е условено, повеќе 'да страдаме' за поколението, отколку за предците. Така се одржува врстата. За жал или за среќа не знам, но факт е.
Да, безразлика на се што сме поминале ние 3ца ги сакам најмногу од сите луѓе на светов.Се би направила за нив.
Не секогаш родителите се онакви какви што ги опиша Ана Карењина, има и себични родители кои не дозволуаат децата да се осамосталат и бидат свои луге туку сакаат нон стоп да зависат од нив. Тоа го прават на тој начин што ја убиваат самодоверата во нив, постојано им велат дека за ништо не ги бива, дека се неспособни.... Така да не се сите родители фини како што рече Ана туку има и такви кои не заслужуваат да се наречат родители Моето искуство е незнам како да кажам некако побркани ми се чувствата. Точно е дека направиле доста за мене, ми помогнале да поминам низ разни тешки ситуации. Но од друга страна мајка ми со својот авторитет кој сака да го наметне на сите, дека ете она е сеуште главната, дека само она знае се, другите ништо како да почна да не гуши малку. Искрено татко ми е добар чоек, душа од човек, ама во нејзино присуствои тој станува ист како неа.
Еднаш во СДК напиша @referentka " бастунот за староста се кова во младоста". Исто останато ми е сеќавање на една приказна која ми ја кажуваше баба ми - Биле баба и внука. Внуката била мала и само си играла, уживала, излежувала крај печката додека бљба и' и спремала јадење, месено, и перела, средувала и сл. Како што врвеле годините, внуката растела и се повеќе се вклучувалаво активностите со баба и' за на крај да дојде време кога бабата остарена и немоќна по цели денови лежела крај печката а внуката и' готвела, месела, чистела..". Живот! И навистина така е. Еве во основа сите овде сме возрасни и дури и тие кои сеуште не се родители, само како зрели деца на своите родители, имаат изградено став кон истите кој е резултат на нивното досегашно искуство од она што родителите како родители го стотиле за нив. Кров над глава, основни средства за живот, образование - тоа е 'бејзик пакет на родителство'. Начинот на воспитување, блискоста со детето, себежртвувањето, меѓусебниот однос..се ситниците кои ја креираат големата слика. Има деца чии родители се зависници, насилници, емотивни цицачи, угнетувачи...кои со душа чекале да фатат усвет што подалеку. Има деца чии родители се откажале од свои животни сништа и се жртви за своите деца. Има и такви кои останале на улица откако им препишале имот на децата. Сепак, грото од карактерот на детето се зачнува во најрана возраст каде 'уздите' ги има родителот. И потполно се сложувам со она од СДК погоре. Сега кога и самата сум родител, поинаку ги доживувам и ги ценам моите. А особено татко ми кој веќе 10 години ми е и мајка и толку се пожртвувал за мене!! И за крај - да, го сакам мојот подостарен родител. И ќе го сакам дур е жив!
Дај Боже да е навистина се така како што се изјаснивте сите дека ги сакате своите родители, дека не ви се напорни, досадни, дека сакате да седите со нив и да моабетите а не да ја киднете што можете побрзо, дека не им се лутите ако неможат да ви ги причуваат децата идр... Секојдневно сум сведок на непријатни сцени и однесувања помеѓу стари родители и нивните деца, дали во болница, дали во банка, дали во продавница...офф боже, која нетрпеливост, па како ги караат......
Доколку не биле они, јас немало ништо од ова што сум сега да бидам. Времето, трпението, критиките, пофалбите, примерите, лекциите што ги вложиле да ме упатат на прав пат мене. На крај финанските средства за кои што чесно работеле секој ден за да имам јас се и да не ми фали ништо. Испиеното кафе со нив, одењето на одмор со нив, муабетите со нив, па дури и карањето, вреди повеќе од било кое време поминато со друштво. И секогаш ќе ми биде фамилијата на прво место и секогаш ќе ги одбирам нив без разлика што и да е. Ама сепак се ќе речам дека е до родителите. Имам видено примери, каде уште на 18 години се имаат мажено за да избегаат од дома, од дисфункционални семејства, родители алкохоличари, наркомани, родители што не се грижат воопшто. Ако уствари може и да се нарече родител тоа, не го прави родител тоа што го родил детето. Ама вакво нешто во нормално и функционално семејство, ретко има и ретко која нормална и здрава особа не си би ги сакала родителите кои што го одгледувале и го сакале со години. Сепак кога го прочитав насловот на темава бев
Dream-Girl, кажа голем дел од она што мислев да го напишам. Јас ги сакам своите родители, колку некогаш тоа и да не го покажуваме. Можеме да бидеме нападни и неблагодарни, заборавајќи на сиот нивни труд за нас, секоја излеана капка пот од нивното чело, секоја непреспиена ноќ,болка,секоја надеж,гордост,труд,храброст, нивна сила..Ние можеме да им го уништиме светот само со неколку збора, без да сме свесни на самото тоа. Тие живееле/живеат за нас, да станеме луѓе, културни, да ги изучуваме и другите на големи нешта, да го пренесуваме искуството,тие секогаш имаат надеж за нас и кога ние немаме никаква. Имам една моја братучеда која ја изгуби својата мајка како дете, во сообраќајна несреќа. Како дете, тоа којзнае колкава болка,стрес и мачнина и донело. Како светот да се срушил пред нејзините очи....Никогаш не сакам да ги загубам своите родители. Некогаш не знаеме да ја процениме нивната вредност, но тие секогаш се жртвувале за нас. И жал ми е за оние кои не успеале да преживеат успешно и сакано детство, но повеќето родители ги штитат и се гордеад со своите деца.
Не барај искреност многу. Посебно не, онлајн, каде сите можеме да бидеме најдобри, најубави и најпаметни
Не се моите многу остарени, па не можам баш да зборувам каква би била реално. Ама, да, да бидам искрена, нетрпелива сум понекогаш. И нефер. И после ми е криво.
јас единствена ли ќе бидам што ке кажам дека нема да го гледам татко ми на постари години?Еве кажувам..нема да се грижам за него.Затоа што и татко ми никогаш не се грижеше за мене.Он поима нема дури ни кога сум родена.Не се грижеше за мене какво детство ке имам,незнаеше какви оценки имав у школо,со кого одам,каде спијам.Затоа што беше и остана себично суштество спрема мене и сестра ми.Не осеќам никаква должност спрема него . мајка ми е друга приказна.За жал почината е пред две години.За неа не само што се грижев со последни сили туку да можев и моето срце ќе го извадев за да и го дадам нејзе да живее што повеќе.
Не, не душо, нема да бидеш единствена...90% децата немаат време од еден куп обврски да си ги гледаат родителите...затоа толку старски домови изникнаа Работата ни е важна, борба за опстанок, децата со триста обврски, па сега и уште старци да гледаме, епа ке се раскостиме..тоа е суровата вистина
Не си единствена @joy1 и мојот татко е таков исто како што го опиша ти твојот, ама буквално исто од а до ш. Јас него никогаш не сум го чуствувала како татко ниту пак ќе го чуствувам, тој е само станар во куќата. А за мајка ми не можам така да кажам бидејќи не е како него иако знае некогаш кривини да фати мислам во врска со мене, но се на се добра жена е, а и мајка исто.