Пред некое време прочитав една статија за едно од најпознатите деца модели во fashion bizz! се работи за Thylane Léna Rose Blondeau: модел на 10 годишна возраст „Thylane Léna Rose Blondeau е ќерка на францускиот фудбалер Patrick Blondeau и модниот дизајнер Veronika Loubri.“ Таа има само 10 години, т.е. родена е на 5 април 2001 година. Во светот позната е како детски модел, но со појавувањето во францускиот Vogue како и по позирањето за некои други познати светски брендови, таа го сврте вниманието врз себе. За некои таа е девојче кое што има епски изглед што потсеќа на Бриџит Бардо, за други пак, таа е само 10 годишно дете на кое што, сега за сега, не му е местото во модните списанија. Како и да е, по големото внимание што таа го предизвика во јавноста, мајка и реагираше и нејзината група на Facebook беше згасната. Што се однесува до нас, ние само се прашуваме дали ова 10 годишно детенце е следното големо светско чудо или пак сето ова е само една обична глупост и ништо повеќе?! извор stipka.com.mk Што мислите, дали со ова не му се нарушува правото на детето да има слободно детство? Сепак не се работи за обично модел, кое би носело детска облека на ревија, туку захтевни фотосесии, со тон шминка и облека која е далеку од детска! Имаше коментар на станата-убаво но дете од забегани родители! Се согласувате или мислите дека е сосема океј!
^ Ме потсеќа на девојчињата за кои дискутиравме во една друга тема на форумов, каде мајките ги испраќаат своите ќерки на избори за убавина. Се изјаснав таму. Истото и овде би го пишала, со оглед на тоа што абер немам кое е девојчево. Не, не го оправдувам ова
Некои луѓе навистина не би требало да се родители. Можам да замислам се што им прават на десетгодишна возраст...депилации,шминкање, па дури и штикли и облекле. Ги малтретираат децата за што? Пари и публицитет.
Дете модел ич не ми е логично да ме извините. Би сфатила дете модел, ама облечено во детска облека и позира рандом така да кажам детски фотки, слично на оние што ги има во каталозите на Авон и Орифлеим во одделот на производите за деца, во каталозите за детска облека, ама вакви исфотошопирани дечурлии со тон шминка и сармици по коса, згора на тоа и облека неадекватна за нивна возраст - што е многу, многу е, а во случајов и премногу!
Што го врти светов-парите! Како се прават пари-со продажба! А ако се зема во предвид колку се опседнати луѓето со тоа, земаат секакви жртви! It's all cool, as long as we make money! Се разбира дека не е во ред ова.
Страшно Ужасно е сознанието дека некои родители се спремни да ги изложат своите деца на се` само да стигнат до пари. Ова се луѓе на кои треба да им се одземе старателството, лечат фрустрации.
Девојчето од погоре нема да го коментирам, јас само би им го одземала старателството на тие исфрустрирани родители. Алооо чувате дете дома од 10 години, не жена. Не треба едноствано сите да се исполнат како родители, доказ. A секоја чест на оние дечиња што се модели за детска облека, нели нормално. И на модни шоуа што настапуваат. Срциња бе ептен ми се убавkи и стално си гледам детски ревии, eптен се искрени, невини, стварно сакаат да покажат како научиле да одат, па се фрцкаат да видиш што носат, некои се еееептен професионални мислиш 30 години имаат Па кога некое ќе се усрами и ќе се врати одма назад трчајки си се смејам ептен онака слатко. Друго ќе застане и ја бара мајка му па кога ќе се размавта и не се трга A некои две кога одат па едното неќе раче да му даде па се караат на писта Или некое кога ќе почне да плаче
^ И мене ми се допаѓаат децките модели како од сликите на Росоњерка, дефинитвно се многу исрени, мили и слатки! Но кога се нормално облечени во детска облека! Но девојчево што го постирав, е навистина преслатко и преубаво, но со кој мозок мајка та го дала да се слика за Vogue, и тоа дозволила буквално да и го унаказат детето да го направат тетка од 40 години! Најубавото нешто на светот е невиноста на детето, кога е сеуште слатко со нежни фустанчиња или панталочиња! Ќе има време за шминка, штикли, фарбање и што се не! Му го скратуваат детството! ама убаво имаше напишано, болни родители!
Само едно ке кажам треба да им се одземе старателство на родителите на овие деца . Што ли се нема да се види во овој свет.И јас се сложувам дека децата кои рекламираат детска облека и притоа се опуштени без желба да изгледаат како мини теткици се слатки но ова погоре е жално најискрено кажано.Мене би ме било жал своето дете да го изложувам на такви фотосесии,со тон шминка,штикли фотошоп .
Навистина жално. Уште од десет годишна возраст да се гради кариера е премногу брзо.... Им го упропастуваат животот на децата. Наместо да си играат со барбики и своите другари, тие ги шминкаат и ги облекуваат како возрасни. На првата слика девојката воопшто не ни изгледа дека има 10години, искажува дупло постара. Едно големо НЕ за ова бидејќи секое дете има право на слободно и безгрижно детство !
Искрено,ми се згрози од сликите на првиот пост Бедно и одвратно! А оние баш детски слатки моделчиња-зш да не! Зошто се во граница која им прилега на возраста...башка се срцки и милина за очи. Следново пак,освен што е грдо,несфатливо,нечовечко,надвор од граница,не можат да ми го поднесат очиве Срамота! Оставете ги децата да бидат ДЕЦА! HOW FAR IS TOO FAR
Предобра реченица, ама за жал не ја познаваат многу родители! Ете мајка и на девојчево го дозволила тоа, а после се бунела за групата на фб А не се бунела ќерка и полугола/пренашминкана/со штикли 15 да позира во списание?? Ма ни за милиони бе, не уништувам млад невин живот! за жал ова е само едено девојче уште колку и само нема како неа!
Да, мене ми се допаѓаат децата кои на модните писти презентираат детска гардероба, како на сликите од Росоњерка. Спојлер Ама, кое е ова полуголо девојче??? Како прво, прв пат слушам за неа! Како второ, сликите не и личат на годините! Како трето, списанијата за кои позирала не се за 10 годишни деца! Како четврто, има ли родители?????? Па се слика без маици, со голи гради, со штикли не знам колкави, со тонииии шминка.... Гадно, одвратно!
^Има ама што фајде ако има!!! Мајка моден креатор, татко фудбалер! Нејсе, кој и да се, не се со сите мајке ми! девојчево не е нешто многу познато кај нас,ама штом го имало во Vogue, верувај ми позната е и те како, и ќе стане попозната! Ќе откопам уште вакви примери и ќе ги постирам, не е сама за жал
Родителите се малоумни, тоа е јасно. Ама оние што го ангажирале девојчево и други деца? Не ми се верува колку ниско паѓаат овие "врвни" модни списанија. А и камо држава, постојат социјални служби кои ќе проценат како родителите го одгледуваат своето дете? Постојат закони за заштита на децата? Или се е дозволено веќе? А ова мене ми личи на форсирање на педофилија
^Па може да допринесе до педофилија! голи слики од дете, кај се не ги стваат И ќе кажам само нешто America-the land of all the stupidness possible own:
Добро, која е поентата дете од 10 години да позира и да рекламира штикли? Ќе ме убедат да ги купам ли? За родителите не коментирам, се гледа колку им сече, ама па и овие уреднициве на списанијава со кој памет размислуваат? Што промовираат? Колку е забеган и изопачен светов...
Jaс сум против ова,на што личи дете од 10 години со фасада на лицето,штикли 10 броја поголеми и со оваква облека ...мислам стварно родителите немаат ни грам мозок чим дозволуваат детето да им го шминкаат со триста чуда па и сарми на глава ...мене ова не ми личи на фотосесија со ДЕТЕ од 10 години туку на фотосесија со ЖЕНА од 35-45 години !
Кој познат модел бе? Прв пат читам за детево и го гледам на слики и се чудам! Како можеле бе, ај да се сликало во детски алишта ко сликите погоре што се - во ред, и во сите модни списанија и каталози има деца-позери што се сликаат и рекламираат детска облека, ама ова погоре не е за оправдување, ненорамално ми е бе. Исто ко тој што беше објавен на статииве на странава што сакал ко бебе да се облекува половина ден, така не е нормално десетгодишно дете да се облекува ко тетка, ма за кое сака списание да се слика, тоа е еден голем минус за неговите родители. own: Па што знае тоа, му го испрале мозочето, тоа е сеа во некој филм, ахам да, ќе се сликам, ова-она, а сирото дали знае што значи кукла? Или тоа за него е сајнс фикшн, пре би да му дадеме штикли, со нив ќе се снајде. Што кога ќе порасне? И почне зрело да размислува и расудува, ќе ги осуди ли родителите или ќе им се заблагодари што дозволиле да си прават со него и од него нешто што не е? П.С баш е слатко и убаво без шминка впрочем ко секое детенце, подалеку тие шминки, пудри, хемикалии од него бе леле, ќе го упропастат