^Можи ние не ги знаеме, ама сигурно има некои педофили кои што си ги плакнат очите со десетгодишни полуголи деца. Ах, каде замина светот...
Искрено не ја разбирам поентата на 10 годишно девојче со штикли еден тон шминка на себе да позира разголено.Кај и е неа детсвото? Мајка и се запрашала дали тоа девојче некогаш повторно ќе може слободно да ужива во детсвото со своите врсници?
Не ми се допаѓаат иако морам да признаам дека сликиве се одработени професионално, а знаеме колку децата на 10 години можат да се професионални. Вакви деца има насекаде, само што разликата е што овие се познати. Ова е ко ќерката на Том Круз, само што не знам дали таа се шминка.
Не, не е баш како ќерката на Том Круз ова е бетер! Тие барем не ја облекуваат во фустан за жена од 30 и штикла 15! Види ги сликите на привот пост, ке ти стане јасно!
Мене не ми штима вака.Па што не им ставаат танга,градник (макар и полнет со чорапи) да личат на вистински манекенки.А не вака на што личат Абе ајде бе се згрозив од некои слики.Болна работа!Што е претеризам, претеризам е.На мало девојче му ставаат секаква облека, па тони шминка, па штикли, па малтретирање... Како може да им претставува задоволство да гледaат како некое малечко душиче плаче и оди по модна писта?Ужас, ужас! Па и да давам пари за да го гледам тоа.Бог да чува! Може да сватам (мада и за ова не сум) некоја фотосесија онака по лабава со нормална детска облека но ова со манекенството и гадните фотосесии тешка работа.
Ми се допаѓа она што позираат за детска облека,што позираат природно,а не со кило шминка и штикли. Па дали родителите на тие деца Спојлер оние кои на 10 год. се прават 30 годишни се запрашале дали некогаш тие деца ќе можат уште еднаш да бидат на таа возраст за да можат да живеат нормално детство?
Мене страшни ми се како од друга планета да позираат без шминка и во детска облека соодветна за нивна возраст ДА ама не со шминка 100 кила на нив
Да бидеш маникаен како дете е многу убава работа но не како продолжена работа за долг период туку тоа да биде по зелба на самото дете и за една или две реклами но не постојано...незнам за децата кои работат постојано како манекени и маникенки можам да кажам само едно мајка му или таткому си ги лече комплексите или со убавината на своето дете доагаат на тој начин до пари и егзистенција....така е во најчестите случаи ...
Абе се во ред да си бидат децата модели ама ги оправувам само ако се модели како оние од Бурбери кампањата на Расонерка. А тоа девојчето со потпетици и едно кило шминка и провокативни пози, како и она девојчето што е голо нагоре, мислам дека социјаните служби веднаш треба да реагираат. Па дали се свесни тие родители дека детето им го гледа цел свет, па дури и некои педофили, колку и да звучи ужасо, тоа е реалноста. Мразам родители кои ги форсираат своите деца, по секоја цена да станат познати на овој или оној начин. Тие се сите за во лудница
Знам уште многу но ме мрзи да ги стаам И оваа работа не е во ред уште од мали со пелени уште ..се шминкаат училиштето го запоставуваат и што ќе биде со ова дете после еве го видеото од овие две девојки мислам бебиња -.- http://www.youtube.com/watch?v=3zXdO4l8c0w плачат понекогаш но ова го прават за пари се разбира
и после нема да цвета педофилијата, епа ќе цвета, ќе цвета, како кокиче под снег A и нешто друго во гаќите на манијаците ќе цвета... Oва ми е една од поболните работи... жими се, дај бре остајте ги децата нека бидат деца, цел живот после шминки и штикли ќе носат
Џабе Лудо, тоа неможеш да им го кажиш на никаквите родители што си прават бизнис со децата. Тие не сфаќаат дека со ова освен што прават пари побрзо им го скратуваат детството. Колку и да мислат упс (дали всушност нешто мислат)дека животот ќе им го направат поубав и побогат што ќе ги направат од мали модели се лажат, секако тие од мали почнале да им го уништуваат, во никој случај нема да и го направат подобар. Кај е тука слободата на изразување, кај ќе се пронајдат децава за едно 5-6 години кога во главата само ќе им се вртат, а им се и всадени шминки, штилки, парфеми ? Ќе можат воопшто да мислат на својата иднина или само ќе гледаат со сликање да заработуваат пари? Ах не е секогаш крива младината, во случајов нејзините претходници се и те како криви! Па после децата не знаеле што сакале, вака-така, па кога така си го воспитал и научил како сакаш поинаку? Кога од мали не ги научуваат на вистинските вредности, после џабе им е , ко ќе ги видат со алкохол и цигари па дури и дрога на 15 години нека не се чудат, тие веќе пораснале уште од 5, нели за нив штиклите и шминките ќе бидат нешто вообичаено, нема да им бидат интересни кога сите врсници за прв пат ќе носат штикли тие ќе го имаат 101-от пар.
Леле какви се лигавиии... Посебно оваа Мекензи! Да имам вакво детиште дома, од земја ќе го треснам! Лигава ццц.... Сега какви се, а не па кога ќе пораснат...аууу штета еј. На родителиве треба родителското право да им се одземе. Третмани на лице на 6 годишно девојче...
Овие што си шеткаат по писти ми се срциња. Многу се весели, возбудени, мислат го освоиле светот. Убаво е за очи. И како што рече Роси секогаш се наоѓа некое мало топче кое е упаничено, ќе се збрка и е уште послатко или некое девојченце или момченце кое е најфраерче и е права ѕвезда. Паметам порано имаше на Fashion TV и World fashion ревии нон стоп со деца модели. Да гледаш и да уживаш. Оние пластичнине ми се одвратни. Исфорсирани од родителите. Со тон шминка и диета на 5 години, не. Тука нешто не е во ред со родителите, дефинитивно!
Oвие не се модели. Ова е ретардирано реално шоу што го даваат на Discovery Travel and Living, после кое сфатив дека дрогата не е најлошата работа на светот. Во глобала ова се деца од ретардирани родители кои плаќаат илјадници долари и за учество, фустани, шминка, вештачки трепки,заби, штикли за маливе за да се прошетаат по писта и да бидат избрани мисици. Исто како кај нас,само што на времето "мис клинцези", па и сега ништо не им прават, само ќе ги облечат, фирзурче малку подсредено и фураат..а овие да се докажат која мајка е пофалична од сите таму. А,модели се оние што си одат на ревии за детски брендови.. тоа е сосема друго. Еве слаткиши
Толку ми е изопачено и одвратно тоа што ги малтретираат децава и своето дете би го измачувале само поради слава и пари... Толку шминка на едно детско лиценце и ако одат на тие натпревари можат да изгледаат природно и такви какви што се. Децата на рекламите за детски брендови на облека се толку слатки, а исто и тие на модните писти...