Девојки, јас не знам дали има ваква тема,ама ако има пренасочете ме....малку сум вознемирена и сакам да побарам помош од вас!!! Проблемот е во тоа што(и самиот наслов кажува)дечкото мој е премногу поврзан со неговите родители.......со него одам веќе долго време и никогаш измеѓу мене и неговите родители немало проблеми и тензиимеѓутоа проблемот е во мојот дечко......така што..... -тој одамна е осамостоен и си зима сам плата и не зима од неговите родители меѓутоа пред да купе нешто тој ги прашува нив, -ако купе нешто скапо кажува пониска цена,(а купува со негови пари не зима од дома па за да крие) и некои слични такви работи,значи ние си реновираме кај него дома тој ја прашува мајка му дали да земел некоја масичка таму била поскапа зошто ние ќе седиме таму нека ме праша мене....мајка му нема никакв врска со масичката.....друго... кога сме излезени и кога си купуваме за дома и се договараме да земиме пица и сок и филм за да гледам,тој вика -чекај да земам и за моите дома,пица и сок....(а касно е 1 часот)и на крај зимаме и и одиме дома и во еден часот... -ееејјјјј стнете земав пица....hellooooo синоќа му викам ајде да си земиме скара,пак беше еден часот по полноќ,значи тие спијат и тој... -да земиме да однесиме за дома..... ми купува мобилен ,и вика дека и сестра му сакала ист таков.... па аман ми е веќе може ли јас како женска да имам малку повеќе привилегии или сите сме на исто ниво во таа куќа....плус зошто таа негова мјка не земе да не почасте и да рече ајде деца купете си вие нешто еве ви пари....се ние финасираме....а не е да нема пари и татко му и мајка му одат на работа...... Друго забележувам во полседно време кога останувам кај него да спијам се чуствуба некако незгодно,како да му е срам од неговите што јас останувам...пред некоја вечер викам ќе речам дека сакам да си одам дома а требаше да спијам кај него божем не ми се останува и тој- ајде ќе те носам зошто е тоа така....незнам дали сванавте од прилика што сакав да кажам ама сакам барем малку да се чуствувам по битна во неговиот живот а не се татко му и мајка му.............има и други работи ама тоа понатаму.... и сакам да ви кажам дека не сум лоша..и не ги мразам неговите родители,но мојот дечко некако ми дава до знаење дека јас не сум толку битна во неговит живот,јас сум на местото на женска ние ќе си се љубиме галиме и тоа.....
Зошто едноставно не му кажеш дека го приметуваш тоа што е зависен од неговите?Секако гледај да го изведеш тоа на начин да не ги навредиш неговите или нешто ,него објасни му како се чуствуваш запоставена ,дека треба да биде посамостален ,да си градите свој живот како што вие сакате а не неговите...Само уште еднаш ќе ти кажам пази да не ги навредиш неговите зошто обично таквите дечковци сметаат дека нивните се нешто свето па може да се скарате ...Избери фин начин ама кажи му да има на знаење , дури можеш и да ги пофалиш неговите дома може така поише ќе те послуша се шалам И немој да бидеш тажна !
Разбирам што сакаш да кажиш, бидејќи близок другар на дечко ми беше скрос ист како и дечко ти. Во право си што добро стоиш со неговите, бидејќи тие воопшто не се виновни за однесувањето на дечко ти, иако сум 100% сигурна дека нив таквото однесување им одговара. Можеби добар разговор со дечко ти ќе помогне, но може да те сфати погрешно и да мисли дека си љубоморна на неговите и дека сакаш да го тргниш од нив, што претпоставувам дека не ти одговара. Мислам дека со време ќе се среди се, кога ти ќе станеш негова сопруга, ти ќе ја имаш власта во таа куќа, единствено издржи и биди блиска со неговите.
ама девојки му кажав,прво реков: -зошто ја прашуваш мајка ти за масичката?(да не купуваме од нивни пари) тој: -па бидејќи е скапа па да не ме размислат може погрешно работам за што ќе ми е толку скапа!(ма дај) после му реков зошто ние купуваме цело време јадење за дома зошт тие не почастат....тој ти не си таа што треба да кажиш тиа си се мој и јас што сакам ќе правам...и сега цело време ќутам а неговите домашни ги гледам цело време како се кротат....и му годи тоа ..........
подобро ке биде да си кутиш ако сакаш да бидеш ок со него , затоа што он не мисли дека го користат сваЌаш и ако почнеш да му викаш може да се сврти против тебе , што никако не ти иде во прилог!
Тие му се родители,како можат тие да го користат?Кој му плаќал факултет него,кој го издржувал додека студирал,си нашол работа и сега ај мама тато чао пријатно,не оди тоа така,он сигурно чуствува обврска спрема нив.Освен тоа иако планирате брак,ти си му сеуште девојка,кога ќе му бидеш жена дури тогаш ке можиш да му приговараш за вакви работи,затоа почекај,стрпи се,вака само можеш да добиеш негативни поени кај неговите
Ја мислам дека треба да му каже затоашто колку повеќе ќути толку повеќе тој ќе се навикнува на тоа , а вака кога знае дека ти смета колку толку ќе гледа да избегнува Само гледај поише да му го преставиш тоа ко за негово добро да му збориш и најбитно по сто ти пат ќе ти кажам немој да помисли дека мислиш дека неговите се криви или нешто зошто така уште повеќе ќе го фати инат зошто ќе мисли дека си против нив а на него нели му се многу битни...на пример Не му викај така зошто они не не почастат или нешто така ко што си му рекла
да ви кажам искрено веќе добив негативно мислење кај него,не сум сигурна уште за неговите.....хелп....
И јас го подржувам мислењето на Мила. Како можеш да мислиш дека неговите го искористуваат. Сепак ти си му само девојка и додека не му станеш сопруга најпаметно ќе ти биде тие негодувања за неговите да ги зачуваш за себе зашто можат негативно да ви се одразат на врската. И каде е проблемот што дечко ти изразил желба да и купи телефон на сестра му. Па таа му е сестра, негова крв и секогаш ќе има важно место во неговиот живот.
^^не изразил желба тој...таа побара од него...зошто не побара од нејзините дома или не се купи од стипеднијата што ја зима???
Си добила негативно мислење поради тоа како си изреагирала во врска со неговите...За нив треба само најдобри зборови секад колку и да ти идат на живци Дури некогаш така коа ќе купувате јадење или нешто самата спомни му да им купите на неговите без он да каже или нешто така.Така ќе ја стекнеш неговата доверба
Јас не се согласувам со постовите на девојките. Треба да кажеш нешто во кое и самата не веруваш, само за да ја вратиш неговата доверба? Тоа нели е лицемерие, а јас искрено не верувам дека Анннни е таква. Сега треба кутрата девојка да се преправа дека не и смета сето ова, само за да дечкото не се лути или не добие погрешен впечаток? Абре ми смета и точка. Или да глуми додека не се земат дека се' е во ред, а дотогаш - што да прави да пукне од нервоза!? Верувам во тоа дека има родители кои премногу се потпираат на своите деца, не во смисла дека ги користат (кој му посакува лошо на сопственото дете?), ама ете си ги знаат дека се фини, добри, не возвраќаат со лоши зборови и гестови, па на некој начин ги оптоваруваат и те разбирам Анннни. Јас имав еден таков дечко - ајде да одиме на викенд, аааа не можам овој викенд ќе и помагам на мама да правиме слатко или ајвар или што ти знам ќе цепиме дрва, а поголемиот брат гајле си нема. Се' заради тоа што овој го научиле дека им ќути, им попушта, таков нежен и наивен , и сега ајде удри по него! Истата приказна беше (добро, не толку драстично како случајот со масичката), ама така беше - да им купиме на моите ова, немам пари , последните му ги дадов на брат ми, немам што да јадам ама ти не сфаќаш он ми е брат, сопствена крв... Па што дека е сопствена крв и сега треба на глава да ни се качи некој заради тоа? Во секој случај проблемот е сложен и сочуствувам со тебе, машките тешко и се менуваат, ама ми е јасно дека си имаш вистински проблем. Ама не сфаќам како ги оправдувате родителите, кој е тука дете и кој за кого треба да се грижи? Не можам , просто не можам да слушам - мајка ми вака, мајка ми онака, нежен, деликатен цвет... Бре, и јас имам мајка, секој од нас има мајка и си ја сака, ама кога доаѓа ред да се избере помеѓу Љубов и родители, ние жените секогаш нив ги ставаме на пиедестал, додека они се консултираат со мамичка и татичко и дадичка...
Анннииии! А бе срцка..полека немој така со непотребни нервози.Опушти се,ова да го имаш стално у глава.Дечко ти те сака тоа се знае и не треба да се мислиш кој му е важен во животот.Родителите и сестра му се нормално дел од неговиот живот и така ќе биде засекогаш,Почитувај ги..и биди му поддршка за нив, немој со негативни зборови за нив.Едноставно треба и сама да го учиш да си ги сака и почитува и да биде тука и за нив.За сестра му се додека не е оженет немој да се лутиш она ќе биде негова сестричка.Нека и купи де што сака,нека и помага во што и да е.Не му пререкувај.И јас сум помала сестра брат ми ме има размазено со тоа што ми помага во се ми купува тука е за мене секогаш.И тоа не сакам да се смени.Нормално со која и да биде јас ќе бидам задоволна доколку истата ме почитува ко негова сестра секогаш и нема да го оддалечува од мене и моите.Немој, семејството е најважно за секој.Стави се на негово место малку..Ти исто ќе ги имаш товите на прво место.Е па не му замерај зошто и он ги има нив.Не ти се конкуренција напротив,..играј паметно за да ги придобиеш па да ви бидат најголема поддршка.Без посесивност и нервози непотребни срцка!
ете и јас сакав да го кажам ова кога моите ќе кажат нешто против мојот дечко јас војна дигам а кога тие ќе кажат нешто дечко ми само ќе рече остави ги стари се сешто кажуваат..... плус родителите се тие што треба да се грижат за децата а не децата аз нив бог да чува не паднале на смртна постела па за да ги гледа.....и двајцата се способни и имаат само едно дете за гледеање(сестра му на дечко ми)зошто дечко ми одамна е осамостоен и не земал денар од кај нив.....па веќе ми е аман кога ќе си купиме за јадње нешто и ако не сме земале за нив не смеам да го изнесам од кола да не го виделе замислете синоќа ми рече да не ја изнесам Гуараната од кола....ма дај мајка му ќе седне на тераса и ќе пие енергетски пијалак.....