Дечкото да плаќа за СЀ!

Дискусија во 'Канта' започната од savageu, 17 март 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Да повтирам.
    Пред да ме цитираш пишав.
    Не ги прочитав другите мислења.
    Одговорив САМО на првото.
    На тоа шо прочитав, тоа и коментирам
    12 страни има за едно девојче ебате
     
  2. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    И се запнавте со тоа ќе ја замени, ќе ка остсви и ќе ја изневери. И што? Демек за вас не се исти шансите да бидите изневерени или оставени?

    Не просела пред него, ниту до него, нема ни после него. Не и плаќа ќирија, сметки или леб. Одмор е подарок, а не опстанок за живот. Смирете се малку. Болни легнавте што немате таков покрај себе.

    И демек ако се вљубите во некој богат и ви букира викенд во Милано вие ќе одбиете пошо сте чесни сестри. Приказни за деца од 1-4.
     
    На WarriorAngel, sj *O*, flawless. и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.297
    Набапкавте се' во еден кош...

    Не се сите луѓе исти.
    Не се сите ситуации исти.

    Може некој да има пари и да е 'нечовек', а може да е човек.
    Може некој да нема пари и да е 'нечовек', а може да е човек.

    Никому не му сте дома, па да знаете што точно се случува зад затворени врати.

    Факт е дека финансиската независност дава лична сигурност, ама пак факт е и дека има луѓе кои се трошалии и и да имаш, ќе лепат пари наоколу, ко да се плочки.

    Се додека некој не е повреден, нивна работа си е.
     
    На sj *O*, hermosa, flawless. и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.286
    Пол:
    Женски
    Смири се малку. Дозволено е некој да има поинакво мислење или едно е исправно?

    Не се согласувам со тонот на сите кои имаат спротивно на твоето мислење, но со суштината да. Не би ја нарекла спонзоруша, ниту па гледаме на грав кој ќе биди изневерен. Има секакви приказни по светот и убо е да се слушнат, оти не е само црно, ни па само бело.
    Фер е да се кажи дека можи и си бара наша оти од дома така му рекле, можи не го тркалале тие таму оти е глуп па си рекол ајде некоја на далечина ќе и' се фалам со пари, можи па ти си во право и е само добродушен подарок.

    Ако чита на неа е да одлучи дали тој нуди нешто поќе од шетање и дали таа бара нешто поќе од шетање. Ако не, еве другарките загрижени се, па нека ја советуваат.
    Ако и се другарки немаше да се фокуситаат на ваков начин да напишат. Ама јасно ми е, намерно е така поставено прашањето за да си ископаме очи, можи и некој маж зад тастатура си се смешка сега дека за еден одмор се потепавме.
     
    На WarriorAngel, Vraloma, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Нормално е да се има спротивно мислење, но зошто мора да е проследено со навреди?

    Дали ние ја познаваме девојката? Не. Од каде знаеме дека е спонзоруша, гребатор, оди за секс и ред други работи кои Славица ги пишува овде?

    Ние не знаеме ништо, освен дека се во врска 6 месеци и дека дечкото си доаѓа во Македонија за да се видат и организирал патување за двајцата. Не гледам тука ништо нелегално, спорно и гревно. Не краде, не лаже.

    Едно е да кажиш дека ТИ лично не сакаш така. Но, друго е да се напаѓа девојката со лоши зборови. Моментот стигна до таму дека мајка му и татко ми биле типични Балканци, при што не ни знаеме дали има родители и од каде се.
     
    На sj *O*, Jane Doe., ZAHRA и 4 други им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.280
    Па и ти вреѓаш одредена група на луѓе ако не си забележала. Не дека си нешто поразлична со реплицирањето на некој што има поразлично мислење од твоето. Буквално сите ги исцитира, зошто?
    Од Славица ја конвертираше некоја членка во црноока?
     
    На Ugly Duckling и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.286
    Пол:
    Женски
    Не го познаваме ни него, па зато е убо да се спомни дека можи и е типичен балканец, за да можи да ги види и двете страни девојката и некоја која е на нејзино место.
    Со давање епитети спонзоруши, светици и слично ни јас не се согласувам. Но не се согласувам и со тоа дека треба сè да плаќа едниот. На крајот на денот, на кој како му е убо.
     
    На Feminka22 и GirlRose им се допаѓа ова.
  8. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Кажав некоја дека е спонзоруша, неспособна, лежачка, гребаторка, без достоинство и чест, користољубива и дека се ебе за пари? :)
     
    На sj *O*, ZAHRA и Nana1156 им се допаѓа ова.
  9. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    За ова зборам. Тебе не ти убаво и тоа е сосем во ред. Јас сум се нашла во таква случка и не ми беше проблем.

    Ама за навреди навистина нема смисла, бидејќи не ги познаваме. А дали е типичен балканец може да каже другарка и, ако воошто го познава.
     
    На sj *O*, ZAHRA и Nana1156 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.803
    Допаѓања:
    80.574
    Пол:
    Женски
    Таа моментално може да е во Шпанија и да ужива, вие пишувајте тука. Кој е посреќен? :D
     
    На kikkki, sj *O*, ZAHRA и 6 други им се допаѓа ова.
  11. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Дај боже и таму да си остане. Вакви другарки и околина не и требаат. :D
     
    На sj *O*, AAKG, Amelia. и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    А шо е драмата уствари?
     
  13. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    На почеток девојката кажа дека другарка и си фатила дечко и заедно се 6 месеци. Дечково си доаѓал во Македонија за да се гледаат и организирал одмори за заедно да одат но тој плаќал.

    Е сега само тоа го знаеме. Имаше некои дораснати мислења во стилот "Јас не сакам да ми плаќа некој" и толку.

    А имаше и мислења каде девојката беше наведена како спонзоруша бидејќи се ебела за пари, на дечково мајка му и татко му биле типични Балканци а не ги ни знаеме дали се живи или каде се, потоа тој ја носел за Франција само за да ја ебе. Пошо ние коа одиме на одмор плетиме гоблен. Немала чест и достоинство, срам за нејзината фамилија. Тој ќе ја изневерил и искористел за кратки. Таа ќе му чистела, готвела и перела. Тие што секој викенд шетале некаде не се сакале тоа не било љубов.

    Као кажи дали сакаш тебе да ти плаќаат или не, ама не вреѓај некој безпотребно.
     
    На kikkki, sj *O*, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за другарката, она ужива во врската, си го шета светот.

    Дали има или нема задни намери небитно и да раскинат барем уживала додека биле заедно.
     
    На sj *O*, Alexandrite, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    3.569
    Пол:
    Женски
    Го прочитав насловот на темата, дечкото да плаќа за сè..Па тоа сè уште со големи букви!

    И после се пишува дека „сè“ да ти било плаќање за шетање...

    Па така се сетив, ко вчера да беше - мојот дечко (сега сопруг), кога слушна дека тема за семинарска по географија ми даде професорот за Ватикан, ми рече: - Па ај да одиме Ватикан и место да бараш податоци од инернет, ќе ја напишиш семинарската од лично искуство...

    Тоа патување и после тоа уште многу други беа на негов трошок, затоа што секогаш ми беа понудени како изненадувања. И така јас со цело мое достоинство, кое воопшто не беше нарушено, ги прифаќав понудите и тоа беа тајм оф мај лајф времиња.

    Сега немаме време за патувања, со обврските, со деца па и со годините. :D

    Не секој ако сака нешто да направи за некого (во овој случај да части патување), значи дека има задни и нечесни намери. Ова го кажувам од мое искуство :)

    А, конкретно за случајот за кој се пишува, верувам дека е знак на добар гест од нејзиниот дечко, нека шета девојката и нека ужива.
     
    На kikkki, sj *O*, Yowannty и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    187.657
    Еве ви сега анализа за читање со разбирање.
    Девојкава има прв дечко, претходно никаде, ни на кафе не одела, пошто сиромашно семејство. Пепелашка ваљда.
    Го наоѓа принцов, македонец што работи во странство. Македонец, ништо не мора да значи, ни добро ни лошо, кај видовте богаташ, не знам. Наместо да има секс без обврски и безпари, ко сиот нормален свет во еу, он решил да има врска на далечина, кајшто плаќа за двајцата да се видат и бидат заедно негде. Пошто е досадно во мк, се среќаваат и на други места. Грешка. Ако е чесен треба да ја жени без да ја запознае, во мк да дојде кај нејзините да ја побара за жена, а не да се акаат по бел свет и да им скориваат јадови на душегрижници. А таму кајшто ја носи, нема шо да и ги плаќа сите оброци, нека мие садови во кујната за да си плати оброк сама. И барем новчаник да си носи, празен, празен, шо. Спонзоруша една непрокопсана, кај научила за спонзорските работи ко ни на кафе во животот претходно не била.
    Тажно.
     
    На kikkki, WarriorAngel, sj *O* и 20 други им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.795
    Допаѓања:
    53.461
    Пол:
    Женски
    Direktno vo meta (highfive)
     
    На kikkki, -црноока-, ZAHRA и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Ама зошто само од крајност во крајност се оди? Не е се така црно-бело.

    Многу пишале како дечковците ги частеле тогаш патувања, а сега се во брак. Ама не пишаа колку време биле во врска кога ги частеле. Ако веќе одат подолго, ако има изградено доверба, не гледам проблем.

    Е сега во примеров се 6 месеци, па и помалку од кога почнале. Додај дека е и врска на далечина, едноставно премалку време е за да се запознаат добро. Па мислам дека малку наивно е дека нема да сака нешто од неа за возврат.

    Е сега никако не можам да разберам како е таа зависна од него. Ако тој ја части со задни намери, тогаш тој ја манипулира. А ако таа прифаќа без да го сака, чисто да си се прошета, тогаш таа го искористува. Ама зависност никако не е. Без него ќе продолжи да си живее како што си живеела и претходно.

    Исто така не можам да се согласам на тоа инсистирање да е се 50:50. Ниту една врска помеѓу луѓе не е 50:50 и тоа не само за финансии. Се работи за недостиг на доверба во другата страна. Ако мислам дека едно частење на нешто ќе ми го извади низ нос понатаму, најубаво ич да не продолжуваме.
     
    На kikkki, Vraloma, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Доста филозофираш, да бараме богати мажи по можност од Данска. Аман да ти нацртам уште малце дека чекам богато да се омажиш да ме земеш.
     
    На sj *O*, Ugly Duckling и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Поголеми се шансите да те продадам за камили во Дубаи. :D
     
    На Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.