Дечкото да плаќа за СЀ!

Дискусија во 'Канта' започната од savageu, 17 март 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Добро, да. Ама океј е да имаш став за нечија книга, филм, нечија глума у филмот да критикуваш, пофалиш. Не дали другарка ти му ги троши парите на дечкото од странција
     
    На kikkki, sj *O*, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Па ти пишав не и е таа вистинска другарка, ама членката ако добро памтам баш и тоа го пишала за девојкава дека не и е нешто многу блиска, туку ја занима мислење за оваа појава.
    Зарем не смее да праша што другите мислат?
     
  3. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Смее и и' кажавме.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    И кажавте што мислите за појавата или пуздер ја направивте од епитети ставање, ај да не ги редам, затоа што само праша?
    Не пишувам за тебе конкретно дека ја навреди девојкава што прашала.
    Ти најдоцна се вклучи, а во Прашања читам и жустро било, иако јас тоа не го прочитав тука, дека нели избришано:D
     
  5. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Таа праша па не и се свиѓаше мислењето ко што видов, заостанати сме биле нешто и така си го доби заслуженото.
     
    На sj *O*, Bitter-Sweet и Polyincognito им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.297
    Ulaj edni :D :hug:
     
    На Carolin. и A94 им се допаѓа ова.
  7. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
     
  8. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    И таа смени мислење или само беспотребно ја изнавреѓаа поединки ваква била таква била, а таа само постави просто прашање?
    Е сега дека воведот и е лош и фалат многу факти за што сите сме едногласни, ете ај тоа да го замижиме:D

    Поентата ми е дека убивате дискусии со лепење непотребни епитети.
    Остајте со текот нека си иде темава, темиве итн. не секогаш сите што коментираат и сечии коментари ќе ни се допаѓаат, ама и тоа е ок.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.785
    Допаѓања:
    40.634
    Пол:
    Женски
    Сите го зборат тоа зашто мислењава тука ги доживуваат како напад кон нивниот личен живот и избори. Инаку океј е кога не ги засега. И да, како што пиша баш е смешно бидејќи во секоја тема што е најактивна се пишува воглавно за врски, бракови, одлуки, секојдневни работи, не за наса и ѕвездите.
     
  10. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ама каков напад, па немогуЌе е некој да ме нападне ако не му дозволам:D
    Нема врска, сакав да кажам ако јас за тебе не мислам исто како ти што си мислиш за себе е ок, што фактор сум ти јас тебе во твојот живот?
    Е сега е некултурно, безобразно де, да дрндаш на пример за здравствена сосотојба што е рецимо непоправлива. Нема на рецимо некој слеп да му се избациш со што дијагноза имаш бе ќорав или да брецкаш за блиско починато лице нели да му брцаш во џигер некому за работи кои се неповратни.
    За се друго што може да се промени, финансиска сосотојба, не знам ти работа, друштво, партнер итн. нема ништо лошо да споделиш со некого дури и различно мислење, нема ништо нападно или напад во таа размена на гледишта.
    Тие ситуации се променливи и секогаш со преземање на правилни чекори можат да се поправат, ама за тоа и се дискутира и се разменуваат секакви ставови и гледишта.
     
  11. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ми падна во очи тоа е дека за 24ч темава собра 280 скоро мислења (не е напад за ничие мислење ова). Но нешто што ме иритира во нашиот менталитет е прашањето "од кај му се на овој парите за да праи тоа и тоа??" Независно дали станува збор за девојката "социјален случај", дечкото кој е навидум shady па плаќа за хотелски провод итн, некој трет човек што се сам плаќал ама пак од каде му се парите????... Ако некогаш набројам причини зошто сакам да живеам у друга држава, трансакцииве кои ги праи наш народ на сметка на животот на непознати ми е прва причина да си одам. Не за друго со месеци си кратам од задоволства да си дозволам одење на конгреси/семинари, гарант комшиите мислат иам спонзори низ Европа. :sweat::D
     
    На sj *O*, sweet dreams **, -црноока- и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.920
    Допаѓања:
    8.431
    @Selena01 Баш како за последното напишано т.е само ти си знаеш како е реално, без разлика како ќе им изгледа на комшиите.

    Па така, и во ситуацијата со девојчето, другарката не е релевантен извор да каже како навистина е. Па уште кога вели, девојчето не носело паричник, мислиш она им е келнерот у Париз, па знае :D

    Nevertheless, прашањето на темата е како вие преферирате да биде плаќањето во вашата врска, па ко воли нек изволи и може да си одговара на тоа :D
     
    На ZAHRA, WildMk и Selena01 им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.000
    Допаѓања:
    187.676
    Ама воведот е самоубиство за темата, а многу факти освен дека се сиромашни, мрзи и злобни, не видов. А се помачив се да прочитам, збрда здола:tmi:

    Дечкото да плаќа се- нема такво правило. 50-50 нема такво правило.Во тема врски-правило за пари нема. Оти врска е, или треба да биде, меѓу двајца кои кликнале и кои имаат или се обидуваат да најдат заеднички јазик. Кој од што бил привлечен, кој какви очекувања има од другиот, дали да седат дома ако едниот нема пари, дали подароците значат љубов и се задолжителни-ама скроз нема универзално правило. Единственото правило е, да бидеш задоволен во врската во која си, и ако не си задоволен, да бидеш способен да излезеш од неа. Толку.
     
    На sj *O*, Kanya, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Фактите што си ги видела, ај си ги видела, ама не си видела добро дека не се во воведот, очигледно не си се помачила доволно:)
    Тие излегоа на површина кога друга членка претпостави дека се препозна кое е девојчево па основачкава на темава се надоврза со везење глупости.

    За другиов дел така си е, ама зошто мижите за евентуален, можен груминг, вришти од огромна можност на тоа да се сведе. Затоа сто пати пишав многу факти не ни се оставени на располагање, како и да е нивно си е, таа стварно може у Паризу брои чист ќеш или па ако се у Мкд. можеби во мал париз нешто друго брои, на пример колку страници има темава:wasntme: :D
     
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.920
    Допаѓања:
    8.431
    @Vraloma Леле бе, 3 страни, груминг, па груминг :D
    Тие живеат во одделни држави, таа тука студира, тој таму работи, време ограничено. Како да се видат инаку и да прошетаат еднаш месечно? :D
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.000
    Допаѓања:
    187.676
    Епа ете, мижиме за евентуален груминг оти нигде такви индикации немам видено. Некој спомна возраст негде како инфо или чисто спекулативно?
    Инаку јас може и да почнам да падавичам за трговија со луѓе, со органи, и штотијазнам, ама тотално надвор од контекст е само падавичење, нели.:?:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ај па и ти и тоа што велиш:D
    За грумингот јас не се фатив други начнаа ама па да у право си нема груминг, се е одлично, сите среќни и задоволни, само кога другарчиња на Били раскажуваат за што се им прават на женскиве тогаш грозничко станува:puke:
     
  18. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Не сме на иста бранова должина на темава.
    Стај се на место да си и мајка па разговарај си у себе или со други дали без грам грижа ќерка ти ќе ја пушташ да се шуња наваму натаму со магнатот од ЕУ:D
    Додуша ни ова не е некое мерило, секакви и девојки и жени и мајки не има.
    Се разидуваме со различни мислења и ставови тука или ако ти е досадно уште цитирај си:)
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.297
    Амин
     
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.920
    Допаѓања:
    8.431
    @Vraloma Се читаме, не се нервирај толку де :D
    И си стојам на пишаното. Ништо стриктно таа не им кажала, валјда само се испофалила дека тој ја шета, тој плаќа. Без новченик буквално не значи дека тргнала, тоа така е напишано на крај за да се исфилува по филмски околу достоинството.

    За крајното се согласуваме, но и си треба стоење подалеку од завидни луѓе :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.