1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечкото да плаќа за СЀ!

Дискусија во 'Канта' започната од savageu, 17 март 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    И што ако плаќа? Девојката не работи моментално, кога ќе работи сигурно ќе му купи нешто или ќе почасти.

    Јас со дечко ми на почеток од врскта не работев бидејќи сеуште студирав, бев со трошоци до небо. Првиот одмор тој го плати самиот. Често идевме на викенд, вечери или излегувања и јас учествував со некои 10% од трошокот. Тој самиот не сакаше да давам пари бидејќи имат важни трошоци.

    Тој работи и има голема плата и сега бидејќи јас немав пари требаше да седиме дома во 4 ѕида? Еве сега и јас работам и подруго е. Му имам купено неколку пати подарок, викенд и кога излегуваме делиме сметка. :) не е научна фантастика.
     
    На _beautyy_, ZAHRA, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    ne
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Се знае за што се плаќа, за секс.
    Уствари заљубени се многу :rofl:
    Божем ова е брачен пар со деца, кредити, поминале проблеми заедно па сега се договориле кој ќе носи финансии, кој ќе води домаќинство.
    Неколку состаноци, неколку месеци врска, се знае за што се плаќа :music:
    Е сега, се додека е взаемен договор нема што да се мешаме.
    Само она што мене ме мачи е што млади девојки уште имаат аспирација да се омажат богато, ко тоа да е најголемото достигнување во животот, а се толку способни, паметни, талентирани за многу работи.
    Одмори секој месец, едно кафе не плаќаш, чанти, штикли, ама секс кога тој сака, кога ќе се мажиш ручек кога тој сака, гаќите мора да му се испрани во секое време, само тоа не се покажува на инстаграм и затоа не верувајте многу на - најдов дечко што се ми плаќа, а за воврат му е доволно само моето присуство.
    Работете на себе, учете, стекнете некоја вештина зошто тоа да знаеш дека сам си постигнал нешто, не се купува со никои пари, а ова другово еден ден ќе избледе, човек што очекува друг да му плаќа за се, не знам како би се соочил со вистински проблеми во животот.
     
    На FreeToGo, Estranged, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.046
    Пол:
    Машки
    Почетното мислење, за жал, премногу мириса на некаква љубомора и затоа е малку тешко да се види ситуацијата од друг агол.

    Генерално не гледам што прават погрешно доколку двајцата убаво си функционираат и се согласуваат - и што е најважно, доколку парите не се фактор за балансот меѓу двајцата и не влијаат врз односот (пр. бидејќи јас плаќам ќе биде како што јас сакам).

    А во спротивно не гледам ништо погрешно.

    Прво, не секогаш партнерите заработуваат исто, и не можат исто да придонесат материјално.
    Сепак, долгорочно би очекувал барем да работи партнерот колку да си ги одржува работните навики и да има чувство дека колку-толку допринесува. Ама не гледам зашо би било глупо ако ете едниот заработува добро и може да овозможи удобност за двајцата.

    Второ, малку глупо е да се ставаат во ист кош сите жени кои не работат туку ги издржува партнерот.
    И многу е грдо што овие жени се прават лепачки, лижачки или не знам што. Прегрдо... И срамота...
    Не е баш дека сите кои се во таква врска или брак, по дифолт, трпат некакво насилство од партнерот што (повеќе) заработува.

    Трето, на подлабоко ниво, испаѓа ги делите луѓето на сталежи/класи.
    Значи сиромашни ќе одат со сиромашни. Средна класа со средна. Богати со богати. Добредојдовте во средниот век бе. Шо е следно? Да се напијат отров као Ромео и Јулија пошо семејствата не им одговараат?
    Мислев дека еволуиравме од таму.

    Остајте ги луѓето нека си уживаат, се додека едниот не му нанесува штета на другиот.
     
    На kikkki, _beautyy_, Biljarkata и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.626
    Пол:
    Женски
    Девојката е од многу сиромашно семејство и вие се најдовте да кажувате дека е срамота што некој ја сака доволно за да и приушти убави работи? Многу ми е драго.
     
    На ane.bella, ZAHRA, Nana1156 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.219
    Пол:
    Женски
    Гледајте си ја работата и не се мешајте во туѓиот новчаник. Нејзиното достоинство си е нејзина работа. Нивни проблем е кој ќе плаќа, кој има а кој нема. И во брак може едниот партнер да плаќа за се а другиот да не работи воопшто. И тоа е способност, си нашла девојката тип кој воопшто не се штеди кога е таа во прашање. Многу би сакале така да најдете. На форумов колку сакаш светици а во живо ќе му се залепат сто женски на тој кој има пари.
     
    На tel-ef, ZAHRA, Nana1156 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. girll_aa

    girll_aa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Не сум против тоа да дечкото плаќа све,меѓутоа јас не ви можела тоа да си дозволам,срам мие незгодно мие,дури и за ручек обичен го вадам новчаникот,а со другарките имаме збороено на таа тема и си го дават своето мислење дека дечкото треба да плаќа скоро све.
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Познавам една добро омажена, па иако мажот плаќа сè, шетаат често, дома нема таа никаква обврска, затоа што при таа пара имаат и куќна помошничка за ручек, за перење и чистење.
     
    На kikkki, ZAHRA, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Нај веројатно во ставот за ова зависи како те воспитувале од дома и какви принципи имаш.
    Маж да ми е ќе се размислам дали би одела толку често на патување а не па дечко. Денес го има утре го нема. Љубовта проаѓа и да збори утре како ме прошетал и сум видела "бел ден" ради него и сум му ги јадела парите? Не фала.
    Може 1 патување еве и 2 зависи колку долго сме заедно. Се над тоа ми е too much.
    Јас сум со такви гледишта. Колку имам толку. Нека сум и социјален случај, можеби во моментот не можам ќе се потрудам да работам заработам па да можам и јас да си дозволам шетање. Тоа не значи дека јас треба да идам по цела Европа на туѓ грб затоа што сум социјален случај. Посебно со дечко.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Аха значи според тебе тие што се сиромашни треба да имаат сиромашен дечко и да идат на кафе во шталата?

    Какво ви е ова размислување дека сиромашна девојка не може да биде сакана од богат дечко?

    Сега ако таа нема пари, треба да седат дома во 4 ѕида поради што ќе кажете вие.
     
    На ZAHRA, Agness, Nana1156 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Не знам каде прочита такво мислење?
    Далеку било дека треба да седи во штала или не смее да најде богат дечко. Неам проблем ни со едното ни со другото. Имам ЈАС лично проблем со тоа некој секој ден да ми плаќа нешто. Па макар и кафе да е. Ако ме сака ќе седи и на клупа во парк. Така? Што мора да идам секој ден по кафичи. Ќе одам кога ќе имам пари после х пати каде што он платил за кафе. Тоа е пак ќе речам мое мислење.
     
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Што ве занима како функционираат другите? Нема што мислење да имаме, тоа си е нивна работа, ако нив им е убаво нема што други да се замараат за туѓа врска. Да е твоја ок, побарај совет али вака не знам што став би изнесла тука.
     
    На ZAHRA, butterfly6223, kolovoz и 10 други им се допаѓа ова.
  13. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Не е важно дали таа или тој плаќа, важно е да се заедно и да се среќни. Утре може да се заврти тркало, тој да нема таа да има, па тогаш таа би плаќала.
    Среќата нема цена :)
     
    На kikkki, cresa-jagoda и sj *O* им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    40.590
    Пол:
    Женски
    Таман работа пиење кафе во штала. Само што, колку и да не е фер пара на пара оди. Некој што направил богатство и станал успешен надвор од земјичкава а се вратил тука да земе сиромашно девојче што нема искочено надвор од дома се кладам дека сака да ја направи зависна од него и/или да ја искористи само за секс. Љубов за пет месеци, абе сигурно.
    Ако она си ужива сега супер, нека си поужива и ич не ја осудувам, само да не се лажеме дека сѐ е така розевко во вакви врски.
     
    На kikkki, Glowy, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.280
    Каде ги наоѓате овие вакви дечковци?
     
    На kikkki, tel-ef, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    na insta. :D
     
    На kikkki и Dayandnight им се допаѓа ова.
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.104
    Пол:
    Женски
    Јас ти ја разбрав поентата на прашањето. Ама секој не чита.
    Ти праша што мислиме на темата дечко да плаќа се. а тука те распнаа дека и завидуваш на другарката.
    Јас лично сакам се од мои пари. Така било така и ќе биде.
     
  18. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Затоа што се гледате преку призма на пари, затоа вака размислувате...
    Ете и да е само заљубеност, да не е огромна срцепарателна љубов во прашање, не мислите дека дечкото можеби сака да и надомести за сиромашното детство, младост? Дека сака да се потруди да ги види убавините на животот, да ја направи среќна?
    А јас искрено би била среќна некоја моја другарка, која живеела сиромашен живот, да најде некој кој ќе ја чува и ќе ја сака....
    Ова вашево испаѓа зошто на неа не на мене...
     
    На Cinnamon Bun, Glowy, ZAHRA и 12 други им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.280
    Мене душа не ми дава некој да ми плати нешто, дури и кафе.
    Пошто ќе дојде ден ќе ти го истури низ нос тоа фамозно кафе.
    Кој не би сакал да не си ги троши своите пари, ама потоа се си има последици.
    Друга приказна е на кој колку му е угодно, и ако нешто разбрав тоа е дека нема потреба да се осудуваат тие што им годи друг да им плаќа. Што сакаат нека прават, мене лично не ми е убаво да ми плаќа некој пошто се осеќам како да сум сиромашна, или како да сака да ме купи со едно кафе, како да сака нешто за возврат. Затоа и не дозволувам, чиста сметка, чиста совест.
     
    На Vraloma, Ugly Duckling и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Далеку било дека не ми е мило за девојчето. Ми е.
    Треба секој да живее како неговата совест би му дозволила.
    Јас кажав дека лично за мене не би ми било пријатно.
    Сум немала пари. Па не сум дозволувала кафиња да ми плаќаат а не нешто повеќе, со маж ми дур бевме дечко и девојка ако он денес пр платил кафе јас ќе платам утре.
    Денес маж он ми купил пр хеланки јас ќе му купам парфем итн.... Има и кога и немаме и двајцата и никој на никого ништо не купува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.