Дечкото да плаќа за СЀ!

Дискусија во 'Канта' започната од savageu, 17 март 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    А што ако НЕ Е типичен Балканец? Што тогаш? :)

    Не може овде ништо да кажеме. Можеби ја сака. Јас пари не би фрлала за некој што не го сакам. Но за дечко ми што го сакам без проблем би платила 1000€ за одмор. Јас со тоа не го купувам него, едноставно инвестирам во нешто заедничко. Заедно одиме, а не тој сам.
     
    На IRBBB, ZAHRA, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    8.403
    Кај најдовите дека таа е 18, тој над 30, жити се? :D
    Ако студира не значи дека е 18. А и ако тој работи не значи дека е над 30. Колку млади деца од МК одат и работат по Европа.

    Првиот пост убаво си кажува- љубоморна сум на другарка ми, злобно секој ден ја оговараме, па ај да добијам поддршка и на форум, ама јок :D

    Не може на никоја што за другарка и вели дека е 'злобна', правилно нешто да им светнува. Им светнува да, ама црвеното и зеленото во очите :D
     
    На Glowy, IRBBB, Estranged и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Јас па никогаш не сум го разбирала тоа 50 50 во врски и бракови. Ајде ако еднакво заработуваат, може така да се распределат финансиите. Но едниот ако заработува 1500евра а другиот минималец, 50 50 плаќање на трошкови, значи дека едниот до крај на месец ќе е без пари а другиот едвај го осетил трошокот.

    Во случајов можеби дечкото сака да прошета, да патува, но не сака сам. Сака со неговата девојка да ги искуси тие нови авантури и патувања. Заедно да имаат искуства, да и покаже други работи, да види и она други држави и градови.
    Да беше случај дечкото сам да патува а таа дома да седи бидејќи не може да си го плати патувањето, мислам дека повеќето ќе скокневте како е скржав, сигурно ја изневерува на патувања па не ја зима, не ја сака доволно да и плати и на нејзе, итн.

    Зошто да не ја прошета ако може да си дозволи? Зар треба посебни животи да живеат дур не дојдат на исто ниво?
    И обратна да е ситуацијата, девојката да има пари а момчето да е сиромав, зошто тој што може да плати - да не плати за заедничкото искуство?

    Одма се фаќате за негативни сценарија, ја искористувал, малку време биле заедно итн. Не е секој случај таков, и не треба да поминат 15 години за да е валидна љубовта.
     
    На kikkki, Cinnamon Bun, Glowy и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Nana1156

    Nana1156 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Еј како бе, а не помисли дека ти врши ГРУМИНГ, дека е со тебе за секс ? Другарките не те пишуваа на фемина дека дечко одмор ти платил дали е нормално ? Научна фантастика е за некои кај да фатат таков ист дечко хах
     
    На cresa-jagoda и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Затоа што сте живееле во таква Балканска околина, затоа мислете дека типот сака да ја ебе и земе за слугинка.

    Пошто еј научна фантастика е богат дечко да засака сиромашна девојка.

    Не ви е крива девојката што немате богат дечко кој сака да патува со вас. Не мора да го искажувате змиското во вас.
     
    На ZAHRA, mssuniquee, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.616
    Пол:
    Женски
    Ова.

    Некогаш имам чувство дека не сте осетиле да сте со некој кој сака да ви дава од љубов, дека во врска е нормално да делите финансии, односно не е трагично некој да сака да ви пружа, ако има.

    И јас сум прва која се осеќа uncomfortable со тоа некој и обично кафе да ми плаќа, но се обидувам да се опуштам.

    Премногу озбилно ги сфаќате парите и имате некои грутки во врска со тоа, и таа претерана потреба по независност и мое-твое не е некоја особина за фалење..
     
    На Cinnamon Bun, Bubbles02, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Знам дека е со мене неколку години за секс само. :( Инаку другарките нема каде не пишуваа за мене. Замисли ме купи со еден одмор. :rofl::rofl: Евтина сум била. Од сега ќе барам повеќе. :makeup:

    инаку да, сарказам е. Јер има буквалисти. Немав пари, скап беше факултетот. Тој плати за одмор и сите други трошоци. Има платено за многу други работи и подароци. Заедно сме, ме сака. Сега јас работам и враќам по иста мера. Не, не живееме на Марс.
     
    На ZAHRA, Michaelalala, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.865
    Допаѓања:
    36.532
    Пол:
    Женски
    Уште една тема ко за пред селска чешма :rofl:
    Кој кого финансира, зошто и како ич, ама ич не треба да ги засега останатите, туку само инволвираните ;)
    Ете, толку е просто :nod: Се останато е оговарање, завидување, малограѓанштина итакодаље.
     
    На Glowy, neno0o, Amelia. и 9 други им се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    4.102
    Пол:
    Женски
    Така малце никој не е реален. Да беше маж да кажеше дека девојката плаќа одмори оти он е сиромашно семејство итн итн ќе го начукавте од кај што излегол народски кажано.
    Сега тука е оправдано дека девојката да осети малку што е живот. 18+ ако има не е неработноспособна.
    Нема врска не навлегвам.
    Во една тема имаше девојка поставено прашање дали да прифати одмор од дечко бидејќи она не можела да си дозвол и тој сакал да и плати.
    Повеќето бевте за НЕ, кога ќе има да оди. Посетете се!
    Што е поразлично и со случајов со девојчево? Нека оди да шета ако е само љубов во прашање кога ќе има бар едно кафе од 4-5 евра да си плати. Нели?
    Како се пуштивте на девојката што пиша, ако не да ја најдеме и да ја натепаме?
     
    На Vraloma, desperate15 и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  10. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Затоа и нема никакви дискусии. Конечно една тема побудува интерес за пишување, ако не мислиш исто како сите одма напаѓање и убедување зошто да не мислиш така и тоа на форум за дебата. На кого да му се пишува? Мора да имаш мислење како сите, не е интересно така.
     
  11. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    :bow:(highfive)
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    27.235
    Малку треба да гледате пореално и потревезно, посебно во земја каде буквално има изневерувања на секој чекор и искористувања.
    Баш напротив, ако е голема љубов нема потреба СЕКОЈА недела да се оди во Париз, Милано итн.
    И овие тажни приказни, сиромашна била.
    Верувај пола држава сме сиромашни и не може секој да си дозволи Париз, па не е дека треба на 18 години со првиот дечко секаде да одам.
    90% првиот дечко нема да ти е последен.
     
    На kikkki и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    8.403
    @GirlRose Епа ако е голема љубов, ај у подрум ќе седат, при пари, само за да не рече народот нешто друго е.
    Па дечко и девојка, а секс секоја недела? Бесрамници :D

    Стварно не ми е јасно зошто луѓе се нервираат кога некој тргне со богат партнер? Што велеше Роналдо за почетокот на врската, нормално Џио ќе ја возам во Бугатито, таа ми е партнерка, кој да возам :D
     
    На WarriorAngel, IRBBB, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    9.298
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе девојчево што ја отвори темава не кажа ништо за злоупотребување и искористување од страна на дечкото. Тоа ние во нашите мозоци си го измисливме и сеа оп крив е дечкото, сигурно ја спонзорира.

    Зборот ми е дека не ги знаеме сите детали од врскава, еве шансите се 90% дека ја спонзорира ама постојат и 10% шанси да не ја спонзорира, малку се ама постојат. Нема потреба да се навлегува во непостоечки детали кога главното прашање беше во општ случај дали е нормално дечкото да плаќа.
    И пак ќе кажам, ако тоа е ствар на договор меѓу двајца и никој не е оштетен од тој договор нека тераат, никој не треба да им се меша.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    1.177
    Пол:
    Женски
    Абе на темава сега како е се ок да ти плаќа , издржува друг, а по другине теми попувате како жените зависат од мажите, срамота било да зависат, требало да работат вака така, а башка им се жени и деца им родиле, а оваа му е само девојка и е сосема ок. До кога со овие двојни аршини.
     
    На Noranora и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  16. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Ако не одиш на патувања со дечкото цело време, што врска е тоа те молам, ќе ти биде досадно, ако немаш мора да те финансира, инаку пропадната врска ви е тоа :rofl:
     
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    8.403
    Премногу сте огорчени. Значи парови што имаат можност да патуваат не треба да патуваат, за да други парови не се осеќаат лошо?
    Grow up. Научете малку да се радувате на вашиот живот.
     
    На sunshinebabe, ZAHRA, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.191
    Пол:
    Женски
    Па не е научна фантастика ама е сценарио на повеќето турски серии. :D А реалниот живот не е баш таков. Не дека е невозможна ваква љубов со екстремна разлика во финансии и без задни намери, ама во 90% од случаите се работи за уште еден лесен начин да се најде партнер што можеш да го контролираш.

    Инаку во мојата глава ми е запечатено дека додека не застанам на свои нозе нема да се луксузирам на никаков начин и нема ни љубов ни сума на финансии што ќе го смени тоа. Rule of thumb ми е во животот. Не доаѓа предвид едноставно.
     
    На kikkki, sunshinebabe, Vraloma и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Во нашата врска јас бев таа што имав повеќе пари и еве кажувам дека никогаш никого не би финансирала 100%, како што не сакам јас да сум финансирана, ниту мое дете сакам да е финансирано од дечко/девојка.
    21 век е, да збориме еве и од другата страна дека и жена може да финансира се, не само мажот.

    Не ми е гајле дали е себично, но никогаш не би финансирала здрав и млад човек што е работоспособен. Збориме за врска, уште па за 6 месеци. Во брак ако се случи некој да остане без работа е друга ситуација, но пак не сметам дека треба доживотно некој да не работи. Пак кажувам, фриленсинг денес овозможува многу опции и можности за да никој не чека 100% да биде финансиран од никого, за студенти, за луѓе што моментално немаат работа итн.
     
    На Vraloma, desperate15 и Youknow им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    27.235
    Малку ги мешате брзините.
    Воопшто не е во прашање што ќе каже народот и дали некоја си не толку блиска пријателка ќе отвори тема на анонимен форум.
    Прашањето е зошто?
    И конкретно не е за 18 годишната за која е наменета темата ни па за некоја која се пронашла.
    Зошто да зависам финансиски од маж во 21ви век?
    Не е за подрум, ама иста екстрема е и Париз. Не се нервира никој, само нон сенс е, и само или многу млади или многу наивни ќе поверуваат во таа приказна дека е све за љубав. Реалноста е малку погорка и друга од шетање секоја недела во Париз, ама вие си знаете.
     
    На Vraloma, Youknow, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.