1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечкото/девојката или другарите/другарките?

Дискусија во 'Канта' започната од milicka19, 8 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со тоа кога другарите или другарките имаат влијание при изборот на вашиот партнер? Не често се случува тие да не се согласат со вашиот избор можеби затоа што ви љубоморат. Кога врската ви станува сериозна тие прават се да ви ја расипат бидејќи им “недостигате“ во друштвото и ред многу други работи. Кога сте со дечкото и девојката постојано ви ѕвонат на телефон ве вознемируваат. Но тие сепак ви се другари или другарки сте минале дел од животот со нив неможете туку така веднаш да ги откачите, сте пробале да му објасните дека и тие ви се важни и имаат место во вашиот живот но тие не сфаќаат. Како би постапиле тогаш?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не дозволувајте никој да ви се меша во врската, тоа е непишано правило. Денес не е тоа време веќе другарките се побитни, бла, бла...нема веќе тоа...

    Ако на вашите другарки не им се допаѓа вашиот избор, а вас ви е убаво, не се вистински другарки ако не го сочуваат тоа за себе.

    Сте им недостигале...туф туф...абе мноооогу.

    Јас лично сум гледала дечкото да не ми е од истиот тесен круг на другари затоа што од искуство со безбројни примери околу мене сфатив дека тие прекрасни другарки кои многу не сакаат и им недостигаме се причина за распад на прекрасни врски. Јас откога се омажив на другарките им дадов јасно до знаење, ќе си се дружиме ама не ми окупирајте цело време, почитувајте го тоа што сум мажена, а ако не го почитувате да си оформам нов круг. И кругот на тие предобродушни другарки се стесни за десет пати :D . И никако запознавање на дечкото со сите дргарки, тоа никако. И да се случи нешто, не дај Боже, ќе боли многу повеќе ако другарка ве зезнала.

    Абе интересна работа ќе излезеш со нив ќе ти ја наполнат главата со глупости и едвај дома се воздржваш да не се скараш со дечкото. Ова сигурно на многу им се има десено. Ако е така, со таквите другарки на дистанца секогаш.

    Почитавајќи ги овие правила (да чукнам во дрво, пу, пу :lol: ) бракот ми е сто пати подобар отколку што јас очекував :nod: :sun:
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.