1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко или Црнокрак?

Дискусија во 'Канта' започната од babybaby333, 4 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. babybaby333

    babybaby333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво.Имам не многу голем проблем но сепак е.Во врска сум веке 9 месеци.Се сложуваме се ни е во најјдобар ред,но пред некоа ден ме побараа од црнокрак да бидам модел јас пресреќна му кажав на дечко ми и тој наместо да се радува со мене тој почна да се лути зошто морало баш јас да одам некел да ме гледаат други по тв списанија и сл. Се однесува како да е од 50те години неможам да му го поднесам тоа зборување.Откако му кажав за мојата среќна вест се немаме видено контактираме само преку фацебоок ладнокрвно и тоа само ако јас му напишам.Голем инаетчија е и незнам како да го убедам и ако не се јавам јас нема никакви шанси да ме побара он.. Го сакам но веќе претерува.Што да направааааааааааааааамм????
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Дечко или црнокрак?

    Оооо од двете зла помалото избери го хахаха. Извини, но јас морам вака да изреагирам. Црнокрак- голем к*р! Многу непрофесионална агенција. Јас не знам кој те лажел дека ќе те има по списанија и по ревии, тоа од Црнокрак го имаат постигнато, една или две девојки. Ако сакаш да бидеш девојка за по емисии, девојка за по промоции, да стоиш во казино или пак да играш во позадина на некој спот на албанец ....ок, оди во Црнокрак. Прашање е и колку ќе ти платат за тоа. Страшно!
    Можеби дечко ти гледа од тој аспект. Како и да е, тој нема право да ти забранува дали нешто да правиш или не. Ама морам да признаам дека во случајов и јас би ти рекла да не размислуваш за Црнокрак. Пробај во Подиум или во Моделс- Ин, барем тоа се сериозни агенции ;)
    Поздрав :)
     
    На N.A.T.A.S.A, unique123 и Mistery им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Дечко или црнокрак?

    Јас ептен сум против тоа дечко да ти кажува или недај боже да ти забранува да правиш нешто.
    Ама коа прочитав Црнокрак, го оправдувам по малку. Сега незнам која му е причината, ако е љубомора тогаш откачи го, зашто ова ќе биде само почеток. Може понатаму да ти забранува се и свашта. А ако не се работи за љубомора туку добронамерен совет или обид негов да те отргне од оваа (за мене) глупа идеа тогаш има право.
    Ете ФБИ ги наведе горе причините за оваа таканаречена модна агенција. Дури и да го тргнеме фактот дека имаш дечко, ете да речеме дека не постои како пречка тогаш јас пак би те соверувала бегај подалеку. Стварно имам слушано лоши искуства и лажги. Подобро обиди се на друго место за оваа професија
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Дечко или црнокрак?

    Бегај од Црнокрак додека не си почнала, Мики е говедо од човек. Ако треба да ти плати 50 евра за нешто ке добиеш само 20, така да немој ни да почнуваш.
    Оди си во Мак Моделс најсериозни се, Моделс Ин и така и така, имаат неколку добри девојки и само нив ги форсираат.
    А за дечко ти, нема што он да ти забранува, ако му одговара ок ако не штикла. Сега за ова мрчи, утре можеби за некоја сериозна работа, не се знае!
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Дечко или црнокрак?

    Разгледај ја убаво ситуацијата како што ти кажаа феминките погоре, доколку се работи за толкава љубомора што дури и не се радува на твојот успех,тогаш нешто не е во ред. Но, мои пријателки имаат и те какви искуства со Црнокрак, верувај никој не би ти ги препорачал. За плаќање немам коментар.
    А дечко ти ваљда си го научила за овие 9 месеци каков е, откриј дали е обична љубомора, го има истиот став кон сите агенции или едноставно го мачат стереотипите што кружат за манекенките и моделите. Среќно :)
     
  6. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Дечко или црнокрак?

    Девојчето таман се израдува дека ќе ја има по списанија на насловни, вие глеј шо и праете....да и јадете газо :D ;)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Дечко или црнокрак?

    Мој предлог Црно Крак...(сепак ова е само мое мислење)
     
  8. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Дечко или црнокрак?

    Јас верувам дека тоа што дечко ти почнал да се понаша ладнокрвно е само неговиот страв дека може да те изгуби. Не е тоа некоја љубомора или дека тој не се радува за тебе. Сепаk за Црнокрак верувам повеќето од нас имаат слушано само лоши искуства. Можеби тој токму заради тоа не сака да одиш таму. Ако навистина сакаш да станеш манекенка види во други модни агенции како што ти посочиле феминките.

    Сепак ако го сакаш, и ако е вашата врска цврста и убава, мислам дека не треба да ја ставаш во прашање заради минливи и небитни ствари.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Дечко или црнокрак?

    Љубомора, шта чеш :D :D :D
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Дечко или црнокрак?

    Можеби и дечко ти како и повеќето од нас има слушнато лоши работи за агенцијава,но за жал и вистина се.Разговарај со него зошто е таков неговиот став,не мора одма да го сватиш тоа како љубомора,можеби така прави да те заштити.Не знам види разговарај,прашај што е,можеби нема да има ваков став ако се одлучиш за друга агенција.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.