1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми ме силуваше

Дискусија во 'Канта' започната од Aleksandra12334, 26 јули 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Извини но мене овде нешто не ми е јасно. Не знам дали останативе ке ме сватат но вака полека. Прво рече ти пракал вознемирувачки фотографи. Па си простила, после тоа ти рекол ке дојдам ако имаме секс, а ти и низ тоа прогледа и му прости. Друго што не ми е јасно е како четавте, шетавте и наеднаш дојдовте до тоа напуштено место ? Зошто кога знаеш дека тоа е напуштено место одеше натака? И така тој дошол кај тебе, не си отишла ти во неговото село. Девојче овде многу работи се нејасни. Него слушај, ако ти сама си легнала со него и не сакаш дома твојте да дознаат тогаш кути си, бидејки гледам дека кажуваш и дека сестра ти ја снимале додека водела љубов,.па поради неа и тебе нема да ти веруваат. А ако ја кажуваш вистината тогаш ниеден страм не е поголем страм од неправдата која ти е направена.
     
    На SimonaTino, Pepelaska25 и Summerlover им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Проблемот на твоите не треба да ти е сега во памет. Татко ти е возрасен и знае што и каде греши. Ти имаш свој проблем кој ке ти биде на терет цел живот. Тоа што се случило со сестрати не било силување, туку изводење порно ѕвезди а и тој период се вртеа многу такви сминки. Твојот случај е друг. Незнаеме како веке да ти објасниме дека ти не си виновна. Ти не си погрешила. Ти ке бидеш виновка кога утре тој ке се фали дека те искористил. Ти ке бидеш виновна ако не го пријавиш, со тоа што мажите си земаат поголем замав и ке настрада и друга и трета и кој знае уште колку. Нема зошто да се секираш твоите дали ке бидат усрамени. Треба да се секираш за твојот живот и иднина. Ти кажувам ако сега премолчиш, цел живот ке имаш последици со недоверба, страв, срам и уште многу други грди работи. Гаќите и фармерките ти се доказ. Ке го кажеш и местото. И како што кажа дека многу те болело ти сигурно имаш некоја внатрешна повреда. А што ако си бремена? Поголема мака од абортус нема, а ако сакаш да го родиш на тие години, тоа дете цел живот ке те потсетува на овој ден. Што ако имаш некоја болест? што ке правиш тогаш? Јас сум сигурна дека мајка ти ке знае што да направи.
    Бараш одмазда а незнаеш како. Епа смести го во затвор и ете како. Само имај на ум, дека поинаков начин немаш за да му се одмаздиш, а тој може сеуште да те повредува и понатака ке може. Може пак да ти го направи истото. Може утре да го сретнеш со друштво и да ти се загледуваат сите и да ти се смеат. Може утре да го видиш со жена и дете е тогаш ке се почувствуваш подоле од дното, за тоа што си дозволила таков кретен да има добар живот.
     
    На cresa-jagoda и joy1 им се допаѓа ова.
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Нате, не труди се да најдеш логика во нелогични работи. Он од село а она од град, тој дошол кај неа и наместо као сав нормалан свет да седнат некаде да напраат муабет а они отишле на напуштено место. Кај најде во град такно напуштено место со стари напуштени куќи, само господ знае.
    Инаку ти кажа многу паметни и логички работи, но за жал во филмовите и во романите понекогаш има нелогички нешта.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marzyana

    Marzyana Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Зошто мислам дека девојката ептен трола и приказната е science fiction :)
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wiyezci

    wiyezci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Одма мораш да го пријавиш СИЛУВАЊЕ е,против твоја волја! Мораш да им кажеш на твоите,и оди на лекар!Подготви се и прибери се психички :)
     
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Го прочитав 100 пати може нејзиниот пост, со цел ако можеме на било кој начин да помогнеме, но за жал ми изгледа како уште некоја занимација. Така да јас немам што повеке да додадам. А ако грешам. тогаш се извинувам.
     
    На Pepelaska25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Ете така ке докажеш, ке го извадиш кесето со гаќите од скришното место и ке ги однесеш на соодветно место.И неперените фармерки исто така.
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    6.467
    Девојки, не се чудете што му прогледала низ прсти, женско ко женско заљубено и заслепено во моментот, ништо друго не гледа и не сака да чуе, кога сакаш некого зборувам за овие тинејџерски години, мислиш дека е тоа којзнае колку силна љубов и дека е крај на светот ако раскинете. Има и такви типови на луѓе. А и они релативно долго оделе, скоро година дена и имала веројатно доверба во него, па не и дошло чудно кога ја завлекол натака, на понапуштено место, иако верувајте има и во град такви места, некоја населба најверојатно.

    Туку, тоа што ме чуди мене е како за толку време не приметила некое чудно однесување кај него, нешто што би личело на озбилна закана. Може и мене некој дечко после година одење да ми побара и јас да го одбијам, но побогу нема да ме силува веројатно. Како и да е, ако е вистина ова дечково е стварно болен и настран. Девојче, срам не срам стави ја домашната ситуација на страна зошто во моментов ти си најважна. Твоите нема ништо лошо да мислат зошто ти си жртвата овде, а не тој. Земи ги мајка ти и сестра ти под рака и право во полиција и на лекар додека сеуште има докази за насилно влегување. Поголема одмазда од тоа да го гледаш ѓубрето зад решетки, нема. :)
     
    На Elennaa и kim.k им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се си мисалам дека нема пак да ни пише
     
    На Abeja и natemila им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Првин не знам каде ти била главата девојко!
    Мислам, добро бе, зарем по цела година излегување заедно не си проценила за каков човек станува збор? Сериозно!? |(
    И стварно, каде по ѓаволите сред град сте нашле запуштено место каде никој не можел да те чуе како врескаш?
    Освен тоа, не ми е ни мене логична уште една работа...
    Како ти потоа стаса до дома? :?: Тој не те следеше, или присилуваше да молчиш за ова?
    Ништо не можам да разберам...
    Ама уште повеќе не можам да поверувам колку денес вие девојките може да бидете лековерни, тоа е чудо едно значи!

    Сепак, назад нема. И сега сешто може да направиш е да кажеш на твоите дома и фино да си појдете до полициска станица да го пријавите. Или се надевам дека веќе си го сторила тоа бидејќи е правилно.
    Очекувај твоите дома да бидат лути, но едно имај на памет уште од старт - ТОА НЕ Е ТАЈНА СО КОЈА ТРЕБА ДА НАУЧИШ ДА ЖИВЕЕШ, а уште помалце од ден на ден да ја потискаш во себе!
    Значи никако! :|
    Ваљда твоите не гледаат со исти очи кон тебе и сестрати? Не верувам дека не сфаќаат дека сте потполно различни личности со спротивни карактери. Не знам од каде толку страв само.
    Ако не си виновна, ќе докажеш! Наместо да го криеш долниот веш со фармерките однеси ги како доказ за стореното дело во станица, и тие таму ако имаат бар малку совест ќе преземат некакви мерки.
    Исто така имај на ум, дека ако не го сториш ова ништо добро не ти носи иднината. Бидејќи сешто може да ти се случи е да ти останат тешки трауми, и да створиш одбивност кон машкиот род па како резултат на тоа никогаш и во никого повеќе да немаш доверба.
    Ако е тоа она што го сакаш, терај..Ама не верувам дека е така.

    Сепак, како и да е, конкретно за дејството, вината не е твоја.
    Од друга страна па, не си можела да го предвидиш текот на настаните, и сигурно не ти ни паѓало на памет дека после толку време излегување може да направи една толку кварна работа!
    Сепак, не си требала да одиш толку далеку со него сама, ама тоа е сега, бидна.
    Како и да е, те молам не дозволувај да бидеш осамена во оваа борба, бидејќи не си и никогаш нема да бидеш! Постојат многу жени и млади девојки како тебе кои се соочиле со истото па имале храброст да направат чекор напред...

    Значи, сериозно, пријави го во полиција гадот! Не прави си себе си дополнителни проблеми. Млада си..
    Ако пријавиш ќе се превенираш себе си од повторно силување и уцени кои може да ти ги постави во иднина. Гледаш и феминките погоре те охрабруваат. Биди јака, и имај на ум дека со тебе сме сите. :)
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Значи прво читајте убаво не мора одма да осудувате.
    Девојчето пиша дека оделе 11 месеци и дека последните 2 месеци почнал да се однесува чудно и да збори за секс. Како и да е, нормално дека девојчето не помислила дека ќе ја силуваат. Мислам кој би.

    Како и да е, убаво кажаа нема назад, ама сега ТЕ МОЛАМ пријави го гадот.
    Неизживеаниот простак МОРА да плати за тоа што го сторил. Биди себична, мисли си на тебе! И пријави го!

    Ах за силувачите и педофилите смртна казна!!!!!

    Немој да се измачуваш и да држиш во себе. Кажи им на твоите родители, родители се ќе те сфатат и ќе ти помогнат. Зошто мислиш дека ќе те осудуваат и дека ќе мислат дека си ти крива? Не си ти крива воопшто.

    Тоа што се случило со сестра ти е сосема различно. Сестра ти самоволно дозволила да ја снимаат додека има секс, сосема е различно со твојата ситуација!

    Ова се случило против твојата волја!

    А иако викаш никој не те слушнал ниту видел, нема врска, се докажува силување и тоа многу лесно. Гаќите, гребнатинките на грбот, плус ќе те прегледа гинеколог и ќе утврди. За докажувањето не секирај се воопшто!

    Велиш твоите имаат проблеми, тоа што татко ти си пишувал со некоја, е многу незрело и не заслужува твојата состојба која што е страшна, да остане запоставена, заради таквите кавги дома. Пак ќе кажам, ти не си виновна за тие караници.

    Верувај дека ти е потребна помош, вака само ќе се измачуваш себе си. Нема врска тоа што ни пиша нам овде на форум, ние ниту те знаеме, ниту можеме повеќе да ти помогнеме! Ова е само привидна помош која ќе ја почувствуваш! Ти треба некој до тебе! А кој подобро би те сфатил, ако не сестра ти и родителите.

    Те молам не отежнувај си, пријави го дебилот! Не дека со тоа ќе се врати времето, ама верувај ќе се чувствуваш подобро. Ќе си ја добие заслужената казна и ти ќе бидеш помирна.

    Тежок период е ова, не дозволувај да го поминеш сама!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Некаде погоре прочитав дека таа самата е крива. Зарем вас не ви се случило нешто на што не сте се надевале.......Млада, наивна, вљубена.
    Исто велите во град нема напуштени места со стари куќи, во центарот може нема , ама не знаеме каде се случувало дејството.
    Според напишаното не можеме да навлеземе во сржта на проблемот.Самата наметнала неколку работи за кои нејзините се срамат или се расправаат.
    Можеби таткото си е шарен, мајката со тежина на душата, а таа сака да ги заштити од поголем срам. Можеби би го пријавила да не се случело тоа со сестраи, или дома да е се во ред. Бара помош да, ама ние сме само статисти, додека таа е во главна улога.

    Александра велиш дека не можеш да докажеш.
    Можеш со анализа на ДНК од гаќите или ако веднаш појдеш на лекар, сигурно имаш видливи повреди, на вагината, посебно што си била невина, а и од насилниот секс.Не сакам да бидам во твоја кожа жал ми е.
    Поразговарај со мајка ти само таа ќе те разбере, колку и да е тежок нејзиниот личен живот сепак ти си и дете. Кога некој ќе знае ќе ти биде полесно ,не го чувај тоа во себе. Верувам дека никој нема да те осуди за ваков чин.
     
    На Jinx и valery15 им се допаѓа ова.
  13. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Добро,не ја обвинувајте. Како прво,никој не е виновен ако го силуваат. НИКОЈ. Што и да сторила,не е важно дали го запознала на фб,дали му простила работи кои не се простуваат,љубовта и младоста не наведуваат на многу работи кои воопшто немаат логика,а силувањето не е една од нив. Тоа е еден одвратен и понижувачки чин кој може да и остави последици и трауми кои што ќе останат во неа до крајот на нејзиниот живот.
    Но запамти дека ти не си виновна и дека нема зошто да се плашиш или срамиш од тоа. Знам дека е понижувачко,но сега може да ти помогне само разговор. Какви и да се и какви проблеми и да имаат твоите ќе те разберат. Се работи за многу сериозно нешто. Веднаш пријави го и оди на лекар. Не знам колку ти е вистинска приказнава,се надевам дека не е,искрено. Но,остани силна.
     
  14. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    Ради такви ѕверови на моменти мразам цел машки род. Како можат машкиве да бидат толку расипани во душа? Мразам кога сексот е нечија преокупација. На моменти ми се повраќа од таквите постапки. Да, неопходен е, ради репродуктивна функција, но зошто да се уништи нечија младост, нечиј живот,нечиј девојачки сон бреееееее? Кога сте во ваква ситуација едноставно потиснете го еднаш тој нагон, сфаќам дека е тешко, но кога на моменти желбата за секс е потисната, потисната е како на моменти што е потисната и желбата за глад и жед па се издржува. Кога му ветила дека ете негова ќе биде невиноста,ама дека уште не е спремна зошто не се стрпил уште малку или евентуално кога не сака да ја чека да побара друга девојка која веќе е подготвена и го има искусено сето тоа. Ги има таквите еден ројј.Само треба да се потрудите гадови едни. :@
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Некому му е потребно кастрирање
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Во право си valery15. И општо имам размислувано..
    Да не беа барањата за женското тело толку високи од одредени припадници на машкиот пол, жените немаше да бидат подложни на изгладнување.
    Конкуренцкијата веројатно би се сведела на тоа да се импресионираат меѓусебно, а можеби и со сосем поинакви критериуми.
    Освен тоа, да не постоеше машката изопаченост, сметам дека сексот од голем број жени би се користел исклучиво за репродуктивност, што треба да му биде и главна намена (според мене), а не за разврат и перверзии во нивна најсоголена форма. Бидејќи тие прверзии и те како поттикнуваат вакви девијации.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.632
    Пол:
    Женски
    Одкако го прочитав првото мислење ме мачи една мисла. Дали девојаката која овде напиша пост знае дека со ова што ги напишала овде на некој не прави сите соучеснички во злото кое и е направено. На ваков пост никој е може да остане рамнодушен. Не знам за вас ама јас го мислам девојчево и се мислам да не треба да пријавам во полиција, затоа што еве знам за случката, а седам и ништо не превземам. Ја молам девојката да се јави, да каже што направила, дали го пријавила и така натаму. Може ќе ме мислите луда ама ете јас вака размислувам на темава.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Неможеме ништо
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Ќе ни пише, само од нов профил со нова приказна. :lol:

    Битно да се врти муабет, да фрчат совети.

    Членот го нема веќе да пише, сигурно подготвува нова стратегија, додека си лиже сладолед пред мониторот.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Ако девојкава трола на форумов, бидејќи како што гледам ја нема..тогаш срамота, човек веќе не треба ни да се обиде да помогне и да даде совет :| :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.