babylove овошни кашички

Дечко ми сака да оди на одмор без мене

Дискусија во 'Канта' започната од ditrih, 8 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Здраво ,

    Имам еден проблем дечко ми сака да оди на одмор без мене , јас неможам да си дозволам да одам на одмор во друга држава а тој ми вели дека би сакал да одам со него но неможе да си дозволи да плаќа и за мене... незнам како да се однесувам сега спрема него , незнам што да правам ... се чувствувам очајно, тажно најмногу поради тоа пто гледам многу помали парови од нас како одат заедно на одмор а ние неможеме ... најискрено ве молам за помош...кое е вашето мислење? (се извинувам не ми се средени убаво мислите , дезориентирано пишувам)
     
  2. Bandit

    Bandit Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Ако сака да биде со тебе, ќе те однеси и Дојран (на пример) и ќе бидете заедно.
    Одењето сам, некако ми мириса на авантура.
     
    На MademoiselleB, feminium, ditrih и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.564
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Епа фати го со финта
    Речи му дека ќе најдеш пари и ќе одиш со него...или дека си нашла веќе
    И по реакцијата ќе видиш на што си
    Ако не се израдува значи си сака авантура а плаќањето е изговор
     
    На tessie, Bandit и ditrih им се допаѓа ова.
  4. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    ама како ке му ја видам реакцијата? тој уте треба да замине ... и плус ми има кажано ако имаш средства би бил среќен и ти да бидеш со мене ? :/ стварно сум збунета... прв пат кога ми споман дека ке оди на одмор без мене сакав да му раскинам ама ме убеди некако и не му раскинав ... а сега ке трпам ..
    и јас му го реков истото ...
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    24.980
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Да бе , ако иде без девојка на одмор одма демек на авантура идел , колку другари познавам кој отишле без девојка и ништо не правеле освен пијанчење со другари , булење наоколу и јадење во бургер кинг ....

    Да беше обратно и девојката да сакаше да иде сама на одмор тогаш ако се пожалеше машкото ќе беше "па зашто ? , не и веруваш на девојка ти ? каква е таа врска без доверба , пушти ја сама да иде...."

    А незнам што совет сакаш од нас , неможеш да идеш на одмор со него , тука имаш две опции ....

    1. да ја играш таа карта што повеќето девојки ја играат со тоа што ќе натераш да има грижа на совест или пак да бира одмор (со другари претпоставувам?) или тебе

    2. да го оставиш да иде на одмор со другарите ....
     
    На DAngel, tessie, monnii-4 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.564
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Епа душо си требала на време да мислиш ,сега е касно,веќе си го "пуштила" да оди и несмееш да му префрлаш за ова
    А кога ќе се врати биди спокојна и чекај на времето ...
    Ако се случило нешто таму ќе дознаеш ,верувај ми
    А зошто ти не си прошеташ со другарки низ земјичкава наша?
     
    На tessie и ditrih им се допаѓа ова.
  7. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    јас никогаш не би одбрала да одам на одмор сама , незнам, колку и да е убаво без него ништо неможе да биде целосно ... колку и да е убава вечерта (ако сум излезена сама , а тој е на работа )...постојано мислам на него и ми недостасува...
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.897
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Е добро де нека оди ти толку ли не му веруваш и не сакаш да го пуштиш сам? колку време сте заедно?

    Он ако сака да те изневери, претпоставувам тоа најмногу те мачи, тоа ќе го направи и додека е дома т.е во градот, не му треба да оди одмор за тоа.
     
    На ditrih и kim.k им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.551
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Jas prvin da prasam kolku vreme ste vo vrska i dali parite gi delite ili vi se zaednicki?
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    14.398
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Де бе луѓе..идел сам и авантури ќе има :D сите него го чекаат таму за да го украдат. Имај доверба во него, џабе ќе се нервираш и така ништо неможеш да смениш :)
     
    На tessie и ditrih им се допаѓа ова.
  11. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    јас уште прв пат кога ми спомна за одењето на одмор без мене му реков дека ако така одлуцил нема зошто повеќе да бидеме во врска...ама тој успеа да ме убеди ...
    оф бе душо , кога јас би можела да прошетам низ земјава со другарките , кога би ги имала тие средстав би ги искористила со него .....
    година и пол ... немаме заедницки пари
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.551
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    I za godina i pol, nemas doverba. Jas sekogash sum bila za toa da se ima zaednicki pari i so niv da iskombinirate nekako. Jas mislam deka decko ti e sebicen i ne sobiral i za tebe pari pa zaednicki da se dogovorite i nesto ti da dodades. Ne ti velam da go ostavis tuku da imas verba.
    Pa sega toj ako sakal da te vara ke te vara i pred tvoi oci.
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.947
    Допаѓања:
    260.546
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Лани маж ми беше сам на одмор во грција со еден другар и девер ми.Јас од оправдани причини не можев да одам но не го спречив ни него.Дури и платата моја му ја дадов за да има повекје дџепарац :D
    Цело време сам ми се јавуваше,слики ми пушташе буквално во ниту еден момент не осетив дека го нема.Башка ми изнадонесе еден куп стварчиња :)
    Што се однесува до тебе проблемот е што премногу си поврзана со него.Психички и физички осамостали се.Научи и без него да се забавуваш.
    И не мисли одма на неверство..тоа и пред твои очи може да се случи ако е таков тип.Опушти се малце.Не требало одма да го уценуваш со раскинување.
     
    На IvanovskaM, tessie, ditrih и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    11.532
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Вака, гледано од моја страна, мислам дека нема потреба за уценување, ниту пак да го ставаш пред свршен чин да бира меѓу тебе и одмор и сл. Реално гледано, не е негова вината затоа што ти немаш финансии да одите заедно на море. Млади сте, дечко и девојка, не сте во брак, за да се поставуваат било какви ултиматуми. Му се укажала прилика, нека оди, мислам дека малку себично е од твоја страна да го држиш до себе, за да ти бидеш смирена и среќна. Не значи дека ако отишол, под дифолт бара авантура. Ако е „авантурист“ по природа, не мора да оди надвор од државата, може било каде, во било кое доба од денот или ноќта да те изневери. Не создавај беспотребни љубоморни окови, затоа што како бумеранг се враќаат. Никој не сака некој да го гуши. Биди полна со самодоверба, испрати го со насмевка, колку и да ти е тешко, контролирај ги негативните емоции, нека види дека не си посесивна и верувам дека многу повеќе ќе добиеш, отколку што мислиш дека ќе изгубиш. Квалитетна врска се гради на темел на доверба. Ти уште не си скокнала, а сакаш да кажеш ОП. Одма ќе раскинуваш. Нека се врати, па ако нешто таму се случувало, преку кое ти не можеш да поминеш, тогаш раскини му.
     
    На IvanovskaM, Sky-butterfly, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    да премногу сум поврзана со него ...посилно е од мене ....

    ако има намера тој да ме изневери јас неможам да го спречам ( не живееме во исто место ) ... мене ми е повеќе мака за тоа како некои 15 ,16 17 , 18 годишни деца одат на одмор заедно со девојки дечковци , а тој 28 години ...
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.390
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Тебе изгледа повеќе те мачи фактот што тој не се понудил да ти го плати одморот.

    Бај д веј, тие 15, 16, 17-годишни парови кои заедно одат на одмор, вообичаено функционираат по принцип 'секој за себе плаќа'.
     
    На tessie, cresa-jagoda, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.897
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Ивини ама не се согласувам со тебе за болдираното
    прво како што кажа Геа тие се само дечко и девојка и малку ми еглупаво тој да штеди и за неа, нема логика, секој си штеди за себе и тоа е тоа, ако сака да се купи нешто заедничко или да се оди некаде се кажува однапред, се собираат пари и заминуваат или купуваат тоа што им треба.

    Иначе ditrih година ипол сте заедно и ти сеуште немаш доверба во него?
     
    На calliope, Lovely93 и Gea им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.551
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Tie se dolgo vo vrska, umbrella zosto da ne plaka i za nea i da ne sobere pari i ona kolku moze da sobere da dodade.Nisto ne go menuva faktot dolgo se vo vrska.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    не реков да ми го плати одморот ... ме мачи тоа што помлади парови од нас успеваат да се договорат да одат до еден Дојран , а тој мора да оди во друга држава ..
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.897
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    ^^
    Да ама сепак не значи дека тој треба и за неа да штеди, може и тој не е во некоја сјајна финансиска ситуација, можи и тој цела година штедел денар по денар за да оди летово некаде.
    сигурно таа не дознала вчера дека тој денес заминува на одмор, знаела порано можела да заштеди и таа ако сакала да оди со него. Едно е да ти плаќа тој се, друго е ако ти фалат пари а тој има повеќе па да и позајми..во врска се, не во брак.
     
    На Gea, sadgirl21 и Yipman2 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.