1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми сака да оди на одмор без мене

Дискусија во 'Канта' започната од ditrih, 8 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    и тоа како ми е приоритет ... секоја моја заштеда сум ја трошела да одам да се видам со него ... тој ми е на прво место ...не е важно дали имам испит или колоквиум ... битно беше да се видам со него , да не почувствува дека го запоставуавам дека не му давам доволно внимание , да не ми каже ти се си над книгата ......
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    SexyLi гледам дека знаеш што е иронија, ама си ја прескокнала лекцијата за реторичко прашање.
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Геа нема потреба од пиши бриши - смешно е што 10 пати избриша за на крај да напишеш убави, но бессодржински зборови. ;)

    Ова се однесува на твојот претходно избришан пост дека не ја нападна дрн дрн.
    Апсолутно дека ја нападна зошто е финансиски немоќна во моментот да си го плати одморот и немаше да го имам истиот став доколку девојката изнудуваше да се плати нејзиниот дел од престојниот одмор. Во прашање е друга работа, односно некој во ситуацијата мора да остане покус за нешто односно да се жртвува за општо добро во врската.

    Ако одиме по општа логика, работите што ги кажуваш ти се логично поврзани и се слагам, меѓутоа во пракса боли тоа што едниот неможе да биде разбран, а другиот сфатен... така некако му иде. На крајот чуму пари и место ако немаш некого што го сакаш покрај себе за да го споделиш тоа?

    Има и друга страна проблемот. Еве јас и дечко ми сме обратно. Цела година собираме пари и собравме доволно за да одиме на место кое не би можеле да си го дозволат многу од луѓето. Меѓутоа пред две недели се случи нешо што е непредвидливо и неможе да биде одложено од негова страна. Дали сега јас треба да заминам на одмор со моите собрани пари и да му речам “Јас заслужив, се окозив цела година од работа и сега ради твои работи и проблеми нема да се оди?“ :^)
    Едноставно, се работи за приоритети...
    Јебем ти одмор кога секогаш стои на располагање - реновирање на некоја соба, плус регулирани взаемни односи.
     
    На Sky-butterfly, senza.parole, ditrih и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    дечко ми сака да оди на одмор без мене

    Gea se najaviv samo da ti go kazam ova.
    Ti si imas svoi pravila so tvojot maz no jas ne se soglasuvam so toa deka i koga ste vo brak treba da si gi delite trosocite.
    Vo brak ste i vo dobro i vo zlo, pa taka treba da si pomagate megju sebe. Da si pomagate i koga parata e vo prasanje.
    Taka da parata vo ovj slucaj ne bi trebalo da e prioritet ako se ima sloga. Deckoto e sebicen. Ako tolku saka da odi i taa so nego sekako bi i pomognal i bi bile zaednicki trosocite, a ne da i vika imam samo za sebe. Toa e dosta sebicno.
     
    На n.n.123, senza.parole и ditrih им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    SexyLi не преувеличувај, избришав само еднаш :D . И тоа бидејќи сакав да ти ја образложам мислата, ама сфатив дека нема потреба од правдање. Ми се допаѓаш што ме засмеваш. Убави зборови без содржина... вадење од контекст постови...
    Напад? Цитирај ме каде ја напаѓам Дитрих
    А гледам и ти редактираш ;) И тоа 3 пати :o
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    ^ Изедначуваш бришење на пост и пишување друг со различна содржина и редакција заради печатни грешки? :^)

    Да не бидам офтопик, само би надополнила дека нормално е со човек што делиш преку годината секојдневни срања, умор, работа, домашни работи и психофизички оптеретувања да сакаш и да ги поделиш тие 7 - 10 денови годишно кога двајцата сте опуштени, без притиок, обврски и се` останато што секојдневниот живот го носи.
     
    На Gea, ditrih и Lovely93 им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Зошто се карате за џабе? Секоја врска/брак е различна. Во овој случај мислам дека ако се во врска дечкото не е должен да го плати одморот и толку. Пишавме повеќе мислења па девојчето што си ја отворила темата нека си размисли таа си знае најдобор. Никој никому не е должен да се правда, секој има право на свое мислење макар истото и да е погрешно. :) :)
     
    На Umbrella22, Gea, ditrih и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    јас никаде не реков тој да собира пари за мене или да ми плаќа одмор

    "Зошто да се шлапа дечкото у бара со пијавици, кога може да си приушти сол? Впрочем работел две работи, не заслужува асален одмор? "

    значи и ти да си на негово место би го сторила истото ? како може да ви е слатко ако не сте до саканата личност ? не разбирам , а не ни сакам да разберам
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ditrih не се расправај и не барај објаснување на некои работи. Работата веќе биднала сакала или не тој оди утре. За некој ден ќе се врати нема вечно да остане и не гледам формулирање на проблемот. Не си ни прва ни последна на која што дечко и отишол на одмор без неа. Ниту пак си ти виновна што не си успеала да собереш пари и да си дозволиш одмор. Другата година ќе си знаеш и собереш и толку.
     
    На Gea и ditrih им се допаѓа ова.
  10. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Ви благодарам девојки ,

    ако еден проблем не може да се реши , ето ,со разговор секоја мака може да стане малце полесна
    ви благодарам за вашето скапоцено време и советите ...
    пријатна ви вечер/добра ви ноќ... па ако има нешто ќе ве известам :*
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Аман бре луѓе, во која шпанска серија живеете со тие златна лажица третирања што му ја полните главата на девојчево?
    Мажот требало да плати, вака, онака...што не плати жената бе? Нели као ние јаките и независни жени сме, сакаме рамноправност. Ах бе, шамари да почнам да лепам од што ме с'ска ваквото понашање.
    Дај ако не формула да смислиме после колку време машкото е должно да плаќа и за женската. |(

    Како и да е, девојкава ми делува несигурна во себе, момакот и врската, па нема да ѝ солам околу тоа, најверојатно таа си ги знае причините за она што ми делува ко некоја раскрсница помеѓу недоверба, сомнеж, страв и доза љубомора што тој ќе оди, а таа не.
    Ама не ја кривам пошто го знам чувството кога, ко што вика и сама, некого си го ставил ко центар на светот и мислиш не бива ни да прднеш без него, па очекуваш еднаков, ако не и подобар третман за возврат. Се гледа на секое како нагласува дека секоја пара ја троши за со него и дека ништо без него не ѝ е слатко, а веројатно не добива колку што очекува назад. Лошо, многу лошо. Сега со овој памет сфаќам колку е потребно во врската да се дише и секој да си има време за свои активности без партнерот, макар тоа бил и одмор.
    Крајно па, одмор е...колку? Недела, 10ина дена...па и две недели и дома е. Штом сте од различни места, сигурно се дешавало по толку време да не се видите, па пак сте преживеале. Ако се плашиш дека ќе прошара, шансите секаде се исти ако му лета тиквата, мада може на одмор да е поопуштен поради анонимноста и шансите да не се дознае пошто не го знаат...но и не мора.
    Сепак, штом ги има 28, очекувам од него бар да има проживеано колку-толку за да се однесува зрело.
    Од друга страна пак, затоа и искрено не сум оптимист за вакви врски помеѓу луѓе што се прилично далеку со возраста на млади години. Не сите се зрели исто да перцепираат иста ситуација.
     
    На glosipgirl, Insatiable13, ditrih и 4 други им се допаѓа ова.
  12. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.456
    Допаѓања:
    22.759
    Пол:
    Женски
    Дитрих,
    знам дека нема да те утешам сега со ова моево, ама... дечко ми да рече сам ќе идам на одмор со другари - ќе му ги ископам очите, најсериозно. (Колку сакате осудувајте ме сега.) :geek:
    Одите година ипол, сериозна врска и он туку така ти кажува ќе идел сам на море. |(
    Знае дека финансиската ситуација ти е незавидна, па те става пред свршен чин. Дојди ако сакаш, ама знае дека нема од каде да се снајдеш. :envy: Освен, со сета должна почит, ако не си искрена со него за финансиите.
    Ако има пари за до Грција, а ти имаш само до Дојран ќе се најдете на пола пат и ќе идете за Охрид (пр.)

    Значи, тргнувам лично од себе, јас да бев ќе беше крај со дечково. Имав многу слична ситуација пред 9 год., само што татко ми не го знаеше бившиот лично, а јас требаше да прашам од дома поголема сума на пари (за до Бугарија) ми беше незгодно и го одбив одма. Цело друштво замина, само тој не. Бевме двајцата до Охрид. Ако отидеше, толку ќе беше.
    Ти кажувам чисто од моја гледна точка.
    Немојте одма да ме нападнете, јас имам 25+, една сериозна врска од 7 ипол години зад себе и сегашнава од 3 и кусур. :wasntme:
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, aaaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со вас не од причина што тој ќе ја изневери на одмор. Туку од причина што дечко и е човек кој си гледа само за себе.

    Со другарка да сум еве банален пример ако немаме да јадеме и двете сладолед нема да земам да јадам сама.

    Во долга врска барем јас така функционирам. Тоа што имаме собираме на куп и планираме кај ќе одиме. Се случувало едниот да може да си приушти да оди на полуксузно место, ама бидејќи е најважно да си бидеме заедно ќе ја одбереме дестинацијата која ќе ни овозможи заедничко уживање.

    Едноставно со дечко како на дитрих јас никогаш не би можела да функционирам. Во смисол јас имам за ваму а ти ако имаш арно ако не пак арно. :^)
    Ете девојката имала за до Дојран, мене лично тие неколку дена во Дојран со саканиот би ми биле многу поубави отколку да заминам сама некаде знаејки дека човекот што го сакам се стиска дома.

    Ова веќе не е врска според мене, туку човек на кој си му опција и не го интересира времето поминато со тебе, впрочем сеедно му е. Тука се работи за вредностите што еден човек ги поседува.

    Ние секогаш си го плаќаме по пола одморот. Ама се случувало низ годините еден да има повеќе или помалку па сме бирале дестинација да бидеме заедно а и на двајцата да ни одговара за издвоениот буџет за одмор. Сме оделе и сами на патувања со друштво ама летниот одмор ни е резервиран за наше зедничко опуштање и не постои дестинација на светот поради која би дозволила дечко ми да се почуствува помалку вредно.
     
    На Barbie20, cresa-jagoda, ditrih и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Сосема точно. Меѓутоа, твојата врска и нивната се дијаметрално различни. Сте се договарале, сте штеделе цела година за да си дозволите за одмор, што е за почит. Ама ете, сплет на околности ги пореметува вашите планови. Овдека е друг проблемот. Значи тој и кажува дека ќе оди сам, и кажува дека не е во состојба да и плати одмор,таа не може да си дозволи, ја моли да останат во врска. Таа бара совет како да се однесува. Јас во првиот пост дадов совет. Знам дека и е тешко, ама тој утре заминува. Не го бранам, ама сметам дека не е ништо страшно што донел таква одлука. Ќе имаат прилика и наредно лето, ќе одат заедно.
    Мојата конкретна реакција не беше упатена кон неа, туку ги прашав другите, зошто сметаат дека тој треба да и го плати одморот? Бубаче после испомеша брак и врска. Бракот и врската немаат допирни точки. Бракот носи поинакви правила на игра. Тука има моја и твоја плата да, ама прво заеднички ќе се измират домашните трошоци, па што остане моето е мое, а твоето-твое. И одморот е заеднички трошок.Не е негов и сите ќе се шлепаме. Точно, мој брак мои правила. И никогаш нема да дозволам да зависам од платата на сопругот и да чекам од него да ми пружи.
    Знам што е студент, знам што е да немаш никаква заштеда, се ми е јасно. Ама не гледам крај на свет што тој ќе оди сам на одмор. Можеби ова е еден голем тест за нивната врска и колку е таа стабилна да опстане.
    А по реакцијата на Дитрих, гледам дека всушност таа и не барала совет, туку и требало истомисленици како раме за плачење. Јас тука завршувам и веќе не коментирам. Залудно губење време...
     
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Геа те разбирам јас многу убаво што сакаш да ми кажеш, настрана иронијата и сарказмот. Поентата ми беше дека во мојата ситуација оваа година е вака како што е. На пример, минатата јас имав доволно пари за море, а дечко ми немаше ни до Дојран затоа што остана без работа па искомбиниравме... Голем дел од трошокот за одмор го платив јас. Наредното лето може јас ќе бидам невработената. Но! :!:

    Што и да се случи, за нас двајцата нема врска кој плаќа во моментот ако другиот знае да цени, а девојчето штом го остава последниот денар и оди да се види со него значи дека го почитува и го сака и неговата реакција и создава болка и немоќ да се справи.

    Од негова гледна точка тој работел и сака да одмори со или без неа. Он е таков тип што одморот нема посебно значење дали е со или без неа, а таа е сосем различна. Смета дека одморот без тој што цела година е покрај неа исто како да не се десил. И затоа шевовите на врската пукаат, не ради одморот, ради можноста за плаќање (кој - кога - зошто - плаќа), туку зошто се различни во поглед на тоа дали и колку треба да се гледа на „сопствената бавча“.
     
    На ditrih, Sky-butterfly и senza.parole им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ditrih А да си најдеш друг дечко?
    Овој, по се изгледа, не го бива.
    Мислам дека ова (додека е на одмор) ти е добра можност да се преиспиташ себеси и твоите очекувања од една стабилна врска, бидејќи оваа врска не е ни стабилна ниту базирана на љубов и почитување.

    Да ги тргнеме на страна финансиите и наводното спонзорирање, се гледа дека не му е до тебе, тој се сака само себеси.
    Ако си имала финансии и ти за на море, можеби ќе ти раскинел (100% сум сигурна), само за да оди сам.

    Гледам дека повеќето го бранат, но да ги видам да се најдат во твоја кожа, и како би им било да им кажат дека тие се виновни.

    Не се работи тука за взаемно почитување како што велат и разбирање еден со друг, бидејќи во твојот случај, дечкото нема разбирање за тебе, ниту те почитува.
    Но многу е поважно да сфатиш дека никогаш нема да го промениш, колку и да се залажуваш. Вие сте скоро на почеток на врска, не знам дали сте биле на заеднички одмор до сега, но тој период би требало тоа да ви е приоритет-заедничкото уживање.

    А тоа дека тој имал пари а ти немаш и сега како последица на тоа, он бидејќи ку*от му ослабнал цела година работејќи, па треба да го надрви (се извинувам на израз, но поинаку не се опишува неговата желба), се наивни приказни во кои ти би требала да поверуваш за да се утешиш.
    Колку што заслужува тој одмор, толку и ти. Ако те сакал, со тебе можел да се одмори и некаде во селска идила, сами, планина, чист воздух.

    Ама дечково си има друг проблем, а ти нема да успееш да го промениш и не би ти препорачала ниту да се обидеш, премногу време и енергија си потрошила на него, доста е.

    Бидејќи тоа е мојот став, јас сум на твоја страна и сметам дека имаш две можности:

    1.
    Ако сеуште не е отиден, отиди му на спиење и крцни му го вратот со нешто остро. Ако имаш пиштол-уште подобро.
    Се шалам, изгледа е до филмот кој го гледав пред малку :lol:

    2. Бидејќи верувам дека си паметна девојка, знам дека нема да го избереш првото (тоа е како да му правиш услуга уништувајќи си го животот) и дека ќе ја преиспиташ врската за да заклучиш дека истата не вреди и дека е време да најдеш некој кој ќе сака своите денови од годишен одмор да ги помине со тебе, макар и седејќи дома и гледајќи филмови заедно.
     
    На cresa-jagoda, ditrih, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Не ги прочитав сите мислења, но незнам зошто сите сте правеле толку микроскопски анализи, според мене е јасно - тој не ја сака толку колку што таа очекува. Не сака да оди на одмор со неа и точка, сака си плажа, типки на танга/топлес и пиво без лимит - и да не ја изневери друго буквално се ке прави што неможе да го прави со неа..

    Ако ја сака на 28 год ке скокне одмор со другари ке направи некоја шема со неа, ако не ке биде себичен т.е ке уќива без неа додека таа дома го мисли..
     
    На SexiLy, feminium и senza.parole им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Абе сакал едноставно да оди на одмор по негов ќеф. Тој не е крив што таа е финансиски послаба. Не е он должен да и` плаќа одмори (особено ако зависи од родителите по прашање на примања, мислам не е фер). Себичен бил. Е што требало да направи, да и` рече од старт „не те сакам за девојка пошо немаш примања како моите“?

    И ако отишол со другари не значи дека не ја сака, ќе ја вара, ќе се авантуриша по дифолт. Уште сега на 20 години ако си ускратува од одмор поради девојка ... сега треба да живее, утре кога ќе има деца и од уста некогаш ќе вади, не од туристички ваучер само. Во брак луѓе па си одат некогаш одделно на одмор ако им е попрактично. И глеам сите такви се испоразведоа... NOT. Во врска ако се, треба малце и простор личен да се има, да се работи и на врската со самиот себе, не само да си нечиј “аксесоар“.
     
    На glosipgirl, Mishela, ditrih и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1. Ако те сака и тебе на одмор, ќе те однеси на поефтина дестинација, за со неговите пари (и плус да додадете по потреба) да поминете двајцата.
    Гарантирам дека на одмор ќе си овозможи дискотеки, по неколку пива на ден, лежалки, значи може малку да си скрати на себе за да имаш и ти. Но, доколку те сака на одмор ! Или ќе бара друго чаре да се снајдете.

    2. Кога јас сум имала пари и сум правела шопинг, а другарка ми (или дечкото) не можеле ни парчеод 200 ден. да си приуштат, јас сум им купувала по нешто поситно од мене. Онака, чисто од љубов.
    Ако немале за вечера, а јас сум имала пари сум платила, ако сум немала пари за другиот не сум отишла.
    Ако среќата немам да ја поделам со другиот не уживам да си трошам сама. (не дека скроз не уживам, секако дека има моменти каде сама си правам нешто, но за поголеми работи битни ми се и другите).

    **

    Не дека дечко ти ќе прави нешто на одмор (иако најлесно може, зошто нема ни кој да дознае за тоа), но ако те сака вистински, нема да му е сеедно што ти жалиш што ќе седиш дома. :!:
     
    На cresa-jagoda, senza.parole и ditrih им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Aко така гледаме на работите, пак, себично од нејзина страна би било да прифати такво нешто знаејќи дека не одат на одмор таму кадешто нему му е највеќе мерак. Да не ја праиме голема работата, не се ни во толку долга врска, а тој не и` е старател, ниту пак сопруг, да мисли каде ќе оди на одмор.

    Не се едноставни врските во кои материјалните разлики носат и различни навики и доживувања како и желба за истите.
     
    На glosipgirl, jovanovska94, ditrih и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.