Дечко ми сака да оди на одмор без мене

Дискусија во 'Канта' започната од ditrih, 8 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Jaс прво ќе ја кажам мојава ситуација која има некоја поврзаност со темата, па потоа ќе ти дадам совет.
    Јас цела година го планирам одморов заедно со дечко ми, кажав во друга тема дека 3 год веќе не сме биле на одмор, јас штедев, тој работи и ни беше во план кон крајот на август да одиме.Арно ама се десија некои работи кои ја попречуваат неговата финансиска состојба и тој ми кажа дека искрено не знае дали ќе има пари за одмор, јас му реков дека ако испадне да нема со задоволство ќе ги земам моите пари и ќе идеме до Охрид на некој ден и дека јас ќе платам.Мене не ми беше до одморот туку до одморот со него, така да мене не ми е проблем парите кои сум ги штедела да ги поделам и да идеме некој ден заедно некаде, макар на место што одевме секогаш, место да отидам јас со цимерката на море зошто ја имам и таа можност.

    Е сега не значи дека ако твојот дечко сака да отиде сам на одмор планира да те изневерува и сл.Според мене не значи дека не си му битна, туку дека едноставно ете има голема желба да оди на море, а притоа нема доволно финансии да обезбеди одмор и за тебе и секако дека не е должен сепак година ипол според мене и не е кој знае колку долга врска.Но, да му беше толку битно да одите заедно на одмор веројатно ќе постапел како што планирам да постапам и јас во мојот случај.Ќе ги зел парите и ќе сте отишле некој ден на одмор било каде, ама заедно.Реално и за до Охрид ќе ти требаат поголема сума пари ако сакаш да идеш повеќе време, ама пак, не треба пасош, не е толку скап патот, ниту смештајот.Така да со 250 евра пр можеш да обезбедиш одмор од 4-5 дена.
    Да беше друго во прашање, пр да работиш, па да не и дават одмор и сл. јас да сум на твое место искрено не би се лутела ако отиде на одмор со другари.Веројатно затоа што во друштвото на дечко ми веќе сите се повозрасни, имаат женски и знам што ќе прават на одмор, ќе седат и ќе се пијанчат до ниедно време, ќе спијат цел ден и ќе одат 2-3 саата на плажа, колку да се рече.
    На крај се е до довербата и до тоа како тој тебе ти се поставил со тоа дека ќе оди сам на одмор.Ако ти рекол ќе одам јас со другари на одмор, не ме интересира што ти мислиш во ред е да се лутиш, а ма ако седнал и убаво разговарал со тебе, ти објаснил што како, мислам дека можеш да прогледаш низ прсти.
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски

    Јас сметам дека темата не е да се лупаме у груди колку ние жените сме независни, нити е дилема кој да плати.Воопшто не се сложувам дека жените треба да лакираат нокти а мажите да плаќаат се. Сметам дека мешате лончиња. Девојката си ги подмирува сите свои трошоци и не сака да и плати одмор.

    Овде се работи за заедништво во врска или го има или го нема.. За човек со кој планираш се да делиш. Точно е дека бракот и врската се различни. Ама во брак не влегуваш со човек кој си гледа само за себе и да очекуваш дека со тоа што ќе се потпише во матично тој ќе се смени за 360 степени и место за себе ќе почне да мисли и за двајцата.

    Не значи дека и жената не треба да плати, ќе плати кој има. Јас сум плаќала, плаќал и тој. Ако немаме за двајцата а има само за еден, тогаш ќе одбереме поскромна варијанта само да сме заедно и ќе можеме и двајцата да си ја приуштиме.

    Парите се менлива категорија важно е да имаш ЧОВЕК покрај тебе. Долго сум со дечкото и баш сме искусиле периоди кога се менувало тркалото и некоја година јас сум имала тој не и обратно. Ама ние уште од почетокот функционираме на принцип се што имаме делиме.. Ако сме дозволиле парите да ни се испречат во врската и едниот да се чувствувал инфериорен сигурно дека врската ќе пукнела.

    Еве пример јас сега немам право на одмор. Имав 4 дена и ги искористивме со дечко ми. Ако му излезе прилика да оди јас не би се лутела, оти јас треба да работам цело лето не значи дека и тој треба да седи дома. Ама ако и двајцата сакаме и имаме време за одмор а тој ми се курнази дека ете јас имам за полуксузна дестинација ама поради тоа што ти немаш за таму нема да правам компромис и ќе одам кај ми се може. Не бива без компромис . А разумен компромис си е разумен компромис. :D :D :D


    Не сметам дека дечкото прави грев што ќе си оди на одмор,си заработил ќе си оди. Само мислам дека има разлика во плановите за врската и чувствата меѓу двајцата. Дитрих мисли дека е во сериозна врска а дечко и не баш. Поради тоа не гледам причина да се залажува и да ја продолжува врската.
     
    На cresa-jagoda, senza.parole, ditrih и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Туку, мене нешто друго ми падна во очи од постовите на девојкава:


    Дитрих мила, на страна одморот, јас мислам дека ти треба малку покритички да размислиш за врската. Мене ми изгледа како ти да си заслепена и како да неможеш да функционираш без него. Очигледно е дека ти него го ставаш на прво место но тој тебе не, судејки според ова со одморот. Ти не пишуваш каква ви била врската, како тој се однесувал спрема тебе, на колку време сте се гледале бидејќи не сте од исто место. Да си вљубен е преубаво но понекогаш светот треба да види и без розевите наочари. Тоа што ќе оди на одмор со другари не значи дека ќе те изневерува, да сака тоа да го направи може во секој момент во неговиот град но мене ми е педерски моментот што ти кажал за одморот само месец дена пред да тргне. Да сакал да оди на одмор со тебе (а знае дека си во понезавидна финансиска ситуација од него) би ти кажал со време, да си тргаш настрана по некој денар, ете и сама викаш дека се што ќе си заштедела си го трошела да се видите, сега тие пари да беа сочувани може ќе можеше да си дозволиш одмор на море. А за месец дена, да бидеме реални, финансии за одмор во Грчка неможе да се соберат-тргни од вадењето на пасош по итна постапка па терај од таму, со под 300 евра не поминуваш, па уште ако се планираат и искачања, шетања и идења по клубови...
    А да те прашам, ај што нема да одите на одмор, не ти спомна барем на викенд да отидете некаде? Охрид, Дојран?
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    328.394
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа девојчето како презависна од него.Во смисла на тоа дека она без него не се осекја целосно и незнае да ужива.И самата рече дека вечерата не и е вкусна ако тој не е со неа.Значи нејзе и треба малце повекје самодоверба и психичка независност.Она и последните пари ги давала за такси за да го види.Значи проблемот е што според неа не добива од врската онолку колку што дава.

    Но тоа векје не е проблем туку гледиште на врската.Она смета дека треба исто да вложуваат тој смета дека има право малце и на самостојна забава со друштво.Значи немаат исти очекувања од врската и тука настанува конфликтот.А и не се додуша мн долго во врска со оглед дека е врска на далечина.Така да и неможеш да очекуваш уште од сега да делат се.

    Тој векје е отиден ако не се лажам значи неможеш да смениш ништо.Потруди се да се олабавиш,прави нешто што обично покрај него не го правиш.Излези си прошетај се,прави нешто убаво за твоја душа.И немој да мислиш дека женските таму баш него го чекаат со раширени раце.Ова нека ви биде еден вид тест на врската.ако сега успеето ова без кавги да го поминете ке можете и мн др нешта понатаму.Ако раскинете ради ова сега значи врската не ви ни била јака.

    Верувај повекје во себе па и во него.Не сте ни први ни последни кои сами би оделе некаде ;) еден ден ке ти здосади со него да си 24 часа па сама ке го тераш да оди или ти ке одиш
     
    На ditrih, calliope, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    На Дитрих никој не и` е крив што го стаила дечко и` пред нејзе самата. Сега видов дека дечкото работи на две места. Епа си го презаслужил одморот и тоа да биде каде и како што тој ќе посака. Се скичмил од работа чоекот. И јас некогаш мм не го разбирав, ама еден период работев по цели денови и ми се разјасни убаво. :D

    Кој ви е крив шо дечковците си ги ставате во центар на универзумот ваш? Дечковците ретко го прават тоа со девојките и паметно им е.

    Љубов не е, скини го цвеќето, стави го кај тебе во соба во вазна и имај си го пред очи кога ќе посакаш додека не овене да уживаш во глетката. Искрена љубов е и искрена желба, понекогаш, партнерот и да се одмори од нас.

    Прочитај joy1 што ти пиша. Тоа што не можела таа да му праи друштво и го пуштила да оди на одмор не значи дека помалку го сака од ти што го сакаш дечко ти. Немојте да се заборавате себеси. Вложувајте и во себе, не само во врската. Затоа што ВИЕ сте тие поради кои почнала таа врска. Ако се изгубите во лавиринтот ... кај и да е и таа врска ќе се изгуби некаде.

    Пак ќе редактирам, сакам да додадам уште нешто. Да сакал да го искористи одморот за да се швалерисува и да паузира со неа, барем постои клиширано сценарио за таа намена кое сите ние добро го знаеме. Една исценирана кавга, барање влакно во јајце, малку обратна психологија „Бухуху ти си крива, нејќам да те видам, колку ме повреди, на одморот којзнае дали ќе се опуштам“. И после од септември „Абе маче, бурно изреагирав, јас те сакам, ама тешко ми е така кога правиш“. И девојката ако е доволно наивна, пресреќна е и дури си мисли дека го жртвуел одморот да размишља како да си ја опраи врската.

    Секако со исклучоци, но шаблонот за таа намена наликува некако вака.
     
    На glosipgirl, ditrih, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Љубов и опсесија (или затресканост), се два различни поима.
    Најчесто она што денес и се случува на денешнава младина за жал е она второто.
    Значи Дитрих, како и сите останати тинејџерки, ова треба да ви биде јасно...
    Не е љубов кога со некого сте во врска долго време, а меѓувреме криете разни ствари еден од друг во смисол неверства, љубомора, озборување.
    Иако сите имаме лоши периоди, овие горенаведените не се одлики на вистинска љубов, и сигурно нема да ве одведат по вистинскиот пат да сфатите што навистина сакате од човекот со кого сте во врска.
    Ова исто така не подразбира дека само затоа што убаво се лапа, ве допира или води љубов со вас си соприлежите.
    Меѓутоа вистинскиот проблем се јавува тогаш кога вие порано или покасно ќе го сфатите сето ова и ќе увидите дека пред се во врската треба да се претпочитаат заедничките интереси. Тоа значи вагање, балансирање, воздржување од ултра - испади, драми и трескања од земја.
    (Впрочем, нешто што членките веќе го споменаа).
    Ова сепак се минливи фази, кои веројатно ќе траат кратко, а мора да се поминат, иначе не би било интересно, зар не?
    Ама сепак треба да се има усул и да се знае до каде е границата. :)

    Отидов премногу офф топик, а не ми беше тоа намерата..ама морав да се изјаснам бидејќи ептен се побркани стварите во ова наше лудо хомогено општество.
    Конкретно за твојот проблем - Мислам дека сте незрели со дечкото. Не размислувате на долга стаза, (а тоа го заклучив од тоа што ти самата меѓу редови се изјасни дека немате добра комуникација).
    Затоа мислам дека дечко ти треба да си оди на одмор, а ти да му прогледаш низ прсти.
    Зошто ако си under 17, не си зрела и ова нема да трае дугачко, тврдам. Година мање више исто ти се фаќа.
    Сакаш лути се, сакаш не тоа е мое мислење.
    Има време, ќе созреете, и кога ќе се случи тоа и го најдеш вистинскиот партнер нема да поставуваш вакви прашања на форум, за кои можеш да поразговараш со дечко ти очи во очи.
     
    На ditrih, kim.k и tessie им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Си кажа девојчето дека таа е студентка, значи не е тинајџерка веќе, а дечко и бил 28.Што значи не се незрели, туку таа е опседната со него и тој е центар на нејзиниот свет, па поради тоа не размислува трезвено.Како и да е џабе веќе се совети кога тој отишол, а нејзе ја нема да се јави.
     
    На ditrih, Valerin и tessie им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Таман додека заврши дискусијата, тој ќе се врати од одмор :D
     
    На COollLady, Gea, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски

    И ко шо вика Шукар Чавела, дури и со исто име ќе го заведат у матично. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=unrA4XiwVgM
     
    На feminium и Valerin им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Абе сакал со другарите да иде а бидејќи мажите незнаат како да објаснат на девојките нивни дека не секогаш сакаат со нив да бидат секаде и се случуваат компликации :lol: . Не видов , другарите негови идат со нивните девојки или само машко друштво е? , Сепак друго е кога си само другари на одмор а друго е кога си со другари + девојка ти . Во првиот случај можеш да правиш што сакаш ( не подразбира изневерување ) а во вториот случај не е баш така....
     
    На ditrih, feminium и tessie им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Одговорот е во болдот Јипи. :x Секоја му чест на дечково, челични нерви.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.212
    Допаѓања:
    124.424
    Пол:
    Женски
    И што е проблемот ако сака сам да иде? На одмор иде бре е иде на гурбет. Остај го раат нека си отиде, нека се излуфтира па ќе се врати. Ти собери си пари, иди си со другарки на одмор и готово. Мора да идете заедно, има некаде закон дека мора дечко и девојка да идат на одмор? И јас сум била во ситуација да не можам да одам на одмор па не сум му бранела да иде без мене на дечко ми. Од банални работи си го комплицирате животот.
     
    На ditrih и tessie им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.047
    Еве јас на пример оваа година,ми дозволуваат финансиите да одам на одмор,и тоа на море,но на моето момче не му даваат одмор од работа.
    Така да,јас одлучив да бидам фер,и ова лето ќе прескокнам.
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    1209 ех, камо годините да беа мерило за зрелост. :)
    Ене го и комшијата Панче, има 50 години па има lifestyle ала ново - печен тинејџер. :D
    ^ Ми ја сфаќаш поентата...
    А тоа дека само поради фактот што е кон него центрирана демек, па и е заматен умот од заљубеност не верувам. И никој не може да ме убеди дека зрела типка наместо да седне со дечкото и очи во очи да си ги разјасни овие баналности ќе пише ваков тип на проблем на форум, и ќе бара совети од нас површните увидувачи на ситуацијата. Па макар таа истата имала 15, 17, или 32...
     
    На Gea и 1209 им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Абе девојчето си е океј околу плаќањето, туку овие ми се смешни што ѝ почнаа каков дечко бил тој што не би ѝ платил. Мислим, решење и пол на лице место. Куку мени ако така размислуваат. :|
    Со другиве делови апсолутно се сложувам, ќе плати кој има, Боже мој...ама збориме сепак за поситни стварчиња - храна, некое парталче, ово оно, но одмор не би, посебно не во нивнава ситуација каде тој е на пиедестал кај неа, а нему веќе му се надраснати тие идеализирања и приказни во кои постојат само двајцата партнери кои го имаат сето време на светот за зјапање во очи.

    Таа штотуку почнува на свој грб да осеќа одговорност, колку-толку финансии ѝ идат од родителите, а освен студирањето и него, чинам нема други грижи и занимации, дури ни обични кафе-муабети со другарки не ја занимаат, па многу очигледно е дека не знае човек колку ги вреднува неколкуте слободни денови кои ги има; а тој веќе оди кон 30, самостоен е и знае дека мора да работи за попристоен живот, па се растрга помеѓу две работи за истото.
    Нек идам на клада, во многу слична ситуација бев пред само 2 години, на таа возраст, а сега знам дека за тоа виновна е само самотијата и изолацијата од друштво и било какво уживање што не го вклучува партнерот. Лето е, нит одиш на факс, нит работиш, поретко се дружиш ради момакот, а типов во случајов дури на две работи е опкружен со луѓе и мозокот му е окупиран со работа...па ова сега што го читаме од неа е само последица од имањето премногу слободно време за тепање психа со претерано преувеличување и стварање сценарија/заговори во глава.
    Ако љубовта е безусловна ко што ја замислуваме, тогаш ќе се радува бар за него што ќе одмори, но очигледно нејзиниот центар на светот малце скренал налево, кон посесивниот тип идеализирање.
     
    На glosipgirl, Gea, ditrih и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Ја предлагам да си фати нов момак, на овој да му истури една кофа црн поликолор. Ако не постои ваков нека се измисли под итно! И се тоа одма откако ќе се врати од одмор..
    Кретен бе, мене вака, идам дома и мијам садови.
    Тој ќе ми се правдал, пих, муле едно мулосано! :rofl:

    Испомешавме баби и жаби луѓееее. Од три поста искочија илјада непотребни верзии и продолженија на шпанската серија.
    Арно вика Yipman, фраерот до сеа си истерал може и 5 одмори, а ние уште и го береме гајлето. :D
     
  17. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    и што ако зборував со него ? тој пак си се држи до ставот ... чобек во очајна состојба бара совет
    комуникација остваруваме еднаш неделно (толку можам да си дозволам, сепак сама се качувам во такси од моето село до градот и сама се враќам) ... преку тел се слушаме по неколку пати на ден (јас инсистирав да имаме броеви мегу кои ке биде бесплатно за да можеме почесто да се слушаме)...а ако пак ги штедев парите за излегување ... немаше тогаш да се видиме ... никако не си
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Aко ти со него не можеш да се разбереш бре девојко, што можеме ние да сториме? :|
    Не, не те напаѓам. Ама толкава узбуна крена околу едно глупаво недоразбирање со момчето.
    Јесда ние може да ја погледнеме ситуацијата од поинакви агли, и да ти дадеме некое мислење, ама ставот на дечко ти нема да го промениме со тоа, сигурно.
    Патем, и ти не си ми баш јасна зошто толку се замараш, па животот ваљда тебе не ти зависи од него и неговиот глупав одмор мајку му. Или се лажам? :^)
    Али како и да е, оди тие денови кај другарки, шетај се по интензивно, лакирај нокти, праи нешо.. Не е дека нема да ти помине времето дур он се испука и се врати препороден.

    Во случај да се сомневаш за неверство од негова страна во периодот од неговиот престој таму, исто така не знам што да ти кажам.
    Или незнам..ако сметаш дека не те почитува доволно рецимо, бидејќи јас колку што успеав да сфатам и дечково не се објаснил околу наоѓање на заедничка варијатна, може не е вистинскиот за тебе.
    Во секој случај, врти сучи ти премногу сериозно си ја сфатила целава ситуација. Па, се работи за еден обичен одмор, побогу. |(
    Сепак, фактот дека не се замара до толку со тебе и твоите потреби си стои, и дека не си му доволно битна па гледа да си истера свој ќејф.
    Останатото веќе го знаеш нема да се повторувам.
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    хм , слободно време ... земјоделската работа на село и не може баш да те остави слободен ... кафе муабети ? зарем јас не сакам да се гледам со поранешните школски другарки или сегашни колешки ? работата е тоа што сите другарки од село ми се мажија а сите други во селото се делат на стари девојки , ергени и мали деца од осмолетка , така да нема со кој да поделам такси... условување... на сите им е јасно дека љубовта е безусловна ... колку што се сќавам никаде не реков дека го условував ( му реков :штом сакаш да одиш на одмор сам , мислам дека нема потреба повеќе да бидеме во врска ...од кај да знам шо ќе праи таму со која ќе биде ? ( а тоа си го помислив , бидејќи и претходно кога има одено на одмор , тој имал однос со девојка ) )
    valerin ,

    токму тоа и ми требаше поглед на проблемот од различни аспекти бидејќи знам дека јас објективно не можам да ги согледам нештата ... и плус јас не сум искусна доволно ..имам 21 год а тој ми е прв дечко
     
  20. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Е добро де не е толку страшно... јас и дечко ми сме секоја година сме разделени по 2 месеци понекогаш и 3.. Јас верувам во него и тој во мене, еве јас во вторник заминувам за Турција со другари и другарки без него, во ниеден момент не ми рече не оди, секогаш е на моја страна ме подржува. Оваа лето собираме пари за наредното да одиме двајцата некаде заедно, планираме да направиме сопствен бизнис и заеднички парични средства, долго сме заедно па никогаш не сме си замериле за такво нешто сепак не сме на плата за да си дозволиме заеднички одмор.
    ditrih.. тешко е секое заминување на саканиот но тоа е не само поради тоа што ке ти недостасува туку и страв и љубомора, биди црвст карактер ако му веруваш немој да го оптеретуваш остави го нека оди ќе се врати и повторно ќе бидете заедно и патем ќе имате повеќе теми на разговор. Поздрав :)
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.