ДИВИ ЈАГОДИ Главната хероина Ајла била родена во мало,но убаво село. Како мала ги загубила своите родители, па затоа ја одгледале нејзината мила баба и вујкото со кого и не се согласува многу добро. Вујко и сосема сама ја испраќа во Истанбул на училиште. Таа заминува со воз во Истанбул, но не само што ја остава баба си, туку и првата љубов Суат. Во Истанбул годините поминуваат, Ајла се мажи за Сертаџ и ја добиваат ќеркичката Ејда. Нејзиниот среќен брак и живот се рушат кога таа дознава дека сопругот ја изневерува со млада девојка. Од тој момент за неа повеќе ништо нема да биде како порано.Решава да си замине од големиот град и да се врати во своето село кое го напушти одамна. Таму ќе мора да се соочи со својот лош вујко, но ќе се жртвува само заради ќерката. Во тоа селце, Ајла започнува сосема нов живот, далеку од сопругот. Целата љубов и ја пружа на ќерката. Таму повторно го среќава и Суат, нејзината прва љубов. Но за Ајла животот ќе биде тежок. Нејзината ќерка ја обвинува затоа што татко и го нема повеќе покрај нив, а тука се и конзервативните сфаќања кон жената која го напуштила сопругот. Во селото доаѓа Сертаџ кој сака да го врати своето семејство назад во Истанбул, но срцето на Ајла сега му припаѓа на Суат. Што мислите за новата серија што ќе биде на сител?
Почнува денес после "Судбината на Фатмаѓул" Спојлер Овој десно на сликата ми личи на љубовникот на Мукадес од "Судбината на Фатмаѓул"
Не е лоша серијава, а Ејда ми е многу слатка највеќе ради неа ја гледам. Штета што само 3 дена во неделата игра, ама тоа е.