Мене баш во последно време ми стана интересна и почнав да си ја гледам кога можам. Нема некоја посебна тематика која вреди за гледање, меѓутоа интересна е за слатко да се насмееш и опуштиш како што не можеш со сериите како Карадај.
И јас ја гледам.. Колку ми е само интересна Ама најинтересна во серијата ми е Рукије Лелее колку беше интересно (нз точно во која епизода беше) кога на сред емисија му се запали јадењето хахахааха Сум се пресмеала
Интересна серија, знае да насмее. Но, дали само мене ми е одбивна веќе Ајла? Како да не е возрасна жена и мајка, како тинејџерска се однесува. Кај самата не знае што сака, уште и на кутриот Суат му го комплицира животот. Сакам нејќам, скар смир.... Тежок смор, мислам му скрати 10 години од животот на Суат откако е со него. Инат, нарцис и се мора да е по нејзино.
Истото го мислам.Не ја пратам редовно серијата,ама моиве по дома ја гледаат стално,па си гледам од време на време Напаст е Ајла,не се поднесува,не знам како Суат ја трпи,како разгалено детиште е.На моменти ќерка и испаѓа помудра и попаметна од неа. А инаку имаат смешни моменти,оние старите баби и Риза се комедија