Разгледувајќи ја темата Вашите цртежи, често забележувам некои направени со дигитална техника и дојдов до идеја да отворам тема за дигиталната визуелна уметност. Да појаснам, тука може да постирате сѐ што e креирано на било која програма која вие ја користите за создавање на вашите дигитални визуелни дела. Од колоритни портрети/пејзажи, до basic икони, дури и типографија. Еве некои мои: Пред два месеци почнав да учам Adobe Illustrator и како што може да забележите се фокусирам на simple минимални иконки. Сѐ уште сум во фаза на изучување на алатките и ефектите и имам уште многу да еволуирам, но ко за почетокот мислам дека сe kinda cute. Ги повикувам @ecka.da.wiz, @SwanMay, @Papillon.Papi и сите останати да се придружат на темава со своите дела.
Ај да не седи вака осамена темава, сигурно има доста креативци тука, а јас да го разбијам ледот ...ова е во Фотошоп креирано.
Мојата прва направена илустрација кога купив таблет. Ја цртав на SketchBook. После година дена илустрацијата ја искористив за да направам постер, на Photoshop. Нешто слично направив и со наредните 2 илустрации, цртани на SketchBook, после година дена претворени во постер на Photoshop.
Годинава учествував на еден проект посветен на колата Југо, па искомбинирав нацртана (со големи маки хаха) илустрација на SketchBook со досредување графички дизајн на Фотошоп. Знам, гумите му се подиздишани, I'm aware.
малце каснам да видам за темава, ама еве сум!! еве неколку портрети во adobe illustrator кои ги правев за школо
правев meettheartist за инстаграм, па еве го само цртежот, ако сакате да го видите целото на инста сум sonchevaa (го постирав цртежов и во "Baшите цртежи")
касно гледам, но цртам со графички/дигитален таблет/ таблет за цртање, порано ги имаа само wacom но сега имаат и од други фирми