1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетални јадења

Дискусија во 'Диети' започната од Lux, 25 мај 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Овде ќе споделуваме рецепти за салати и други диетални јадења кои се нискокалорични и се погодни за секој диеталец и за здраво исхранување.
    ПИПЕРКИ ( ИЛИ САРМА) ПОЛНЕТИ СО СОИНИ ТРОШКИ

    Потребно: 2-3 пиперки (тиквички или модар патлиџан), а за сарма 2-3 листа кисела зелка (лозов лист или лист од зелје), 100гр. соини трошки, 1 главица кромид, 3 супени лажици ориз, морска сол, бибер, 1/2 лажица црвен пипер, 1 изрендан морков, лист од целер, магданос, ладно цедено сончогледово масло, домат.

    Подготвување: на маслото, со додавање многу малку вода, се динста исецканиот кромид. Кога тоа ќе биде готово се трга од оган и се додаваат обарените соини трошки, оризот (доколку користите интегрален ориз претходно ќе го сварите), изренданиот морков и зачини по вкус (оригано, вегета, бибер и др.). Сето тоа се става на оган да се динста уште 15 мин. Со оваа смеса се полнат пиперките или се виткаат сармите. Пиперките исправено се ставаат една до друга во огноотпорен сад и секоја пиперка се покрива со исечени кругчиња од домат. На сето тоа се става вода за да се покрие содржината, се поклопува и се става во рерна да се пече 1 час.

    МУСАКА СО СОИНИ ТРОШКИ И ОРИЗ

    Потребно: 250-300гр.соини трошки, 150гр. свежи печурки (или од тегла), 150-200гр. ориз, 1 чаша павлака, 40-50гр. ладно цедено масло, 1 главица кромид, магдонос, 2 јајца, био-зачин, сол, бибер и други зачини по вкус.

    Подготвување: маслото се загрева, се додава ситно исецканиот кромид, се пропржува и се додаваат очистените и тенко исечени на листови печурки. Сето тоа се динста додека не омекнат печурките, а потоа се додаваат соините трошки (предходно попарени во вода) заедно со зачините (сол, био-зачин, оригано, бибер, салца или кечап) па сето тоа заедно се пржи. Во тавата се тура малку масло, се става ред посолен и забиберен ориз, се додаваат сојата и печурките, се посипуваат со исецканиот магдонос и се прекрива со останатиот ориз. Се пече 30 мин во рерна на 200 Ц. Пред крај се прелива мусаката со јајцата матени во павлака и се допекува додека не се формира зацрвенета коричка.
    ЌОФТИЊА ОД СОИНИ ТРОШКИ

    Потребно: 250гр. соини трошки, 1 поголема главица кромид, околу 150гр. ладно млеко, 1-2 јајца, 100гр. кашкавал, бибер, био-зачин, сол, салца, кечап или тазе испасирани домати и масло.

    Подготвување: предходно попарените и исцедени соини трошки се мешаат со исецканиот кромид, јајцата, изренданиот кашкавал и се додава бибер, био-зачин, сол. Се месат ќофтиња и се пржат во малку повисока тава. Откако ќе се испржат, се тргаат од оганот и се преливаат со кечапот, салцата или свежо испасираните домати. Покриени убаво се оставаат да крчкаат уште 20 мин.
    СОЈА СО ПЕЧУРКИ

    Потребно (за 4 лица): 200гр.варено зрно од соја, 150гр. печурки, 100гр. ориз, 60гр. маргарин, 50гр. пармезан, 1 јајце, 1 главица кромид, био-зачин, сол, пипер, магданос.

    Подготвување: се динстаат на масло печурките, се додава вареното соино зрно, варениот ориз, био-зачинот и сето тоа се динста. На крај се додава вареното исецкано јајце, пармезанот, солта, пиперот и магданосот. Се служи топло.
     
    На sakamdasumsreknabar1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Супа од компир
    Состојки:

    - 600 гр компири

    - 2л вода

    - 1 китка магдонос

    - ½ филџан масло

    - сол

    - вегета

    Подготовка:

    Оваа супа може да ја подготвите за 30 мин. едноставна е и лесна, не е мрсна, има попријатен вкус од некои комплицирани супи. Компирот излупете го, измијте, и исечкајте на коцкички. Додајте вегета. Поклопете и варете околу 20 мин. Додајте ситно сечкан магдонос, па тргнете ја супата од шпоретот.
    Сезонска овошна салата
    Лесен и освежителен десерт за летните денови. Иако се прави скоро во секоја сезона во годината, овојпат ќе предложиме сезонска овошна салата, која може веднаш да се подготви.

    Потребни состојки за 2 лица:

    - 1/5 кг цреши

    - 1/5 кг јагоди

    - 2 праски

    - 2 банани

    - 1 портокал

    - Шлаг пена

    Подготовка:

    Добро измијте ги продуктите или излупете, а кај црешите извадете ги семките. Јагодите исечкајте ги на крупни парчиња како и праските. Бананите, на крукчиња, а портокалот разделете го. Црешите ставете ги цели, само без семки. Откако ќе го средите овошјето, наредете го во две високи чаши. Редењето може да биде и мешано овошје или ред, банани, ред цреши итн. По ваш избор. На крај, додадете шлаг пена, а врз неа една цела јаготка.
     
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    Диетални јадења(солени)

    Пржена салата со маслиново масло

    2 мали финџали ориз
    2-3 црвени пиперки (суви)
    7-8 млади кромидчиња
    малку маслиново масло
    сол, вегета, малку црн бибер, црвен пипер,

    пиперките и младите кромидчиња ги сечкаме, и заедно со сите други состојки ги ставаме (освен црвениот пипер) во тава да се пржат во малку маслиново масло и непрекинато мешаме околу 5 минути, потоа го додаваме црвениот пипер и пржиме уште 1-2 минути и му додаваме вода, ја покриваме тавата и оставаме да се вари на тивок оган.. кога ќе приметиме дека оризот е сварен го вадиме капакот и оставаме водата да испари... лесно е за готвење и превкусно е, јас обожавам да го јадам и кога не сум на диета..

    баш вечерва направив за сите дома .. еве како изгледа:


    Салатата од варени компири

    3 варени компири (ги сецкаме)
    1 варено јајце (сецкано)
    половина главица кромид (сецкана)
    сето тоа го ставаме во чинија додаваме малце цеден лином, оцет, маслиново масло, и сол и мешаме.. превкусна е во комбинација со риба..
     

    Прикачени фајлови:

    • 05042012099.jpg
      05042012099.jpg
      Големина на фајлот:
      346,3 KB
      Прегледи:
      2.302
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Супа од зеленчук
    Сега има голем избор на зеленчук па еве како да спремите пролетна супа од зеленчук за триесеттина минути, а ако сте на диета можете да ја јадете и наместо ручек.

    Состојки:
    - 200 гр. морков
    - 200 гр. брокули
    - 2 средни компира
    - 250 грама зелка
    - 1 главица кромид
    - 200 гр. фиде
    - 1 китка магданос

    Подготовка:
    Во тенџерe ставете околу 2 литра вода да се вари. Во водата ставете ги претходно исечканите на коцки: морковот, брокулите и компирите.
    Зелката и кромидот изрендајте ги и додајте ги во водата. Оставете да се вари 15- 20 минути и додајте го фидето, а на крај добро измиениот магданос.
    Сервирајте во длабоки чинии и додадете малку бибер и јаболков оцет или лимон по желба.

    Добар апетит.
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Диетални јадења(солени)

    Омлет во микробранова

    3 белки од јајца, малку печурки, кромидче и пиперка. Ги мешам сите заедно и ги клавам на малку намрсено тавче за печење во микробранова (може и во обично, само внимавајте после вадењето да не го изладите брзо, може да се скрши).Го печам сето ова 3 минути, вадам, промешувам и враќам уште три. Ако сеуште имате неиспечени белки на врвот, завртете го и вратете го околу 30 секунди. И тоа е тоа. Имате некој си вид на диетален омлет и верувајте не надминува 150 калории ;)
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Диетални јадења(солени)

    Jа најдов една книга што ја купив лани кога одев на фитнес,полна е со диетални рецепти :)

    Црн патлиџан со пармезан
    Pерната пуштете ја на 175 степени.Пресечете го црниот патлиџан на подебелки парченца,а во друг сад
    додајте 1\2 матено јајце и 1\3 лебни трошки.
    Mатете ги црните патлиџани во јајцето па во лебните трошки,ставете ги на тава покриена со хартија за готвење и 2 лажилки маслиново масло.
    Печете ги 25 минути и свртете ги само еднаш,тргнете ги од рерната и ставете ја на 250 степени,во поголем сад,преместете ги црните патлиџани,додајте една чаша сос за тестенини(доматен сос) и 1\4 пармезан,печете се додека пармезанот позлати,сервирајте со боранија.

    Chicken Quasadilla
    Дoдајте 85гр испржено и исечакно пилешко на една голема тортиља,ставете 1\4 кашкавал со намалена масленост,1\4 варен црн грав,1\2 исечкан патлиџан,по желба додајте повеке зеленчук.
    Пресечете ја тортиљата на пола и истостирајте ја се додека не се стопи кашакавалот,сервирајте ја со
    1\4 салса

    Aјде после повеке ке напишам,ми се смачи од преведување :D
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Овошна салата од ананас.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    200 грама Сирење
    25 грама Ореви
    100 грама Киви
    400 грама Грозје
    100 грама Банана
    1 грама Ананас
    100 грама Јагоди


    Време за подготовка: 30 мин.
    Време за готвење: 0 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Овошна салата од ананас.
    ПОДГОТОВКА:
    Извадете ја внатрешноста од секоја половина ананас. Извадените парчиња ананас иситнете ги и префрлете ги во поголем сад.

    Додадете го остатокот од овошјето. Овошјето префрлете го во издлабените половини од ананасот.

    Во помал сад измешајте ги сирењето и оревите. Додадете ги на врвот на салатата сервирана во оригиналниот сад направен од кората од ананас.
    Салата од макарони[​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    200 грама Туна
    малку Сол
    150 грама Пченка
    500 грама Макарони
    300 грама Кисели краставички
    малку мала лажица Бибер


    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 10 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Салата со макарони
    ПОДГОТОВКА:
    Сварете ги макароните со маслото од тунaтa.

    Исецкајте ги киселите краставички и добро исцедете ги.

    На сварените макарони додадете ја пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер.

    Мешајте ја целата смеса додека не добиете хомогена маса.
     
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Гриз прелеан со овошје
    [​IMG]

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    200 милилитри Млеко
    1 лажица/ци Мед
    50 грама Киви
    1 Банана
    50 грама Гриз


    Време за подготовка: 10 мин.
    Време за готвење: 20 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    За дете после 1-на година
    ПОДГОТОВКА:
    Една третина од млекото се користи за да се измеша гризот и шеќерот.

    Вака измешаниот гриз се става во врелото млеко со постојано мешање.

    Потоа се вари додека не згусне.

    Варениот гриз се става во посебна чинија.

    Бананата и кивито се пасираат, а добиената овошна каша се прелива преку гризот.
     
  9. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Диетални јадења(солени)

    а можи на шпорет не во микробранова
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Moже зошто да не, ако немаш микробранова направи го на шпорет, мислам дека нема некоја разлика.
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Нели во микробранова не смее да се ставаат тавчиња и тенџериња?
    Јас колку што знам во мојата микробранова не смее да се става ништо што е посребрено, како се викаше не ми текнува, зашто пука.

    Инаку да не бидам оф-топик: Јас на чинија ставам маслиново масло малце (за да не лепи) и кршам јајце на око дирекно во тањирот. Сега може да се извади жолчката доколку сакаш. Одозгора резанчиња патлиџан, пиперки, печурки и маслинки. Сето тоа во микро и готово. :)
     
  12. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Диетални јадења(солени)

    ај пишете некој други вакви јадење диетални кои што вие ги употребувате :)
     
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Диетални јадења(солени)

    Секси јас имам специјално за во микро, незнам да ти кажам што материјал е, целото е црно и го купив од Грција пред скоро година дена. Ми врши страшно многу работа. :) Е вакво, само помало е моето.
     

    Прикачени фајлови:

    • _412.jpg
      _412.jpg
      Големина на фајлот:
      38,6 KB
      Прегледи:
      380
  14. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Диетални јадења(солени)

    [mod-reklama:2d6r4xpe][/mod-reklama:2d6r4xpe]
     
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Диетални јадења(солени)

    Здрав сендвич. ;) Напрајте си го и уживајте.
    [​IMG]