Прв ден Појадок- 2,5 дцл свеж сок од јаболко и шоља јогурт со шумско овошје Ручек- Салата од спанаќ, свежо рендана шеќерна репка зачинета со маслиново масло и лимонов сок Вечера-Салата од мешан зеленчук со лупени семки од сончоглед Втор ден Појадок- 1,5 дцл свеж сок од портокал и каша од интегрални житни зрна Ручек- 2,5 дцл соќ од шеќерна репка и целер и порција овошје по желба Вечера- Зелена салата со рендано јаболко,компир и сечкани бадеми Трет ден Појадок- 2,5 дцл јогурт и банана Ручек- пире од домати со спанаќ и два ореви Вечера- Салата од свежа зелка со печурки и грав,прелиена со маслиново масло и лимонов сок. По овие три дена се прави пауза еден ден,во кој може да се комбинира храна од претходните три дена и приуштување на некое плус задоволство,но без прејадување. Потоа се почнува повторно со тоа што се започнува по обратниот редослед на деновите и се повторуваат циклусите 4 пати на истиот начин.