1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на Жан Митрев

Дискусија во 'Диети' започната од kuklicka55, 27 декември 2010.

  1. dace-dani88

    dace-dani88 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Здраво. Еве и јас да го споделам моево искуство од диетава со вас. Ја држев неколку пати и да ослабев, но не се разочарувајте доколку ослабите малку а не драстично затоа што секој организам не е ист. Телешкото бидејќи ми беше одвратно го заменував со пилешко и пак имаше ефект. Но килограмите со текот на времето по престанувањето на диетата се враќаат. Ја почнувам пак задоволна сум од неа и ви препорачувам сите оние кои што се сомневате или пак двоумите да ја почнете не двоумете се. После секоја диета килограмите се враќаат кога тогаш, но сепак сите оние склони кон дебелеење се осудени цел живот да држат диети па оваа е доста ефикасна. За слабокрвните ќе речам едно големо НЕ , не играјте си со вашите животи со оваа диета. Поздрав
     
  2. cinderella.red

    cinderella.red Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев средно школо ја држев диетата. Првата недела е навистина тешко и мене лично ми беше тешко да издржам. Но после првата недела ви се намалува апетитот и храната од диетата ви е сосема доволна. :) кога ме факаше криза за храна си гризев двопек.
    Јас имам брз метаболизам и мн брзо губев килограми за две недели околу 7 кг кои ми беа доволни и ја прекинав.
    Сега сум пак поправена, но пред извесен период имав слабо железо па сега здравјето пред се :rofl:
     
  3. Sandra-Afrika12345

    Sandra-Afrika12345 Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки :hai: јас сум тука нова сакам да ве прашам дали оваа диета има јојо ефекти? :D
    Се надевам дека набрзо ке добијам одговор
     
  4. Sandra-Afrika12345

    Sandra-Afrika12345 Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
     
  5. Sandra-Afrika12345

    Sandra-Afrika12345 Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
     
  6. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Jas ja drzhev isto dietava, da ima rezultat, no zavisi od tebe posle dietata dali kje jadesh kako prethodno ili pak kje vnimavash. Znachi se zavisi od tebe za ponatamu, a ako si slabokrvna togash poarno ne ja drzhi.
     
  7. hiki123

    hiki123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    девојки да ве прашам, кога треба да биде доруцекот кога руцекот а кога вецерата... фала ви однапред
     
  8. dace-dani88

    dace-dani88 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3

    не си играјте играчки со диетите посебно со оваа завршив на болница од неа премногу го раздразнува желудникот... повраќав дури крв неколку пати
     
  9. topche

    topche Нов член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Секој пат кога ќе се одлучам дека треба брзо да ги симнам килограмите авоедно и да се најадам си се враќам на диетава. Ептен ми е златна резерва и секогаш ми дава ефекти , не треба да и се приоѓа со толкав песимизам , + со некое вежбиче, се ќе биде топ за само 2-3 недели :) хихи
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    137.652
    Од денес ја почнувам, па нека е со лесно.

    Нема да ја држам три недели, туку 2, па пауза една недела, па уште 2, или една недела, па две недели пауза, па уште 3 недели диета. Нема да бидам дома, па неизводливо е да ја терам во еден залет.

    И намирниците во рамки на еден оброк нема да ги јадам по ред, една по една, туку како ми дојде. Ама ќе се држам до оброкот, значи нема да јадам на пример вечера, па ручек. На волку малку калории, сигурно ќе има резултати.

    Ќе си пијам витамини цело време, затоа што во 700 калории, колку и да се избалансирани, нема шанси да се внесе се што треба.

    Денес знам дека лесно ќе го издржам денот. Првиот секогаш е лесен, ама после доаѓа тешкото. Добро е што за викенд имаш можност да се стабилизираш, а и да јадеш дома со другите.

    Туку да прашам за секој случај, намирниците се мерат откако ќе бидат подготвени или претходно?
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    137.652
    Последниот ден од првата недела од диетава го упропастив затоа што храната си ја заборавив дома, па морав да се снаоѓам за јадење, ама претходните 4 беа добри. Не јадев многу денес, ама сепак не се држев до пропишаното.

    За 4 дена ослабев 2,2 кг. Е сега, од нив 1 кг ми беше ставен последниот ден пред да почнам, кога нели пробав од се што ми се најде на патот затоа што од следниот ден почнував со диета :))))

    Викендов само да не претерам, од понеделник уште една тура и ако симнам уште 2 кг супер би било. После ќе правам пауза од една недела, и пак ќе ја држам уште 2 недели.

    Диетава многу ми одговара. А претходно никогаш не ми текнало да ја држам, прв пат ми е.
    Јас и онака јадам многу кисело млеко и многу сакам јајца, па ми се погоди. Не ги јадев продуктите еден по еден, туку мешав.

    Што да кажам, човек кога е гурман, и во диета ужива.
    Првиот ден требаше за вечера да јадам јајце, марула, 2 домати или сок од домати и двопек. Кога си стоплив сок од домат со разни зачини како супа, па уште му го искршив двопекот внатре, а бе тоа беше лудило. После тоа си направив мимоза салата со марула и јајце. Уживанција. Денот кога имав сирење и домат јадев капрезе салата. Кога имав двопек и домат, си правев брускетчиња со домат и босилок. Телешкото го динстав со многу малку маслиново, сенф и лук, супер излезе.

    Диетава ептен ми е погодена, можам вака до бескрај да терам :D

    И сега кога ќе си го препрочитам мислењево сфаќам дека гурман како мене е осуден на вечно држење на диети.
     
    На ozbilnazena, mimoza.mk, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    758
    Еве и јас да пишам како поминав :)
    За 5 дена строго придржување,значи ни залче немам пробано ништо освен предвиденото во диетава, да пријавам минус од 1,5 кила,значи се мерев во понеделник па сабајле.Не сум баш восхитена ама не е ни лошо,земајќи во предвид дека деновите пред да почнам со диетава бев со +3.5 кила од сегашнава тежина.
    Денеска и утре мала пауза но ќе почнам да вежбам на Орбитрек од денеска,скроз го запоставив минатата недела.Од понеделник почнувам со втората недела,во сабота пак ќе пишам резултати.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ја држев пред некоја година, чувај Боже е диетава одвај 5 дена издржав и почнав да припаѓам и да ми се темни (а не дека ослабев), па не е нормално секој ден јајца и кисело млеко а од јагленохидрати ич, и тие му се потребни на организмот. :^)
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Веќе 4ри дена ја држам оваа диета и за сега сум задоволна. Супер ми е ,храната ме држи сита и ми се допаѓа менито,т.е видот на храна што е застапен,па потешко подлегнувам на искушенија. :)

    До сега сум минус 1кг и 600 гр. што е супер. Некогаш заради обврски во текот на денот што ми се попладне,појадувам и набрзо после тоа ручам за да не го носам ручекот со мене надвор од дома. Ама и вака има резултати,а не се осеќам воопшто гладна или стрвна да пробам нешто плус. :)

    Само ме плашат овие 2та слободни дена. Или ќе имам само еден слободен ,во кој ќе гледам појадокот и вечерата да ми се овошје и салата соодветно ,а ручекот нешто лесно или нема да имам ниту еден слободен ден. Ќе видам.
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Waka-waka, не се плаши од слободните денови :)
    Јас кога ја држев диетата, си велев едвај чекам да дојдат слободните денови да јадам што сакам.
    Ама дека организмот веќе ми беше навикнат на таков режим на исхрана, воопшто немав апетит за други јадења, туку си комбинирав исхрана според диетата. И во слободните денови јадев двопек, или дејствувано месо и зеленчук. А потреба од благо воопшто немав. :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    137.652
    Мене доста ме упропастуваа слободните денови, а сега имав и слободна недела која ми се одрази со +2кг. Како и да е, добро што ја држев претходно, па така да кажам имав фора, затоа што овие 2 кила што ги ставив секако не ми бегаа. Барем имав подобар старт.

    Од понеделник пак ќе правам уште две тури.
     
  17. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    Ja merkam dietava se e super ke izdrzam ama kafeto bez seker :envy: moze li so natren jas samo taka go piam ke bide li golema greska :^)
     
  18. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    I dali na pogolema tezina poveke se slabee jas imam 10 visak a moze i 15 toop bi bilo :lol:
     
  19. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Девојки диетава започнав да ја држам од вчера,јадев се што беше дадено,но не по редослед,дали тоа ќе влијае на резултатите?Денес ми е втор ден и за сега добро ми оди,денес прочитав дека требало да се јади по редослед,е сега дали да ја прекинам диетава и да започнам од почеток,или да си продолжам со ред?
    Ви благодарам од напред. :)
     
  20. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337

    Е ај, ќе си ја држиме заедно.. да видиме кај кого ќе има поголеми резултати. :D
    Јас ја почнав од денес.. треба по редослед да се јадат барем така пишува, ама исто имам прочитано и дека мали измени не прават голема разлика така да продолжи си. 8)
     
    На lolitoo му/ѝ се допаѓа ова.