Мој совет ти е да се придржуваш стрикно до диетата. Така резултатите се видливи. И јас воопшто не пиев кафе без шеќер, ама после второто пиење се навикнав. Или конзумирај си чај без шеќер, не мора кафе. Според мене нема врска на која тежина се повеќе видливи резултатите. Држи се стрикно до диетата, и не заборавај најмногу ефект кај мене имаше на стомачните Добив рамен стомак
Здраво девојки, и јас почнав да ја држам диетата од понеделник, денеска ми е 5ти ден. јас ја држам по незнам кој пат. скоро секоја година пред почеток на лето и ми е омилена. Лани имав многу лоши резултати (а ептех строго ја држев, изгледа дека стареам ) ама предтоа никогаш не ја завршував затоа што веке до втората недела симнував 4-5 кг и тоа ми беше доволно. Мене ми е преубава диетава,многу ми е лесна за држење воопшто не чувствувам глад. Само ми е страв дека за викенд можам да се опуштам
јас ја започнав втората недела од диетата,и се чуствувам одлично,само што место телешко месо јадам стек,а и овој период неможам да и одолеам на црешите и јагодите па си земам и од нив по една рака помеѓу ручекот и вчерата,а и сабота и недела јадам што има дома за ручек но без леб,ја држав диетата и пред 2 години и бев ногу задоволна мислам дека имам пишано на оваа тема ,и ослабнав 13-15 кг не се сеќавам убаво,и од овие кг имам вратено само 4 кг ,сега после 2 години се одлучив повторно да ја држам диетата и се надевам дека ке биде се како што треба
И јас денес ја започнав втората недела,добро ми оди не чуствувам глад,во викендот јадев се и јас не можев да им одолеам на црешите и јагодите па по две чинии на ден јадев,сакав да те прашам за колку време ги симна тие 13-15 кг,за 15 дена или повеќе?
тоа што пишува за ручек што да се јаде може одеднаш да се јаде заедно или треба да мине време по ред да се јаде ?? може некој да ми објасне
Има некој што ослабнале, ама повеќе има што завршиле во болница. Јас ја имам држено, и после 3 дена умрев од глад. Право сра*е.
јас издржав една недела но викендот во саботата се напив алкохол дали сега има врска тоа нели 6-7 е слободно
Јас сум многу задоволна од диетава денес ми е 2 ден од втората недела. Ослабев 5кг ама ме чека уште долг пат да слезам уште 20кг. Диетава ми е многу погодена јадам по нешто на секој час. И не ја препорачувам за оние кои мислат дека се дебели, односно за оние кои навистина немаат повеќе од 10кг вишок(висина-110 е вашата идеална тежина, не таа што сте си ја завртиле во главата ). Сепак диетата е препишана за стари болни дебели луѓе за брзо да ослабат пред операција и сл, така да за нас здравите не би требало да претставува голем проблем. Моето прашање е за оние кои успешно ја завршиле диетава, дали јадевте после 8 часот навечер? Домашните ме караат бидејќи јадам после 8 часот навечер, ама морам, кога и да станам во 8 часот на сабајле до 10 ништо в уста не ми се става. Исто така секој ден од кај 6 и 30 попладне пешачам по 5-10км и па морам да јадам после 8 часот навечер кога ќе се вратам од пешачење. Од една страна во диетата пишува дека не смее да се прескокнува ниту еден оброк, од друга страна треба да јадам после 8 часот навечер. Што би ме посоветувале вие?
може некој да ми објасни как треба за ручек и вечера дали одеднаш се јаде или треба на секој саат да јадам по 1
Еве дојде понеделник а јас си ветив дека од денеска ќе ја држам диетава уште еднаш. Се поправив 2 кила,се надевам првата недела бар тие да ги симнам,па понатаму ќе пишам како е,продуктите се купени-денеска ден 1
Јас кога ја држев диетата, преферирав се одеднаш да изедам, некако мачно ми беше на секој саат А во меѓувреме, препорачувам пиење многу вода
Ја почнав диетава па ќе видиме какви резултати ќе имам.Порано многу слабеев со неа.Има ли некој друг што ја држи?
Неколку пати сум пробувала да е држам УН- диета ама се откажувам за само неколку дена. Вчера е почнав оваа диета, и вчера издржав без грешка. Денес втор ден ми е... Се осекам гладничко ама ке издржам,,, голтам вода многу,,, а продуктите ги земам одделно еден по еден на 15 мин. Инаку имам 75 кг. висока 168. Претежно маснотиите ми се во стомакот и колковите.
ja drzi li nekoj dletava vo momentov rezultati ve molam ako ja drzite,Jas od utre se resiv da ja pocnam.
Luge abe kilogramite se vrakaat ako posle dietata pak jadete mnogu a ne sportuvate. Taka da daj ne se zalite so toa vrakanje na kilogrami, mnogu jasno i logicki e deka ke gi vratete ako jadete nekontrolirano. Zavrsete so dietata i posle si jadete normalno ali isto sportuvajte ili bareme pesacete poveke. Pozdrav