Убаво ќе е иако се сите. Морковот и компирот иссецкај ги на коцки и заедно со грашакот свари ги. Јас сега јадев туна и 2 двопека. Вечер пак зелка салата.
Мене некако чудно ми е и тешко ми доаѓа што навечер оброкот е најобемен. Доручекот океј е ама ручекот минијатурен, ми се приплакува за храна
И јас ке почнам од утре а денот со сирење планирам да го скокнам и да не правам пауза 2 дена .Инаку се надевам дека нема да осетам глад
Јас ја држев диетата во ноември и ослабев 6-7 кг. Ја држев без паузи за викенд, наместо телешко пилешко варено, со паузи од 5 мин помеѓу намирниците. Откако ја завршив наместо леб си продолжив со двопек иште еден месец, друго се јадев, и освен 2 кг за 7-8 месеци не вратив ништо плус, а не го ни применував правилото за секој понеделник. Морам да напоменам дека правев крвна слика пред и по диетата и по диетата ми беа многу подобри резултатите, се чувствував поенергично, не ми се спиеше наутро, не се будев изморена како претходно. Единствено глад чувствував третиот ден од диетата, но се издржува другото ми беше песна Благодарение на диетава почнав да пијам горко кафе кое што е многу поздраво отколку со шеќер. Со лесно на сите што ја држите диетава, да стигнете до очекуваната килажа за на плажа
Мене ми е доволен ручекот односно киселото млеко и јајцето. Навечер е пообилно затоа што доручекот е оскуден, а размакот до ручек е голем. Денес ќе јадам (морам на прослава сум), ама ќе го избегнам лебот, а ќе го надокнадам со некоја чашка алкохол.Од утре пак од ново.
Здраво девојки. Мене ми е 3ти ден од диетата на Жан Митрев, ослабнав 1,5кг до сега и се чувствувам добро, освен негативните сугестии од колешките (а, паѓам многу под сугестии, па се плашам како ќе издржам), добро е што постои форумов за меѓусебна подршка. Прашањето ми е, дали диетата мора да се држи 3 недели, бидејќи јас сакам да намалам 4 килограми, дали може само 1 недела до 2?
Колку помалку килограми, толку потешко се симнуваат. Ете јас почнувам 2-ра недела. Почнав со 72 кгр, во саботата сабајле имав 69 кгр, за денес да се мерам и имам 71-но. Викендот нели е слободен, не се држи диета,јас залче леб не каснав, повеќе бев на овошје и малку месо ( и узо додуша во саботата, а алкохол не смее). Ајде од денес пак на режимот, па ќе видиме. Не се откажувам, како и да е морам до 65 кгр да дојдам и таман ќе ми е.
Нема откажување Evripigi, какво откажување, тука сме за подршка. А, плус имаш 2 дена да јадеш што сакаш. 3 кг не е малку за 1 недела, супер си.
Секоја ви чест на тие што ја издржувате до крај, јас уште на вториот ден се откажав бидејќи не можев да издржам. Распоредот на намирниците ми е таков што ме се лошеше буквално после секој оброк. Сепак секој организам е различен.
Вчера: 2 праски, 1 варено јајце, канче кисело млеко, 2 јајца и 1 домат. (вечерта јадев лубеница ) Уф денес ми е тешко. Ми се јадееееееееееееееееееееееее. 2 праски, канче кисело млеко и 2 двопек.. Вечер се знае зелка салата. Само јас ја држам диетава или?
А може ли наместо поретокалите да се јаде некое друго овошје, на пример јаболко? И дали може наместо стек или телешко да се јаде туна конзерва?
Здраво девојки, како се држите? Мене ми е 5ти ден и -2 кг, вчера пречекорив со лажичка шеќер и какао, па останав на истата килажа. Инаку, до вчера наутро, ми беше тешко, ми се тресеа нозете, ама по ручекот со сирење добив многу енергија, па вечерата ја одложив за подоцна. Дали Вам ви се случуваат жешки бранови?
Јас јадам само праски и месото го заменувам со туна кога многу ми се јаде, инаку за вечера околу 18 часот јадам зелка салата.Не се држам стриктно до пропишаната диета. Погоре имам напишано што практикувам. Едит: Синоќа многу ми се јадеше и си каснав малку диња и еве утрово ич не ми се јаде.
Мислам дека ти е добро да не менуваш. Функцијата на портокалот, лимонот, кивите е да ги топат маснотиите од месото. Ако, внесеш овошје со повеќе шеќери, ќе го забавиш процесот. Риба во конзерва има многу сол, мене ми врзува многу течност, така да, мислам дека и тоа не е добра идеја. Жан Митрев е сериозен доктор и во диетата се е осмислено со своја намена, полесно е целосно да му се верува. Сепак, тоа е само мое мислење.
Праската и портокалот имаат исти број на шеќер и калории, додека јаболкото има повеќе. Најмалку шеќер и калории има лубеницата, така да нема врска какво овошје ќе јадеш (исклучени се банана и грозје). Едит: Во телешкото месо има повеќе масти отколку во туната конзерва, важно за двете е што не содржат јагленохидрати.
А дали има врска времето кога ке јадеш, мислам во колку саат треба да ти бидат оброците? И колку треба да има растојание од еден до друг оброк, колку саати?