Диетата ја препорачуваат за луѓе со сериозни срцеви заболувања кои мораат брзо да ослабнат пред операција. Од тие причини - не ја препорачуваат како нормална диета. Од неа многу брзо се губат кг, ама може да биде и штетно по здравје.
Ако се држи диетата некои 10 дена [односно 14 со викендите] нема да биде штетна и за најздрави луѓе. Секаков режим е океј да се држи највеќе до 10 дена. За понатаму веќе е крајно штетно.
Еј, претерувате со тие онесвестување, инфузии и глупости. Имав 76 кила и за цела диета симнав околу 7-8 кила, ни приближно до тие 15 ама сепак бев задоволна. Правев и крвна слика се е во ред, холестеролот ми е дупло намален (бев на горна граница) и се друго е во нормала. Измеѓу, иако не пишува, пиев цеден лимон и пороткал комбинација, плус пијам мултивитамински... Сакаме сите ем да јадеме, ем да слабееме, ем брзи ефекти... Каде е логиката?! Диетата си е супер. Плус, ако изедете малку повеќе овошје наутро нема да ви попречи.
Odlicna ideja,moralna podrshka lele kolku ni treba koga sme na dieti. Mi treba sovet, sakam da oslabnam 5-7 kilogrami , no bi sakala vo period 10 dena. Koja dieta bi mi ja preporacale? Inaku sum visoka 168 a imam 58 - 69 kg. Ne izgleda mnogu znam ,no imam problem, polovinata mi e tesna t.e. strukot vleguvam vo maicki i kosuli 36/38 br no kolkovite t.e. butovite mi se podebeli.Ve molam ne mi kazuvajte za vezbanje bidejki probav i taka samo mi se zajaknaa muskulite na nozete i ne mi se smeni obemot na butovite. me interesira sto moze da kazete za ovaa medicinskata dieta dali e delotvorna ili pak dietata so zelka, Veke probav so medicinskata pred 2 meseca no nekako mi bese maka i ja prekinav vtorata nedela.Ne znam dali moze pak da ja pocnam od pocetok
Hе можеш толку кила само за 10 дена да ослабеш Tоа е реалноста за жал инаку имаш еден куп диети, избери си ја онаа највеќе што мислиш дека би ти одговарала
korekcija sega sum 58 sakam da stasam do 53 . Znam deka e malku nerealno ama bas ke probam, e sega malku mi e teshko oti po doma rucek pravenje okolu soprugot i kerkickata nauceni sekogas nesto vkusno da i spremam, ama ovoj pat ke se obidam da bidam istrajna)))))
Денеска успешно го поминав првиот ден,и што знам се осеќам одлично,ниту сум малаксана,ниту ништо,ќе видиме за понатаму
Едно нешто не ми е јасно со диетава... Како тоа вечерата е поголема одколку ручекот??? За вечера двопек???? Едит Производиве треба едно по друго да се јадат или сите одеднаш??? На пример прво портокалот, па двопекот и к.млеко заедно, или пак едно по друго???
Едно по друго,ништо не се меша,секој дел се јаде посебно.Значи прво јадеш портокал па по 5 мин варено јајце итн...Инаку мене ми е 5ти ден и имам одлични резултати!!Утре ќе се мерам на вага па ќе ви кажам колку кила сум во минус...ама како и да се познава,сите ми викаат дека сум ослабната
И навечер јадеш по два двопека??? Мене некако тоа многу ми е, јас сум навикната навечер на салати или нешто млечно...
Да,се јадам како што треба и еве за 5 дена ослабнав 3.5кг.Денес пауза па од утре уште 5 дена и мислам дека доста ќе ми биде.Среќно на сите што сакате да ја почнете
Пред една недела ја завршив и ослабев 9 кила и сум прилично задоволна, многу се придржував, што мислам дека е клучно за секоја диета. За крв и холестероли не сум се проверила, али мислам дека е се во ред, барем вака. А за враќање на килограми, не се враќаат доколку се јаде правилно, т.е. да се смени исхраната што се внесувала пред диетата. Нормално е, која диета и да се држи, ако се јаде како што сме јаделе порано, фала богу дека ќе се вратат, без разлика на диетата. Јас би ја препорачала, здрава е, а и не се гладува, мене ми беше тешко многу првата недела, постојано мислев на јадење и едвај чекав да дојде следниот оброк.. Ама се навикнува организмот после и не е тешко. Само придржување, мотивација и многу мнооогу вода
Jas mislam deka najubavo e da se vezba i da se izbegnat sekakvi strikni dieti. ako vezbash nema da nakachuvash kilogrami , ke gi gubish kaloriite koi si gi vnesol so hranata i plus se zategnuvaat muskulite.jas ne bi ja drzela dietava.
Да ве прашам, што може да се пие помеѓу доручекот и ручекот, помеѓу ручекот и вечерата освен вода??? Сакам од удре да ја почнам, ама мн често излагам на кафе (секој ден) и што да нарачам??? Што може да се внесува???
јас ја држев диетава (позната е и како кардиолошка диета) неколку месеци по второто породување, откако ми се намалија подоите, а бебето го дохранував. бев премногу дебела и никакво намалување на редовната исхрана не ми помагаше - се откажав од благо, газирани пијалоци, бел леб и сл., но немаше резултати. тогаш дознав за оваа диета која важи за многу здрава и решив да ја почнам. првиот ден ми беше тежок и почнав да чувствувам вртоглавица, дури и се пожалив на мајка ми која ме посоветува да продолжам, зошто е нормално на почетоткот организмот да реагира кога се почнува било каков нов режим. Но, веќе првата вечер, кога дојде време за вечера, гладта исчезна - вечерите кај оваа диета се доста богати и фактот што намирниците се јадат по редослед е доста битен - ќе видите дека брзо се заситувате кога на пример, прво го јадете сирењето, па дури потоа патлиџанот... Како и да е, следниот ден веќе ми беше подобро, а по издржаните 3 тури од по 5 дена престанав да ја држам, но сеуште се придржувам кон некои правила во однос на тоа што го забележав кај диетава - за појадок секогаш прво јадам овошје, сокови веќе и не чувствувам потреба да пијам, ако во текот на денот јадам благо, се обидувам да не внесам други јаглехидрати, како на пример леб, туку јадам овошје, зеленчук и протеини - месо, јајца, сирење. Ако јадам еден вид на протеини, не ги мешам со другите - така на пр. не јадам јајца со сирење, туку само јајца и салата или само сирење и салата или само месо и салата. Во бременоста се здебелив 20 кг, а денес, 3 месеци откако ја држев диетава и продолжив со погоре опишаниот режим скоро ја вратив тежината од пред бременоста (поточно сакам да симнам уште 2), а слабеев и по завршувањето на диетата. Најголема радост од оваа диета ми е што можам да влезам во облеката од пред бременоста! ВАЖНА РАБОТА што сакам да ја напоменам е дека по диетата на правив анализа на крвта и никогаш не ми била подобра! Ја препорачувам на секого и не се откажувајте брзо, зошто тешки се само првите денови, а слабеењето некогаш не се гледа по првите 5 дена, зошто секој организам е различен, некој на почетоткот се бунтува, но потоа брзо се симнуваат килограмите. Сите што ги познавам и ја држеле диетава, се задоволни, но редоследот на намирниците мора да се почитува. Можни се и мали отстапки, а ефектот да не се изгуби!