Јас се мислам дали да се префрлам на оваа диета .... Но портокалите не ги сакам ... Може ли да се заменат?
Ајде дружине и ти повеќе ќе ни биде полесно,а за портокалите дали може да се заменат не знам и јас прашав во врска со тоа
Пред 2 години ја почнав диетава. Ја држев цела година во циклуси 5 + 2 дена, со мали отстапки за празници и родендени. За викенди јадев најнормално, се што ми фали преку неделата. Три пати неделно пешачев по 1 час. Симнав 23 кг. Ја прекинав пред година дена и вратив 10 кг. Пробав и со хроно диета ама оваа е подобра затоа што се јаде секаков вид на храна, не е забрането овошје. Сега пак ја почнувам, ама во циклус 6 + 1 ( за побрзи резултати) . Сопругот исто ја држи од пред 2 години цело време 5+2 дена, симна 10 кг и ги одржува. Само зимата малку се олабави и врати 4-5 кг назад. Сега и тој е во циклус 6 + 1, недела ни е ден за Награда! Има резултати, само е проблем што брзо се враќаат килограмите назад ако се прекине
Јас имав многу убаво искуство со оваа диета. Ја држев околу 10 дена без прекини, јадев се што пишуваше таму, без исклучоци. Првите два дена чувствував глад, ама после се организирав поубаво и некогаш двопекот од вечерата или доматот ги јадев на сила бидејќи не бев гладна. Апетит имав, ама со многу помалце храна се најадував. За тие 10 дена ослабев околу 4 кила што за мене е супер. Со тоа плус и пешачев. Да продолжев најверојатно ќе ослабев многу повеќе ама ми се смачи да варам јајца секој ден, и ми се смачи кисело млеко да јадам секој ден. Друга работа што за мене беше многу побитна од тоа колку кг ослабнав е тоа што имав многу повеќе енергија, после 8 саати сон си бев сосем наспана, и одма си бев будна, се чувствував многу полесна и супер ми беше. Сега јадам нешто слично на овој режим - овошје, двопек и кафе насабајле, ручек варен зеленчук мешавина, вечера салата и слабеам. Понекогаш јадам месо, леб ептен ретко, и благо исто така ретко. Газирано никако и шеќер исто така. Така да може да почнете со овој режим и после да си најдете некоја ваша средина што ќе ви одговара на организмот. @Justicija ако не јадеш портокали можеш јаболка, диња или праска. Јас понекогаш наместо портокалите јадев праски.
Jaс сакам да ја почнам од утре сум ја држела повеќе пати и најделотворна ми е. Медицинска и жан митрев диета ми се мене исти . Тешка е првите неколку дена после е супер.
Од денес ја почнувам и јас. Таман е за држење сега почнаа портокалите и лимоните. Едно прашање само за тие што ја имаат држено, дали може да исцедам сок од портокал, пошо така не можам да го јадам и да напрам салата со едно јајце, нешо како мимоза би дошла таа салата? Или мора се оделно да се јади едно по едно? Дали ќе има ефект ако намирниците ги јадам заедно?
Читам многу лоши коментари на форумов за диетава и воопшто не се согласувам со нив. Јас ја држев пред 6 месеца и ослабев 9 кг. По завршувањето продолжив да слабеам и не ги вратив. Од септември наваму малку почнав да претерувам со јадење и од понеделникот пак почнав да ја држам. Трет ден - веќе имам ослабено 2.5 кг, од кои сигурно барем 2 се течности. Секоја диета не е за секој организам. Пробајте - ако ви одговара, држете ја, ако не - сменете со друга или со поактивен начин на живот. Дека слабее крвта - нема врска, јајца и да има секој ден (a нема, има 4 дена во неделата, а за викенди не мора да јадете јајца) не се штетни и не го покачуваат холестеролот толку колку што сме мислеле порано. Јас овојпат планирам само овие 5 дена да ја држам бидејќи од следната недела ќе почнам со фитнес, а диета и фитнес за мене е ужасна комбинација.