Еве сум и јас на темава, неколку пати ја имам држено во минатото - сум издржувала и се симнувало. Почнав да качувам килца, да јадам малце повеќе периодов, т.е да јадам многу леб! Леб со сВе! Она коа гледате јадење и му праиш комбинации и математики у глава како би одело со потппечен леб на тост. Од денеска ќе ја почнам, но двопекот ќе го изоставам затоа што навистина почнав да имам аверзија кон било што лебасто и ме прави нервозна. Да не пишувам ден за ден, ја почнувам 26ти.11 со 63 кила, ќе запишам точен резултат циклус по циклус како се промените. Очекувам прогрес, целта ми е 58 килца. 5 ту гоу!
@Yalishandela Do kaj si stignata? Kako ti odi? Sakam da pocnam so nekoj dieta itno samo neznam so koja....
Eве сум, 2 ипол килца за 5 дена циклус. Прегладнета сум најискрено, но морам да истерам уште еден циклус од Понеделник. Пишувам повторно резултати за една недела.
Здраво, јас ја имам држано диетата пред 3-4 месеци, ослабнав 6 кила за три недели потоа ја прекинав, сакам од понеделник пак да ја почнам имам многу за симнување
Девојки, денеска и ставам крај на брзосмрткава. Не се чувствувам најдобро, имам потреба од витамини, овошје, заленчук, почна имуниот систем озбилно да ми опаѓа. Немам концентрација на работа, почна умот да ми забегува накај храна. Од утре ќе ја почнам на Ејприл диетава, од 21 ден, со овошје и зеленчук во неа, мора да се пазиме периодов од настинки и болести.
Здраво , една консултација во врска со диетата на Жан Митрев , колку е препорачливо вода дневно да се внесува не пишува ништо, а можеби па не треба ни вода да се внесува поз феминки
Прв ден поминат, сега за сега се осеќам супер. Имам некои мали недоумици па кој е искусен во проблематикава да помогне. Дали портокалите кои се за ручек може да се заменат со друго овошје пошто не ги јадам истите ? Вода и онака многу слабо пијам, дали е ок да се пие околу литар ипол 2 чај ? Дали диетава е ефикасна само доколку се комбинира со вежбање или се слабее и без? И дали смее да се пие кафе измеѓу оброците, повеќе од пропишаното ? Thanks
Стоундке да ти кажам нешто. Ваквите диети имаат јо-јо ефект. Најдобар начин за слабеење е да исфрлиш бел леб, шекер и газирани сокови од исхраната и у комбинација со оптимална физичка активност резултатите ќе бидат тука. Ова само мој добронамерен совет, среЧно
@lovestoneddd можеш место портокал некој цитрон или јаболко или што знам, ананас само избегавај банани и грозје. Јас и телешкото го менував со пилешко или туна плус додавав некои мирудии како оригано или сусам па имаше ефекти, ама дека е јо-јо и тоа е точно, кога ќе завршиш придржувај се на инструкциите за менито за еден ден што е само.