Жени дали ја знае некој диетата на доктор ОЗ да сподели тука со сите нас?поточно се работи за пијалок што се прави и се пие послем секој оброк,мислам дека содржи грејпфут,цимет,киселина плус минус нешто незнам дали има и во која количина треба да ги има овие работи,инаку диетата била мн.популарна и ефикасна така имам слушнато ако ја знае некој плс нека ја сподели...
http://www.doctoroz.com/videos/oz-approved-7-day-crash-diet-pt-1 http://www.doctoroz.com/videos/oz-approved-7-day-crash-diet На линковите имаш видеа од емисијата на др. Оз за диетата, а ја имаш и пишано заедно со некои рецепти. Исто така ја има во списанието Unique од овој месец (април). Исто и јас имам чуено за неа дека е многу ефикасна, па ако ја пробаш сподели ги резултатите со нас.
Потребно: Сок од 1 грејпфрут 2 лажици јаболков оцет 1 лажичка цимет Оваа комбинација се препорачува да се пие пред секој оброк, 3 пати на ден. еве да ја објавиме женски фала ќе ја пробам обавезно
Па пред секој оброк е малтретирање искрено направиси во шише од литар и пол или 2 литри и да си имаш за повеќе време јас така си напрајв е колку влезе не памтам сега планирам пак да ја направам...
И јас почнав да го пијам ова од пред некој ден.Јас во пола кило вода цедам пола цитрон,2 лажички јаболков оцет и една цимет.Малку го ставам во фрижидер да се олади и го пијам по оброците. На почеток вкусот малку ќе ви е чуден,но подоцна ќе се навикнете.Јас на пример вчера цел ден го пиев како замена на вода.Секој пат кога ќе поминев од кујна ќе си се напиев.
Нема шанси да е без вода бидејки ставање две лажици јаболков оцет во сок од грејпфрут ке ти го изгори зелудникот. Бар тоа е мое мислење.
Јас знам поинаков пијалок за слабеење од Доктор Оз. За подготовка на рецептот на Доктор Оз потребни ви се: 1l вода 5 кесички зелен чај 1 портокал 20 листови свежо нане Подготовка: Сварете го зелениот чај и оставете ги кесичките да отстојат 3-5 минути. Портокалот добро измијте го со студена вода и исечете го на резенки. Во голема тегла или стаклен сад со капак претурете го зелениот чај, додајте ги парчињата портокал и листовите свежо нане (ситно исечкани). Затворете ја теглата и оставете ја да отстои најмалку 12 часа пред консумирање. Го имам пиено и има ефект. За 1 месец околу 3-4 кг. Првата чашка ќе ви биде горчлива, но со тек на време ќе се навикнете. Инаку рецептот се прави од денес за утре. Не смее да стои повеќе од еден ден.