1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сите прашуваат за диетава и повеќето се задоволни од неа, решив да отворам посебна тема и да ја наречам така диетата. :lol: Барем вака ќе ја најде некој што ја бара, а не да прашува на секое.
    Пред сѐ ми се допаѓа што можеш сѐ да јадеш, значи нема забранети јадења и оние кои имаат проблем со тежината им ја препорачувам. Јас ослабев на сличен начин, јадев сѐ по малку и вежбав.
    Можеби слабеењето траеше подолго бидејќи немав редослед како овде што е, но сепак имаше резултати и тоа доста.
    Така да, ми треба уште некое килце па ќе ја почнам диетава. :) Заборавете на диетите со изгладнувања, зошто после нив ќе се направите дупло подебели од пред да ја почнете.
    И се разбира нека дадат коментар оние кои ја држеле и постигнале ефекти. Па со среќа, до на лето сите пичиња да се направиме. 8) :D
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Диетата на irenna

    "Прво и најважно нема забранети јадења, значи се јаде се, само се пази на комбинацијата и периодот на внесување на храната, јас ја држам оваа диета 10 дена и до сега ослабев 4 кила.

    Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини
    Јас денес доручкував еден Pop-cake, банана и кафе( насабајле може шеќер во кафето )

    Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате.

    Вечера: Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи . Јас обично вечерам марула со варен или испечен стек( месото може и на тостер) вчера вечерав салата од зелка со канче кисело млеко и 150 грама сирење.

    Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера.
    И треба да имате 4-5 саати размак помеѓу оброците. Ова не е диета туку правилен начин на исхрана, се си јадете само се внимава на комбинациите. Јагленохидратите и шеќерите внесени за доручекот се трошат во текот на денот, ручекот е нормален а вечерата е лесна и без леб. За вечера имате белковини и протеини што значи дека ќе слабее салото а не мускулите, од ништо не сте лишени, се се јаде.
    Мајка ми за еден месец ослабе 7 кила а јас за 10 дена 4 кила.
    Ако некој реши да го проба овој начин на исхрана нека пише ќе напишам подетално што со што да се комбинира
    А ќе заборавев, јас и немам некоја физичка активност,онака нормално што се движам инаку не вежбам."
     
    На Ale10, gjoker4e, Iva.luvs и 69 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Почесно место за диетата на Ирена, така е, :clap: воедно тука би можеле да дискутираме само за оваа диета, без мешање на други, и да си пишуваме за сопствените искуства.
    Мене ми се допаѓа концептот, ја држам веќе 5ти ден, иако не забележувам огромна промена засега.
    Можеби е рано, не знам.
    Наутро јадам мафин или кифла со крем, и едно парче овошје (обично портокал, јаболко или банана).
    Пијам кафе.

    Потоа во паузата до ручекот пијам многу вода и задолжително чај.
    Ручекот ми е секогаш без леб, обично јадам една зеленчукова чорба, сама ја приготвувам или грашок, ориз, мевце со салата.

    За вечера - парче сирење и чаша јогурт, или една туна, или варено јајце со сиренце, или половина кисело млеко, тие комбинации ми се вртат.
    Навечер салата јадам ретко, ми се одмили, а и изборот на зимски салати ми е грд. :(

    Чекам патлиџанчиња и краставички по пристојна цена, па да јадам шопска како човек.

    И тоа.
    Ама ова дефинитивно е диета за подолги стази, не е баш магична и брза.

    Вашите искуства?
    И кажете што сте јаделе вие, колку бевте физички активни, колку симнавте, некој совет, забелешка...
     
    На NATALI.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Јас од ваков сличен режим на исхрана (само без благо) се стопив за две години, од скоро 80 кг дојдов на 60 кг. И никогаш не ги вратив, ако не се сметаат оние кг во бременоста, кои што успеав да ги симнам сосем пред да почне зимава. Сега пак го терам ова веќе некое време оти имам 5-6кг зимски вишок... ама не се придржувам баш (благото сакам да го тргнам сосем, а не успевам). Секако дека мора малку и вежбање. Ама во секој случај, ова е добар начин (иако бавен) да се симне вишок кг кој нема да се врати.
     
    На MissPagane и NATALI.27 им се допаѓа ова.
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас би препорачала обавезно вежбање, за побрз ефект. Многу се слабее така. Летово значи 5 кила ослабев за 2-3 недели, а јадев сѐ па дури и во мекдоналдс, ама тешката физичка работа што ја имав си го направи своето.
    Дали орбитрек, трчање, зумба, аеробик, што било вежбајте.
     
    На mime87, Princees и Melanie3-me им се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Браво за темата и за името на диетата :)

    Јас ја почнав пред некое време ама не издржав долго па немаше резултати. Без многу психичко спремање ке ја почнам од сега, и решена сум да издржам. Сакам да намалам 4-5 кг па ке ја држам диетава некое време.

    Диетава најмногу ми се допаѓа бидејки е здрава.Јас како што сум слабокрвна од многу други диета уште толку се упропастував. Ова е повеке начин на исхрана отколку диета. Од онаа со јаворов сируп и лимон трајно си го оштетив желудникот, а таа една со 5-6 јајца што е уште кога ја видов ме мавна шок на жолчката :) Ке си ја комбинирам диетава со вежбање и скокање на јаже па ке пишам за резултати.
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ја применував летото, изгубив 8 кг без посебна физичка активност, а за период околу месец дена.
    Наутро пиев многу вода на гладно.
    За појадок јадев житна плочка и задолжително овошје, пиев кафе и чаеви без шеќер, паузирав 3-4 часа па ручав.
    За ручек мала верзија од порцијата на останатите, без леб. Да речеме чорба грашок неполна чинија, летна манџа една голема лажица, итн.
    За вечера чаша млеко или јогурт, варено јајце или парче сирење. Не ретко и бел сончоглед, во кој уживам. :mm: Марула, шопска, зелка... има многу избор! Да речеме јадев морков, после половина час млеко и ајт на спиење.

    После оброкот минимум 2 часа не пијам течности, за да не ја отежнувам работата на органите за варење.
    Доколку на менито за ручек има пример компири и стек, компирите ги ручам, а стекот го вечерам.
    На кратко, наутро јагленихидрати, навечер белковини, за ручек колку што се може да не се мешаат.

    Добра е диетава, 2 во 1: и најаден и виток. Кај го имало ова? :wasntme:
    Воедно, мислам и дека одговара на секој организам. Инаку е тешко да се приспособи секоја диета на сечиј организам. Како што е секој различен, различни се и начините на исхрана. Оваа е универзална. Барем така сметам. ;)
     
    На mode-kristina, Ema.Sk, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    А дали може за вечера наместо свежа салата, да се јаде туршија? Бидејќи тоа е нешто што го имаме во изобилие овој период, за разлика од свежиот зеленчук.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    И од салатите, масло, сол, оцет, од туршијата тоа течноста, дозволени се? :wasntme:
    Ајварот дозволен е? Макарони, шпагети? :$ (ваљда не, ама да си прашам, и прашувам за малце, колку за залашка, а не полна чинија нагргана со мајонез и кечап |( )
    И најбитното за мене, кога всушност е вечера, јас се обидувам и најчесто успевам да не јадам после 6-7 навечер, ама ја утнав со јаболката и оревите :worried: Лудото знае :D
    Од утре со мајка ми ја стартуваме најозбилно и најцврсто решаваме да ја почитуваме, до толку што почнав да лепам на фрижидер комбинации на ачик жолти ливчиња :D Уште некоја комбинација би била добредојдена :$ :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    За ручек може што сакаш да јадеш. И подобро без леб да е. Може и макарони и шпагети ама тие се препорачуваат насабјле.
    А исто и туршија смее, така ми пиша ирена.

    Иначе еве уште еден нејзин пост во врска со диетава

    "За доручек може да јадеш овошје, благо и секаков вид на теста , денес јадев парче торта, јаболко и кафе,може да јадеш штрудла или кроасан значи се од благо и се од тесто ама да не е во комбинација со месо или млечни производи. Тоа значи дека место бурек со месо и јогурт ќе јадеш симит без јогурт еве ти неколку примери јас што јадам
    - Парче овошје и било што благо(чоколадо, торта, колач..) бидејќи после цел ден несмееш да јадеш благо и тестенини. Или ако не си по благото тогаш ќе јадеш парче овошје и тестенини( кифли, јуфки и се од тесто ама во нив да нема месо или млеко-сирење, јогурт..)
    Сите шеќери и јагленохидрати што си ги внесла за доручек во текот на денот ќе се потрошат и нема да се таложат на телото.
    Ручекот си е нормален, што имаш дома за ручек ама само една кришка леб е дозволена а ако можеш поубаво е без леб да јадеш.
    Вечерата секогаш е зелена салата. Јас јадам
    - Марула со краставица( салата) и малку сиренце и чаша јогурт, или истата салата со канче кисело млеко или канче павлака, може салатата да ја комбинираш со месо, пример салата плус риба(од конзерва, туна или било каква друга) или салата со месо ( пилешко, телешко, свинско) ама да не е пржено во зејтин значи варено, на скара или на тостер. За вечера се забрането компири леб, овошје, благо. Ако ти се пријаде после вечерата може да јадеш се што си јадела за вечерата значи да си направиш уште една салата или чаша јогурт или малку месо.
    После два дена ќе приметиш дека стомакот се повлекува, јас се чудев ако може тоа, и прво не ми се веруваше. Ако почнеш да се храниш вака ќе ти стане навика и нема да мислиш дека си на диета."


    ""Сок може само наутро, најдобро е дома да си го цедиш, овој купечкиот има многу шеќер во него.
    Млако може само навечер, не мора да е веднаш после вечерата, може да направиш пауза, да вечераш па после некое време да се напиеш млеко.
    Јас благо млеко не пијам, јогурт пиев навечер, исто и сокови многу не пијам освен цеден лимон без шеќер, таков да ми горчи
    За доручек јадев парче торта од Специјал , ѓеврек, штрудла, милиброд, попкејк, обавезно едно парче овошје ( јаболко, портокал... што се наоѓа по дома ).
    За ручек си јадев нормално, што зготвила мајка ми, гравче, ориз со месо, компир- манџа, месо и компири... ако сакате побргу да симнете некое килце најубаво е да се откажете од лебот за ручек , а ако не можете тогаш едно кривче е дозволено.
    За вечерата пишав, во претходните постови.
    Важно е од еден до друг оброк да поминат 4 саати. Количината на храната сами си ја одредувате, некој што е повеќе физички активен ќе јаде повеќе.
    Најважна е комбинацијата на продуктите. Шеќери и јагленохидрати наутро ( за да се потрошат ) ручекот е нормален , а вечерата е салата и месо или млеко.
    И да напоменам дека ова не е магична диета, 5 кила за 3 дена, треба една недела за да го препрограмирате организмот, после тоа лесно оди
    Пишете како ви оди диетава, слабеете ? ""
     
    На macence4, Hajdi22, pamelche и 5 други им се допаѓа ова.
  10. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    еии :up: за диетава. Од утре почнуваааам и јас со вас :) Само сакав да прашам за алкохолот.. Смее? Не дека јас нешто мн ќе се запијам ама некогаш сакам :)
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Веќе имам пишувано за диетава, и јас ја практикував и ослабев 8 кг. мислам дека беше за месец дена отприлика.
    Сега сум во друга состојба и затоа не држам диета, ама ако пак треба да се одлучам која диета да ја користам дефинитивно тоа ќе биде оваа. :up:

    Доручекот ми беше-најпрво кафе без шеќер (имам низок притисок и затоа прво кафе, за да се освестам наутро, рано станував околу 7-7:30), потоа парче овошје-банана или јаболко, парче лубеница или диња(лето беше)после мусли со јогурт, пресно млеко не пијам па затоа јогурт, пудинг или овошно јогуртче ама ако немав мусли дома, или пак парче тортичка, штрудла, тестенини пр. шпагети ама само со кечап или само со вегета, ама најчесто мусли.

    Ужинка
    -кафе, некогаш нес (со шеќер и со млеко, од оние 3 во 1), некогаш обично, а некогаш и сладолед си каснував (околу 13ч)

    Ручек-било што правам за ручек во мала количина (пр. ако сум јадела цела цинија, тогаш јадев пола), без леб или само корка, без срединката. (околу 16ч-17ч)

    Вечера
    -омилена ми беше, најубавиот оброк ми беше вечера-шопска, патлиџан со кисела павлака, туна со марула и кубети, краставица со кисело млеко, морков и цвекло рендано, зелка.(околу 20-21ч)

    Од течност пиев само кафе и вода, сигурно пиев 2л. дневно ако не и повеќе, сокови не пиев, едноставно не ги сакам, не ми се вкусни.
    Тоа е тоа во глобала, задоволна бев и ја препорачувам.
     
    На CarrieBradshow, Black angel, Ema.Sk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Браво Лакримоса за насловов, ме изнасмеа да ти кажам :D

    Ме мотивиравте со диетава сега. Ќе ја почнам. Сакав да почнам да пешачам, ама временцево ме зезна многу ми е ладно.
    Засега само диета, кога ќе се затопли и друго :)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Пуштај клипчиња со зумба или аеробик, и вежбај секој ден по пола сат. :)
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Значи бравос на сите за диетава ,Уствари и не е некоја си диета а баш поради тоа ми се допага ме измамивте да ја пробам нема да имам проблем оти сличен режим на исхрана си држам и јас оти ако не се држам веднас качувам може за една недела 2-5 кила да си ставам и затоа најчесто сличен начин имам и јас така да од утре стрикно по ова ке се држам усвари тоа благото со го лапнувам еднаш неделно ке го сместам насабајле па за едно месец дена ке ви пишам обавезно :* :* :* :* :* :* :* :* :*
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Е тука сега нешто не ми е јасно. Во диетата се вели за доручек само јаглехидрати, а млечните производи да се остават за вечера.
    А Лолита пиела и јогурт за доручек.... :?:
    Me confused.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Се мислев каде да пишувам, да го пренесам моето горко искуство со диетите, особено со Аткинсот. Решив овде, за да направам една споредба со здрав начин на слабеење и со болен.
    Ја држев диетата 18 дена, ослабев околу 6 кг.
    Одлични резултати, но...
    Ајде сега за последиците, што од психичка база, што од физичка.
    Ја прекинав диетата зошто почнав да се тресам како лист, шеќерот ми падна, а имам и низок притисок.
    Цела недела неможам да си дојдам во ред.
    Желудникот ме боли, цел стомак, и грб.
    Зашаматена сум и исцрпена. Се плашам и крвта да не ми ослабнела.
    Бубрезите ме болат, но ајде тоа може да го препишам и на измрзнатост, бидејќи постојано чорапите ми беа мокри, додека да ги сменам чизмите.
    А и психата ми работи.
    Исплашена сум, но јас познавам луѓе кои секојдневно јадат мрсна храна, претежно свинско, зар јас од 2 ипол недели ќе имам висок притисок, а свинско јадев само еднаш.
    Мерев и притисок, 110 со 60, откуцај на срце 86. Висок не е притисокот, уште холестерол и мрснотии да проверам.
    Испаничена сум скроз, а целата болка доаѓа од желудникот.
    И целта ми е, дека цела недела живеам под притисок дека нешто може да ми биде, со болки во желудникот, со нисок притисок. Психата просто чуда прави.
    И зошто? Заради некои си 6 кг, за 2 ипол недели!
    Дали вреди? Не!
    Вреди да ја држеш оваа диета, која топло ја препорачувам.
    Можеби ќе ви треба 1 месец за да симнете 6 кг, ама барем нема да се тресете и плашете и нема да ве боли желудникот. Кој почуствувал знае како е, и во овој момент менам 6 кг, само да не се чуствувам вака бедно.

    Го споделив оваа мое искуство со вас, бидејќи по не знам кој пат бирам вакви лоши диети од кој си го уништив желудникот и памет никако не ми иде.
    И најтрагично од се е што јас не сум дебела, имам вишок килограми, односно имам таква конструкција, широки колкови, а не смеам да вежбам, па неколкуте килограми ми се повеќе како опсесија бидејќи порано бев многу слаба. На крај на психијатрија ќе завршам како опсесивна личност :x .
    Затоа решив, од понеделник да ве дружам, со овој начин на исхрана, во кој има одличен ред.
    И не ми е битно за колку време колку кг ќе ослабнам. Ако треба за една година и 5 кг да симнам, само да не се чуствувам вака.
    Секоја чест за Иренна и за нејзината диета.
    Ајде девојки, подршка едни со други и на здрав начин да се ослободиме од вишокот.
     
    На CarrieBradshow и bucimir им се допаѓа ова.
  17. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Е значи браво за диетава, го применувам овој начин на исхрана, ама навечер ме фаќа „криза“ за јадење па често си јадам млеко и бисквити (ако немам бисквити ги заменувам со леб :lol:), па ме интересира дали е дозволено?
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Епа лебот содржи јаглехидрати, а според диетата тие ни се за доручек...
     
    На guitar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. emili.m

    emili.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    Да, ама и за ручек можеш да јадеш леб, ама 1 кришка.
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Hipica -мусли со јогурт. Мусли на Виталиа за слабеење, од Зегин ги земав најефтини беа. Не знам дали сум грешела, ама тоа доручкував, некако ми изгледаше помалку калорично отколку на пр. парче торта, кроасан и сл.
    А за вечера зеленчук со млечен производ.
    Така јас правев.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.