Во 7 и 30 јадам мусли со млеко, потоа во 09 и 30 кафе и едно овошје и околу 12ч геврек. Ручекот ми е планиран околу 17 и 30 затоашто тогаш се вракам од работа и ке јадам компир манџа, и вечера негде околу 21 или 22 часот - зелена салата со 2 варени јајца. Ова ми е денешното мени а и прв ден од диетава.СЕ надевам овој пат ке ја додржам подолг период , затоа што треба да симнам малку повеке кила за до свадбата во август Доручекот го делам вака затоа што сум на работа до 16 и 30 и тешко издржувам ако јадам многу рано или пак да доручкувам негде околу 12 а претходно ништо да немам каснато. Е сега сакам да прашам дали може со геврекот да се јадат маслинки, и ако неможе кога може да се јадат маслинки и габички.
Со ѓеврекот смееш маслинки ,ама несмееш да јадеш млеко насабајле ,ниту каков и да било млечен производ или пак месо. Месото и млечните производи труди се да ги јадеш за вечера,со некоја салатка свежа. А печурки милам дека можеш да јадеш за ручек или за вечера .
А дали знае некој колку отприка треба калории да се внесува за време на појадокот, ручекот и вечерата посебно? И дали е добро да се пие вода за време на јадење? Јас неможам на маса да седнам без чаша вода, а од една другарка дознав дека и не било баш добро..Јас веќе 2 недели сум на диетава, и има резултати, но сакам поголеми. Сакам да започнам и со броење калории, па се надевам дека побрзо ќе ги симнам овие 3-4 кила што ме мачат
Има резултати и кај мене, поприлично забележливи. Денес појадував корнфлекс, за ручек појма немам што ќе јадам, можеби јајца, а за вечера исто ко вчера варени компирчиња или можеби туна. Е сега јас си кратам доста од оброците, не се прејадувам, како што знаев, редовно си појадувам (што претходно ретко се дешаваше) и никако јадење минимум 3 саати пред спиење. Пазам меѓу оброците да има размак од 4-5 саати, и пазам што јадам наутро, што навечер. Воглавно се што ми се јаде, си јадам, ама си го комбинирам, благо си оставам за наутро, салати и месо за навечер, а за ручек што се најде тоа. Првата недела ми беше потешко да јадам помалку, ама сега веќе ми се навикна организмов и си терам, гајле немам. Туку да прашам нешто, имам дома од оние замрзнати лиснати со пица фил. Нели лиснатите може за појадок, ама па ова пица филов ме буни. Да ги јадам, или ги им ги оставам на домашниве м?
Според тоа што го имаше Ирена пишано, не би требало да се јаде лиснато со пица фил (примерот што го памтам беше со бурек, ама веројатно исто му доаѓа), иако и да јадеш не дека ќе се случи нешто страшно Според мене поголем проблем е тоа што лиснатото е многу калорично, многу повеќе од обично тесто или тестенини. Јас барем го избегнувам.
Јас имам едно прашање, Активиа во кој дел од денот може да конзумирам? Нели не е класичен овошен јогурт, па ме брка Енибади?
Епа тоа и мене ме буни, зошто нели имаше наброено таму продукти од тесто меѓу кои и лиснатово. Јас до душа не дека го обожавам, ама ете еден ден да сменам малку, иако си правам комбинации и овие две недели секогаш имам различен појадок, кога кифла, кога кроасан, некогаш чоколадо, овошје... Што ќе ми текне тоа. Лесна е диетава, само што некои продукти бунат, неможеш нигде да ги сврстиш, па сакала или не, ќе направиш и некоја отстапка. Не верувам дека страшно и по некоја намерна грешка да се направи .
Може 2 празни кифли со мармалад и чај за доручек? И уште нешто, со обврски на факултет морам да појадувам рано сабајле 8 саат и сигурно нема да ручам во 12. Дали може да се јадат бадеми, лешници и слично за ужина? И ако може дали да бидат печени или не?
Денес: Банана и две ресани, рано на утро. После 4 саати бејк ролс, сникерс и кафе. За ручек похован кашкавал со едно парче леб. Вечера сеуште размислувам дали да јадам туна или повторно млечни производи.
luge ve citam, i resiv da pisam i jas јас сум на УН диеатата, од средината на јануари, и за неполни 2 месеци имам симнато околу 6 килограми, што за мене е многу, бидејќи тешко слабеам. Но со оваа диета до 14-15 часот е дозволено да се јаде само овошје во пар, и ручекот е ист со вечерата, а и секој четврти ден е овошен... така да во брзо време планирам да ја заменам со оваа диета па ќе ви пишам за резултати. Само пред да ја почнам, да прашам : значи 1. дали за доручек може да се јаде само овошје? или мора и јаглехидрат? 2. Дали овошјето мора да се јаде само пред ручекот? 3.За вечера мора ли да се јаде салата, сега зимата ја нема многу, и дали мора да биде свежа? може ли да се пие само јогурт, млеко, или да се јаде овошен јогурт? И што е со овошните сокови? кога може да се пијат? Јас започнав секое утро веднаш по будење да пијам во една голема чаша вода ( не млакава, може треба да ја затоплувам) една супена лажица јаболков оцет, прочитав дека е добар за топење на маснотиите, и во текот на денот пијам по пола литар зелен чај, со малку мед ( се трудам да се навикнувам на вкусот без него) и лимон Така, продолжете да пишувате за вашите искуства, ќе разменуваме мислења инаку имам 162 см, и околу 54 кг, пред да ја почнам УН диетата имав 60, и бев дебела, барем така се чувствував, сакам да стигнам до идеалните 52, а може и до 50, во случај 2 кг да вратам а денес, ми беше протеински, по УН диетата, за појадок изедов едно мало парче баклава, и мислев дека прекршив, потоа 2 портокала, за ручек шницли од соја, и водата во која се вареа, како супа, без леб, за вечера требаше пак соја да јадам, но неможам и сега слободно ќе си се напијам чаша јогурт, без салата леле луге од ова што го читам, мислам дека не да ослабнам, 10 кила ќе накачам ама продолжувам со оваа диета, дефинитивно
i mora li sekoj den za vecera da se vnesuvaat proteini? ne li moze samo salata nekogas, ili eden den vo nedelata da ni bide ovosen? mislam deka taka le ima pogolemi rezultati
Јас малку денеска ја утнав Доручек: малецко кифличе со мармелад.. Ручек: Гравче, салата Вечера : Интегрални велнес колачи и пола чаша млеко ( ја утнав со колачите, ама ме фати криза за благо)
Поручек : Лиснато празно во 10 сабајле, и после тоа во 13 две мали домашни кифлички Ручек : рестован компир со мало стекче во 17 Вечера вечера малце утнав, каснав две малк кифличиња со месо мелено внатре
доручок: мусли, кафе со чери чоколадо, банана и еден мах кроасан (ова поделено на секој саат по нешто, ) Ручек: компир манџата од вчера Вечера: марула со туна или со стек, и чаша јогурт пред спиење
Видов дека некоја форумџивка ви напишала Маца99 мислам беше, но изгледа не сте прочитале, а ова е правило до кое МОРА да се придржуваме сите, без разлика дали сме на диета или не. ТУНА ИЛИ БИЛО КАКВА РИБА НЕ СМЕЕТЕ ДА МЕШАТЕ СО МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ !! Бидејќи може да предизвика експлозија во стомакот и е многу штетно. Јас кога планирам да јадам риба за ручек цел ден не јадам млечни производи, ништо ни сирење, ни јогурт, ни павлака, млеко...ништо. А, ве читав и во темата за салата од туна и гледам дека сите ја правите со павлака или со јогурт ја јадите. Многу погрешно. Спојлер Ве искарав малку, ама морав, за ваше добро.
Вчера Доручек: две парчиња козуњак со џем од сливи, половина јаболко, шолја кафе без шеќер. Ручек: порција тестенини карбонара од Подравка. Вечера: варено свинско, сирење, ајвар, шолја кафе без шеќер (среќа не ми влијае на спиењето/неспиењето)
Јас пишав за да прашам дали може кафето(без шеќер) да го пијам и после ручекот затоа што така сум навикната,неможам да функционирам само со утринското ама гледам Hipica пишала дека пиела со вечерата па ваљда може Иначе јас денес за доручек јадев ѓеврек,јаболко и кафе,сега ќе ми биде ручекот и ќе јадам грашак без леб а за вечера планирам туна. Ах и да сакав да прашам пуканки дали (и кога) можам да јадам? ај кажете да,слабост ми се
Диетава ко расипан телефон, на кој како му одговара така си ја толкува Јас на почеток чувствував глад измеѓу оброци а сега дури мислам и дека ми е многу тоа што го јадам...Уште чекам за повидливи резултати, накако бавно слабеам... Појадок-1 парче баклава, кафе со шеќер Ручек -Манџа со све и свашта внатре, без леб. Вечера-Салата со сирење