Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Мајонез не е препорачлив, ама ако веќе не можеш без него, јади го за вечера. Инаку, Нејтири - заблуда е дека не се мешаат риба и млечни производи, барем не до тој степен да не се јаде цел ден млеко и млечни производи, само затоа што за вечера ќе има риба на менито. Јас лично обожавам туна со павлака, ама не претерувам со количината на павлаката.

    Инаку, јас секое сабајле јадам прво нешто јаглехидратно за доручек (тестенини, леб со маргарин и мармалад или мед), еден час подоцна јадам овошје (киви најчесто), а за ручек тоа што има без леб. За вечера само чаша јогурт или млеко. Ама се случува и пред ручекот да се напијам млеко, морам, не ми може организмот без него. Инаку меѓу оброците пијам кафе без шеќер, или пак вода, со што се спречувам да посегнам по грицки.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.414
    Дечки,јас не ме сфаќам,најсериозно. Со добри намери... малце устројте си ги плановиве. Буквално сте си сфатиле дека се е дозволено се додека не се меша,а не е баш така. Треба да гледате на нутриционистичките и калорични вредности и соодносот. Не може да надминувате 1200 калории и да слабеете само затоа што утрото сте јаделе јагле,попладнето протеини.

    Не би да ви се мешам,ама за доручек,благо,овошје,кафе со шеќер,баклави,колачиња,за ручек пржени јајца,мајонези,што ти ја знам и да претставува диета. Најубаво појадокот да ви биде житарки со малку овошје,ручекот варен зеленчук,месо,туна во вода,ако ви е блунткаво употребувате секакви зачини. И друго павлката е масен млечен производ,ниако диетале.
    Значи концептот на диетата е идеален,храната која ја јадете е лоша,навистина. Ова само за да ве охрабрам. Супер е како почетен план,ама лошо е што употребувате крајно недиетали,калорични и нездрави продукти.

    И така... :)
     
    На erzebet.00, GretaGarbo, Lady.D и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    i jas се сложувам со тоа.. баш ме интересира оние што јадат се и сешто, а само запазуваат наутро да се јагленохидрати, а навечер јогурт и салата, дали и колку слабеат? И колку имаат за слабеење, оти мислам дека така можат да ослабат само оние кои имаат многу за слабеење, а за оние што имаат за симнување 5-6 кг тешко ќе оди, зошто за слабеење треба помалку калории да се внесат, а повеќе да се потрошат, и мислам дека мајонезот и павлаката треба комплетно да се исфрлат, а и да не се мешаат месо и компир во оброкоците, т.е протеини и скроб, затоа може и подобра за побрзо слабеење е УН диетата, зошто еден ден се јаде само протеини, па скроб, па јаглехидрати, па овошје... и не се меша храната, а оваа диета е добра само за одржување на веќе добиената тежина, и не е толку диета, колку што е режим на исхрана, за да не ги вратиме килограмите што сме ги веќе изгубиле
    Јас се извинувам, може е тоа само мое мислење, чекам да пишете кој колку и за колку време ослабнал :)
    инаку денес изедов сабајле едно тенко парче леб со мармалад, после 2 ачаса 2 портокали, околу 12 часот варен ориз, и сега варени компири со 1 кисела зелка, до вечер планирам да пијам само зелен чај, па ако некој знае да ми каже мора ли да јадам + сирење или јогурт?
     
  4. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    со УН дефинитивно побрзо се слабее,ама ја лично поубаво се осеќам со оваа диета,иако малку ме обесхрабрува тоа што за 10 дена пола килце имам симнато.со УН само на јадење мислев,што смеам што не смеам,а и прочитав дека повеќе има смисла да се делат продуктите во текот на денот,не во текот на цела недела..значи во еден ден да има од се по нештто,така е најздраво.а ако навечер смеат да се јадат само протеини не мора да значи дека тоа се е диетално,има маснотии и во протеините и треба да се пази на количината,во сите оброци.и не треба да се има 4 саати пауза меѓу јадење туку 5,тоа е едно од најважните правила во диетава,3 оброка во текот на денот,без грицкање,без ужина.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Се согласувам со мислењава над мене, според мене не е битно само да се внимава на тоа што се внесува туку и на количината.
    Јас сум на оваа диета, режим на исхрана, како год веќе 2 недели, моментално трета и има резултати.
    Немам вага, се мерев со шнајдерско метро и ослабена сум, еве да речам одприлика 2 килограми.

    Значи пазам наутро и навечер што јадам, но и за ручек. Избегнувам тешка, мрсна и пржена храна, помфрити, пржени меса и сл.немам јадено, гледам почесто да е варен или печен ручекот, со што е помалце масло и рестрикција на леб, порано јадев по 3 кришки, сега гледам да е 1 или 1,5 а некогаш и помалце. Вечерата гледам да ми е полесна, почесто јадам зеленчук и млечни прозводи отколку месо.
    А ако јадам месо гледам да е варено, или минимално запржено.

    Внимавам и меѓу оброците да имам физичка активност колку толку, се моткам низ дома, средувам ама не се излежавам.
    Ги исклучив и грицките и газираното, чипсови, пуканки, кока кола и сл. никако. И јас неможев да гледам филм без чипс и кока кола, ама се навикнав па сега пијам само свежо цедени сокови наутро, и зелен чај и вода во текот на денот.

    Порциите си ги смалив, ако не упола барем за третина, и има забележителни резултати.
    Нормално дека неможе да се ослабе ако од сабајле смачкаш една милка и 2 банани, па за ручек јадеш помфрит и пржено месо, а за вечера 2,3 батака или пола кило сирење.
    Сега не да се гладува, ама поздрава храна, и најбитно да се внесува помалку од претходно, а не само да се внимава на сортирање, туку и на количина.
     
    На volsebna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Тогаш треба да се смени диетата, затоа што во неа пишува наутро може благо, штрудли, пецива итн.(а јас строго почитувам правила :D )...И сигурно нема да изедам цело чоколадо или половина леб намачкан со мармалад но кога веќе пишува дека може нормално во умерени количини, а читав и коментари од оние кои ослабнале на овој начин, се полакомив и јас мислејќи дека ќе слабеам без многу одрекувања. Оти ако сакав да слабеам без благо и тестенини си знам и сама, ама во оваа диета пишува друго и затоа неа ја одбрав :^:
    Но од утре почнувам со good old fashion type-овошје, зеленчук, течности, мали порции, варено...Оти со оваа диета знам да изедам многу за ручек и тоа пржено, маснотии, а да се тешам дека јадам без леб...Толку од мене овде, на кој му е ок диетава и има резултати нека продолжи со неа, јас се чувствувам премногу сита и не верувам дека со полн стомак ќе слабеам... :hai:
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    8.583
    Денес, појадок 3-4 милка ресани и 2 кафиња.
    Ручек и вечера во едно шампињони и виршли, со додаток на сенф, ќечап и павлака.

    Инаку вчера грешев душа...вечерта испив речиси една кригла од 0.5 темно пиво.... :|
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.414
    Ноеми,ти си грешела душа од утрото па навака. Милка ресани,3-4,тоа ти се чисти шеќери над 250 калории, виршлите се најнепрепорачливо јадење,а павлаката ти е плус.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Доручек- мусли со овошен јогурт.
    Ручек- туна (со вода) салата.
    Вечера- шопска и кафе без шеќер.
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    34.768
    Пол:
    Женски
    Доручек - портокал,смоки и Вива сокче
    Ручек - едно мевце свинско и ориз
    Вечера - едно јаболко
     
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас сум сведок дека со конзумирање буквално на секоја храна се слабее. Па ослабев повеќе од 15 кила.
    Ако за доручек јадам две јаболка, а за ручек една туна, и за вечера една краставица... тоа за мене е изгладнување. И да, ќе ослабам, и ќе ги вратам за многу брзо време.
    Во периодот кога ослабев над 15 кила, јадев за доручек смоки, за ручек тоа што имаше дома, значи било помфрит со стек, или шпагети со сос, што било, јас пак ослабев. За вечера земав понекогаш пециво со виршла, па јадев салати... а имаше и некој ден коа фино лепо ќе си купев хамбургер и благо, и убаво ќе се најадев.
    Така да се слабее и ако јадете се, можеби ќе треба повеќе време, ама да се изгладнувам и пак да ги вратам килограмите... не. Завршив со таа приказна.
    Зошто да се откажам од помфрит? Гарантирате дека цел живот нема да го пробате? Не. Откако ќе ослабете ќе му се пуштете како куче пуштено од ланец, и за брзо време, па дебели.
    Ќе си јадам и помфрит, и пржена храна, ама поретко и помалце. И пак ќе ослабам, успеав над 15, сега за 5 нема да ми биде проблем.
    :)

    Иначе денес за поручек јадев кроасан, за ручек шпагети со сос, и за вечера шопска и пола парче риба.
     
    На Lady.D, Hipica, linija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    se fino, ama muslite moease so jogurt da gi jades?
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653

    Не дека нема да пробам, ама ете овие две недели не јадам, така се погоди, месото најчесто е печено и уз него печени компири. Јас на пример избегнувам, но не се откажувам од помфритот и од било која друга храна, пу, пу далеко било.
    Ако ми се пријаде ќе јадам, до душа јас и не можам да држам друга диета ако строго се определени оброците, затоа и ја одбрав оваа, можам да си јадам што ми се јаде.
    Е сега за количините тоа е индивидуално, нели?
    Јас на пример не јадам многу, претходно имав само еден оброк во денот(ручек) а во остатокот од денот си поткснував дали овошје, благичко, зеленчук...ама по никаков редослед.
    Или мене на пример две јаболка за појадок ми се доволно, тебе не, секој си е посебен организам.

    Туку Лакри ти за колку време ослабе 15 кила?
     
  14. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    а за колку време ги ослабна тие 15 килограми? И дали во меѓувреме вежбаше? Секоја чест.. незнам како си успеала да ослабнеш, ако за вечера си јадела хамбургер + благо... тоа е најштетната комбинација, леб + месо + благо, сега некогаш правиме и исклучоци, нели, слави, забави, но наредните денови сме повеќе на овошје и зеленчук, инаку незнам како би се слабеало, ако јадеме секојдневно смоки, што се висококалорични, и мрсна храна, пак и благо, дефинитивно ќе качиме килограми, наместо да намалиме, јас цела година „внимавав“ што јадам, не јадев многу мрсна храна и не претерував, но мешав храни, и само успевав да не ја зголемувам веќе покачената килажа, сега успеав со УН диетата да симнам 6 килограми, и со оваа диета ќе се обидам да ги задржам истите, а да ти кажам баш оние последни 5 кг се тешки за симнување :)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.381
    Станете во 8, до 17 часот бидете на работа и ако издржете со една овошка и некој нискокалоричен или каков и да е појадок, јас ве частам. Најсериозно.
    Друго е да седеш дома по цел ден, друго е од утрото да си активен. Потребната е храна, инаку како ќе функционираш.
    Оваа диета е добра за оние кои работат, бидејќи појадокот е обемен.
    И се слабее и од калорична и мрсна храна, ама правилно комбинирана.
    Јас па не слабеам од нискокалоричните.
    Така, кога ја држев ун диетата јадев по цело кујнско чоколадо, 2 парчиња торта и тоа за вечера, во протеинскиот ден јадев плескавици, свинско со кашкавал и павлака и ослабев, се стопив. И од режимите на Цеце, исто. Количински ни најмалку не внимавав, ниту броев калории и пак ослабев.
    Но кога и да земам да бројам калории и да јадам интегрални, диетални оброка јас едвај 2 кг ќе симнам.
    Битно е како ќе ја комбинирате храната и ништо друго.
    Кога ја држев Аткинсот јадев мајонез, сирење, пржено месо, претежно кабаски и не ме препознаа од тоа што бев ослабнета и ете уште сум, а секое утро јадам благи лиснати кифли, по некоја слатка итн.
    Навечер одбегнувам да јадам леб, исто и за ручек, ама појадокот ми е богат.
    За мене поголем грев е да јадеш компир и месо отколку компир и леб.
    Внимавајте на комбинациите, не на количината и ќе ослабнете.
    Ова од искуство, и јас што се не сум пробала, читнете ми ги мислењата само.
    И најбитното мрднете го газот, од седење потешко се слабее. Јас да можев да вежбам, немаше да се мачам со диети, туку тренерките, патиките и правец на трчање.
    Или наместо да користете превоз, пешачете, барем 1 час дневно.
    И резултати ќе има ;) .
     
    На Belis, si.exs, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    8.583
    Се согласувам со Лакримоса, минатата пролет ослабев 6 килограми од оваа диета за месец дена.
    Исто си се хранев, со 4 ресани за појадок не сум грешила. Појадокот е јаглехидрати и шеќери како што знам, печурките и виршлите се протеини-заа ручек/вечера.
    Наутро на факс не можам да преживувам на фотосинтеза, а со пауза од 10мин меѓу 4 предавања, супа или салата не се јаде ;)
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    А со што? Секогаш ги јадам со овошен јогурт.. и како што напоменав имам резултати за една недела од 69 на 67. Така да не се оптеретувам дека нагло треба да ослабам, секој ден пешачам. Не конзумирам количински.. Муслите со јогурт ми се најбрза комбинација наутро така да не гледам некој проблем..
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Па отприлика од Август средина почнав колку што паметам, и до Декември знам за Нова година се мерев и бев ослабена. Значи му доаѓа по 3-4 кила месечно така нешто.

    И горе-долу ја задржав тежината, летото ослабев уште 5 килограми бидејќи работев потешка физичка работа, али сега пак ги вратив тие 5. |( Па сега мора пак да ги скинам. :D

    Вежбав на орбитрек 5 дена во неделата, ама од 20-30 минути. И за јадење како што опишав така правев.
    Бавно беше слабеењето, ама барем од ништо не се откажав.
    Се чудам како толку ослабев, а сега за 5 кила се мачам. |(

    А за хамбургер, ух си земав и со мерак го јадев. Али ретко. Пример еднаш во месецот, ретко до два пати.
    Благо знаев да си земам почесто, пример чоко бисквита еднаш неделно, или крембананче два пати неделно... и вкусот кога ќе го пробав благото ми беше свршавање, пошто поретко го јадев. :lol:

    Да не ми беше срам ќе ставев слика пред и потоа па да се изнасмеете. :rofl: Секогаш си имав тежина од 60 кила, и во период од скоро две години се направив 83. Бочва! :rofl:
    Али сега добро е, само уште 5 кила.
     
  19. Karra

    Karra Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    со која диета ги симна килограмите
     
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Жени, лето иде мора да се слабее. Па така решив да си ја пробам среќата со овој режим на исхрана. Некако вака ќе ми биде планот, тие што се поинформирани кажете ми дали иде:
    Појадок: Лиснато тесто (Симит смее? :$ ) или некое овошје, зависи.
    Ручек: Било што, без леб.
    Вечера: Салатка и некој млечен производ.
    Е сега ме интересира, бидејки навечер ич немам апетит, може ли само чаша јогурт да испијам бидејки само тоа можам навечер? И за тоа лиснатото сабајле, со што може да биде полно или мора некоја празна кифла, ѓеврек, перек...?

    И ме интересира велите на 4 часа да се јаде, но немам услови за тоа, поинаков ми е распоредот и тоа е тоа. Би можела евентуално на околу 5-6 часа. Ке прави проблем тоа?

    И така, почнувам од понеделник. Држете ми среќа, ке ве известам за резултатите. :)