Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Bака и јас ослабев 20 кг,некаде околку 6-7 месеци,јадев се,но во помала количина,и уште така јадам :)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се мерев 12ина дека откако ја почнав диетава и бев ослабена едно кило. И толку и очекував, со оглед на тоа што вишок баш и немам голем, а и знаев да отскокнам некогаш од правилата :tmi:

    Вчерашното мени
    Доручек: палачинки, две со еурокрем, две со џем од сливи (е ова кога ќе си појдам дома ми е беља работа, потешко се контролирам што и колку јадам, посебно затоа што е тазе зготвено), нескафе со малце млеко.
    Измеѓу пиев едно турско.
    Ручек: корнишони, барени пиперки со киселина, посна зеленчукова супа, пире, ослич. За ручек никогаш не јадам леб.
    Уште едно турско.
    Вечера: залак-два варени компири со солца. Црвено вино 0,25 .
     
  3. Danchulence

    Danchulence Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Е па феминкии и јас ви се придружив од понеделникот со овој режим на исхрана ...
    Доручек обично ми е ѓеврек понекогаш чоко бисквит
    Ручек што и да има зготвено дома со пола кришка леб
    Вечера кисело млеко , салата , синоќа павлака со смокии ... и нескафе без шеќер ...
    Далии овој распоред е добарр ???
     
  4. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    треба да е добар, само незнам дали е правилно секоја вечер да се јаде јогурт, павлака, сирење, јајца? нели е тоа премрсно? јас мислам дека некогаш и само салата е доволно, зависи што си јадел за ручек :) а и кој може, барем еднаш во неделата да си вметне овошен ден, каде што ќе се ограничите на овошје, селенчук и течности, полесно се слабее, + се прочистува организмот...
    јас денес доручек 2 портокали, + парче торта
    ручек конзерва риба со доматно пире,
    вечера салата со парче месо
     
  5. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    И јас ја почнувам диетата, сабота среќен ден ми е. :rofl:
    Појадок: житарици со млеко ( знам млеко за појадок не е препорачливо, ама секогаш ова ми е појадокот)
    Ручек: ориз
    Вечера: две јајца варени
    Aктивно вежбам веќе два месеци има резултати ама не внимавав на исхраната така да споро одеше се.
    Се надевам на 5-6 кила минус.
     
  6. Danchulence

    Danchulence Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Фала сепак вечерва ќе ја применам и салатата ... Со среќа ако и ти го имаш овој режим на исхрана ...
     
  7. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Дали некој може да ми одговори кога е најдобро време во денот за јадење на јаткастите плодови, како ореви, лешници..и колку е грама отприка е добро, неможам да им одолеам. И сончоглед знам дека не е во ред, ама ги многу јадам исто и лешници.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Јас да си се пожалам :@ ;( Си тргнав, се супер, ама тргнав на работа, и ко да сум прва, се е супер, насабајле ќе си каснам еден поп кек или една кроасана, едно варено ѓеврече, ќе се напијам едно сокче густо, за ручек дома јадење зготвено со едно парче интегрален леб, навечер варев две јајца, или јадам кашкавал, шопска, краставички кисели, јогурт, зависи, ама баш се по ред. Е арно ама една недела бев втора смена, и не можев, не се издржува со благ поручек, и да чекаш после до 8 саатот за да вечераш ;( И се трудев, ама не секогаш ми успеваше. Но, добро е што се поднавикнувам, и добро е тоа што симнав кило и пол за две недели |( :rofl: Тоа е, уште еднаш да се разочарам |( Кажете чаре, прва смена е премија и од помош ми е за да јадам како што треба, ама втора е гадно, вери вери гадно :worried:
     
  9. Danchulence

    Danchulence Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Па мислам дека во претходните страници прочитав дека сончогледот се јади само навечер но со контрола и во помали количини ... 8)
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Danchulence

    Danchulence Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Е па кога ке си втора смена ке си земаш нешто пак полесно не мора да е зготвениот ручек ... Иначе и јас се мислам за тоаа и јас сум сега две недели 2 смена .. па Со Среќа на дветее ... Ќе се најди нешто за ручеј и одбегнувај сокови ... освен тие свежо исцедените дома што ги правиме и што повеќе вода и чај , кафе без ШЕЌЕР ... ПОЗДРАВ па пиши како ќе оди .. ;)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Само кај мене ли не функционира диетава м? :^)

    Внимавам на храната а немам ни грам симнато, почнувам да се разочарувам :|
    Сеа јадев еден поп кејк кафе и чаша домашно цеден сок од портокал.
    За ручек јадам тоа што има, и речиси секогаш без леб а вечерата ми е чаша млеко само, или понекогаш јогурт.

    Се прашувам што не правам исправно :worried:
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.872
    Зависи кога ти почнува втората смена.
    Една опција е да појадуваш пред работа, и тоа убаво да се најадеш, да го скокнеш ручекот, а кога ќе се вратиш да вечераш.
    Друга опција е да јадеш нешто полесно за појадок, па да ручаш пред работа, ама со леб за да те држи со вечер, и кога ќе се вратиш да вечераш.
    Секако после 8 не можеш и да ручаш и да вечераш, нема кога, и многу е како за навечер.

    Јас појадувам сабајле пред работа - во 8-8.30, ама појадокот ми е најобилен оброк - најчесто јадам три од тие тост лепчињата со путер од кикиритки, мармалад или мед, понекогаш јуфки, симит погача, или геврек (ако се помали јадам 2). На работа околу 15.00 обично ми се пријадува и јадам едно јаболко. Кога ќе се вратам, околу 18.00 јадам - или некоја лесна манџа без леб, или туна без масло.
    Ако се најадеш убаво пред работа, може да се издржи цело работно време без јадење, или со една овошка.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Колку време си на диета? Почекај уште малку не верувам диетава да даде брзи резултати...
    А физичка активност имаш?
     
  14. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Почнувам и јас од денес :D Откако престанав да вежбам, забележувам дека постепено накачувам на килажа, старите фармерки на ме собираат :( , пуста мрза, не дека немам време ама тоа е :D...
    Не ги прочитав сите мислења и незнам дали беше спомнато тоа, ама колку количински треба да се внесува во секој оброк или битни се само комбинациите (секако дека нема да претерувам ама неможам да издржам кога сум гладна)?
     
  15. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Денес на менито:
    Појадок: житарици со млеко и една коцка чоколадо со ориз.
    Ручек: варен компир и мало парче стек
    Вечера: парче стек со сирење и неколку колачиња :tmi:
    Пијам и многу вода и зелен чај.
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ariel, втора ми почнува во 2, и се арно, ама од сабајле одма не м се јаде, едвај ако каснам еден портокал, и ми се пријадува законски кај 4-5, и нема нешто асално да каснам, се нешто безвеза, и ко да си дојдам во 9 ми се јаде ми се лае :worried: Од утре мајка ми ќе ми носи салам ручек, и ќе се ставам на ред само со минимален ручек, колку да не ми квичат цревата, а после 9 ќе пијам јогурт. А што убаво ми е прва, во 8-9 каснувам поп кек, или слично, и после немам потреба да јадам обилен ручек, за вечера грицкав сирење или мевце некое демек ко мезе.Се ми е поради тоа што ко да станам порано нормален доручек правам, а ако станам подоцна не ми се јаде од сабајле туку цел апетит ми е после 6, за вечера :x
    Тоа е, ќе се тешам со пантолоните кои ги купив вчера, за цели два броја се помали од сите други, не го кривам стандардот на мерките :lol:
     
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Што може да се јаде после ручекот, така како мала ужинка, додека да дојде време за вечера?
     
  18. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    можеби ќе можеш да се придржуваш кон диетата ако стануваш секогаш во исто време,и кога си втора смена :)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.872
    Пробај да се натераш да јадеш, иако не си гладна. Барем мене ми успеа, ама секој организам е различен. Јас едно време исто така доцна јадев, и главно глупости, и почнав да се терам да јадам наутро пред работа. Ова почнав да го практикувам најмногу поради маж ми, зошто тој ништо не јаде цел ден до 6, и после од 6 до 12 не престанува да јаде, и ај што се здебели, туку не е ич здраво. Почнав секое утро да подготвувам појадок, и заедно појадуваме. Првите денови не ми се јадеше, ама после се навикнам, сега кога ќе отворам очи ми се јаде :D. А многу убаво се чувствувам, и до крајот на денот јадам помалку отколку кога не појадувам рано.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Овој викенд си бев дома и мислев дека тешко ке биде со диетава, ама се потрудив да се придржувам :
    Доручок : Кафе со едно парче благо и кива
    Ручек: Парче риба со парче леб
    Вечера: Една полнета пиперка со сирење и пред легнување чаша јогурт со смоки

    Доручок : Кафе , чаша сок од лимон и 3 парчиња колач од вишни
    Ручек: Ориз со копани и сос од домати
    Вечера: варени компир со џигер и салата урнебес.

    Е сега сакам да прашам дали е дозволено да се мешат млечни со месни производи или...