Јас колку што знам навечер смее само протеини. А ти си јадела компир, па и смоки. За вечера имаш многу храна, баш кога не треба.
Појадок: ѓеврече и едно парче црн леб со џем Ручек: пред ручекот каснав една банана, едно парче црн леб со пржено јајце Вечера: краставичка и една чаша млеко. Ниту во еден момент глад не чувствувам и се чувствувам посвежо. По една недела се вагам се надевам на 2 кила минус.
Хммм па можи и јас да го пробам ова,баш сега си мислев да намалам со лебот,поточно ако можам и без него,помалце и благо,а и повеќе вода ќе треба.А и навечер ќе јадам помалце.Мора да сменам начин на искрана пошто не оди вака А и еве,таман ќе добивам идеи и од вас
Пааа мислам дека има одприлика две недели, а физичка активност умерена, како и секогаш ако ништо друго дневно пешачам по 2 часа со брзо темпо. Ке почекам уште малку ама губам надеж
Не си единствена и мене не ми делуваше, а ептен се придржував и многу малку јадев дури неможев ни да дојадам незнам на пример сабајле и благо и јаглехидрати и овошје па само крембананка и овошје ќе јадев, незз кој е проблемот, а имав физичка активност итоа ептен напорна и уште вежбам, јас покрај другото и се поправив 1 кило, и прекинав... За жал кај мене немаше ефект
Појадок: Кафе, зелен чај, половина портокал, банана и 3 кифлички Ручек: Ајвер, урнебес салата маслинки и парче нутри леб Вечера: Чаша јогурт и чаша мелко пред спиење.
Same here И покрај тоа што внимавав и имав физичка активност во тие скоро 2 недели, сепак накачив 2 кила што е премногу. Оваа ми изгледа како прав начин на исхрана и супер на долгорочен план, ама за некој што сака резултати веднаш, како мене, не. Од 1 Март се префрлив на УН диетата за која знам дека сигурно делува и има веднаш забележливи промени.
Девојки,од ниедна диета нема резултати преку ноќ, па ни од оваа. Иако тука е се' дозволено, сепак не треба да се претерува со јадењето (особено јаглехидрати). А штом вежбате, очекувајте дека на почетокот ќе накачите килажа, само заради изградувањето на мускулна маса која после ќе ги троши наталожените наслаги, па дури тогаш ќе се види ефектот (ако ви е репер мерењето на вага, а не губењето на сантиметрите).
Девојки има ли некоја што ја држела диетата а притоа била физички активна, фитнес,вежбање или слично? Јас ја почнав вчера значи денес ми е втор ден и денес бев на фитнес, (инаку главен проблем ми е стомакот) и замислете во горниот дел на стомакот сум ослабната 2 цм. И кога ги прочитав претходните неколку коментари дека немало ефект кога се вежба истовремено со држење на оваа диета, и дека истите се откажале бидејќи се здебелиле, ме фати страв. Па ако има некоја која успеала со диетата и вежбите, нека каже. ( ако не, да престанам со вежбањето , иако сметам дека од физичката активност не може да има негативни последици.)
Денес втора смена бев на пракса и многу јаглехидрати конзумирав. Појадок : две мали парчиња црн леб со џем Ручек : ѓеврече и банана Вечера: две јајца варени
и кај мене нема некои резултати, доручкував и ручав а почнав да ја скокам вечерата.... ке почнам и да вежбам, можеби ке смалам нешто
За колку време очекувате резултати? Сепак се работи за режим, на кој телото треба да се приспособи, неможе веднаш да осчекувате дека ќе ослабнете. Јас од Аткинс, дури после една недела имав финални резултати. Не очајувајте, ако сте решиле да ја држите оваа диета бидете и стрпливи. Ако сакате побрзи резултати, решението барајте го со други диети .
Кај мене има ефекти, само преку недела супер терам, а за викенд се упропастувам Не само со оваа диета, со било која е така, само викенд да не дојде. Првата недела од понеделник до петок имав симнато две кила, од кои едното за викенд го вратив. Само првата недела не ја бројам, зошто викендот пред да почнам качив две кила - се изнајадов благо, да не ми падне нивото на нутела во крвта за време на постот, па да ми се случи нешто, пу, пу, скраја да е. Очекувам да биде слично и оваа недела. Како и да е, и со два чекори напред, еден назад - ќе има промени. Седум недели е долг период. И онака немам конкретни цели или очекувања. Не ни имав намера да бидам на диета, туку со постот и вообичаената исхрана за овој период испадна дека се вклопувам тука, па решив да водам евиденција за резултатите. Чисто како екперимент
Денес Доручек: парче комат со праз, парче козуњак со мармаладот од шипка од Подравка Спојлер , (за жал) само две голтки кафе без шеќер. Ручек: (не јадев дома, па немав баш избор) бурек со сирење, малце пире, кафе без шеќер. Вечера: едно корнишонче, малку свинско варено, парче сирење, ајвар.
и ти мислиш дека вака ќе ослабниш??? ако сварно успеиш вака големо браво од мене, ако јас вака јадев до сега како што сум склона кон дебеење сега ке бев 100кг.
^ Веќе пишав некоја страна поназад дека после 10 дена држење на диетава сум ослабена кило. Сега сум најверојатно две минимум, не сум се мерела. Ми се забележува на фигурата, стомакот ми е драстично намален (а си имав стварно големо напрчено дединско меше ), обемот на бутините и тој ми е намален. А и не се придржувам секогаш на диетава, знам да забегам некогаш. Пред да ја почнам, јадев два-три пати повеќе од ова и претежно ја задржував истата килажа, ретко качував по едно кило. Сама кажа дека си склона кон дебелеење. Мене ми е најверојатно метаболизмот таков, што да речам друго. Не се водам строго по некои правила, туку си ја приспособувам исхраната на организмот.
Оффф...тие 2 см сигурно не ти се изгубени масни наслаги, си била у тоалет или си внела помала грамажа на храна и пијалок овие 2 дена. А без разлика дали вежбаш или не, доколку внесуваш повеќе калории одколку што трошиш = ќе се поправиш. Доколку внесуваш помалку калории од колку што троши твојот базален метаболизам заедно со физички активности = ќе слабееш. Проста математика. Многу побрзо се слабее и се оформува телото со вежбање, ама мора да се припазува на храната, т.е. на дневен калориски влез и излез.