значи резултати после недела дена тешко,има случаи кога се слабее по кило-две,ама тоа не се масни наслаги,туку е ВОДАТА од организмот,тоа на сите да ни биде јасно,со секоја диета прво водата се губи.според книгата за диетата,реално е да се очекува едно кило месечно! од почетокот може да бидат повеќе,посебно ако пред тоа сме јаделе се и сешто,ама ако се задржи овој начин на исхрана толку е. ја вчера ја утнав со парче пица за вечера,од ручекот не бев јадена скоро 7 саати и само од протеини немаше да се најадам.а иначе добро ми оди,супер дури,и мислам дека тек сега почнувам да слабеам,после двеипол недели.а добра е идејата да си измерам обем,на вага не се покажува голема разлика,а фармерките ми паѓаат
Денес: 9:30 - кроасан со вишна и едно албени 12:30 -две ноблице колачиња (знам дека претерав ама зависник сум од благо ) *сега планирам за во 13:30 да јадам од тоа што направила мама (пита со праз и сирење ) заедно со јогурт и вечер околу 18:00 шопска или некоја друга салата
Доручек: парче и пол комат со праз, чај од камилица. Ручек: едно мини бабурче туршија; домашна супа од зеленчук; малце импровизирана манџа составена едно колбавче, варена расол зелка и суви црвени пиперки; чај од камилица. Вечера: кафе, едно бабурче како тоа за ручек, малце свинско, парче сирење, ајвар, чаша јогурт.
Доручок: овошна салата(1/3 банана 1 кива и 1 портокал) 1 парче торта кафе и зелен чај Ручек: Ориз и супа со руска (кисела) салата Вечера: Зелена салата и чаша млеко пред спиење
Јас пак незнам како со овој начин немате позитивни резултати, освен ако претходно сте немале редовна исхрана, сте пресконувале оброци и слично, па сега додека се стабилизира организмот треба време. Друга работа, точно дека во оваа диета е се дозволено, но сепак тоа не значи прејадување или пак ајде по еден чипс, торта, шеќери и слично. Сепак треба да се внимава, и благо е во ред, но еднаш, два пати неделно евентуално. Никогаш не треба да се претерува, се треба да биде умерено и треба добро да се запази правилото за немешање на јагехидрати со протеини. Овошје не јадете по 4,5 часот попладне. Вечерата нека биде ептен лесна, не треба да се претрупувате со храна. Трета работа, додајте малце вежби, физичка активност за побрзи резултати. Знам дека овој начин изгледа лесен на прв поглед, но сепак треба да се внимава. Ако на брз начин сакате да ослабете, диетава не ви ја препорачувам. Можеби не дава резултати веднаш, ама затоа се долготрајни.
мене ме интересира, оние кој што имаат позитивни резултати, колку плус кг имаат па диетава им делува, бидејќи јас ја држам ун диетата, првиот месец беше супер, ама вториов стагнирам па се разочарувам некако, се работи за уште некои 2,3 кг за симнување, иначе и 5 да се не би ми сметало да знам дали да ја прекинувам мојата или да ја терам и понатаму
^ Јас имав вишок 5, 2 ги симнав сега негде околу 2-3 да симнам ептен ќе бидам задоволна, а многу и вежбам секој ден, се надевам до лето ќе бидам веќе у топ форма..ептен претерав зимава.
za 3 nedeli simna 5 kg? alal da ti e, ama toa ti e i sto redovno vezbas, inaku bez vezbi neveruvam tolku mnogu da se slabee
Волшебна не си ме разбрала, 2 кила имам симнато само од посакуваните 5. Не е возможно за две недели тоа
Може смоки и јогурт за ручек? Затоа што на 2 смена нема што да јадам, плус гледам дека внесувате се и сешто за ручек од млечни производи до хамбургери , па , затоа, да си прашам
јас би ве прашала кога сум втора смена што да јадам на одморот?? инаку да ви кажам денеска ја почнав диетава , за ручек јадев ориз и чајна и мноооогу цвекло , сега за вечера ќе јадам мало парче стек , 1 варено јајце и зелена салата и една чаша млеко
И мене многу ме мачи сега втората смена..најверојатно ќе гледам да доручкувам порано најкасно до 9, па пред да одам во школо да ручам, а за во школо само некоја ужинка да си земам или овојше и кога ќе дојдам дома накај 7 да вечерам..се ми се пореметува со вторава смена
Ми забранија секакви диети бидејќи имам преслаба крв,но оваа ќе ја испробам дефинитивно Од утре стартувам Бидејќи ова ми личи на нормална исхрана а не на диета,затоа не се плашам Иначе имам 72 кг а висока сум 156 цм :/
Па и јас го почнав чудово Денес само 1 имам јадено де,а вечера немав,се чудам сега шо да каснам малце,пошто почнува да ми се јади...А знам дека треба нешто белковини... Иначе и јас сум така 152-3 со 60тина,барем 55 да имам...
Може, зошто да не. Што сакаш можеш за ручек, па и тост или некое пециво. Со смоки и јогурт ќе се најадеш?
Се фино, ама сега ќе вечераш во 12? јаса колку што знам вечерата кај сите диети, па и кај оваа е најдоцна д0 20.00, нека е и до 22.00, мислам дека веќе е подобро да си легнеш гладна... или евентуално да испиеш чаша млеко или јогурт, вечерањето доцна најмногу поправа, од тоа неможеш да ослабнеш, цел ден ништо не јадеш, имаш пишано дека до сега имаш само 1 јадено, сега ќе се навечераш и ќе си легнеш...затоа имаш слаба крв, доручкувај до 12.00, ручај околу 15, вечерај 20, 21... И може ли да ми кажеш колку години имаш? Инаку јас ја држам УН диетата, и сум задоволна, планирам оваа диета или начин на исхрана да го започнам за 2 недели, кога ќе ја прекинам УН, за одржување на веќепостигнатата килажа, а тебе лошо ти е делувала затоа што сигурно ништо не си јадела по цел ден... или ручекот си го јадела во 17.00 Распоредувај ги оброците правилно, внесувај што повеќе морков, зелка, цвекло, спањак, риба... дефинитивно ем ќе имаш позитивни резултати, ем ќе ја подобриш крвната слика поздрав и извини што те искритикував