Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Абе ти диета за дебелеење да не држиш? :D
    Стоби флипсот не ти требале, за вечера леб не, само парче месо, и за поручек подобро нешо помалку калорично.
     
    На glow и Doozy им се допаѓа ова.
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Појадок: овесна каша + зелен чај
    ужинка: едно јаболко
    Ручек: ладен сендвич(немав подобар избор на училиште :worried: )
    Вечера: една чинија супа + зелен чај.

    Сега уште еден зелен чај пијам пред спиење и толку за денес. Немам идеа што би јадела утре за ручек, најверојатно од дома ќе си подготвам некој сендвич со интегрален леб, барем нешто поздраво :)
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.871
    Јас почнав пред две недели, ама првата решив да не ја бројам, зошто морав да ги ослабам двете кила што ги ставив викендот пред да почнам.
    Минатата недела сум ослабела половина килограм, што е супер, особено затоа што ПМС ме растураше.
    Супер е диетава, просто не ми се верува дека функционира, а јас и не се придржувам баш слепо.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    која е таа дијета. ако мозе да писес сто јадес со пијес :) позз
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Секогаш кога мислам дека сум претерала со нездрава храна, како на пример сега, почнувам со диетава. Многу е логичен распоредот на храната и со правилно комбинирање тешко дека ќе останеш гладен.

    Денес на мени имав:

    Доручек: Какао чајни колачиња, житна плочка со брусница од Виталија, банана и кафе без шеќер и млеко.
    Ова ми беше распоредено на неколку саати до ручекот.
    Ручек: Зеленчукова чорба, ориз потпечен и кисели краставички, без леб.
    Најтешко ми е лебот да го одвикнам, но затоа применувам секогаш за ручек да имам супа или чорба, па се осеќам многу позаситено.
    Вечера: Чаша јогурт, салата марула, јајце варено, кисели краставички и сенф. (Од овие состојки често правам и салата, само плус додавам туна)
    Сенфот ми е многу погоден, воопшто не е калоричен, а многу ми е вкусен и ми дава посебна шмек на јадењето.

    Утре ќе ми биде нешто слично, но планирам да вметнам и месо или риба, можно е макарони и некое друго овошје.
     
  6. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    :) целата тема е за диетава,сигурно лесно ќе ја најдеш :)

    ја малце забегував деновиве,многу сакам и попладне да јадам колач со кафе ,тогаш не вечерам ништо.и утре ќе биде така,ќе ми дојдат гости и направив колач од црвено вино,таман и за доручек :)
    ама бавно некако,се мислев ун да ја почнам ама најмногу ме кочи тоа што само овошје се јаде за доручек,не ме држи тоа,сабајле ми треба енергија.ќе биде,важно супер се осеќам и не сум гладна навечер.а менито ми е тоа,сабајле колач,за ручек месо или риба со варени компири,вечера јајце,млеко или протеински шејк. а читам дека многу си го поделуваат доручекот,ако успева супер,ама треба да се запази паузата меѓу оброци.
    и уште ова,и јас кога живеев со моите јадев леб со се,и со компири и ориз ,а тука поинаку се навикнав,сега ми е незамисливо леб и компири да јадам,со мусака на пример,порано без леб никако,сега леб да земам само ќе се осеќам преполна.е само со спанаќ и ориз по некој залак земам,така ми е вкусно.
    сакав вчера да експериментирам со ручекот,имав коморача и не знаев што да правам со неа и од нет видов рецепт,салата со портокали,коморача и кромид,па со дресинг од сенф,мед,исцеден портокал,сол,бибер,свежо нане,абе како ми звучеше си викам којзнае колку ќе е вкусно... :puke: :puke: :puke: никада више,од коморача само чај и ништо друго
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Луѓе ајде пишете дали има некој што ослабел повеќе? Имаше феминки што уште одамна ја почнаа, ајде пишете мотивирајте нѐ! :D
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.376
    Многу ја држат, ама кој држи правилно е прашањето.
    Затоа и ќе нема резултати. Диетата си ја толкувате кој како сака.
    Точно дека е побавна, ама е здрава и доколку се држи правилно ќе има резултати, вака секако дека не.
    Вие се прејадувате.
    Дозволено е се, ама почитувајте ги правилата кога и што треба да јадете.

    Јас се откажав од диетава, и од било која друга, бидејќи завршив на болница, со намалено железо и бактерија во желудникот.
    Ослабев, но се и разболев.
    Искуството си диетиве колку ми помогна толку и ми наштети.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Да не си држела од тие строгите диети? :?:
    Од ваква диета која патем е повеќе режим на исхрана, нема шанси да се наштети затоа што сепак сѐ јадеш, само пазиш на комбинациите. :?:

    За другите: вежбајте! инаку секоја диета е џабе, вака ем побрзо ќе се слабее ем ќе се зацврстиш колку толку. Доволно е и пола сат дневно.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Irenna браво за диетава одлична е :clap: од кога се спремам да ја почнам и никако да ја почнам....
    Летово држев диета(ако може ова да се нарече диета) значи не јадев благо,грицки,газиран сок, јадев по една тенка кришка леб на јадење,не јадев пржено месо(само варено) и ослабнав 2гк за две недели...толку се воздржував и после тоа баталив :?:
    А диетава дефинитивно ке ја почнам :D не ми требаат многу 4-5кг да симнам
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Јас ја држев едно 2 недели, очигледно не како што треба, и не само што не ослабнав туку напротив, набацив 2 килца плус што ме фрли во очај и се откажав. Диетава ја оставам за понатаму кога ќе стигнам до посакуваната тежина како прав начин на исхрана, а сега терам малце построго со УН.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Луѓе, значи многу јадете вие, ама стварно многу јадете! :rofl:

    Не дека јас сум нешто подобра, сега јадев Велнес интегрални кекси, ама да вечераш месо со лебој и што ти знам што... Не! :D Пишува Поп кек да јадете, или мафин, или ѓеврек, макар и од тие тенките, готови сечени лепчиња со теееееенок слој мармалад одозгора, ама не софри да постилате. Каснете си и овошјенце нешто и готово.

    Сепак мислам дека чудово не е за мене, приметував еден период дека подослабнав, но... Малку ме фаќаат живците со диетиве, на пола-пола сум, сакам да симнам уште некој грам, од друга страна ми се дига косата од зелки и марули, аман веќе. |( Можеби ќе биде подобро да се вратам на начинот на вегетирање од порано, што убавко ми беше. Кога имав лонгета, живеев на бистра супа, јаболкца и јогурт. Џоа стакло се направив, проѕирна дури. :(
     
    На LaraSolare, SunFlower94 и wolf4e им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Доручек: две палачинки со џем од сливи, чај од јаболко и цимет
    Ручек: корнишонче, малку манџа со грашок, палачинка со корнишони и пинџур
    Вечера: американски интегрални колачиња (кои воопшто не ми беа потребни, ама кога ќе појдеш на гости и кога ќе ти извадат ај да те видам не касни ни едно :tmi: ), планински чај, горко кафе
     
  14. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    а зашто на пример не јадете еден вид на јадење, пример само манџа некоја со салата или месо со салата, ориз, зарем нема да се најадете па потребни ви се и додатни намирници, така само го успорувате слабеењето, јез да вика дека тоа може ама не па сеа ајде ако пишало дека може да јадеме колку сакаме, убаво пишала doozy. еве на пример hipica, не се лути што те земам за пример ама дека си последна, зарем немаше да се најадеш за ручек со манџата грашок и една салата, секако дека ќе си се најала, особено што си јадела палачинки за доручек, замисли да беше овошје, палачинките со пинџур ти се одвишни, немој да ме сфатиш погрешно ова го зборам онака општо зашто доста коментари прочитав такви, можеби ти си задоволна со резултатите, ама ако не си да знаеш зашто е тоа така
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Види вака, мене ми е јасно дека си поткаснувам троа повеќе, ама не планирам да си ускратувам и да ми кркорат црева заради диетата. Не сум некој кој слепо се води според некои правила, па заради следење на тие правила да почне да ми се врти и да ми ослабне крвта (што еднаш ми се има случено).
    Да, палачинките ќе ме најадеа и немаше да имам потреба од уште ЕДНА после манџата, ако доручекот не ми беше во 7:30, а ручекот дури во 17 часот (поради обврски на факултет). Свесна сум дека процесот на намалување на килограми нема да оди така лесно и тоа ми е јасно како ден, но трпелива сум. Засега ми е доволно тоа што се ограничив на само три оброци дневно, што леб не сум каснала откако сум почната со диетава и што не јадам се‘ и сешто за вечера.
    Патем, една кисела краставичка и половина чинија грашок манџа НЕ МЕ НАЈАДУВААТ. Си има апетит детето, што ќе му правиш :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    пуканките каде би ги сместиле, фанките, смоките стоби флипс?
    јас сакам да го држам овој правилен начин на исхрана ама ограничена сум бидејќи постам и еве веќе ова ми е 3та недела од Велигденските пости. Прашањето ми е насабајле јадам понекогаш смоки стоби флипс и соленки, или пак лаки гриц, е сега дали тоа е добро или да ги отфрлам па да доручкувам од посните колачи гурубии бидејќи неможам да јадам мрсно благо? а да и пуканките за вечера добри ли се? обично секоја вечер навика ми стана да си пукам и за време на турските серии да си ги јадам.
     
  17. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    добро, тогаш ти посакувам среќа во остварување на целта
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    и сама викаш дека сакаш да го држиш овој правилен начин на исхрана, така да смоките заборавиги, или пак напочеток намали со нив, за доручек подобро да каснеш некоја кифла, празна или пак со мармалад, повеќе ќе се најдеш отколку со колачињата и ако рано стануваш и идеш на работа, факултет, училиште повеќе ќе те држат. за пуканките незнам, знам дека дебелеат, затоа што пченката гои го нон стоп и во големи количини се јаде, ама во некои диети и здрави начини на исхрана се препорачуваат ама без масло и без сол, ако веќе ги јадеш јадиги така
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Пуканки никако навечер во диета. Полни се со јаглехидрати, а башка мрсни се и солени. Можеш да ги јадеш само преку ден.
     
  20. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    да и кажам крај на пуканките :sweat: , а само што мислев да си пикам.